гоб „8-ми септември“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Sep 2023 11:10:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гоб „8-ми септември“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во ГОБ „8-ми Септември“ пуштени три нови сали за интервентна кардиологија и радиологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-gob-8-mi-septemvri-pushteni-tri-novi-sali-za-interventna-kardiologija-i-radiologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-gob-8-mi-septemvri-pushteni-tri-novi-sali-za-interventna-kardiologija-i-radiologija/#respond Fri, 08 Sep 2023 11:10:44 +0000 https://kurir.mk/?p=876002

Во ГОБ „8-ми Септември“ денеска беа пуштени во употреба три нови сали за интервентна кардиологија и радиологија. Салите се опремени со најсовремена апаратура која, освен за кардиолошките, ќе може да се користи и за пациентите од други оддели. Како што истакна премиерот Димитар Ковачевски кој присуствуваше на пуштањето на салите, и покрај сите предизвици од економската и енергетската криза, обновувањето на здравствените капацитети не престанува. Според него, се создаваат услови за најсовремени интервенции за пацентите ширум државата, а фокусот на Владата е да создаде модерно здравство. -Пуштаме во употреба најсовремена опрема во три сали за интервентна кардиологија и радиологија со десет апарати. Се работи за најсовремена опрема, еден дел од апаратурата е прв пат тука инсталирана во држава и не постои во ниту една друга јавна здравствена установа, а помага и за кардиолошки пациенти и за пациенти од други оддели, напомена Ковачевски. Министерот за здравство Фатмир Меџити оцени дека со трите нови сали се создадени услови за интервентни кардиолошки и радиолошки процедури кои во исто време може да е практикуваат на повеќе апциенти. -Заедно со премиерот ги видовме трите сали за кардилогија и интервентна радиологија опремени со нови ангиографи. Со ова се создадени услови за интервентни кардиолошки и радиолошки процедури кои во исто време може да е практикуваат на повеќе апциенти, истакна министерот. Директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Христијан Костов рече дека со новата опрема ќе се намали времето на чекање за правење коронарографии, каротидографии и стентирања.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-gob-8-mi-septemvri-pushteni-tri-novi-sali-za-interventna-kardiologija-i-radiologija/feed/ 0
Хирурзите во ГОБ „8 Септември“ излегуваат на протест: Другите болести на пациентите не исчезнуваат поради пандемијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hirurzite-vo-gob-8-septemvri-izleguvaat-na-protest-drugite-bolesti-na-pacientite-ne-ischeznuvaat-poradi-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hirurzite-vo-gob-8-septemvri-izleguvaat-na-protest-drugite-bolesti-na-pacientite-ne-ischeznuvaat-poradi-pandemijata/#respond Fri, 24 Sep 2021 10:11:54 +0000 https://kurir.mk/?p=567682

