глушец магава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jan 2022 09:35:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png глушец магава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина стаорецот Магава, херојот меѓу животните: Посетил над 100 мински полиња во Камбоџа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-staorecot-magava-herojot-megju-zivotnite-posetil-nad-100-minski-polinja-vo-kambodza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-staorecot-magava-herojot-megju-zivotnite-posetil-nad-100-minski-polinja-vo-kambodza/#respond Wed, 12 Jan 2022 09:35:07 +0000 https://kurir.mk/?p=618310

Стаорецот Магава, кој се прослави со златниот медал за храброст за успешно откривање мини, почина на деветгодишна возраст. Магава служеше како „деминeр“ пет години, а успешно „намириса“ повеќе од 100 мини и други експлозивни направи на терени во Камбоџа. Со тоа, тој е најуспешниот стаорец трениран од белгиската хуманитарна организација „Апопо“ за наоѓање мини. Во 2020 година, Магава доби златен медал за храброст, а „се пензионираше“ во јуни 2021. Стаорецот бил одгледуван во Танзанија, а минал една година „тренинг“ пред да биде донесен во Камбоџа. Се верува дека во оваа земја има и до шест милиони мини. Магава „исчисти“ повеќе од 141.000 квадратни метри земја, што е еднакво на 20 фудбалски игралишта. Тој тежеше 1,2 кг и беше долг 70 цм – доволно мал и лесен за да не ги активира мините при преминување преку нив. Му биле потребни само 20 минути да пребара терен колку тениско игралиште, додека на човек со детектор за метал му требаат меѓу еден и четири дена. (МИА)\]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-staorecot-magava-herojot-megju-zivotnite-posetil-nad-100-minski-polinja-vo-kambodza/feed/ 0