го сакам водно – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Oct 2021 16:34:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png го сакам водно – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсовска на средба со претставници од „Го сакам Водно“: На Водно нема да се закова ни шајка https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-na-sredba-so-pretstavnici-od-go-sakam-vodno-na-vodno-nema-da-se-zakova-ni-shajka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-na-sredba-so-pretstavnici-od-go-sakam-vodno-na-vodno-nema-da-se-zakova-ni-shajka/#respond Thu, 28 Oct 2021 16:34:01 +0000 https://kurir.mk/?p=587289

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со граѓанското здружение „Го сакам Водно“, веднаш по нивниот повик преку соопштение до јавноста, во кое што стои дека Водно е секој ден сè поблиску и поблиску до бетонирање на својата иднина. Тие бараат од Арсовска да направи чекор повеќе кон Водно како гаранција дека нејзината намера за вистински и целосно заштитено Водно е искрена, затоа што, како што велат, само нејзината заложба може да се најде над секоја одлука која што води кон уништување на Водно. На средбата Арсовска ги ислуша сугестиите и се обврза итно да ги иницира сите неопходни чекори кои ќе обезбедат сеопфатна и целосна заштита на Водно. Таа истакна дека за Водно не смее да има компромиси и дека решенијата ќе се креираат заеднички преку формирање на работен комитет од здруженијата, со професори и експерти кои ќе работат на сеопфатна заштита на Водно. Како доказ за своите намери, кандидатката за градоначалник ја посочи и својата програма, во која се опфатени повеќе проекти a чија цел е Водно да стане зелен штит, токму како што граѓаните бараат. „Ќе се залагам за заштита на просторот со Закон и ќе го решам проблемот со појавување на нови градби на парк шумата, без да дозволам да се закова дури и една шајка. Во исто време проектот за Водно – зелен штит на Скопје ќе вклучува и пошумување со 100 000 садници автохтони видови дрвја годишно. Се предвидува и 24-часовна лупа на Водно, односно постојана грижа за парк шумата. Ќе има 24 часовна патрола на редари кои ќе се грижат за заштита на шумското и природно богатство како и за безбедноста на планинарите при несакани ситуации, повреда или слично”, посочи Арсовска. Арсовска истакна и дека додека граѓаните го бранеле Водно со жив штит поради сечењето дрвја и се обидувале да ја одбранат парк шумата, никој од локалната управа не им помогнал, напротив, застанале на другата страна. „Ова не смее да биде нашата реалност. Градоначалникот мора да ги слуша барањата на жителите и да наоѓа решенија во нивен интерес“, истакна Арсовска. На крајот од средбата, заклучија дека неопходна е итна реакција и брзо делување за да се изборат за зачувување на парк шумата. Арсовска се обврза на заедничка соработка и континуирана комуникација со цел Водно да продолжи да биде зелена заштита за Скопје и скопјани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-na-sredba-so-pretstavnici-od-go-sakam-vodno-na-vodno-nema-da-se-zakova-ni-shajka/feed/ 0
„Го Сакам Водно“ и „О2 Иницијатива“ сакаат итна средба со Заев: Бараме решение СЕГА, со закон СЕГА! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-sakam-vodno-i-o2-inicijativa-sakaat-itna-sredba-so-zaev-barame-reshenie-sega-so-zakon-sega/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-sakam-vodno-i-o2-inicijativa-sakaat-itna-sredba-so-zaev-barame-reshenie-sega-so-zakon-sega/#respond Tue, 09 Mar 2021 13:34:42 +0000 https://kurir.mk/?p=479604

