глобално затоплување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Aug 2023 16:44:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png глобално затоплување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Ерата на глобално затоплување“ започна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erata-na-globalno-zatopluvane-zapochna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erata-na-globalno-zatopluvane-zapochna/#respond Thu, 10 Aug 2023 16:44:09 +0000 https://kurir.mk/?p=865578

Екстремните летни жештини и загадувањето на воздухот во јужен Ирак јасно покажуваат дека започна „ерата на глобално затоплување“, изјави шефот на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк. Тој ги даде своите коментари на крајот од четиридневната посета на Ирак за време на која се сретна со локалните лидери и патуваше низ земјата, каде температурите понекогаш достигнуваа и 50 степени Целзиусови. Целта на посетата на Турк беше да се разговара за човековите права со фокус на климатските промени. „Да се биде во жешкото во овој предел, дишејќи го воздухот загаден од многуте запалени факели распоредени во регионот - ми стана јасно дека ерата на глобално затоплување започна“, рече Турк на прес-конференција во Багдад. Тој зборуваше за времето поминато во Басра, јужниот дел на Ирак што произведува нафта. Според ОН, Ирак е меѓу земјите најранливи на климатските промени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erata-na-globalno-zatopluvane-zapochna/feed/ 0
Фон дер Лајен: Да се направи сè за да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-da-se-napravi-se-za-da-se-ogranichi-globalnoto-zatopluvanje-na-1-5-stepeni-celziusovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-da-se-napravi-se-za-da-se-ogranichi-globalnoto-zatopluvanje-na-1-5-stepeni-celziusovi/#respond Mon, 07 Nov 2022 11:00:23 +0000 https://kurir.mk/?p=756814

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека треба да се направи „сè“ за да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, додека светските лидери имаат состанок во Шарл ел-Шеик во Египет, со цел да разговараат за дејствување против климатските промени. „Ние треба да направиме сè што можеме за да се задржиме до 1,5 степени“, напиша таа на Твитер. Според неа, се соочуваме со многу предизвици, „но, климатските промени се најголемиот“. Фон дер Лајен, која исто така е во Шарм ел-Шеик, се осврна на бројни климатски политики на Европската Унија во нејзините твитови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-da-se-napravi-se-za-da-se-ogranichi-globalnoto-zatopluvanje-na-1-5-stepeni-celziusovi/feed/ 0
Германски климатолог предупредува на пораст на температурите: Времето истече https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-klimatolog-predupreduva-na-porast-na-temperaturite-vremeto-isteche/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-klimatolog-predupreduva-na-porast-na-temperaturite-vremeto-isteche/#respond Mon, 18 Jul 2022 07:03:33 +0000 https://kurir.mk/?p=706772

Предоцна е да се ограничи глобалното затоплување на максимални 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриските нивоа, предупреди германски метеоролог и климатолог пред форумот за климата што се одржува во Берлин. Метеорологот и климатолог Моџиб Латиф изјави за германската медиумска групација Баерн дека „со денешните емисии на стакленички гасови ќе го надминеме ова ниво за нешто помалку од десет години“. -Ако се земе предвид она што сега го прават политичарите ширум светот, ние сме повеќе во насока на три степени, продолжи Латиф. -Се приближуваме до точката каде што треба да признаеме: времето истече, додаде тој. Три степени на глобално затоплување би биле „катастрофа“, нагласи Латиф, посочувајќи дека секогаш се чинеше дека има повеќе приоритетни прашања од заштитата на климата. Министрите од околу 40 земји ќе разговараат за следните чекори што треба да се преземат во борбата против климатските промени на Петербуршкиот климатски дијалог што денеска и утре се одржува во Берлин. Домаќини на средбата се Германија и Египет. Предвидено е да се обратат германскиот канцелар Олаф Шолц и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси. Состанокот е дел од првите дискусии за утврдување на агендата на климатската конференција на ОН COP27, која треба да се одржи во египетскиот приморски град Шарм ел Шеик на почетокот на ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-klimatolog-predupreduva-na-porast-na-temperaturite-vremeto-isteche/feed/ 0
Истражување: Сè уште е можно да се задржи глобалното затоплување на два степена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-se-ushte-e-mozno-da-se-zadrzi-globalnoto-zatopluvanje-na-dva-stepena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-se-ushte-e-mozno-da-se-zadrzi-globalnoto-zatopluvanje-na-dva-stepena/#respond Thu, 14 Apr 2022 14:03:15 +0000 https://kurir.mk/?p=663044

