глоба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Oct 2020 05:57:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png глоба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сите инспекторати со поголеми овластувања, глобите за прекршителите и до 30.000 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-inspektorati-so-pogolemi-ovlastuvanja-globite-za-prekrshitelite-i-do-30-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-inspektorati-so-pogolemi-ovlastuvanja-globite-za-prekrshitelite-i-do-30-000-evra/#respond Thu, 08 Oct 2020 05:57:03 +0000 https://kurir.mk/?p=413684

Поголеми овластувања добиваат инспекциските служби за да се влијае на намалување на ширење на коронавирусот. Ова го овозможуваат измените што ги усвои Владата на седница на Законот за заштита на население од заразни болести. Усвоените измени ги опфаќаат и висината на глобата на прекршителите, кои ќе варираат зависно од големината на правниот субјект. Со овие измени сите инспекциски служби добиваат нови поголеми овластувања за справување со прекршителите на КОВИД протоколите. Претседателката на Инспекцискиот совет Филиповска – Грашкоска вчера информираше дека согласно согласно важечкиот закон за заштита на населението од заразни болести за непочитување на протоколите досега само ДСЗИ имаше овластувања да изрекува мерки, а останатите инспекциски служби можеа да поднесат кривична пријава за евентуално непочитување на протоколите согласно Кривичниот законик. Со новите законски измени, како што рече, вакво овластување за изрекување на забрана за работа и изрекување прекршочен платен налог добиваат и Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт, но и сите инспекциски служби на централно и локално ниво. -Секоја од овие инспекциски служби ќе врши надзор во сопственијот делокруг на работење така што ќе бидат опфатени сите релевантни субјекти, без разлика дали станува збор за угостителски објекти, превозници, производствени капацитети и слично, појасни таа. Заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски на прес-конференција заедно со Филиповска-Грашкоска рече дека според новите имени висината на глобите ќе варира од големината на правниот субјект. Измените предвидуваат за микропретпријатие кое прекршило некој протокол да се изрече глоба од 2.500 до 3.000 евра во денарска противвредност. За мало претпријатие е предвидена глоба од 5.500 до 6.000 евра. За средно претпријатие од 17.500 до 18.000 евра, а за големо претпријатие глоба во износ од 25 илјади до 30 илјади евра во денарска противвредност. Предвидени се соодветни глоби и за одговорното лице на правното лице, кои се во различна висина. -На овој начин очекуваме дека ќе се обезбеди ефикасност на санкцијата, а од друга страна ќе постои правичност, односно ќе им се даде можност на оние правни лица кои ги почитуваат протоколите и кои прават се да продолжат да си ја вршат својата работа, а оние правни лица кои нема да ги почитуваат протоколите да бидат соодветно и навремено санкционирани без разлика кои се, каде се, Законот мора да се почитува, потенцира Николовски. Филиповска-Грашкоска рече дека донесените протоколи се важни за заштита на здравјето на граѓаните и апелираше до сите граѓани и правни субјекти да ги поочитуваат мерките за заштита од коронавирус. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-inspektorati-so-pogolemi-ovlastuvanja-globite-za-prekrshitelite-i-do-30-000-evra/feed/ 0
Глоба од 500 евра за жител на Берово за непочитување на полицискиoт час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/globa-od-500-evra-za-zitel-na-berovo-za-nepochituvanje-na-policiskiot-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/globa-od-500-evra-za-zitel-na-berovo-za-nepochituvanje-na-policiskiot-chas/#respond Wed, 25 Mar 2020 14:30:07 +0000 https://kurir.mk/?p=322039

Основното јавно обвинителство Берово поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице кое го сторило кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Јавното обвинителство. Од таму додават дека на Судот му предложиле на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби, секоја во висина од по 10 евра во денарска противвредност. – Обвинетиот на 25.03.2020 година, во 00:35 часот во Берово, свесен за своето дало и сакајќи го неговото извршување, за време на епидемијата на опасната заразна болест Ковид-19 не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, а со кои се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија во временскиот период од 21:00 часот до 05:00 часот наредниот ден. Обвинетиот управувајќи патничко моторно возило го напуштил својот дом во Берово, се упатил по регионалниот пат Берово-Клепало во насока кон Беровоско Езеро, по што враќајќи се назад во насока кон градот Берово во 00:35 часот на местото викано Епрев Дол, атар на Берово, бил запрен при контрола  од патрола на МВР, велат од Јавното обвинителство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/globa-od-500-evra-za-zitel-na-berovo-za-nepochituvanje-na-policiskiot-chas/feed/ 0
Се подготвува ли некој за „револуции“ во опозиција: Со закон намалени глобите за протести?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-podgotvuva-li-nekoj-za-revolucii-vo-opozicija-so-zakon-namaleni-globite-za-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-podgotvuva-li-nekoj-za-revolucii-vo-opozicija-so-zakon-namaleni-globite-za-protesti/#respond Tue, 14 Jan 2020 11:52:13 +0000 https://kurir.mk/?p=289430

Се подготвува ли некој за протести во опозиција? Кон ова прашање наведува информацијата дека попладнето со седум гласа „за“ собраниската Комисијата за одбрана и безбедност на денешната седница го прифати Предлог-законот за изменување на Законот за јавни собири. Негова цел, тврдат, е усогласување на овој Закон со Законот за прекршоци во сферата на изрекување на глобата. Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска образложувајќи го Предлог-законот појасни дека измените што треба Парламентот да ги усвои значат намалување на износот на глобите за физичките лица и усогласување на глобите за правните и одговорните лица во правните лица (мали, микро, средни и макро трговци) кои нема да ги почитуваат одредбите на Законот што се однесуваат на организирање на јавните собири. Следно, појасни Несторовска, е укинување на членот кој е поврзан со издавањето на платниот налог, затоа што, како што наведе, повеќе платен налог нема да се издава. Истовремено, со предложениот закон ќе се врши интервенција во однос на името на државата со цел имплементација на Уставните амандмани XXXIII – XXXVI и Уставниот закон за спроведување на Уставните амандмани. Овој Предлог-закон не предизвикувал финансиски импликации врз Буџетот на државата, тврдат предлагачите на законот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-podgotvuva-li-nekoj-za-revolucii-vo-opozicija-so-zakon-namaleni-globite-za-protesti/feed/ 0