глобал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Mar 2021 14:06:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png глобал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Глобал“ по два месеци од пожарот денеска повторно почна со работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/global-po-dva-meseci-od-pozarot-deneska-povtorno-pochna-so-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/global-po-dva-meseci-od-pozarot-deneska-povtorno-pochna-so-rabota/#respond Mon, 01 Mar 2021 14:06:49 +0000 https://kurir.mk/?p=475557

Два месеца по големиот пожар што го зафати Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, денеска почна да работи делот од Градскиот пазар кој не беше опожарен, како и продавниците на сите катови. Според Стојан Манев од Здружението „Обнова Глобал“, работат две третини од објектот. -Половина од Градскиот пазар денеска почна со работа, како и сите продавници од приземје до четрти кат од десната страна на главниот влез кои беа помалку зафатени од пожарот. Саниран е и покривот, а до крајот на неделата очекуваме да завршат работите во делот кој беше најмногу опожарен. Таму е поставена електричната инсталација, се поставуваат плочки, а ќе бидат поставени и излози на продавниците од внатрешната страна, рече Манев. Додава дека се задоволни од работата на изведувачите на работоти, но и од динамиката на санирањето на штетите и обновувањето на „Глобал“. Според информациите од претседателот на Општинската комисија за проценки на штети од елементарни и други непогоди, Ацо Ѓоргиев, тече поднесувањето барања од страна на сопствениците на тезги и продавници и досега се поднесени вкупно 59 апликации, од кои 44 се од правни субјекти и 15 од физички. Оттаму апелираат до граѓаните до крајот на неделата да ги поднесат барањата за да може да се постапува по нив. Општинската комисија ќе ги сублимира барањата за отштета во заеднички извештај за штетата, кој ќе го достави до Советот на општина Струмица и по неговото усвојување ќе биде доставен до Републичката комисија за проценка на штети. Во пожарот, кој избувна ноќта на 2 јануари, беше опожарена една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а се урна и покривот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/global-po-dva-meseci-od-pozarot-deneska-povtorno-pochna-so-rabota/feed/ 0
Здружение на оштетени штедачи на Еуростандард: Зошто „Глобал“ е побитен од 3.000 ограбени семејства https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-na-eurostandard-zoshto-global-e-pobiten-od-3-000-ograbeni-semejstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-na-eurostandard-zoshto-global-e-pobiten-od-3-000-ograbeni-semejstva/#respond Fri, 22 Jan 2021 06:46:21 +0000 https://kurir.mk/?p=458310

Пожари се случуваат постојано во нашава држава. Горат дуќани, станови, куќи. Пожарите прават материјални штети а некогаш носат и човечки животи. Семејства остануваат без покрив над главата, ги губат своите живеалишта во целост, остануваат на улица. Губат се што имаат, за да потоа се надеваат дека некој ќе им помогне. Доброволна помош стигнува, но не е секогаш доволна за да се санираат направените материјални штети и доживеаните трауми, ова преку соопштение до јавноста го истакнуваат од Здружението на оштетените штедачи на Еуростандард банката. -Само изгорените приватни дуќани во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица ја имаат таа среќа да бидат целосно санирани. Експедитивно, Владата донесе заклучок со којшто им наложи на јавните претпријатија основани од државата да донираат средства на Здружението на граѓани „Обнова на Глобал“ за да целосно се реконструира опожарениот трговски центар. Во листата на „обврзани“ да финансиски помогнат се акционерски друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции. Дали е ова морален хазард? Дали Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд дадоа согласност и го поддржаа овој заклучок на Владата да наложи санирање на приватен објект со државни пари? Дали сите приватни изгорени и оштетени објекти во државава ќе добијат финансиска помош од државните институции за секој настанат пожар којшто ќе предизвика штета?, прашуваат од здружението. Тие додаваат дека депозитите на околу 3.000 граѓани и фирми депоненти во Еуростандард банка изгореа во невиден „пожар“. Поминаа повеќе од пет месеци од затворањето на