Ако владите сторат сè на што се обврзани во борбата против климатските промени, светот сепак може да исполни една од двете меѓународно договорени цели за ограничување на глобалното затоплување, покажа новото истражување. Светот би можел да го задржи глобалното затоплување на два степени Целзиусови или за нијанса под она што некогаш изгледало недостижно, се наведува во студијата објавена вчера во списанието „Нејчр“ (Nature). Тоа ќе се случи само ако земјите ги постигнат прифатените цели за сузбивање на емисиите на јаглерод до 2030 година и ако ги исполнат ветувањата за постигнување нула емисии на јаглерод до средината на векот, велат научниците. Светот за два степени потопол сè уште значи сериозно нарушена клима, со посилни бури, повисоко ниво на морето, исчезнување животни и растенија, исчезнување корали, топење мраз и повеќе луѓе кои умираат од топлина, смог и заразни болести. Сепак, студијата покажува дека светот не е на добар пат да исполни уште една меѓународно договорена цел, глобалното затоплување е до 1,5 степени Целзиусови повисоко отколку во прединдустриското време. Постигнувањето на таа значајна цел, за која научниците велат дека би ја заштитила планетата во поголема мера, нема да биде возможно доколку земјите не се посветат и не постигнат нови големи намалувања на емисиите најдоцна до 2030 година, а можеби и во следните три години, се наведува во студијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-se-ushte-e-mozno-da-se-zadrzi-globalnoto-zatopluvanje-na-dva-stepena/feed/ 0
ОН: Сегашното глобално затоплување е најсилно во последните 200 илјади години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-segashnoto-globalno-zatopluvanje-e-najsilno-vo-poslednite-200-iljadi-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-segashnoto-globalno-zatopluvanje-e-najsilno-vo-poslednite-200-iljadi-godini/#respond Mon, 14 Feb 2022 07:30:28 +0000 https://kurir.mk/?p=631133

Глобалното затоплување, кое се забележува сега, е најсилното во последните 200.000 години, изјави Петри Талас, генерален секретар на Светската метеоролошка организација (СМО). Според него, настаните во последните 100 години се единствени. – Почнавме да ги користиме фосилните ресурси на планетата – нафтата и гасот – и тоа доведе до зголемени емисии на јаглерод диоксид во атмосферата, како што се стакленички гасови кои ја зголемуваат температурата во долниот дел од атмосферата. Толку многу затоплување немало во последните 200.000 години. Постојат многу јасни научни докази дека тоа не би било можно без интензивното согорување на јаглен, нафта и гас, објаснува Талас. Воедно, тој побара да не се мешаат поимите „климатски промени” со „флуктуација на времето. – Промените на времето се случуваат од година во година, ден по ден, секоја недела. Набљудуваме метеоролошки аномалии: понекогаш во некој регион сезоната е многу студена во споредба со претходната година, а понекогаш е многу потопла од претходната година. Но, мораме да ги следиме глобални и регионални статистики, рече генералниот секретар на СМО, посочувајќи на природните флуктуации како што е природниот феномен Ел Нињо. Тој направи аналогија со употребата на допинг во спортот. – Овие флуктуации влијаат на температурите на океаните, како и на просечните глобални температури. Гледајќи ги овие аномалии, на ум ми доаѓа споредбата со светот на спортот. Земете ги, на пример, скијачите кои покажуваат забележителни резултати, а кога се користи допинг, тие ќе покажат уште подобри резултати. Ја „допингувавме” атмосферата и таа стана побрза. Затоа сме сведоци на екстремни температури, силни поплави, суши и тропски бури, појасни Талас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-segashnoto-globalno-zatopluvanje-e-najsilno-vo-poslednite-200-iljadi-godini/feed/ 0
На климатската конференција КОП26 усвоен договор за забрзување на борбата против глобалното затоплување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-klimatskata-konferencija-kop26-usvoen-dogovor-za-zabrzuvanje-na-borbata-protiv-globalnoto-zatopluvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-klimatskata-konferencija-kop26-usvoen-dogovor-za-zabrzuvanje-na-borbata-protiv-globalnoto-zatopluvanje/#respond Sun, 14 Nov 2021 08:42:05 +0000 https://kurir.mk/?p=595231

