гледачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Jun 2021 13:24:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гледачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Следната сезона во Ла Лига ќе се игра пред гледачи https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/slednata-sezona-vo-la-liga-kje-se-igra-pred-gledachi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/slednata-sezona-vo-la-liga-kje-se-igra-pred-gledachi/#respond Thu, 24 Jun 2021 13:24:52 +0000 https://kurir.mk/?p=527523

На гледачите ќе им биде дозволено да присуствуваат на натпреварите од шпанската Ла Лига следната сезона. Шпанската влада објави дека навивачите ќе можат да ги посетуваат стадионите од почетокот на новата сезона на шампионатот. Во моментов не е прецизирано дали на клубовите ќе им биде дозволено целосно или делумно да ги полнат стадионите. На крајот на минатата сезона во одредени региони на Шпанија, на ограничен број гледачи веќе им беше дозволено да присуствуваат на фудбалски натпревари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/slednata-sezona-vo-la-liga-kje-se-igra-pred-gledachi/feed/ 0
„Австралија опен“ ги затвори трибините, во Мелбурн локдаун https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/avstralija-open-gi-zatvori-tribinite-vo-melburn-lokdaun/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/avstralija-open-gi-zatvori-tribinite-vo-melburn-lokdaun/#respond Fri, 12 Feb 2021 07:50:38 +0000 https://kurir.mk/?p=467647

Натпреварите на тенискиот Грен слем Австралија опен во Мелбурн парк ќе продолжат без навивачи на трибините. – Во следните пет дена, натпреварите на Австралија опен во Мелбурн парк ќе се одржуваат без навивачи на трибините. Ова се должи на одлуката на властите на австралиската држава Викторија за локално заклучување. Причината е епидемија на коронавирус во хотел лоциран на аеродромот во Мелбурн, каде што веќе се евидентирани 13 позитивни тестови за COVID-19, објавија тамошните медиуми. Денес гледачите сè уште се присутни на Австралија опен, но трибините ќе бидат затворени од сабота до среда. – Ништо не го загрозува одржувањето на самите натпревари, но во правна смисла, тенисот од забавен настан станува работно место за спортистите, изјави лице од организацијата на турнирот. Претходно, до 30.000 навивачи беа дозволени на терените на „Мелбурн Парк“ секој ден. Одлуката на владата на Викторија е уште еден удар врз организаторите на Австралија опен, кои веќе поминаа низ многу проблеми поради двонеделниот карантин на тенисерите и разни ограничувања на турнирот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/avstralija-open-gi-zatvori-tribinite-vo-melburn-lokdaun/feed/ 0
Бројот на гледачи на португалското Гран при се намалува од 46 на 27,5 илјади https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/brojot-na-gledachi-na-portugalskoto-gran-pri-se-namaluva-od-46-na-27-5-iljadi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/brojot-na-gledachi-na-portugalskoto-gran-pri-se-namaluva-od-46-na-27-5-iljadi/#respond Mon, 19 Oct 2020 11:48:48 +0000 https://kurir.mk/?p=418088

Организаторите на трката од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Португалија најавија намалување на бројот на гледачи. Додека ја чекаме конечната одлука на Министерството за здравство, одлучивме максималниот број на гледачи да биде 27.500, соопшти Пауло Пинеиро, раководител на патеката „Алгарве“. Првично, 46 илјади билети беа ставени на продажба, меѓутоа, поради влошената состојба со коронавирусот во земјата, беше одлучено да се намали бројот на навивачи на трибините. Трката во Портимао, треба да се вози следниот викенд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/brojot-na-gledachi-na-portugalskoto-gran-pri-se-namaluva-od-46-na-27-5-iljadi/feed/ 0
УЕФА може да дозволи гледачи на натпреварите од Лигата на шампионите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-moze-da-dozvoli-gledachi-na-natprevarite-od-ligata-na-shampionite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-moze-da-dozvoli-gledachi-na-natprevarite-od-ligata-na-shampionite/#respond Thu, 01 Oct 2020 12:23:58 +0000 https://kurir.mk/?p=411151

Европската фудбалска федерација размислува да ги прими навивачите на натпреварите во Лигата на шампионите, во случај на одобрување од локалните власти, објави „Мундо Депортиво“. Според изворот, овој чекор ќе им помогне на клубовите да ги намалат загубите од пандемијата на коронавирусите и ќе им овозможи да заработат пари од продажба на билети. За потсетување, сите натпревари од квалификациите во Лигата на шампионите се одвиваа без гледачи. Ждрепката за групната фаза во ЛШ е попладнево со почеток во 17 часот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-moze-da-dozvoli-gledachi-na-natprevarite-od-ligata-na-shampionite/feed/ 0
Сценаристот на „Чернобил“ бил восхитен од реакциите на гледачите од Русија и Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/scenaristot-na-chernobil-bil-voshiten-od-reakciite-na-gledachite-od-rusija-i-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/scenaristot-na-chernobil-bil-voshiten-od-reakciite-na-gledachite-od-rusija-i-ukraina/#respond Sat, 08 Jun 2019 08:58:02 +0000 https://kurir.mk/?p=206901

Реакцијата на гледачите во земјите од поранешниот Советски Сојуз била восхитувачка за Крег Мејзин, сценарист на серијалот „Чернобил“ , јави „Холивуд Рипортер“. Креаторот на проектот изјави дека бил загрижен какво ќе биде мислењето на Русите и Украинците за оваа серија. Снимен во пет продолженија, серијалот со документарно-филмувани елементи дава светлина на нуклеарната катастрофа во атомската централа Чернобил која се случи пред 33 години. Според Мејзин, филмската екипа работела со љубов и почит во реконструкција на секојдневниот живот во поренешен Советски Сојуз. -Со сите сили се трудевме да ги предадеме деталите најреалистично, изјави тој. Тој додаде дека сакал да покаже нешто многу поглобално и почовечно отколку добрата или лошата страна на историјата. Експлозијата во четвртиот реактор на атомската ценрала во Чернобил се случи во ноќните часови на 26 април 1986 година. Подоцна се дозна дека светот бил соочен со една од најопасните технолошки катастрафи во историјата на користењето на нуклеарната енергија во мирнодопски цели. Без пожртвуваноста на стотици луѓе вклучени во справувањето со последиците од катастрофата, во деновите и неделите после експлозијата можело да се случи тотално растопување на елементите од нуклерното гориво на реакторот, што би довело до уште една нуклеарна експлозија. Таквиот развој на настаните би бил погубен за голем дел од Европа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/scenaristot-na-chernobil-bil-voshiten-od-reakciite-na-gledachite-od-rusija-i-ukraina/feed/ 0