глуви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Jan 2020 16:31:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png глуви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Крај на долгогодишното игнорирање: Министерката Мизрахи ги увиде проблемите на Националниот сојуз за глуви и наглуви https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rashela-mizrahi-na-sredba-so-chelnovite-na-nacionalniot-sojuz-za-gluvi-i-nagluvi-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rashela-mizrahi-na-sredba-so-chelnovite-na-nacionalniot-sojuz-za-gluvi-i-nagluvi-na-makedonija/#respond Mon, 13 Jan 2020 16:26:36 +0000 https://kurir.mk/?p=289060

Денеска остварив средба со поголемиот дел од членовите на Националниот сојуз за глуви и наглуви на Македонија. На средбата, која беше на иницијатива на здруженијата, се разговараше за проблемите со кои се соочуваат оваа категорија на граѓани. Од нивна страна, исто така беше изразена голема благодарност за тоа што лично ги примив да ги слушнам нивните проблеми затоа што веќе неколку години, иако поднесувале повеќе барања за средби, истите не биле остварени. Посочив дека ова Министерство е на сите граѓани на државата. Во рамките на сите мои надлежности им беше понудена помош за сите проблеми со кои се соочува оваа група на ѓрагани, напиша на Фејсбук техничкиот министер за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rashela-mizrahi-na-sredba-so-chelnovite-na-nacionalniot-sojuz-za-gluvi-i-nagluvi-na-makedonija/feed/ 0
Комуникацијата најголем проблем на глувите и наглуви лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komunikacijata-najgolem-problem-na-gluvite-i-nagluvi-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komunikacijata-najgolem-problem-na-gluvite-i-nagluvi-lica/#respond Fri, 28 Sep 2018 11:48:19 +0000 https://kurir.mk/?p=107431

Најголем проблем со кој се соочуваат глувите и наглуви лица во Македонија е комуникацијата, односно неможноста да ја остварат во секојдневниот живот, образованието, работата... Затоа, зголемувањето на бројката на толкувачи на знаковниот јазик, е првата работа што треба да се направи, порача в.д. претседателот на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија Томица Стојановски на одбележувањето на Светскиот ден на глуви и наглуви и 70-годишнината од основањето. Тој истакна дека овие лица се соочуваат со проблеми од самото раѓање преку отежната комуникација, неодење во градинка. Затоа, рече, во градинките треба да имаат поддршка и помош за да совладаат основни знаења, а во школо кога се запишуваат треба да се работи повеќе со нив, да има повеќе дефектолози кои ќе им помагаат. - Најбитен проблем е комуникацијата, затоа треба да се работи повеќе на изучување на толковниот јазик. Комуникацијата е основна бариера на чие надминување треба да се работи преку обезбедување на повеќе толкувачи на знаковен јазик. Исто така, ќе работиме на социјализирање на глувите деца во постоечки градинки со кои ќе работи дефектолог и стручно лице за да се стекнат со познавање на основните работи и во прво одделение да се на исто ниво со децата што слушаат, рече Стојановски. Тој рече дека овие лица се соочуваат и со проблеми во натамошното школување, со вработување, но, и воопшто во секојдневниот живот. Најави и дека ќе бараат изедначување на додатокот за глувост со останатите додатоци за инвалидност. Секој инвалидитет има своја тежина и не треба да се занемари, треба да се работи сите да бидат исти, рече Стојановски. Според податоците со кои располага Сојузот во Македонија има околу 6.000 глуви и наглуви лица. На манифестацијата за одбележување, што се одржа денеска во Скопје, присуствуваа членови на сојузот од Македонија, глуви ученици од училиштата Партеније Зографски - Скопје и Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух Кочо Рацин - Битола. Националниот Сојуз на глуви и наглуви своите темели ги има поставено на 28 март 1948 година и досега има остварено вредни резултатити на полето на заштитата, едукацијата и рехабилитацијата на глувите и наглувите лица на територијата на Република Македонија. Во својот 70-годишен развиток, Сојузот на глуви и наглуви на Македонија изминал во повеќе фази, извршил неколку промени во името и статутот на организацијата, ги променувал програмските приоритети, организациските шеми, усогласувајќи се со промените на општествениот систем, развиток на институционална мрежа, социјално законодавство и потребите на членството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komunikacijata-najgolem-problem-na-gluvite-i-nagluvi-lica/feed/ 0