Претставниците на речиси 200 земји на климатската конференција КОП26 во Глазгов синоќа усвоија договор за забрзување на борбата против глобалното затоплување, без да се осигура дека затоплувањето ќе остане на 1,5 степени Целзиусови и без одговор на барањата за помош на сиромашните земји. Договорот наречен „Глазговски пакт за климата“ беше усвоен по две недели напорни преговори, со удар со чекан од страна на британскиот претставник Алок Шарма, претседавач со Светската климатска конференција. Како показател за тоа колку тешко се дошло до договор, Шарма со растреперен глас рече дека му е „многу жал“ за промените направени во текстот во последен момент, а кои се однесуваат на фосилните горива на барање на Кина и Индија. Тој претходно оцени дека договорот воведува „деценија со растечки амбиции“ по прашањето на климата. Индија интервенираше за да ја ублажи формулацијата во текстот во врска со намалувањето на емисиите на јаглен. Неколку земји, вклучително и мали островски држави, рекоа дека се длабоко разочарани од формулацијата дека енергијата на јагленот „постепено опаѓа“ наместо да биде напишано дека „постапно се укинува“, бидејќи поединечно е најголемиот извор на емисии на стакленички гасови. Други земји ја опишаа ревизијата како одвратна и против правилата, но наведоа дека тоа е нешто што морале да го прифатат за да ја завршат двонеделната конференција на ОН за климата (КОП26) во Глазгов, Шкотска. Пред Индија да успее да ја направи оваа промена во конечната декларација, претставниците на повеќе земји рекоа дека текстот на нацрт-декларацијата не оди доволно далеку или доволно брзо, но дека компромис е подобар од ништо и претставува напредок ако не и успех. Сепак, се смета за успех што во текстот се спомнуваат фосилните горива како главен извор на глобалното затоплување, а тие не беа споменати во Парискиот договор од 2015 година. За критичното прашање за ограничување на порастот на температурата, во текстот се повикуваат земјите-членки да ги подигнуваат своите обврски за намалувања поредовно отколку што е предвидено со Парискиот договор од 2015 година, почнувајќи од следната година. Сепак, додадена е клаузула за можноста за приспособување на „специфичните национални околности“ и поради тоа невладините организации изразија сомнеж за вистинските амбиции на усвоениот документ. Постигнатиот компромис не гарантира дека ќе се почитуваат целите од Парискиот договор за ограничување на глобалното затоплување далеку под два степени Целзиусови и, ако е можно, на 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустриската ера, но сепак му дава можност на британското претседателство да ја прогласи за успешна конференција во Глазгов. Целта на Британија на овој собир беше да остане перспективата за ограничување на затоплувањето од 1,5 степени Целзиусови. Не се најде решение за прашањето за помошта за сиромашните земји. Сиромашните земји попуштија и се согласија да го продолжат дијалогот за да не го изгубат постигнатиот напредок во борбата против затоплувањето, чии последици веќе директно ги чувствуваат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-klimatskata-konferencija-kop26-usvoen-dogovor-za-zabrzuvanje-na-borbata-protiv-globalnoto-zatopluvanje/feed/ 0
Глобалното затоплување може да го потопи овој град https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/globalnoto-zatopluvanje-moze-da-go-potopi-ovoj-grad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/globalnoto-zatopluvanje-moze-da-go-potopi-ovoj-grad/#respond Thu, 11 Nov 2021 17:56:23 +0000 https://kurir.mk/?p=594311

