ГМО – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Mar 2023 12:20:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ГМО – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бразил одобри одгледување и продажба на ГМО пченица отпорна на суша https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-odobri-odgleduvane-i-prodazhba-na-gmo-pchenitsa-otporna-na-susha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-odobri-odgleduvane-i-prodazhba-na-gmo-pchenitsa-otporna-na-susha/#respond Sat, 04 Mar 2023 12:20:12 +0000 https://kurir.mk/?p=808027

Поради закана од можна глобална криза за снабдување со храна, Бразил одобри одгледување и продажба на генетски модифицирани (ГМО) сорти пченица отпорни на суша. Со издавањето на официјалното одобрение објавено од агенцијата за биосигурност CTNbio, Бразил стана втората латиноамериканска земја по Аргентина која одобри одгледување на ГМО сортата HB4, пренесува Ројтерс. ГМО пченицата никогаш досега не била комерцијално одгледувана во Бразил поради стравот на потрошувачите од алергени или токсичност на пченицата, која инаку се користи ширум светот за правење леб, тестенини и колачи. ГМО сорти на пченка и соја се користат за добиточна храна, биогорива и производство на прехранбени производи како што е масло за јадење.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-odobri-odgleduvane-i-prodazhba-na-gmo-pchenitsa-otporna-na-susha/feed/ 0
Го исекла доматат и го забележала ова во него: Дали е чудо на природата, ГМО или нешто трето? (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-isekla-domatat-i-go-zabelezala-ova-vo-nego-dali-e-chudo-na-prirodata-gmo-ili-neshto-treto-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-isekla-domatat-i-go-zabelezala-ova-vo-nego-dali-e-chudo-na-prirodata-gmo-ili-neshto-treto-foto/#respond Mon, 24 Aug 2020 10:37:20 +0000 https://kurir.mk/?p=394583

Оваа необична фотографија е споделена на социјалните мрежи, а една корисничка на Фејсбук искоментирала дека иста ситуација имала со пиперка ... Неопходната состојка на секоја салата и многу други јадења е секако доматот, кој многу граѓани го јадат во големи количини. Дури и во текот на пандемијата, продавачите наоѓале начин како да стигнат до купувачите. На пример, без разлика на коронавирусот, кога не може да излезе на пазар и да продава на тезга, Милка Станојчиќ од Клењ на своите постојани муштерии им нуди домат по пат на телефон. И сите се задоволни. Меѓутоа, купувачите кои што не купуваат домати од проверени луѓе, кажуваат дека се помалку е застапен вистински, домашен домат од бавча, каков што помнеле од детството. Една фотографија од необичен домат стана виртуелен хит на друштвените мрежи, а била објавена и на Фејсбук страницата „Добра земја“. Имено на нејзе се гледа како од еден домат никнувал друг домат. По објавата на Катарина може се најдат различни коментари како на пример дека се работи за ГМО домат, дека премногу отстојал или пак бил изложен на влага. Една корисничка на Фејсбук напишала дека во пиперка пронашла мала пиперка, иако е домашна и никогаш не купувала семе. За што се работи овде, што мислите вие ?]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-isekla-domatat-i-go-zabelezala-ova-vo-nego-dali-e-chudo-na-prirodata-gmo-ili-neshto-treto-foto/feed/ 0
Земјоделците фрлаат јаболка, сливи и зелки бидејќи нема откуп, а Македонија од идната година ќе произведува ГМО храна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelcite-frlaat-jabolka-slivi-i-zelki-bidejkji-nema-otkup-a-makedonija-od-idnata-godina-kje-proizveduva-gmo-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelcite-frlaat-jabolka-slivi-i-zelki-bidejkji-nema-otkup-a-makedonija-od-idnata-godina-kje-proizveduva-gmo-hrana/#respond Sat, 01 Dec 2018 11:29:55 +0000 https://kurir.mk/?p=134494