Граѓанските здруженија „Го Сакам Водно“ и „О2 Иницијатива“ доставијa барање до Претседателот на Владата, Зоран Заев, за ИТНА СРЕДБА заедно со претставници од Шумарскиот факултет, МЗШВ, УХМР, ЦУК, Агенција за за планирање на просторот. Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение: Причините се што и покрај гласноста и противењето на научната и експертска јавност во тек на јавните расправи, дебати, технички координативни средби при МЖСПП, прес-конференции, издадени негативни мислења од институциите, Министерството за животна средина и просторно планирање на чело со министерот Насер Нуредини одлучија да продолжат со процесот на ре-прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје, но овој пат со многу ниска заштита од V категорија - заштитен предел. Од МЖСПП се прават слепи и глуви на минатото, но и на сегашноста на Водно и се продолжува со шарадата, кога е крајно време да се прекине. Наместо изготвување на бараниот посебен Закон за Водно, со кој би се изготвила сеопфатна, ИНТЕГРИРАНА заштита на Водно, се продолжува со Одлуката базирана само на еден, многу мал аспект од Водно. Особено опасен е ставот на МЖСПП дека донесувањето на Одлуката не претставува пречка за подготовка на посебен Закон за Водно, кој откако ќе биде изработен ќе може да ја инкорпорира и донесената Одлука. Причината е што со предвиденото зонирање и предвидените активности се поништуваат огромен број на веќе изработени студии за заштита од ерозија и поплавување.  Носење на Одлуката за презаштита на Водно и носењето на посебен Закон за Водно не може да одат рака под рака, зошто ќе се во меѓусебна колизија и ќе се поништуваат еден со друг. Или Одлука или Закон. Двете не може. Ако Владата ја донесе предложената Одлука за презаштита на Водно, но овој пат од V категорија, ќе ја доведе безбедноста на граѓаните на Скопје во опасност, поради не земање предвид на ерозивните процеси на Водно, појавата на свлечишта, опасноста од поројни поплави и пожари. Бидејќи зонирањето кое се наметнува со одлуката не ги зема овие нешта предвид. За разлика од  построгата и постоечка заштитата која е на сила од 1976, со измени во 1989, 1990, 1991, со која најголемиот дел од Водно е заштитен како предел со посебни природни карактеристики: парк-шума. Водно во својот најголем дел е вештачки пошумено со видови кои претежно не се автохтони. Она што во најголема мера настанало вештачки, се прогласува за природно тогаш, поради постоење на правен вакуум и неопходноста за заштита поради безбедносната улога која ја има пошуменото Водно за град Скопје. Водно е повеќенаменско, каде на прво место доаѓа безбедноста од поплавување на градот и заштита од пожари, потоа неговата рекреациска улога, еколошката улога за прочистување на воздухот и на крај е заштитата на природното и културно наследство. Неспорен и апсолутен приоритет е безбедносната улога на Водно, која со прогласување на Одлуката за Водно за заштитено подрачје од V категорија ќе се поништи. За крај, дел од официјално доставеното мислење на Агенцијата за планирање на просторот до МЖСПП, „Прогласувањето на подрачјето со уважување на само еден аспект (природниот, кој за Водно воопшто не е доминантен) и игнорирајќи ги останатите, кои за граѓаните на Градот Скопје значат заштита, безбедност и живот без сериозни закани; значи дека Водно ќе го претвориме во еден простор кој за идните генерации наместо подрачје со мултифункционално значење, ќе се претвори во подрачје со бројни проблеми без решение.“  Бараме РЕШЕНИЕ СЕГА, со ЗАКОН СЕГА, а не Одлука која ќе донесе огромен број на проблеми, некои со погубен карактер и можни бројни жртви и огромни штети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-sakam-vodno-i-o2-inicijativa-sakaat-itna-sredba-so-zaev-barame-reshenie-sega-so-zakon-sega/feed/ 0
„ГО САКАМ ВОДНО“: Никнуваат вили во селски атари и на земјиште кои мистично станува приватна сопственост https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/go-sakam-vodno-niknuvaat-vili-vo-selski-atari-i-na-zemjishte-koi-mistichno-stanuva-privatna-sopstvenost/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/go-sakam-vodno-niknuvaat-vili-vo-selski-atari-i-na-zemjishte-koi-mistichno-stanuva-privatna-sopstvenost/#respond Sat, 26 Sep 2020 11:19:08 +0000 https://kurir.mk/?p=408885

