Глорија Греам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Apr 2023 07:04:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Глорија Греам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Таа заведе татко и син, па на двајцата им роди деца: Животот на актерката беше исполнет со скандали, смртта ја дочека во најголема беда https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taa-zavede-tatko-i-sin-pa-na-dvajtsata-im-rodi-detsa-zhivotot-na-akterkata-beshe-ispolnet-so-skandali-smrtta-ja-docheka-vo-najgolema-beda/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taa-zavede-tatko-i-sin-pa-na-dvajtsata-im-rodi-detsa-zhivotot-na-akterkata-beshe-ispolnet-so-skandali-smrtta-ja-docheka-vo-najgolema-beda/#respond Thu, 27 Apr 2023 07:04:15 +0000 https://kurir.mk/?p=828135

Во 40-тите и 50-тите години на минатиот век, Глорија Греам беше една од најпознатите актерки во Холивуд, па дури доби и Оскар за најдобра споредна улога во филмот „Град на илузии“. Сепак, по мјузиклот "Оклахома!" од 1955 година, таа не постигна значајна филмска улога. До крајот на животот настапувала главно во театар, со повремени филмски и телевизиски улоги. За тоа придонесе нејзината репутација како проблематична актерка на снимањето, како и нејзиниот турбулентен живот надвор од камерата. Нејзиниот пат до славата беше заситен со скандали, најмногу поради приватниот живот во кој за 15 години имаше четири брака и имаше бројни хируршки зафати во обид да го задржи својот младешки изглед. Таа, меѓу другите, беше во брак со режисерот Николас Реј и неговиот син Тони Реј, со кои имаше деца. Уште поскандалозно, синот имал само 13 години! Се шпекулираше дека сопругот ги фатил на дело. Интересно, по Николас Реј, Греам имаше уште два брака. Прво се омажи за извесен Сај Хауард, а потоа на ред дојде малиот Ентони. Момчето тогаш веќе беше возрасен човек. Тие беа заедно 14 години. Последните години од животот ги поминала во болница во Лондон каде за неа редовно се грижеле родителите на нејзиниот последен љубовник – Питер Тарнер. Токму тој се обиде да му го претстави на светот другото лице на Глорија Греам, па во своите мемоари ја претстави како вистинска филмска ѕвезда и исклучителна жена. Кога се сретнаа, разликата меѓу нив беше огромна. Таа имаше 55, а тој 26. Во 2018-та година, врз основа на неговите мемоари, беше снимена драмата „Филмските ѕвезди не умираат во Ливерпул“, во режија на Пол МекГин, а по сценарио на Мет Гринхалг, со Џејми Бел и Анет Бенинг во главните улоги. Глорија почина во Њујорк на 5-ти октомври 1981-ва година од рак на дојка. Иако цел живот уживала во богатството, на крајот останала без ништо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taa-zavede-tatko-i-sin-pa-na-dvajtsata-im-rodi-detsa-zhivotot-na-akterkata-beshe-ispolnet-so-skandali-smrtta-ja-docheka-vo-najgolema-beda/feed/ 0