банката. Минато време во немир, неизвесност и агонија. Навидум, никој сеуште не знае што се случило или каде завршиле парите, кој ги украл ниту пак дали некој ќе одговара за криминалот. Масовен организиран грабеж на депозитите што се спроведувал од познати лица на раководни позиции во Еуростандард банка со амин и под “бурното“ око на Народна Банка. Повеќегодишна кражба толерирана од Народната банка и релеванти државни органи кои иако известени за криминалот не делувале воопшто. Исходот е добро познат, затворена банка и целосно ограбени граѓани и фирми. -За разлика од експедитивната финсиска помош од државни институции за обнова на изгорените приватни дуќани во „Глобал“, оштетените физички и правни лица од Здружението „Правда за штедачи“ го немаа тој третман од Владата. Имено, оштетени од масовниот грабеж во банката со знаење но толерирање од Народна банка и релевантни државни органи, минатата година се обратија до Владата за решавање на ова горливо и мачно прашање, но вратите им останаа затворени. Премиерот Заев првично ги поддржи, за да потоа по некое време го промени ставот и категорично ги одбие со оправдување дека се работи за „морален хазард“ за којшто наводно бил советуван од меѓународни финансиски институции, поради којшто државата неможе никако да им помогне. Денес се чувствуваме излажани, понижени и гневни поради двојните аршини во нашата држава. Во истата таа држава ги доверивме нашите тешко спечалени пари кои неретко се надвор од неа печалени и потоа испраќани да бидат инвестирани во истиот тој систем кој на крајот не изневери. Државата може да помогне во „Глобал“, но не може и не смее да помогне во случајот со Еуростандард банка. Околу 3.000 семејства го изгубија својот личен имот доверен во законски лиценцирана, регулирана и контролирана финансиска институција која е свесно и брутално ограбена. Тешка судбина на илјадници семејства кои се оставени на немилост од системот на државата којшто ја толериралa кражбата на депозитите кога се крадело со години, а ја толерира и денес кога не прави ништо да се открие вистината, казнат сторителите и да се вратат украдените пари. Едноставно, Владата е мајка за едни а маќеа за други. Не така одамна од владеачката партија се родија паролите „Живот за сите“ и „Едно општество за сите“. Изгледа дека овие пароли веќе одамна починаа, велат оштетените штедачи. Тие прашуваат и дали Владата ќе ја санира и штетата од „пожарот“ во Еуростандард банка или ќе продолжи да го игнорира и толерира криминалот направен во банката?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-na-eurostandard-zoshto-global-e-pobiten-od-3-000-ograbeni-semejstva/feed/ 0
Слики како од апокалиптични филмови: Како изгледа внатрешноста на „Глобал“ по големиот пожар? (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sliki-kako-od-apokaliptichni-filmovi-kako-izgleda-vnatreshnosta-na-global-po-golemiot-pozar-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sliki-kako-od-apokaliptichni-filmovi-kako-izgleda-vnatreshnosta-na-global-po-golemiot-pozar-foto/#respond Fri, 15 Jan 2021 15:53:21 +0000 https://kurir.mk/?p=455893

Пепел, мирис на изгорено, црнило, вода, слики како од апокалиптични филмови, можат да се видат и два дена по расчистувањето на остатоците на пожарот во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, кој избувна на 2 јануари годинава и пеплоса поголем дел од овој објект. Денес сликата од „Глобал“ е „пожива“, бидејќи повеќе екипи на ЈПКД „Комуналец“ и други компании работат во внатрешноста на миење на површините и отстранување на изгорената електрична инсталација. Сопствениците на продавниците, кои не претрпеа поголеми штети, ги чистат црнилата од чадот. Според Бранко Ѓоргиев од струмичкото комунално претпријатие, денеска се мијат столбовите и од нив се отстрануваат остатоците од огнот. -И во наредните денови ќе продолжиме со миење и чистење на сите површини за да се подготват за санација и изведување на градежни работи. Работиме според утврдената динамика и благодарение на ангажманот на нашите работници, но и на повеќе компании кои несебично помагаат со работна рака и механизација, се надевам дека во планираниот термин ќе ја завршиме и оваа фаза од отстранувањето на штетите од пожарот, рече Ѓоргиев. Од денес за сообраќај е отворена и улицата позади „Глобал“, преку која се изнесуваа остатоците од пожарот. Минувачи, кои