Времето минува, специјален закон за Водно не се ни разгледува. Си тече процедура на носење си некакви акти со кои ќе се намалат заштитните граници и ќе се овозможи градба каде досега не можело, пишуваат на својата страница на Фејсбук од организацијата „Го сакам Водно“. Во меѓувреме, велат активистите, никнуваат вили во селски атари и на земјиште кое мистично станува приватна сопственост во шумите на Водно. -А, богами и ЈП Пасишта се ангажирале да наоѓаат одгледувачи на пчели , па дека голем недостиг на мед, 5.000 квадрати ги даваат на 10-годишно користење во делови каде границата на заштита ќе се менува. Дека ЈП Пасишта знаат дека со овци си имаат работа… Ете, толку можел законот за природата да (не)заштити, се вели во реакцијата на „Го сакам Водно“, со која заедно се објавени и фотографии. Активистите упатуваат прашање до Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ – дали е ова нивна ингеренција, или повторно не се знае кој има надлежности. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/go-sakam-vodno-niknuvaat-vili-vo-selski-atari-i-na-zemjishte-koi-mistichno-stanuva-privatna-sopstvenost/feed/ 0
„Го сакам Водно“: Точно една година не запираат градежните работи на Водно, Водно мора и ќе победи (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-sakam-vodno-tochno-edna-godina-ne-zapiraat-gradeznite-raboti-na-vodno-vodno-mora-i-kje-pobedi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-sakam-vodno-tochno-edna-godina-ne-zapiraat-gradeznite-raboti-na-vodno-vodno-mora-i-kje-pobedi-foto/#respond Tue, 30 Jul 2019 08:08:39 +0000 https://kurir.mk/?p=224535

Точно една година не запираат градежните работи на Водно, точно една година Водно се касапи и уништува... Фејсбук страната „Го сакам Водно“ ја сумираше целата година откако започнаа градежните работи и пишува дека на терен си тече се... -Апдејт по мината една година! Не терен си тече се... Нешто бај д бук, нешто не. Како и да е , ние сме тука. Пратиме и што се сече и мериме колку се уништува. Со грутка во грло, бидејќи Водно изгледа многу тажно... Спустот на Шишево е сеуште горечки проблем, како што многу пати беше нагласено и бевме игнорирани. Мина година дена. Што можевме спасивме од сечење, тоа што се исече боли но заврши. И ќе престанат и овие бушења, минирања, копања, заварувања... А потоа следи рехаб на Водно. Рехаб каква друга планина не видела. МУ ГО ДОЛЖИМЕ ТОА НА ВОДНО! Водно мора и ќе победи.. И не ја вртете главата на сликите на Водно денес! Тоа му се случува на Водно во моментов, а ние граѓаните не успеавме да го спречиме во целост. Лузната стои и ќе се памети! Да не дозволиме да се повтори!, стои во нивниот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-sakam-vodno-tochno-edna-godina-ne-zapiraat-gradeznite-raboti-na-vodno-vodno-mora-i-kje-pobedi-foto/feed/ 0
Макрадули и Шилегов ги изиграа невладините организации околу заштитата на Водно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makraduli-i-shilegov-gi-izigraa-nevladinite-organizacii-okolu-zashtitata-na-vodno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makraduli-i-shilegov-gi-izigraa-nevladinite-organizacii-okolu-zashtitata-na-vodno/#respond Thu, 07 Mar 2019 17:34:02 +0000 https://kurir.mk/?p=172369