Хирурзите во болницата ГОБ „8 Септември“ в понеделник ќе го искажат своето незадоволство поради проблемите со функционирањето на хируршките сали, а тоа ќе го сторат на начин што ќе ги стават инструментите во фиока и ќе ги откажат сите закажани операции на пациенти. Вакво предупредување денеска испрати хируршкиот колектив во болницата, кој преку писмо до медиумите соопшти дека операции ќе бидат извршени само врз пациентите во животозагрозувачка состојба, кои ќе бидат соодветно прифатени и згрижени. Изворот на револтот кај хирурзите е во тоа што како колектив не добиваат прием кај директорот на болницата Христијан Костов за да поразговараат за проблемите со хируршките сали. - Во болницата секојдневно функционираат само две хируршки сали дневно наместо полниот капацитет кој би бил шест сали во текот на денот. Јасно е дека со настанатата ситуација со пандемијата капацитетите ќе бидат намалени, но ова е под реално можно ниво и резултира со тоа што пациентите кои не се во животозагрозувачка позиција не можат да добијат термин за хируршка интервенција. Од страна на вработените беа понудени неколку решенија за реорганизација на работата како би се постигнала поголема ефикасност, но истите или не се стигнати до директорот или директорот не ги спроведува ниту предложува други решенија. ГОБ ’8 Септември‘ е столб на здравството во државата. Во изминативе две години ние сме главен ковид-центар во државата каде што се згрижуваат најтешките пациенти од пандемијата, прифатен центар за сите хируршки пациенти од сите болници надвор од Скопје од кои голем број се на терциерно ниво, а за жал по некоја необјаснета логика ГОБ ’8 Септември‘ е сè уште на секундарно ниво, се вели во писмото. Нашите барања, наведува хируршкиот колектив, се да се овозможат услови во болницата за да може да им пружи хируршка здравствена заштита на поголем број пациенти чии болести не исчезнуваат поради пандемијата. - За надминување на ситуацијата постојат неколку решенија и сме отворени за дополнителни предлози. Поради сериозноста на ситуацијата, како предупредување и начин на алармирање за ситуацијата, наредната недела од 27 септември ќе биде прекинат селективниот хируршки програм во болницата, но поради нашите пациенти сите кои се во животозагрозувачка состојба ќе бидат соодветно прифатени и згрижени. Се надеваме дека ова наше барање ќе биде разгледано и постапено по истото, ако не од директорот на институцијата, тогаш од министерот за здравство или од претседателот на владата, наведено е во писмото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hirurzite-vo-gob-8-septemvri-izleguvaat-na-protest-drugite-bolesti-na-pacientite-ne-ischeznuvaat-poradi-pandemijata/feed/ 0
Администраторите од ГОБ „8-ми Септември“ до Филипче: Први сме во контакт со ковид пациентите, заслужуваме и ние помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/administratorite-od-gob-8-mi-septemvri-do-filipche-prvi-sme-vo-kontakt-so-kovid-pacientite-zasluzuvame-i-nie-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/administratorite-od-gob-8-mi-septemvri-do-filipche-prvi-sme-vo-kontakt-so-kovid-pacientite-zasluzuvame-i-nie-pomosh/#respond Sun, 27 Dec 2020 08:08:28 +0000 https://kurir.mk/?p=448918

Администраторите вработени во ГОБ „8ми Септември“ – Скопје бараат од министерот за здравство Венко Филипче да бидат вклучени во четвртиот пакет за еднократна помош за сите здравствени работници и соработници вклучени во работата со Ковид-19 пациенти. -Ние како дел од оваа болница, која веќе 9 месеци е ковид центар и ги прифаќа и работи со сите Ковид-19 суспектни и позитивни случаеви во државата, а сме први во контакт со тие пациенти, сметаме дека заслужуваме и треба да добиеме еднократна помош како и сите останати во болницата. Голем дел од нас се заразија на работното место, а нашата работа беше извршувана без застој и со ограничен број на луѓе, без можност да користиме годишен одмор и боледување, се вели во барањето на администраторите. Тие се повикуваат на наредбата која ја има донесено директорот на болница со кои административните работници активно се вклучуваат во ковид борбата. -Извадок од Наредбата 17-8060/1 од 24.11.2020 година издадена од Министерството за здравство на Р.С.Македонија, врз основа на која нашиот директор ја има донесено наредбата: “Административните работници во болницата да се вклучат и да учествуваат во извршувањето на посебните и редовните задачи во врска со давање на административни услуги за овозможување и давање на здравствени услуги на пациентите болни од заразната болест COVID-19.” а потоа и “Секое непостапување по оваа наредба и одбивање за извршување на работна задача ќе претставува дисциплински престап и истото ќе биде соодветно санкционирано“, стои во барањето на административците.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/administratorite-od-gob-8-mi-septemvri-do-filipche-prvi-sme-vo-kontakt-so-kovid-pacientite-zasluzuvame-i-nie-pomosh/feed/ 0
Инвестиција на Филипче во ГОБ „8 септември“: Барокен шатор за пациентите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/investicija-na-filipche-vo-drzavna-bolnica-baroken-shator-za-pacientite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/investicija-na-filipche-vo-drzavna-bolnica-baroken-shator-za-pacientite/#respond Sat, 14 Nov 2020 15:53:07 +0000 https://kurir.mk/?p=429547