ѕиркаа во внатрешноста, со неверување гледаа во остатоците и никако не можеа да ја спојат сликата кога секојдневно тука пазаруваа и купуваа. – Не можам да поверувам дека толку е уништено. Страшно било. Ова е за неверување. Се надевам дека набргу пак ќе доаѓаме тука да пазаруваме, рече еден постар струмичанец. Од „Глобал“ се извадија околу 370 тони најразличен отпад, а во пожарот, кој избувна ноќта на вториот ден од оваа година, опожарен е голем дел од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а урнат е и дел од покривот. Извор и Фото: МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sliki-kako-od-apokaliptichni-filmovi-kako-izgleda-vnatreshnosta-na-global-po-golemiot-pozar-foto/feed/ 0
Милионски штети и стотици семејства без егзистенција – големи последици од пожарот во „Глобал“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milionski-shteti-i-stotici-semejstva-bez-egzistencija-golemi-posledici-od-pozarot-vo-global/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milionski-shteti-i-stotici-semejstva-bez-egzistencija-golemi-posledici-od-pozarot-vo-global/#respond Fri, 15 Jan 2021 15:28:15 +0000 https://kurir.mk/?p=455873

Милионски штети и стотици семејства без егзистенција. Ова е билансот од пожарот во трговскиот центар Глобал во Струмица. Сопствениците и корсниците на деловни и трговски објекти повикуваат на солидарност и поддршка за обнова на објектот, бидејќи сами не можат да се справат, објави ТЕЛМА. Глобал се запали пред речиси две седмици, вечерта на втори јануари. Во големиот оган кој се смета дека тргнал од задниот влез за дотур на стока, изгоре голем дел од внатрешноста на приземјето, првиот кат, а оштетен е и кровот. Пожарот покрена многу прашања за функционалноста на противпожарниот и безбедносен систем на објектот што веќе 12 години функционира во центарот на Струмица, на местото на некогашниот градски пазар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milionski-shteti-i-stotici-semejstva-bez-egzistencija-golemi-posledici-od-pozarot-vo-global/feed/ 0
Стоилковски: Молкот за одговорноста за Глобал е соучесништво во некој иден сличен пожар во кој што може да има и човечки жртви https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-molkot-za-odgovornosta-za-global-e-souchesnishtvo-vo-nekoj-iden-slichen-pozar-vo-koj-shto-moze-da-ima-i-chovechki-zrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-molkot-za-odgovornosta-za-global-e-souchesnishtvo-vo-nekoj-iden-slichen-pozar-vo-koj-shto-moze-da-ima-i-chovechki-zrtvi/#respond Fri, 08 Jan 2021 12:39:19 +0000 https://kurir.mk/?p=452850

Цела недела нема ниту збор од надлежните институции за пожарот во Глобал во Струмица.Нема информации за причината за пожарот, но уште пострашно нема ниту збор за одговорност за ужасниот факт дека во овој јавен објект на општината НЕМА соодветна ПП заштита! За тоа никому ништо, ни збор за одговорност!А, за тоа има една единствена причина: објектот Глобал е дело и во заштита на Зоран Заев, изјави на денешната прес конференција, Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. - Ниту при градбата е водено сметка за стандарди, ниту инспектори смееле да работат, ниту потоа при легализацијата е водено сметка за противпожарната заштита! И никој не смее ниту денеска да писне Антикорупциската комисија сама отвори предмет за случајот Глобал за вмешаноста во можни корупциските дејства на Заев во Глобал, ама еве трета година Антикорупциска молчи за овој скандал, ниту соопштува зошто го отвори, ниту какви наводи има сега. Антикорупциска не смее да писне за никого во близина на Заев, а не пак за Заев директно и тоа се покажува, тврди тој. - Зоран Заев и до сега имаше најмалку неколку прилики да ја повлече аболицијата за Глобал и правдата да ја побара на суд, ама тоа не го бара. Очигледно добро му доаѓа заштитата за Глобал, а пожарот посочува на многу факти сега. Е па почитувани, систем во кој што илјадници човечки животи се доведени во опасност заради непостоење непочитување на закон, законска соодветна ПП заштита во изграден јавен објект од страна на општината и пуштен во употреба од општината, ваков систем кој што не смее да спроведе ниту истрага кредибилна за тоа какви пропусти има во градбата, затоа што се работи за Зоран Заев, е далеку од демократски систем, далеку дури и од хибриден систем, туку е доказ за владеење