гоб 8 септември – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Feb 2023 14:23:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гоб 8 септември – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПРОТЕСТ на здравствени работници од ГОБ „8 Септември“: Владата да ја сфати сериозно работата, за тоа за што се платени- здравството нема лекарства, починуваат пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-zdravstveni-rabotnitsi-od-gob-8-septemvri-vladata-da-ja-sfati-seriozno-rabotata-za-toa-za-shto-se-plateni-zdravstvoto-nema-lekarstva-pochinuvaat-patsienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-zdravstveni-rabotnitsi-od-gob-8-septemvri-vladata-da-ja-sfati-seriozno-rabotata-za-toa-za-shto-se-plateni-zdravstvoto-nema-lekarstva-pochinuvaat-patsienti/#respond Mon, 20 Feb 2023 14:22:23 +0000 https://kurir.mk/?p=802762

Здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ денеска излегоа на протест поради доцнење на плата. Претседателката на независниот синдикат при ГОБ „8 Септември“, Рената Ѓаконовиќ, рече дека денешниот мирен протест е организиран со цел да се изрази незадоволство поради неземена плата што требало да им биде исплатена на 10 февруари, меѓутоа доцни веќе десетина дена. - Пробиен е законски рок од пет дена. Луѓето немаат пари, кредити неплатени, кој ќе ги плаќа каматите, кој ќе ги плаќа сметките. Едноставно тука имаме луѓе коишто работат за егзистенција со многу мал личен доход, што земаат по 18 илјади денари нето плата и морам да нагласам во тој контекст дека денеска, утринава, добивме известување од управата, со кое што се вели дека овој протест нема да биде официјален, изјави Ѓаконовиќ. Таа посочи дека нивниот Синдикат има доволно членови и е репрезентативни, додавјќи дека во една институција може да постојат неколку синдикати, а овој постои веќе неколку години. Ѓаконовиќ нагласи дека луѓето не треба да бидат обесхрабрени и да излезат да си го кажат својот глас и тоа што го мислат, бидејќи, како што рече, тоа што си го бараат е законско право на секого. - Затоа има голем одлив на медицински персонал. Значи ќе останат многу минимален број, коишто ќе може да работат со овие пациенти, а жално е за Македонија да изгуби квалитетен здравствен персонал, децидна беше таа. Претседателот на КСОМ, Марјан Ристески истакна дека немаат никаква покана за разговори и покрај тоа што имале пратено официјално барање до премиерот Димитар Ковачевски за средба. - Денеска имаше протест на здравствените работници и во Геријатрија. Се надевам дека Владата ќе ја сфати сериозно работата, за тоа за што се платени. Не може, еве гледате што е - здравството нема лекарства, починуваат пациенти, образование нема учебници – завршува школска година. Ова е веќе несериозно, додаде тој. Тој најави дека ќе иницираат исплатата на надоместокот за годишен одмор, популарниот К-15, да се вметне како обврска во Законот за работи односи, што е во подготовка. - Имаме ние некои неофицијални разговори со Фондот, кажуваат еве денеска нешто наводно средиле во делот за боледување, социјала - не ги разбирам баш тие работи, меѓутоа кажаа дека до крајот на денот ќе успеат и со системот за плати. Јас се плашам, можеби немаат пари, гледате обврзницата, јас зборувам отворено, можеби немаат пари па чекаат некако да присоберат, изјави Ристески. Тој нагласи дека не само здравствените работници, туку сите членови на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), размислуваат за општ протест, блокади и за штрајкови. - Ќе видиме како ќе биде за брзо време. Сите синдикати што сме во Конфедерацијата ќе излеземе на протест, да кажеме дека вака не бива и мора да сфатат малку посериозно, рече Ристески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-zdravstveni-rabotnitsi-od-gob-8-septemvri-vladata-da-ja-sfati-seriozno-rabotata-za-toa-za-shto-se-plateni-zdravstvoto-nema-lekarstva-pochinuvaat-patsienti/feed/ 0
Вработените од ГОБ „8 Септември“ денеска на протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-od-gob-8-septemvri-deneska-na-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-od-gob-8-septemvri-deneska-na-protest/#respond Mon, 20 Feb 2023 06:47:40 +0000 https://kurir.mk/?p=802461

Незадоволни од доцнењето на платите во здравството поради хакираниот систем на ФЗОМ, денеска дел од вработените во ГОБ 8 Септември излегуваат на мирен протест. Протестот утре ќе се одржи во дворот на болницата, за време на паузата од 13 до 13.30 часот. Веќе две недели поминаат од хакирањето на базата на ФЗОМ, поради што не функционираат повеќе сегменти од системот, меѓу кои е и исплатата на платите на медицинскиот персонал, но и породилното и другите боледувања. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека се работи за хакерски ренсомвер напад кој по дефиниција е врзан за давање откуп од страна на оштетената страна за враќање назад на енкриптираните податоци од хакерите. Претходно, протест за во среда најавија здравствените работници од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ независно од тоа дали во понеделник ќе ја примат задоцнетата плата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-od-gob-8-septemvri-deneska-na-protest/feed/ 0
Утре вработени од ГОБ „8 Септември“ излегуваат на протест, во среда вработените од Клинички „Мајка Тереза“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-vraboteni-od-gob-8-septemvri-izleguvaat-na-protest-vo-sreda-vrabotenite-od-klinichki-majka-tereza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-vraboteni-od-gob-8-septemvri-izleguvaat-na-protest-vo-sreda-vrabotenite-od-klinichki-majka-tereza/#respond Sun, 19 Feb 2023 20:11:48 +0000 https://kurir.mk/?p=802383

