глобална криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 Oct 2022 13:59:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png глобална криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ердоган: Турција ќе продолжи со напорите за ублажување на глобалната криза со храна https://arhiva.kurir.mk/svet/region/erdogan-turcija-kje-prodolzi-so-naporite-za-ublazuvanje-na-globalnata-kriza-so-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/erdogan-turcija-kje-prodolzi-so-naporite-za-ublazuvanje-na-globalnata-kriza-so-hrana/#respond Mon, 31 Oct 2022 13:59:14 +0000 https://kurir.mk/?p=753288

Турција ќе продолжи со напорите за изнаоѓање решение за глобалната прехранбена криза, како што правеше и досега, и покрај повлекувањето на Русија од договорот поддржан од Обединетите нации (ОН), изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јавува Анадолија. – Како што знаете, околу една третина од светското производство на пченица се прави во Украина и Русија. Вие сте најблизок сведок на нашите напори да ја испорачаме оваа пченица до земјите загрозени од глад. Со заедничкиот механизам што го обезбедивме во Истанбул, овозможивме релативно намалување на кризата со храна, нудејќи му 9,3 милиони тони украинска пченица на светот, рече Ердоган на Осмиот турски светски медицински конгрес во Истанбул. – Иако Русија се двоуми во овој поглед бидејќи не и се обезбедуваат истите бенефиции, ние ќе продолжиме со нашите напори да му служиме на човештвото, потенцираше Ердоган. Изјавата на Ердоган дојде откако Русија во саботата објави дека го суспендирала учеството во договорот за извоз на украинско жито, по нападот врз нејзината црноморска флота. На 22 јули Турција, Обединетите нации, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море кои беа блокирани од војната меѓу Русија и Украина. Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за да ги надгледува пратките. По повлекувањето на Русија, Турција соопшти дека министерот за одбрана Хулуси Акар ги продолжува преговорите и координацијата со своите колеги за продолжување на извозот на жито.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/erdogan-turcija-kje-prodolzi-so-naporite-za-ublazuvanje-na-globalnata-kriza-so-hrana/feed/ 0
На глобалната криза со храна изложени 48 земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-globalnata-kriza-so-hrana-izlozeni-48-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-globalnata-kriza-so-hrana-izlozeni-48-zemji/#respond Mon, 03 Oct 2022 17:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=740566

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева денеска изјави дека 48 земји се изложени на глобалната криза со храна, а половина од нив се многу ранливи. Георгиева, која зборуваше на конференција во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, исто така рече дека 41 милион луѓе во арапскиот свет се изложени на несигурност во однос на храната. Таа посочи дека ММФ ќе се погрижи гласот на институцијата да се слушне во борбата против ограничувањата во трговијата со храна за да се ублажи ситуацијата. Во однос на економската состојба во светот, Кристалина Георгиева истакна дека ММФ нема да се двоуми да биде во служба на земјите членки. „Ако имаат потреба од повеќе, ние ќе направиме повеќе“, рече Георгиева. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-globalnata-kriza-so-hrana-izlozeni-48-zemji/feed/ 0