Лелеци, крикови, солзи и плач – ваква траорна атмосфера не пречека пред Ковид болницата во „8 Септември“. Нервозни роднини на починати пациенти од ковид 19, со солзи во очите бараат информации од медицинскиот перонал за смртта на најблиските. Напнатост и нервоза лебди во воздухот, пренесува телевизија Телма. По 200-те потешки пациенти дневно прегледуваат докторите во овој Ковид центар. Граѓаните во редици чекаат да стигнат до доктор. Во погледот им искри страв и наеж дека ќе го избегнат најлошото.Тука секојдневно до максимум се исполнети и болничките кревети – капацитетот е 80 легла, а Костов очекува набрзо да стигнат до 100 кревети за најкритичните пациенти. Брзата Помош овде ги носи најтешките случаи од инфективните одделенија од внатрешноста. А од денеска се поставува мобилен шатор со клупи и греење каде заразените со Ковид 19 вирусот ќе може да чекаат за преглед. Извор: Телма.ком.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/investicija-na-filipche-vo-drzavna-bolnica-baroken-shator-za-pacientite/feed/ 0
Единствениот неврохирург си заминал од „8-ми Септември“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edinstveniot-nevrohirurg-si-zaminal-od-8-mi-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edinstveniot-nevrohirurg-si-zaminal-od-8-mi-septemvri/#respond Fri, 09 Oct 2020 12:58:56 +0000 https://kurir.mk/?p=414449

Единствениот неврохирург од Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“, д-р Слободан Дамјановски дал отказ од болницата, а шефицата на Инфективното одделение, д-р Патриција Каламарас е сѐ уште вработена во Болницата, потврди Министерството за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК. „Доктор Дамјановски го напуштил Неврохирушкото одделение во ГОБ ‘8 Септември’, по негово барање дал отказ во болницата, по што се вработил во Приватната здравствена установа ‘Систина’“, изјавиле за порталот од кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче. Оттаму додаваат дека во тек се преговори со Клиниката за неврохирургија за преземање на соодветен кадар како надополнување на неговото работно место. Што се однесува до д-р Патриција Каламарас, одговорнa за одделението каде од почетокот на коронакризата се носат најтешко болните од ковид-19, за која имаше неколку објави на социјалните мрежи дека си заминала од јавното здравство, од Министерството за здравство велат дека од болницата им потврдиле дека таа е сè уште вработена таму. На нејзиниот личен Фејсбук профил стои дека таа е „сѐ уште консултант во Аџибадем Систина“ и дека „ќе работи и во двете установи“. Целата вест прочитајте ја на СДК.МК]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edinstveniot-nevrohirurg-si-zaminal-od-8-mi-septemvri/feed/ 0
По драмата во ГОБ „8-ми Септември“, се огласи министерот Филипче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dramata-vo-gob-8-mi-septemvri-se-oglasi-ministerot-filipche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dramata-vo-gob-8-mi-septemvri-se-oglasi-ministerot-filipche/#respond Tue, 30 Jun 2020 21:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=366277