на целосна диктатура, вели Стоилковски. - Што има врска што оваа градба не е по закон и по стандарди, што има врска што се работи за трговски центар, што има врска што илјадници посетители дневно минуваат таму, што има врска што нема ПП заштита, што има врска ако внатре и утре може пожар да однесе животи. Важно е да не се доведе во врска со Зоран Заев! Ете тоа е вистината за македонската реалност, за македонскиот правен и независен систем! Ова е класичен диктаторски режим - кој што го крие диктаторот, и е во негова служба, дури и кога неговата лукративност и криминал директно загрозуваат човечки животи, посочи тој. - Или институциите ќе застанат јавно со посочување на одговорност кај оние што го граделе и толку години не воделе сметка, доведувајќи бројни животи во опасност, или ќе станат соучесници во некој иден пожар со смртни последици, бидејќи молкот е таа единствена порака! Кој градел вон стандарди, што е со одговорноста на урбанистичкиот и градежен инспектор, кој е одговорен за контрола на ПП систем со години во Глобал? Со ваква премолчана аболиција за загрозување на сигурност и предизвикување на општа опасност, не е ниту чудо што криминалци и убијци се пуштаат на слобода! После ваков молк, ЈО и судот во целост покажуваат дека се клекнати пред диктаторот. После ваков молк за Глобал, нивната порака гласи - ничиј човечки живот не вреди колку власта и неказнивоста на диктаторот! Молкот на институциите сега е за Глобал е соучесништво во некој иден сличен пожар во кој што за жал може да има и човечки жртви, додаде Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-molkot-za-odgovornosta-za-global-e-souchesnishtvo-vo-nekoj-iden-slichen-pozar-vo-koj-shto-moze-da-ima-i-chovechki-zrtvi/feed/ 0
Мицкоски: За случајот „Глобал“ деновиве ВМРО-ДПМНЕ ќе ги обелодени сите афери со докази, одговорност за ова мора да има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-netpres-za-sluchajot-global-denovive-vmro-dpmne-kje-gi-obelodeni-site-aferi-so-dokazi-odgovornost-za-ova-mora-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-netpres-za-sluchajot-global-denovive-vmro-dpmne-kje-gi-obelodeni-site-aferi-so-dokazi-odgovornost-za-ova-mora-da-ima/#respond Wed, 06 Jan 2021 13:19:42 +0000 https://kurir.mk/?p=452416

Во денешното интервју за Нетпрес, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се осврна и на актуелната тема околу ТЦ „Глобал“ во Струмица. Мицкоски најави дека во деновите коишто следат јавноста ќе биде сведок на она што таму се случи, трагедијата за луѓето коишто ги загубија сите свои стоки и она што го поседуваа во тие дуќани кои изгореа. Дел од нив се таму под кирија, помал дел од нив се сопственици, но кога јавноста ќе дознае кои се вистинските сопственици на тие комерцијални дуќани, и што се случувало со „Глобал“, како практично е настаната ова градба, тогаш многу појасно на сите граѓани ќе им биде. „Виновни се тие коишто го изградија „Глобал“ и тие коишто дозволија потоа ова да се случи. Како е изграден „Глобал“? Изграден е со локациски услови коишто се добиени околу 15 или 16 мај 2008 година и тоа се издадени локациски услови за реконструкција и надградба на пазариште. Еден месец потоа, на 18 јуни 2008 година, „Глобал“ добива одобрение да се изгради односно, практично да се реконструира и награди пазариштето кое што во тој момент постои. Замислете, за еден месец добивате локациски услови, правите истраги, тие истраги потоа ви се влез во основен проект, работите основен проект, потоа тој основен проект некој ви го ревидира, завршувате со ревизијата и потоа одите во општината аплицирате и општината за еден месец ви дава одобрение за реконструкција и надградба на тоа пазариште. Има голем број градежни компании еве една видовме дека бега од Македонија деновиве прашајте ги за искуство дали е тоа возможно за еден месец. Тука не застанува чудото, чудото продолжува, ако на 18 јуни 2008 година е издадено одобрението за градење веќе на 22 или 23 јуни е дадено одобрението за употреба. Замислете за само пет дена Глобал е изграден. И веќе на 23 јуни е издадено одобрението за употреба на реконструираниот и надградениот пазар“, појасни Мицкоски. Мицкоски додаде дека ако се погледне детално солеминизираниот договор на содружништво ќе се увиди дека е помеѓу две трговски друштва Јавното претпријатие за комунални услуги Комуналец Струмица во тоа време