гмо храна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Dec 2018 11:21:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гмо храна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владата се правда дека ГМО храната не е штетна, експертите и прозиводителите на органска храна застанаа против https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-se-pravda-deka-gmo-hranata-ne-e-shtetna-ekspertite-i-prozivoditelite-na-organska-hrana-zastanaa-protiv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-se-pravda-deka-gmo-hranata-ne-e-shtetna-ekspertite-i-prozivoditelite-na-organska-hrana-zastanaa-protiv/#respond Wed, 12 Dec 2018 11:21:10 +0000 https://kurir.mk/?p=139143

Откако во јавноста излегоа информации дека се подготвува нов закон за да се одгледуваат ГМО производи на територија на Република Македонија, реакциите од невладините организации и земјоделци започнаа. Имено според Агенцијата за храна и ветеринарство се подготвуваат измени на Законот за безбедност на храна со кои ќе се овозможат генетски модифицирани производи од Македонија. Иако според сегашните законски прописи производството со ГМО-содржина е забрането. Но реакциите се вжештија по вчерашната изјава на директорот на АХВ, Зоран Атанасов дека храната што содржи ГМО не е штетна, бидејќи во светот се уште нема доказ дека таквата храна е штетна по здравјето на луѓето, следеа низа реакции. Поради тоа, во 1ТВ се одржа уште една дебата на оваа тема каде што гостуваа Билјана Филиповска од „Добра Земја“ задруга на потрошувачи на органска храна и Васил Петрушевски, органски производител од „Бијаква фарма“. Според нив незамисливо е да се одгледува ГМО производи на територија на Република Македонија. -Не само јас, туку целото светско движење кое што е анти-ГМО, против генетски модифицираните организми, составено од научници и од професори, и од производители и од земји на национално ниво сме против ГМО. Дури и статистика вели дека 28 земји во светот моментално продуцираат ГМО производи на својата територија од кои што само 5 на ниво на ЕУ, би сакала да истакнам дека Јапонија е како најголем увозник сепак на ГМО меѓутоа нема производство на ГМО производи на своја територија, појасни Билјана Филиповска од „Добра Земја“ задруга на потрошувачи на органска храна, при гостување на емисија на 1ТВ. -Јас како органски производител се наоѓам на сосема друга страна, при што многу ме загрозува новиот закон за производство на ГМО производ. Бидејќи кога ќе се пушти самото производство на генетски модифицирана храна во Македонија ќе влијае врз целиот еко систем. Конкретно јас ќе го изгубам сертификатот, ако километар од мене се одгледува генетски модифицирана храна, бидејќи влијанието на ГМО не е само на локално туку преку поленот и опрашувањето влијание и на околните посеви, посочи Васил Петрушевски, органски производител од „Бијаква фарма“. Директорот на АХВ треба да знае дека ГМО храна се добива со вметнување на генетски материјал од еден вид на друг вид, преку генетски инженеринг. Со тоа се овозможува пренесување на една карактеристика од еден на друг вид кои не се во сродство. Така на пример, ген земен од поларна риба е вметнат во доматите и јаготките за да не замрзнат. Генетскиот инженеринг е револуционерна технологија со која се овозможува манипулација на гените. Со него научниците пренесуваат еден ген (кој припаѓа на еден вид) на друг вид (кој е несроден), за да добијат ново својство преку генетскиот код. Најдобар пример за ова се посевите кои се отпорни на вируси откако со генетски инженеринг им биле додадени вирусни гени. Голем број екологисти и научници постојано истакнуваат дека ваквите генетски модифицирани производи се штетни за нашето здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-se-pravda-deka-gmo-hranata-ne-e-shtetna-ekspertite-i-prozivoditelite-na-organska-hrana-zastanaa-protiv/feed/ 0
Атанасов: Во светот се уште нема доказ дека храната што соджи ГМО е штетна по здравјето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-vo-svetot-se-ushte-nema-dokaz-deka-hranata-shto-sodzi-gmo-e-shtetna-po-zdravjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-vo-svetot-se-ushte-nema-dokaz-deka-hranata-shto-sodzi-gmo-e-shtetna-po-zdravjeto/#respond Tue, 11 Dec 2018 10:35:32 +0000 https://kurir.mk/?p=138548

Според директорот на АХВ, Зоран Атанасов храната што содржи ГМО не е штетна, бидејќи во светот се уште нема доказ дека таквата храна е штетна по здравјето на луѓето. На прашањето на водителката на 1ТВ, дали смета производите ГМО и храната модифицарана од ГМО е штетна по здравјето на луѓето Атанасов одговори дека во светот се уште нема доказ дека таквата храна е штетна по здравјето на луѓето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-vo-svetot-se-ushte-nema-dokaz-deka-hranata-shto-sodzi-gmo-e-shtetna-po-zdravjeto/feed/ 0