Фан страната „Го сакам Водно“ објави пост на Фејсбук во кој пишуваат дека градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули ги изиграле невладините организации вклучувајќи го и „Го сакам Водно“. -Тресла се гора-родио се миш. На толку дебати, состаноци и средби, и средства на даночните обврзници дадени за експерти и дневници, работните групи кои се зaдолжени за изработка на овие закони ни даваат старо-нов закон за Водно, без битни промени, и буквално препишан од пред 40 години. Ова сега што се промовира како Закон за Водно е далеку од оној lex specialis кој што беше најавуван од страна на градоначалникот Шилегов.
Мора да напоменеме дека до сега не сме биле дел од ниту една од средбите на работните групи, ниту сме биле поканети да учествуваме, ниту ни е познато дали некој од граѓанскиот сектор учествувал. Од она што го кажува заменик министерот Јани Макрадули, законот за Водно повторно предвидува зони на делување, како и оној од 1976 (потврден 1991). Особено не загрижува следнава изјава: „Зонирањето е завршено и се навдевам законот брзо ќе дојде во владина процедура. Истото ќе важи и за Водно. Ќе постојат заштитени зони во кои нема да може ношто да се прави, додека во други ќе може да се интервенира за рекреација и за објекти.“ Токму тие „рекреација и објекти“, најчесто имаат широко толкување и се злоупотребуваат, и прават ден за ден да го губиме Водно. На Водно не му се потребни нови содржини и измислици! Потребна му е заштита!, стои во нивниот пост на Фејсбук.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makraduli-i-shilegov-gi-izigraa-nevladinite-organizacii-okolu-zashtitata-na-vodno/feed/ 0
„Го сакам Водно“: Се касапат брези, за да прават коридор за гасовод, чиниш „Партизанска“, Булевар сосе тротоари, среде шума https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-sakam-vodno-se-kasapat-brezi-za-da-pravat-koridor-za-gasovod-chinish-partizanska-bulevar-sose-trotoari-srede-shuma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-sakam-vodno-se-kasapat-brezi-za-da-pravat-koridor-za-gasovod-chinish-partizanska-bulevar-sose-trotoari-srede-shuma/#respond Mon, 04 Mar 2019 16:59:57 +0000 https://kurir.mk/?p=171108

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ на својот Фејсбук профил објави статус посветен на исечените брези поради градењето на гасоводот на Водно. -ОХ, ТИЕ БРЕЗИ, ТИЕ СОЛЗИ Има нешто што е исто кај срните и брезите. Кога крволочните ловци или волци ќе и го убијат породот, срната плаче.. Плачат и брезите кога ги сечат... Некогаш дамна, дете дури бев, имам видено многу, многу болка и солзи во очите на една ранета срна. Таа глетка, тие солзи во кротките , тажни очи на срната никогаш нема да ги заборавам. Деновиве, горе на Водно ,пак, ја видов истата слика. Но, сега плачеа исечените брези... Срните таму оддамна ги нема. До пред две-три децении ги имаше цели стада, и не еднаш, оддалеку, ги гледав како ја „пресекуваат“ шумската патека накај Матка. Ги нема, веќе, и брезите... Ги исекоа со моторни пили, со земјата рамно, в корен... Прават „коридор“ за гасовод, чиниш „ Партизанска“, Булевар сосе тротоари, среде шума. Му го враќаат старото лице на Водно, она од пред седумдесетина години: голо, пусто, бездрвно... Во понеделникот предпладне ги видов кутнати на земја. Во вторникот веќе беа „стокмени“ на метро. Чуму на метро? Ноќна работа, си велам. Исто како и неодамнешните пополноќни и раноутрински сечи на дрвата во парковите, долу во градот... Три-четири дена ги гледам солзите на исечените брези на Водно. Навистина тие плачат. И тогаш кога беа „спружени“ на земја, и наметрени, а најмногу она што остана од нив- долниот дел, остатокот од стеблата, кутуците... И ќе плачат се дури огромните грди машини, кои чекаат на готовс, не ги откорнат сосе корен, а место нив ги „посадат“ бескрајните железни цевки... Ги нема, веќе, брезите крај патеките на Водно. Ги нема и самите патеки... Онаа, брезата, веднаш до патоказната табла за Матка, прва ја пресекоа...А беше висока , белузлава, вита...И времиња долги, со нежен трепет, со тивок шум на лисјето, го мереше ветрот... А оние моторните пили, најфаталниот изум на човекиот род, токму тие ќе стават точка на нашето постоење..., стои во нивниот Фејсбук пост.
By Ilo Gajtanoski