раководено од Панче Орцев, и Зоран Заев како тогашен градоначалник на Струмица. Од другата страна содружници се две правни лица претставувани од Цикарски и Брндевски. Сашко Брндевски е ликот којшто пред Нова година купуваше илјадници метри квадратни земјиште во една локација во Струмица и подоцна тие десетици илјади метри квадратни ги замени со една од фирмите во којашто има сопственички удел семејството Заеви за станот од 50-ина, 60 метни квадратни. Сета оваа работа за да биде уште поинтересна завршува во 2014 година кога е пишана во Катастар, а во Катастар се впишува врз основа на акт и каде што магично исчезнува сега реконструираниот или надграден пазар во трговски центар. „Прашањето е дали при добивањето на одобрение за градење и тогашниот Закон за градење е испочитуван условот да биде изработен елаборат за противпожарна заштита. Затоа што секој што денеска се занимава со градби треба да приложи елаборат за противпожарна заштита и елаборат кој што е дел од електро проектот за громобранска инсталација. Дали условниот проект е приложен таков елаборат за противпожарна заштита и громобранска инсталација. Второ, кој вршел тестирање на апаратите коишто во случајот ги користиме за гаснење на пожарот, противпожарните апарати? И дали е тоа тестирање направено? И која компанија тоа го направила“, запраша Мицкоски. Мицкоски најави дека голем дел од прашања во врска со ТЦ „Глобал“деновиве коишто следат практично ВМРО-ДПМНЕ ќе ги елаборира со докази и ќе даде одговор на тие прашања. Ќе се поднесат и одреден број на пријави. „Но истовремено можно е како пратеничка група во рамките на Парламентот да побараме, и јавна расправа со сите овие докази кои ВМРО-ДПМНЕ ги поседува да бидат таму презентирани. Така што оваа несреќа би ја поделил во два дела. Првиот е хуманитарно, да им се помогне на луѓето кои загубија во оваа несреќа поради несовесната градба на објектот и несовесното негово одржување. Тие луѓе навистина не се виновни за она што се случувало во минатото, ниту, пак, за тоа што некој не го одржувал овој објект според прописите. Но истовремено бараме одговорност од самиот почеток, па сѐ до денес“, посочи Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-netpres-za-sluchajot-global-denovive-vmro-dpmne-kje-gi-obelodeni-site-aferi-so-dokazi-odgovornost-za-ova-mora-da-ima/feed/ 0
Обвинителството го заврши увидот за причините за пожарот во „Глобал“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-go-zavrshi-uvidot-za-prichinite-za-pozarot-vo-global/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-go-zavrshi-uvidot-za-prichinite-za-pozarot-vo-global/#respond Tue, 05 Jan 2021 14:02:27 +0000 https://kurir.mk/?p=452200

Обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица и инспектори за пожар од Дирекцијата за заштита и спасување, денеска го завршија увидот за причините за пожарот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, соопштија за МИА од ОЈО Струмица. До крајот на денот и крим техничарите од Министерството за внатрешни работи треба да ги завршат неопходните испитувања и најверојатно од утре веќе ќе може да да се започне со расчистување на остатоците од пожарот во „Глобал“. Во пожарот, кој избувна во саботата навечер во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот на трговскиот центар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-go-zavrshi-uvidot-za-prichinite-za-pozarot-vo-global/feed/ 0
Глобал и пожарникарите, локалната самоуправа и останатите институции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/global-i-pozarnikarite-lokalnata-samouprava-i-ostanatite-institucii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/global-i-pozarnikarite-lokalnata-samouprava-i-ostanatite-institucii/#respond Tue, 05 Jan 2021 12:58:18 +0000 https://kurir.mk/?p=452181