Министерот за здравство Венко Филипче го осуди вечерашниот напад на докторка во ГОБ „8 Септември“ од семејство на почината пациентка од КОВИД-19, оценувајќи дека тој чин е крајно непочитување на здравствените работници кои деноноќно се борат за секој човечки живот. Филипче истакнува дека е цврсто уверен дека во случајот е постапено професионално и согласно протоколите и ги повикува надлежните да го истражат случајот и да постапат соодветно. -Вечерва во Градската општа болница „8 Септември“, докторка беше нападната од семејство на пациентка која по неколку дена болничко лекување почина од коронавирусот. Во случајот интервенираше полицијата која приведе неколку члена од семејството на починатата. Тие се обиделе насилно да го земат телото без да го спроведат соодветниот протокол за лица починати од ковид-19. Ова е чин на крајно непочитување на сите здравствени работници кои повеќе од 4 месеци деноноќно се борат за секој човечки живот. Ова е дискредитација на нивната работа, нивниот труд и жртва, ризикот на кој се изложени и одрекувањата, напиша министерот во објава на Фејсбук. Овие луѓе, посочува министерот, со месеци ги немаат видено своите семејства, ги немаат прегрнато своите најблиски, немаат ден одмор и оддишка од напорната работа. -Најостро го осудувам овој инцидент. Колегите кои се борат со преку 100 пациенти сместени во болницата заслужуваат само поддршка и разбирање, а не закани. Цврсто сум уверен дека тие постапиле професионално и согласно протоколите и ги повикувам надлежните да го истражат случајот и да постапат соодветно, стои во објавата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dramata-vo-gob-8-mi-septemvri-se-oglasi-ministerot-filipche/feed/ 0
Драма во ГОБ „8-ми септември“: Сакале да го земат телото на почината од коронавирус, па извадиле пиштол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drama-vo-gob-8-mi-septemvri-sakale-da-go-zemat-teloto-na-pochinata-od-koronavirus-pa-izvadile-pishtol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drama-vo-gob-8-mi-septemvri-sakale-da-go-zemat-teloto-na-pochinata-od-koronavirus-pa-izvadile-pishtol/#respond Tue, 30 Jun 2020 18:27:20 +0000 https://kurir.mk/?p=366182

Попладнево две лица се приведени откако се обиделе да влезат во ГОБ 8-ми Септември и барале да го земат телото на нивна блиска почината од КОВИД 19 и да го однесат на обдукција. Надлежните во болницата им кажале дека протоколите за обдукција предвидуваат чекање од два часа и потоа со погребно возило телото да биде префрлено на скопска патологија. Роднините се побуниле и почнале да се закануваат со оружје, по што е повикана полиција која ги привела. Од ГОБ 8ми септември за Телма велат дека после полициската интервенција роднините ги потпишале протоколите и телото е префрлено на патологија. Од скопската полиција потврдија дека поголеми интервентни тимови се пратени на терен, а по претресот на насилните е утврдено дека немале оружје. Против приведените ќе се поднесат соодветни пријави за насилство и за заканите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drama-vo-gob-8-mi-septemvri-sakale-da-go-zemat-teloto-na-pochinata-od-koronavirus-pa-izvadile-pishtol/feed/ 0
Во ГОБ „8 Септември“ ќе се хоспитализираат пациенти со коронавирус ако имаат потреба од други интервенции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-gob-8-septemvri-kje-se-hospitaliziraat-pacienti-so-koronavirus-ako-imaat-potreba-od-drugi-intervencii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-gob-8-septemvri-kje-se-hospitaliziraat-pacienti-so-koronavirus-ako-imaat-potreba-od-drugi-intervencii/#respond Thu, 19 Mar 2020 17:25:43 +0000 https://kurir.mk/?p=319112

Денеска е направен план за ставање во функција и на дел од болницата „8 Септември“ за случаи што се сомнителни или се со дијгностицирана корона, а им е потребна друг тип интервенција, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Филипче информира и дека во Дебар, каде состојбата е засега најалармантна, од утре ќе се упатат уште еден пулмолог и еден педијатар. -Посебна комисија составена од директори на повеќе клиники и од претставници на Комисијата за инфективни болести ја постија болницата „8 Септември“. Се утврди патот на движење на пациентите, обезбедени се посебна операциска и посебна ангиографска сала, Кабинет за ехо дијагностика и цел посебен оддел со 22 кревета и две респираторни машини, истакна министерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-gob-8-septemvri-kje-se-hospitaliziraat-pacienti-so-koronavirus-ako-imaat-potreba-od-drugi-intervencii/feed/ 0
ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември”: Апелираме до пациентите да даваат точни податоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jzu-gob-8-mi-septemvri-apelirame-do-pacientite-da-davaat-tochni-podatoci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jzu-gob-8-mi-septemvri-apelirame-do-pacientite-da-davaat-tochni-podatoci/#respond Tue, 17 Mar 2020 17:50:59 +0000 https://kurir.mk/?p=318000