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-sakam-vodno-se-kasapat-brezi-za-da-pravat-koridor-za-gasovod-chinish-partizanska-bulevar-sose-trotoari-srede-shuma/feed/ 0
„Го сакам Водно“: Она од што најмногу стравувавме, рестартирање на градбата и сеча на шумата на Водно, СЕ СЛУЧИ! https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/go-sakam-vodno-ona-od-shto-najmnogu-stravuvavme-restartiranje-na-gradbata-i-secha-na-shumata-na-vodno-se-sluchi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/go-sakam-vodno-ona-od-shto-najmnogu-stravuvavme-restartiranje-na-gradbata-i-secha-na-shumata-na-vodno-se-sluchi/#respond Tue, 26 Feb 2019 16:40:11 +0000 https://kurir.mk/?p=168628

Само напред, се уништете, без закони и прописи!!! Она од што најмногу стравувавме, рестартирање на градбата и сеча на шумата на Водно, СЕ СЛУЧИ! УНИШТЕНА Е ШУМАТА НА ПОТЕГОТ БЕЛ КАМЕН БУНКЕРИ! БЕЗ НАЈАВА! БЕЗ РЕШЕНИЕ ЗА ИЗМЕНИ ВО ТЕК НА ГРАДБА! Немаме информации дали Град Скопје издал ново Решение за сеча, сегашното, кое е крајно дубиозно, важи до 1 март, петок. Ако издаде, заедно со МЕР се директни учесници во овој дрзок и криминален чин! Се гледаме утре!, пишуваат од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/go-sakam-vodno-ona-od-shto-najmnogu-stravuvavme-restartiranje-na-gradbata-i-secha-na-shumata-na-vodno-se-sluchi/feed/ 0
Шилегов доби необично новогодишно пакетче: „Го сакам Водно“ му ги достави барањата од граѓаните (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-dobi-neobichno-novogodishno-paketche-go-sakam-vodno-mu-gi-dostavi-baranjata-od-gragjanite-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-dobi-neobichno-novogodishno-paketche-go-sakam-vodno-mu-gi-dostavi-baranjata-od-gragjanite-foto/#respond Thu, 27 Dec 2018 12:17:33 +0000 https://kurir.mk/?p=145653

