глигор прличев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Sep 2022 13:19:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png глигор прличев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повторно оштетен виртуелниот споменик на Глигор Прличев во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povtorno-oshteten-virtuelniot-spomenik-na-gligor-prlichev-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povtorno-oshteten-virtuelniot-spomenik-na-gligor-prlichev-vo-ohrid/#respond Mon, 26 Sep 2022 13:19:09 +0000 https://kurir.mk/?p=737551

За два месеци од поставувањето, виртуелниот паметник на Глигор Прличев по втор пат е вандализиран исто како кон почетокот на август кусо по поставувањето. Синоќа во 23.35 часот во СВР Охрид е пријавено оштетување на овој виртуелен споменик поставен на улицата „Коста Абраш” кај малиот плоштад во Охрид. -Од извршениот увид, констатирано е дека биле откорнати буквите од предниот дел на споменикот и било отстрането македонското знаме. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од охридската полиција. Минатиот месец само неколку часа по поставувањето на овој необичен споменик посветен на македонскиот преродбеник родум од Охрид беше вандализиран и онеспобен да функционира откако непознати сторители го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. Насилно се отстранети и одземени 27 букви и македонското знаме како што се случи и вчера. Сторителите не беа откриени. Станува збор за дигитален паметен споменик посветен на Григор Прличев, кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите. Тој е дело на тимот од компанија „Сефиданис“ на чело со проф. д-р Анис Сефиданис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povtorno-oshteten-virtuelniot-spomenik-na-gligor-prlichev-vo-ohrid/feed/ 0
Охрид го чествува делото и ликот на Григор Прличев https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-go-chestvuva-deloto-i-likot-na-grigor-prlichev/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-go-chestvuva-deloto-i-likot-na-grigor-prlichev/#respond Tue, 04 Feb 2020 09:39:21 +0000 https://kurir.mk/?p=299021

Со повеќе настани во рамки на годинашното издание на традиционалната културна манифестација „Прличеви беседи” ќе бидат одбележани 127-годишнината од смртта на охридскиот и македонски поет и преродбеник Григор Прличев, како и јубилејните 190 години од неговото раѓање и 160 години од издавањето на неговото најпознато дело – поемата „Сердарот”. Манифестацијата започнува денеска попладне во основното училиште „Григор Прличев“ со промоција на стихозбирката „Мојата шарена стихувалка” од ученичката Матеа Стоев. За утре е предвидено активностите да почнат во 11:45 часот, кога во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложба на ликовни дела од уметници од земјава, по што следува централниот настан, свеченоста посветена на лауреатот на наградената поема за 2019 година, Стево Симски за неговото дело „Таинство на богомилите“. Во четврток од 10 часот ќе биде поставено цвеќе пред споменикот на Прличев во основното училиште што го носи неговото име, а ќе се одржи и „Прличева визита“. Во 10:45 часот, пред спомен-бистата на поетот пред Градската библиотека ќе биде положен ловоров венец, а ќе се обрати претставник од Друштвото на писатели на Македонија. За од 11:30 часот е предвидена панихида на гробот на Прличев. Книгата „Антологија на ловорот”, што ја изготвија проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски ќе биде промовирана во четврток напладне во Спомен-куќата на Прличев. Настанот „Лични навраќања кон Григор Прличев“ од проф. д-р Вера Стојческа Антиќ и Прличевата визита во организација на библиотеката „Григор Прличев“ се предвидени во 13 часот во библиотеката. На 7 февруари ОУ „Григор Прличев“ по повод патрониот празник организира и Спортски ден со повеќе содржини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-go-chestvuva-deloto-i-likot-na-grigor-prlichev/feed/ 0