глумците пеат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 05 Mar 2023 19:04:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png глумците пеат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Манифестацијата „Глумците пеат“ се враќа на сцената https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/manifestatsijata-glumtsite-peat-se-vraka-na-stsenata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/manifestatsijata-glumtsite-peat-se-vraka-na-stsenata/#respond Sun, 05 Mar 2023 19:14:35 +0000 https://kurir.mk/?p=808336

По повеќегодишна пауза, манифестацијата „Глумците Пеат„ се враќа на сцената и на глумците. Враќањето на овој исклучително популарен проект е во чест на неодамна починатиот актер Марин Бабиќ кому ова му беше животен проект. Зад враќањето на шоуто на сцената стојат неговите ќерки. -Со многу возбуда, емоции и ентузијазам, онака како што пред 31 година татко ми ја започна приказната наречена Глумците ПЕАТ, најавуваме враќање на ова шоу, што го празнува театарот и глумците. Во спомен на Марин Гермов Бабиќ, но и како желба на многумина кои ги паметат Глумците Пеат, со сестра ми Маја одлучивме да ги вратиме и да им дадеме повторно живот, објави Ира. -Никогаш не ми било потешко да напишам статус и да ги одделам емоциите од работата. Ни остави аманет и знаевме дека мора да го исполниме. Затоа што ТОЈ толку многу ги сакаше и копнееше да ги врати. И затоа, во чест на Марин ја враќаме на глумците, на театарот, на публиката. Оваа година ќе биде на 20 април, во Националната опера и балет, но од догодина ќе ги вратиме на денот на кој припаѓа - 26 март, во чест на 27 март, светскиот ден на театарот. Деновиве со Ира, пребарувајќи по старите архиви, сфативме дека за жал нема многу останато од претходните изданија. Неколку снимки, неколку фотографии и многу убави сеќавања. Време за нови спомени, за нови убави моменти, пишува неговата ќерка Маја. Режијата е на Дејан Пројковски, а се најавува многу добра музика и многу забава, онака како што само глумците знаат да направат. Билетите се веќе пуштени во продажба и може да ги набавите ТУКА.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/manifestatsijata-glumtsite-peat-se-vraka-na-stsenata/feed/ 0