Граѓанската иницијатива „Го Сакам Водно“ денес пред просториите на Град Скопје одржа прес-конференција и предаде новогодишно пакетче на градоначалникот Петре Шилегов. -Во него се содржани слатки подароци прикачени за секое од барањата за Парк Шума Водно. Се надеваме дека пакетчето со нашите барања ќе претставуваа вистински предизвик за градоначалникот и дека во 2019та покрај слух ќе има и реална соработка со граѓанскиот сектор за нивно оставрување. Барањата се конкретни, бараат вложувања на време, пари и човечки ресурси, но бенефитите од нив сметаме дека се конечни и далекусежни., велат од Иницијативата. „Го сакам Водно“ од име на граѓаните бара: „Незадоволни од бројните нерегуларности кои го следат функционирањето на нашата парк-шума Водно, нејзиниот нерешен статус и децениски насобраните проблеми, од вас како градски татко на надлежната институција и како човек кој знае кое е значењето на Водно за скопјани, бараме трајно решавање и заштита на парк-шумата, со адекватни активности во неа. Очекуваме да ги прифатите барањата и предизвикот на нивно спроведување и во најкраток рок да го донесете како приоритет број 1 законот за Водно во форма на „Lex specialis “за да го дефинираме еднаш за секогаш не чекајќи дали и кога ќе се класификува, ревалоризира”. Во однос на вашето прифаќање гасоводната траса да минува  низ Водно, уште еднаш гласно ви кажуваме дека продолжуваме да се бориме со сите расположиви средства да го спречиме тоа зошто ниту еден момент не дадовте издржан одговор зошто го сменивте ставот, а напротив, максимално издржано претходно објаснивте зошто сте против тоа. Се надеваме дека во наредната година ќе успеете да увидите дека бенефитот на нашиот град треба да биде ваша основна водилка, а никако прифаќање на компромиси од било каков тип, вклучувајќи ги и економските бенефити“-пишува во честитката. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-dobi-neobichno-novogodishno-paketche-go-sakam-vodno-mu-gi-dostavi-baranjata-od-gragjanite-foto/feed/ 0
„Го сакам Водно“ утре ќе му донесе новогодишно пакетче на Шилегов https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/go-sakam-vodno-utre-kje-mu-donese-novogodishno-paketche-na-shilegov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/go-sakam-vodno-utre-kje-mu-donese-novogodishno-paketche-na-shilegov/#respond Wed, 26 Dec 2018 14:07:19 +0000 https://kurir.mk/?p=145352

Активистите на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ соопштија дека подготвиле новогодишно „пакетче“ со барања до градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кои се однесуваат на парк-шума Водно и дека симболично ќе му ги предадат утре во 11 часот во просториите на Град Скопје, во присуство на медиумите. „Незадоволни од бројните нерегуларности кои го следат функционирањето на нашата парк шума Водно, решивме да ги изнесеме сите нешта кои би можеле да придонесат во решавањето на проблемите. Ги срочивме овие точки во облик на наши барања до Град Скопје, како институција надлежна за парк шумата Водно и единствена која има инструменти за нивна реализација. Барањата се конкретни, бараат вложувања на време, пари и човечки ресурси но бенефитите од нив сметаме дека се конечни и далекусежни“, се вели во соопштението испратено до медиумите од страна на еколошките активисти од оваа иницијатива. Од „Го сакам Водно“ се уште не ја откриваат содржината ниту бројот на барањата, но најавуваат дека тие се однесуваат на сите проекти кои се во тек на реализација на падините на Водно, како што се гасоводот, Сончев град, телекомуникациската кула, но и на ветеното донесување на законот за заштита на парк-шумата и дека ќе бидат и формално поднесени до градските власти преку архивата на градот. „Се надеваме дека претпразничниот гест на предавање на барањата во Град Скопје, кои имаат за цел заштита и зачувување на Парк Шума Водно, ќе претставува вистински предизвик за градоначалникот во новата 2019-та“, велат од „Го сакам Водно“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/go-sakam-vodno-utre-kje-mu-donese-novogodishno-paketche-na-shilegov/feed/ 0
„Го Сакам Водно“ со обвинување до Град Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/go-sakam-vodno-so-obvinuvanje-do-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/go-sakam-vodno-so-obvinuvanje-do-grad-skopje/#respond Wed, 21 Nov 2018 12:50:54 +0000 https://kurir.mk/?p=130394

Многу интересно е што баш сега, пред почеток на зимата, после години и години оставен „непорамнет“, патот наеднаш се срамнил за сопствениците на нивите да дојдат до нив и ги работат. Се прашуваме што ги навело баш сега на вакво потег? Да не им текнало пченица да садат? Патеката/патот на google earth преку сателитските снимки што ги прават неколкупати годишно не може да го видите ни годинава, ни лани, ни изминатите години, има зеленило на негово место, се вели во фејсбук статусот на Го Сакам Водно.

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/go-sakam-vodno-so-obvinuvanje-do-grad-skopje/feed/ 0