Заради гаснење на пожари, спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии, укажување на техничка помош при незгоди и опасни ситуации, како и извршување на други работи при несреќи и непогоди, се формираат противпожарни единици. Многу малкумина од јавноста знаат кои се надлежности и улога имаат пожарникарите во секојдневниот живот на граѓаните .Затоа Македонски народе бидете горди на пожарникарите имајќи во предвид со колку проблеми се соочуваат(стари дотраени возила и опрема ) ...тие даваат надчовечки сили за да ве заштитат . Состојбата е катастрофална и поразителна за земја која влезе во НАТО и е кандидат за членка во ЕУ. На власта побитни им се сите други процеси освен безбедноста на граѓаните и нивните имоти. Одиме понатака,граѓаните прашуваат за следново, а се однесува за пожарот Глобал: 1. Зошто 1(едно) возило интервенира во првиот 1 час од дојавата за пожарот? 2. Дали за време на пожарот во противпожарната единица во Струмица имало само 1 возач и ако имало зошто? – да нема обид да ги менуваат книгите за дневна состојба бидејќи праваат кривично дело 3. Дали командирот на Територијалната противпожарна единица од Струмица се има стекнато со лиценца за раководител на акција за гаснење на пожар и спасување на луѓе и имот, согласно со Програмата за оспособување на раководител на акција за гаснење на пожари и спасување на луѓе и имот, пред Комисија формирана од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување? 4. Дали командирот на Територијалната противпожарна единица од Струмица се има стекнато со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование ,ако нема како се има вработено согласно законски одредби за пожарникарство? –или можеби како што велат граѓаните доволна била роднинската врска со поранешниот кмет ,а сега премиер 5. Колку од пожарникарите во Територијалната противпожарна единица од Струмица имаа сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и доколку го имаат како го имаат стекнато ? – доколку го немаат и нивниот живот е загрозен 6. Кој ја контролира исправноста на хидранската мрежа и пп апаратите во Глобал? 7. Дали Дирекцијата за заштита и спасување ја имаат потребната документација за мерките за заштита од пожари и доколку ја имаат кој ја одобрил и контролирал понатака? Заклучок: Доколку се констатира дека командирот на Територијалната противпожарна единица во Струмица не поседува сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и се нема стекнато со лиценца за раководител на акција за гаснење на пожар и спасување на луѓе и имот, согласно со Програмата за оспособување на раководител на акција за гаснење на пожари и спасување на луѓе и имот ,ги охрабруваме граѓаните да ја тужаат локалната самоуправа и останатите институции заради нестручно извршување на работните задачи,бидејќи со таквиот чин ја загрозиле безбедноста на граѓаните и нивните имоти. Во следниот период ,Македонската јавност ќе биде запознаена за вистината на ПОЖАРНИКАРИТЕ за нивната голгота и скандали со материјални докази од Скопје, Прилеп,Битола,Штип, Куманово, Струга, Охрид, Тетово итн.Време е да се отвори пандорината кутија и институциите да постапуваат секаде каде што се кршат законите и има судир на интереси. Пожарникарите се нашите херои ,тие се грижат за безбедноста на граѓаните и имотите од повеќе видови на закани , граѓаните ги плаќаат и ја заслужуваат вистина за нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/global-i-pozarnikarite-lokalnata-samouprava-i-ostanatite-institucii/feed/ 0
СРАМОТА: „Глобал“ го гасеа камиони стари 40 години, а Заеви имаат Мајбах, два Бентли, мотори БМВ и квадови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramota-global-go-gasea-kamioni-stari-40-godini-a-zaevi-imaat-majbah-dva-bentli-motori-bmv-i-kvadovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramota-global-go-gasea-kamioni-stari-40-godini-a-zaevi-imaat-majbah-dva-bentli-motori-bmv-i-kvadovi/#respond Mon, 04 Jan 2021 12:59:55 +0000 https://kurir.mk/?p=451873

Голем пожар пред два дена го зафати струмички „Глобал“. Пожарникарите пожртвувано се бореа со огнените јазли, но сигурно ќе беше спречена поголема штета доколку имаа соодветни услови за работа. Акцијата траеше долго бидејќи двата камиони се дотраени, стари 40 години. Ниту денар не е вложено во струмичката противпожарна со децении. Со градот долги години како градоначалник раководеше Зоран Заев, кој денес е премиер. Но, кога станува збор за набавка на возила, Заев размислува на луксуз за себе, а не за основна потреба на струмичани и сите други граѓани, потреба која може да спречи трагедии. Затоа, Заев ниту како градоначалник, ниту како премиер, не најде начин да купи нови противпожарни возила, но еве да потсетиме што од возила купуваат тој и неговото семејство. Заеви имаат Мајбах, два Бентли, мотори БМВ и квадови Заев во својата приватна колекција го има најлуксузниот автомобил во Македонија – мајбах, кој чини