гнезда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 18 Jul 2021 11:50:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гнезда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стојково преброја: Има 47 гнезда на штркови, 94 возрасни и 163 млади штркови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojkovo-prebroja-ima-47-gnezda-na-shtrkovi-94-vozrasni-i-163-mladi-shtrkovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojkovo-prebroja-ima-47-gnezda-na-shtrkovi-94-vozrasni-i-163-mladi-shtrkovi/#respond Sun, 18 Jul 2021 12:25:40 +0000 https://kurir.mk/?p=538292

Месната заедница од Стојаково во Богданци неодамна ги преброја активните гнезда на штркови, при што установи дека има 47 гнезда, 94 возрасни и 163 млади штркови. – Штрковите населуваат еколошки чисти средини, што значи дека Стојаково максимално ги исполнува нивните услови за живеење. Селото Стојаково е рамничарско село и има две големи предности: прво, има доволно безбедни места за гнездење, речиси повеќето од гнездата се на далноводи, на кои често има платформи за штркови поставени од „ЕВН Македонија“, и второ, околните обработливи површини, близината на Вардар и влажните ливади околу локалитетот Ѓол и Ѓиренот нудат доволно храна за штрковите, информираат на својот фејсбук-профил од Месната заедница. Во 2018 година во Стојаково се избројани 37 гнезда, со 74 возрасни и 134 млади штркови.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojkovo-prebroja-ima-47-gnezda-na-shtrkovi-94-vozrasni-i-163-mladi-shtrkovi/feed/ 0
Во штипскиот регион се поставуваат гнезда за царскиот орел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-shtipskiot-region-se-postavuvaat-gnezda-za-carskiot-orel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-shtipskiot-region-se-postavuvaat-gnezda-za-carskiot-orel/#respond Thu, 19 Apr 2018 13:08:29 +0000 https://kurir.mk/?p=43146

Почна поставувањето на 10 платформи за гнездење на царскиот орел, во близина на штипските села Судиќ и Трогерци. Портпаролот на МЕПСО, Никола Стојанов вели дека гнездата се поставуваат на трасата на 400 киловолнтиот далековод, кој го поврзува македонскиот со српскиот електропреносен систем. - Оваа акција е дел од проектите, кои се спроведуваат од 2012 година па досега. Во пет наврати се поставени 50 платформи за гнездење на царскиот орел. Интенцијата на менаџментот на МЕПСО е да дава поддршка на проекти, коишто помагаат во делот на заштита на заштита на животната средина, флората и фауната и за подобрување на општествените корисни практики, вели Стојанов. Емануел Лисичанец од еколошкото друштво „Аквила“-Кавдарци истакна дека царскиот орел е степска птица, а оваа птица која е заштитена се наоѓа на црвената листа на Европа во видовите на изумирање. - Со ова акција се надеваме дека ќе се зголеми популацијата на царскиот орел или барем ќе остане стабилна. Во Македонија има околу 30 активни гнездечки двојки и може да се рече дека сме лидер на Балканот во царските орли, по големина на територијата, каде што тие се наоѓаат, посочи Лисичанец. Тој истакна дека поставувањето на гнездата во овчеполскиот регион има ефект, бидејќи веќе се заземени шест гнезда, а тоа значи 10 отсто од поставените платформи. Според Лисичанец, тоа е голем успех, бидејќи на птиците како што вели, им е потребно време за да заземат нова територија или да се формира нова двојка. Платформите за царскиот орел се поставуваат од страна на електромонтерите на МЕПСО, а во соработка со еколошкото друштво „Аквила“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-shtipskiot-region-se-postavuvaat-gnezda-za-carskiot-orel/feed/ 0