Главниот град на Индонезија би можел да биде под вода до 2050 година, предупредува Phys.org, повикувајќи се на податоци од Националната агенција за истражување и иновации. Експертите сметаат дека доколку не се преземат неопходни мерки за намалување на последиците од глобалното затоплување, најмалку 25 проценти од метрополата ќе бидат потопени до средината на векот. Зголемените температури предизвикуваат топење на глечерите на Антарктикот, Гренланд и Хималаите. Ова постепено го подигнува нивото на светските океани и ги загрозува крајбрежните области на Земјата. Силните циклони и плимата и осеката предизвикани од климатските промени, како и поројните дождови, ќе ја влошат ситуацијата. Потребно е многу труд за да се решат овие проблеми, се вели во статијата. Според најновото истражување на Универзитетот ИПБ, во периодот меѓу 2019 и 2020 година различни делови на Џакарта биле загрозени од потопување на 1,8 – 10,7 сантиметри. Една од причините за оваа појава се подземните води. Тоа создава празни простори под главниот град и предизвикува спуштање на почвата. Истовремено, нивото на светските океани се зголемува и сега изнесува 13-20 сантиметри повисоко отколку во 1900 година. Во статијата се нагласува дека дури и американскиот претседател Џо Бајден во јули ја советувал Индонезија да го пресели својот главен град на друга локација во следните 10 години, бидејќи климатските промени би можеле да ја остават Џакарта под вода. Научниците постојано се осврнуваат на потребата за ублажување на ефектите од глобалното затоплување на планетата. Повеќе од 190 земји го потпишаа Парискиот договор, кој предвидува одржување на температурата на Земјата во рамките на 1,5 степени Целзиусови. Според овој план, државите мора да преземат конкретни мерки за да се прилагодат на климатските промени, да ги намалат штетните емисии и да се префрлат на обновливи извори на енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/globalnoto-zatopluvanje-moze-da-go-potopi-ovoj-grad/feed/ 0
Глобалното затоплување ќе ги уништи економиите на земјите во развој https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/globalnoto-zatopluvanje-kje-gi-unishti-ekonomiite-na-zemjite-vo-razvoj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/globalnoto-zatopluvanje-kje-gi-unishti-ekonomiite-na-zemjite-vo-razvoj/#respond Mon, 08 Nov 2021 07:46:36 +0000 https://kurir.mk/?p=592450