повеќе од 400.000 евра. Семејството Заеви има 2 суперлуксузни автомобили Бентли, кои чинат речиси 200.000 евра. Заев редовно се вози со 10 БМВ мотори, кои се купени на име на една од неговите фирми, а само еден мотор чини 35.000 евра. Заев заедно со министерот за здравство и нивните синови пред неколку дена позираа исто така на луксузни возила на четири тркала. Додека народот тоне во сиромаштија и живее во дистанца, Заев и Филипче покажаа колку имаат и дека можат да прават што сакаат. Ваквото однесување е СРАМОТА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramota-global-go-gasea-kamioni-stari-40-godini-a-zaevi-imaat-majbah-dva-bentli-motori-bmv-i-kvadovi/feed/ 0
Стоилковски: Пропустите при градба на Заевиот „Глобал“ доведоа до пожар, одговорност мора да има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-propustite-pri-gradba-na-zaeviot-global-dovedoa-do-pozar-odgovornost-mora-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-propustite-pri-gradba-na-zaeviot-global-dovedoa-do-pozar-odgovornost-mora-da-ima/#respond Mon, 04 Jan 2021 12:28:09 +0000 https://kurir.mk/?p=451857

Несреќата со пожарот во центарот на Струмица не може да помине само со искажани зборови за жалење, туку мора да се понесе одговорност. Пожарот во Глобал отвора прашања поврзани и со неговата градба и со актуелното стопанисување, а одговорите водат кон тоа дали станува збор за корупција или за несовесно работење? - прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција: Прво, како е возможно објект со кој што стопанисува ЈП Комуналец Струмица, да нема исправни хидранти, односно дали е точно и дали е возможно тие да се несоодветни и да се нестандардни за употреба при пожар? Второ, ако законски сите правни субјекти се должни еднаш годишно да ги баждарат, да ги проверуваат Противпожарните апарати, како е возможно и кој треба да ја понесе одговорноста за тоа што во објектот се вградени несоодветни хидранти, дали и кога тие се проверени? Трето, кој ќе понесе одговорност бидејќи ваков пожар можело да се случи во работен ден, при полн јавен објект, трговски центар и да има и човечки жртви, само затоа што ПП систем не функционира, односно е некомпатибилен со пожарникарските црева? Доколку и не се работеше за ТЦ легализирана дивоградба, што всушност и е ТЦ Глобал, туку за Реконструкција и надградба на градското пазариште, за што и имал документи за тоа, повторно се отвораат прашања за тоа како е граден објектот? Односно, кој одобрил и врз која проектна документација е одобрена градбата на градското пазариште, која што за тоа мора да има документација за сите фази - од статика, машинство, до ПП заштита?; Потоа, кој вршел надзор на градбата и дали има пропусти при надзорот поврзани со безбедноста при пожар во објектот? За на крај кој издал одобрение за употреба на објектот „реконструкција и надградба на градското пазариште“? Односно, дали е свесно или несовесно работење, односно изграден и предаден во употреба јавен објект кој што е небезбеден во случај на пожар? Одговори на овие прашања мора да даде лично Зоран Заев, со чиј што договор за градба од 2006 година со бизнис партнер на Заев, е почната градбата на овој трговски центар, со дозвола за реконструкција и надградба на градското пазариште, а потоа е и предаден во употреба. За потсетување, ТЦ Глобал е најголемата легализирана дивоградба во Македонија, градена како Јавно-приватно партнерство меѓу Заев градоначалникот и партнер на Заев бизнисменот. За случајот Глобал во 2008 година беше покренато обвинение за Зоран Заев и петмина негови соработници, од главниот архитект, преку изведувачот, до надзорот на градбата на објектот, за криминал тежок осум милиони евра, што остана нерешен по аболицијата со печат на претседателот на државата. Објектот е завршен и отворен во 2008 година, а е легализиран во 2014 година со потпис на Заев, со законот за легализација на дивоградби. При легализација на дивоградби, не се бара проектна документација, што подразбира проекти за статика или за ПП мрежа, туку само геодетски елаборат и платени сметки за струја и за вода. Почитувани, одговорите на сите овие прашања ги знаеме и во следниот период ќе ги објавиме, но оставаме време на власта да одговори.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-propustite-pri-gradba-na-zaeviot-global-dovedoa-do-pozar-odgovornost-mora-da-ima/feed/ 0