Земјоделците се жалат на слабиот откуп, а поради тоа фрлаат јаболка, зелка и сливи, а владата на СДСМ од идната година планира да произведува ГМО грана. Од следната година ќе се дозволи производство на Генетски модифицирана храна во земјава. Агенцијата за храна најави измени на Законот за безбедност на храна во кој точно ќе се дефинира како храна која содржи, е составена или произведена од генетски модифицирани организми може да се пласира на пазарот. Откако ќе се донесе законот сите операторикои ќе одлучат да произведуваат ГМО храна ќе мора предходно да ги поминат строгите законски и подзаконски процедури на одобрување. Законот ќе дозволува праг на толеранција до 0,9 отсто и доколку содржи повеќе од тоа задолжително ќе мора да се декларира дека има Генетски модифицирани организми во неа, пренесува 24инфо. Директорот на Агенцијата за храна Зоран Атанасов во интервју за 24 унфо, вели дека во моментов, врз основа на член 55 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ број 187/13) во Република Македонија е забрането производство, ставање во промет и увоз на храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО, се до пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија. – Меѓутоа, врз основа на светските економски трендови за слободно движење на безбедната и здрава храна, а со цел овозможување на подобри услови за македонските оператори со храна за трговска размена со другите земји со што ќе се обезбеди позитивен економски ефект за Република Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви текст на Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната. Во моментот, текстот е на финално усогласување со Секретаријатот за законодавство, пред негово проследување до Влада на РМ- вели Атанасов. Според него во измените на законот, предвидено е погоре наведената одредба за забрана на храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО во Република Македонија да се избрише, со што ќе се дозволи производство, ставање во промет и увоз во Република Македонија на ГМО храна под строго одредени услови, пропишани во подзаконски акти, со кои ќе се обезбеди заштита на јавното здравје и животната средина. Ова ќе се овозможи со воведување на соодветни стандарди пред ставање во промет на ГМО храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО. – Измените на законот се всушност усогласувања со регулативите за безбедност на храна во Европа.Со Законот точно ќе се утврдат прописите за регистрација и одобрување за ГМО бидејќи истите се многу строги. За тоа се свесни и компаниите што сакаат да дојдат до таков производ. Кога аплицираат во Европската агенција за безбедност на храната, тие знаат низ какви долги процедури на испитување и истражување мора да поминат. Прагот, пак, на толеранција во ЕУ за генетска модификација на некој производ или организам е 0,9 отсто- вели Атанасов. Според него практично се враќа стариот член во законот кој дозволуваше производство и влез на ГМО храна во Република Македонија. – ГМО веќе не е табу тема. Постојано се дискутира за ова. Скоро секаде во светот ја има прифатено ГМО храната и јас не гледам причина зошто Македонија да не го направи тоа, посебно што нема научни докази дека е штетна по здравјето на луѓето. Сепак, право на потрошувачите е да изберат што ќе консумираат- вели Атанасов. Првиот човек на Агенцијата објаснува дека при мониториг на храна откриено е присуство на ГМО во ориз од домашно потекло кој е поништен. При увоз се контролира секоја пратка со храна, а лабораториски е потврдено присуство на ГМО во пратка на пченка и во пратка на соини производи по што дадена е опција на увозниците пратките да се вратат или препратат. На прашањето дали е намален увозот на небезбедна храна во земјава директорот вели дека во земјава не се увезува небезбедна храна. – Се вршат контроли на храната при увоз и при промет во внатрешноста. Доколку при контролата при увоз се открие небезбедна храна истата се врака назад на место на потекло или се уништува- вели Атанасов.
фото: Слободан Ѓуриќ

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelcite-frlaat-jabolka-slivi-i-zelki-bidejkji-nema-otkup-a-makedonija-od-idnata-godina-kje-proizveduva-gmo-hrana/feed/ 0
Се појавија првите ГМО банани, еве како да ги препознаете https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/se-pojavija-prvite-gmo-banani-eve-kako-da-gi-prepoznaete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/se-pojavija-prvite-gmo-banani-eve-kako-da-gi-prepoznaete/#respond Sun, 21 Jan 2018 13:36:20 +0000 http://kurir.mk/?p=13645

Голем број од луѓето не обрнуваат внимание на налепниците кои се на кората на овошјето, туку инстиктивно ги одлепуваат пред јадење. Дури и кога ќе ги забележат, ретко кој знае што тие значат. Но, тие таму не се без причина, објаснуваат експертите. Освен евентуално името на производителот на декларацијата треба да се најде и број кој открива важни податоци за начинот на кој е одгледано овошјето. Декларацијата првенствено се однесува на овошје кое е увезено. Налепница со 4 броеви Ако овошјето има декларација со четири броеви и почнува со бројот 3 или 4, значи дека е одгледувано со помош на вештачко ѓубриво, односно по земјоделски правила кои важат во последните 50-тина години. Лимонот на пример е означен со бројот 4033, додека бананите со бројот 4011. Налепница со 5 броеви Ако овошјето има пет броеви од кои првиот број е 9 тоа значи дека е органско. Таквата декларација е гаранција дека тоа овошјето е одгледано без пестициди и ѓубриво. На пример, органски одгледаните банани се со бројот 94011. Првиот број на декларацијата е 8 Ова можеби е најважната декларација бидејќи претставува овошје кое е генетски модифицирано, а се препознава на основ на пет броеви, од кои првиот е секогаш 8. На пример овие банани на себе го имаат бројот 84011.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/se-pojavija-prvite-gmo-banani-eve-kako-da-gi-prepoznaete/feed/ 0