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември” – Скопје упати апел до граѓаните кои ја посетуваат болницата со цел добивање здравствена заштита, да даваат вистински податоци при епидемиолошкиот прашалник кој го пополнуваат. Болницата тоа го бара за лицата да добијат адекватна помош, да не ги изложуваат здравствените работници и другите пациенти на потецијална опасност, а со тоа и да се придружуваат кон насоките на Владата за спречување на ширење на инфекцијата со Ковид-19. -Секое постапување спротивно од насоките, подлежи на кривична одговорност, нагласија од ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември” – Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jzu-gob-8-mi-septemvri-apelirame-do-pacientite-da-davaat-tochni-podatoci/feed/ 0
Анестезиолози нема ниту за лек: Хируршките сали се затвораат, томографите во „8-ми Септември“ се расипани, пациенти се препраќаат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anesteziolozi-nema-nitu-za-lek-hirurshkite-sali-se-zatvoraat-tomografite-vo-8-mi-septemvri-se-rasipani-pacienti-se-preprakjaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anesteziolozi-nema-nitu-za-lek-hirurshkite-sali-se-zatvoraat-tomografite-vo-8-mi-septemvri-se-rasipani-pacienti-se-preprakjaat/#respond Tue, 12 Mar 2019 07:51:05 +0000 https://kurir.mk/?p=173809

Одделот за трауматологија кој пред седум месеци беше свечено отворен во присуство на голем број владини претставници не профунцкионира во целост. И покрај најавите дека со отворањето на овој оддел ќе се зголемат капацитетите на болницата и бројот на хируршки интервенции, за неполна година од отворањето, едната од вкупно двете хируршки сали е надвор од функција. Апарати има, сали има, ама нема кој да работи. Четворица анестезиолози си заминале во пензија. Недостасуваат и анестетичари, инструментарки како и болничари, анализира Телевизија 24. „На Оддението за Трауматологија секојдневно се работи во една од постојните сали, а во втората се работи повремено, причина немање доволно кадар (анестезиолози, анестетичари, инструментарки, како и болничари). Во моментов во Одделението за трауматологија не се лекува ниту еден пациент, од истата причина - немање доволно медицински сестри и болничари“ - велат од ГОБ Осми септември. -Очекувањата на властите беа дека годишно ќе се вршат 2 000 интевенции. Од септември, кога беше пуштен одделот во функција, до сега се извршени 300. Од вкупно 10 хируршки сали во градската болница, две се надвор од функција. Министерството за здравство тврди дека постојано го зајакнувале медицинскиот кадар преку нови директни вработувања. Освен хроничниот недостаток од кадар, проблем е што и двата томографи во Градската болница се расипани. Непосредно по автобуската несреќа кај Ласкарци , поради преоптовареност, се расипа еден од двата томографи. Од минатата недела се расипа и вториот томограф, објави 24. Поради дефектот на апаратите дел од пациентите се препраќаат на скопските клиники. Од болницата објаснуваат дека апаратите биле преоптоворани со снимања што довело до нивен дефект. За две години на апаратот биле извршени 25 илјади снимања, иако според упатствата и спецификите лимитот бил 10 000 снимања. Инаку дневно за снимање доаѓаат и по 50 пациенти во оваа здравствена установа. Директорот Христијан Костов за ТВ 24 вели дека веќе е почната тендерската процедура за набавка на потребните делови и уверува дека проблемот наскоро ќе биде решен. Од Фондот за здравство ќе исплатат аванс од 15 милиони денари на болницата за да може да се плати поправката на апратите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anesteziolozi-nema-nitu-za-lek-hirurshkite-sali-se-zatvoraat-tomografite-vo-8-mi-septemvri-se-rasipani-pacienti-se-preprakjaat/feed/ 0