БДП на 65-те најранливи земји ќе се намали во просек за 20 проценти до 2050 година и за 64 отсто до 2100 година доколку светот се загрее за 2,9 степени Целзиусови, се вели во извештај објавен денеска на климатскиот самит КОП26 во Глазгов. Дури и ако глобалниот пораст на температурата се ограничи на 1,5 степени Целзиусови, што е во согласност со најамбициозната цел на Парискиот договор, истите земји ќе претрпат удар врз БДП од 13 отсто до 2050 година и 33 проценти до крајот на векот, се вели во студијата нарачана од Кришчн Ејд (Christian Aid). До денес, просечната температура на површината на Земјата е зголемена за 1,1 степени Целзиусови во споредба со нивоата од крајот на деветнаесеттиот век. Наодите на Кришчн Ејд покажуваат дека на повеќе од една третина од земјите во светот итно им е потребна помош за градење отпорност за да можат нивните економии да ги издржат горештините, сушите, поплавите и бурите, кои стануваат поинтензивни и посмртоносни поради глобалното затоплување. – Способноста на земјите од глобалниот југ одржливо да се развиваат е сериозно загрозена, изјави главниот автор Марина Андриевич од Универзитетот Хумболт во Берлин. – Политичките избори што ги правиме сега се клучни за да се спречи понатамошна штета додаде таа. Осум од десетте најпогодени земји се во Африка и две во Јужна Америка. Сите 10 земји се соочуваат со штета врз БДП од повеќе од 70 проценти до 2100 година при сегашната траекторија на климатската политика и 40 проценти дури и ако глобалното затоплување е ограничено на 1,5°C. Земјата која се соочува со најсериозни загуби во БДП е Судан, кој беспомошно доживеа поројни дождови и големи поплави во септември, кои погодија повеќе од 300.000 луѓе. До 2050 година, БДП на земјата ќе се намали за 32 проценти, а до 2100 година – за 84 отсто, во споредба со ситуацијата во која би била доколку нема климатски промени. Земјите опфатени со извештајот сочинуваат два клучни преговарачки блока на климатските разговори на ОН, кои траат до петок: Најмалку развиените земји и Алијансата на малите островски држави. Малите островски држави се особено ранливи на бури, кои се влошуваат со зголемувањето на морската вода. Студијата не ги зема предвид мерките за адаптација кои потенцијално би можеле да намалат дел од штетите. Богатите влади досега издвојуваа само скромни суми за да им помогнат на сиромашните земји да се приспособат на климатските промени. – Африка најмалку придонесе за климатските промени, но овој извештај покажува дека ќе се соочи со најлошите последици. Тоа е длабоко неправедно, рече Мохамед Аду, директор на тинк-тенк за клима и енергија со седиште во Најроби, Power Shift Africa. ј]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/globalnoto-zatopluvanje-kje-gi-unishti-ekonomiite-na-zemjite-vo-razvoj/feed/ 0
ФОТО: На Арктикот исчезнаа санти мраз стари 5.000 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-na-arktikot-ischeznaa-santi-mraz-stari-5-000-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-na-arktikot-ischeznaa-santi-mraz-stari-5-000-godini/#respond Thu, 06 Aug 2020 05:48:26 +0000 https://kurir.mk/?p=386896

Нови сателитски слики од НАСА покажаа дека две големи санти мраз во канадскиот залив на Сент Патрик целосно исчезнале. Поголемата имала површина од 3 квадратни милји, а помалата 1,1 милја и тие од 1959 година се намалувале поради глобалното затоплување. Научниците проценуваат дека сантите се формирале пред околу 5.000 години и дека биле значително поголеми од 16 до 19 век, во периодот познат како „Мало ледено доба“, јави Си-Ен-Ен. Од 2015 година тие две санти почнаа да се топат брзо, па сигурно беше дека ќе исчезнат во блиска иднина, но Марк Сиризи, од Националниот центар за проучување на снегот и мразот, вели дека тој се уште е изненаден што исчезнале многу побрзо отколку што очекувале. – Едноставно, премногу е топло на Земјата, изјави Сиризи, додавајќи дека исчезнувањето на двете санти од заливот Сент Патрик претставува сериозно предупредување за тоа што се случува на Арктикот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-na-arktikot-ischeznaa-santi-mraz-stari-5-000-godini/feed/ 0
Да се убедат неверувачите на глобалното затоплување: Сонцето поблиску од било кога (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/da-se-ubedat-neveruvachite-na-globalnoto-zatopluvanje-sonceto-poblisku-od-bilo-koga-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/da-se-ubedat-neveruvachite-na-globalnoto-zatopluvanje-sonceto-poblisku-od-bilo-koga-foto/#respond Fri, 17 Jul 2020 09:21:42 +0000 https://kurir.mk/?p=377517

Фотографиите ги направила Европската-вселенска агенција која се фокусира на орбитата на Сонцето (СОЛО) која започна со работа рано годинава. Новите фотографии од Сонцето се направени на 77 милиони километри одалеченост, а тоа спаѓа во досега најмала одалеченост на ѕвездата. Постојат милиони други пламени ѕвезди кои би можеле да го заменат Сонцето, но не е познато дали неговот доближување функционира по некој лош механизам. Сликите кои се прикажани, покажуваат дека сонцето било најблиску во Перихелион. Вистинската причина зошто оваа ѕвезда е толку блиску до сонцето е токму глобалното затоплување, а тоа не може да се долови ни со телескоп. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/da-se-ubedat-neveruvachite-na-globalnoto-zatopluvanje-sonceto-poblisku-od-bilo-koga-foto/feed/ 0