Дел од вработените во ГОБ 8 Септември утре излегуваат на мирен протест незадоволни од доцнењето на платите во здравството поради хакираниот систем на ФЗОМ. Протестот утре ќе се одржи во дворот на болницата, за време на паузата од 13 до 13.30 часот, објави Канал 5. Веќе две недели поминаат од хакирањето на базата на ФЗОМ, поради што не функционираат повеќе сегменти од системот, меѓу кои е и исплатата на платите на медицинскиот персонал, но и породилното и другите боледувања. Премиерот Ковачевски рече дека се работи за хакерски ренсомвер напад кој по дефиниција е врзан за давање откуп од страна на оштетената страна за враќање назад на енкриптираните податоци од хакерите. Можно е здравствените работници утре да добијат плата, по најавата на премиерот Ковачевски од пред некој ден кога вети дека пари ќе се обезбедат од Централниот трезор, па кога ФЗОМ ќе го врати во функција системот, ќе ги врати и овие пари. ФЗОМ пак на здравствените институции им наложи рачно да ги направат пресметките за плати и да ги достават до фондот заради исплата. Претходно, протест за во среда најавија здравствените работници од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ независно од тоа дали во понеделник ќе ја примат задоцнетата плата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-vraboteni-od-gob-8-septemvri-izleguvaat-na-protest-vo-sreda-vrabotenite-od-klinichki-majka-tereza/feed/ 0
ГОБ „8-ми Септември“ денеска без струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gob-8-mi-septemvri-deneska-bez-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gob-8-mi-septemvri-deneska-bez-struja/#respond Fri, 21 Oct 2022 05:26:04 +0000 https://kurir.mk/?p=748683

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисниците: – во периодот од 09:30 до 13:30 часот, Градска болница 8-ми Септември ( општина Карпош ) – во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците на ул.Љупчо Зафиров Орлов. (општина Центар) – во период 09:00 до 14:00 часот дел од корисниците од ул. 4 во Ново Село. (општина Ѓорче Петров)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gob-8-mi-septemvri-deneska-bez-struja/feed/ 0
Штрајк во ковид одделението во болницата „8-ми Септември“ која е пред банкрот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajk-vo-kovid-oddelenieto-vo-bolnicata-8-mi-septemvri-koja-e-pred-bankrot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajk-vo-kovid-oddelenieto-vo-bolnicata-8-mi-septemvri-koja-e-pred-bankrot/#respond Wed, 20 Jan 2021 16:50:31 +0000 https://kurir.mk/?p=457677

Денес се случило штрајк во болницата 8-ми Септември, како резултат на незадоволство од условите во кои болничкиот персонал е принуден да ја врши работата и непродолжувањето на договорите за договорците на работа. Во поранешната Воена Болница штрајк имало и пред канцеларијата на директорот, кој како што дознаваме, му се забележува тоа што не обезбедува никакви услови за работа, а вработените се принудени од дома да носат дезифициенти, завои, ракавици и други средства за лична заштита. Директорот прстот го вперил кон министерството за здравство, а самиот признал дека болницата е на работ на финансиската издржливост. Платите каснале на договорците, а болницата е пред своевиден банкрот. Ковид центарот се борел со последни сили да обезбеди материјали за заштита и нормална работа. Министерот Филипче засега без слух за проблемите. Од вработените се дадени 24 часа за одговор на управата, во спротивно се најавува помасовен штрајк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajk-vo-kovid-oddelenieto-vo-bolnicata-8-mi-septemvri-koja-e-pred-bankrot/feed/ 0
ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ ЛЕКАРИТЕ СЕ БОРАТ ЗА УШТЕ ЕДЕН МЛАД ЖИВОТ: 35-годишен кавадарчанец две недели е во тешка состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-gob-8-septemvri-lekarite-se-borat-za-ushte-eden-mlad-zivot-35-godishen-kavadarchanec-dve-nedeli-e-vo-teshka-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-gob-8-septemvri-lekarite-se-borat-za-ushte-eden-mlad-zivot-35-godishen-kavadarchanec-dve-nedeli-e-vo-teshka-sostojba/#respond Sat, 12 Dec 2020 07:18:39 +0000 https://kurir.mk/?p=442252

Лекарите во ГОБ „8 Септември“ се борат да му го спасат животот на млад пациент од Кавадарци. Директорот на болницата, д-р. Христијан Костов за Фактор вели дека таму се лекуваат најтешките пациенти, оние кои се во критична состојба, односно кои ја имаат најтешката форма на болеста. -Пациентот од Кавадарци е хоспитализиран кај нас веќе две недели. Во многу тешка состојба беше донесен и е поставен на сипап. Би сакал да истакнам дека и овој млад човек има дополнителни коморбидитети, однсно има дијабет и е обезитас, односно има прекумерна тежина, вели директорот Костов за Фактор. Инаку, во вчерашната статистика меѓу починатите имаше 30-годишна пациентка од Скопје, која исто така имала дополнителни коморбидитети, односно дијабетес и висок крвен притисок. -Таа беше примена на 2.декември, со обилна пневмонија, и за жал по речиси 10-дневна борба почина, вели д-р. Костов. Изминативе денови забележителен е бројот на починати млади луѓе од Ковид-19. Вчера почина 22-годишна родилка од Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-gob-8-septemvri-lekarite-se-borat-za-ushte-eden-mlad-zivot-35-godishen-kavadarchanec-dve-nedeli-e-vo-teshka-sostojba/feed/ 0
Болест, зараза, гужви и турканици: Колабира здравството на Заев и Филипче (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolest-zaraza-guzvi-i-turkanici-kolabira-zdravstvoto-na-zaev-i-filipche-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolest-zaraza-guzvi-i-turkanici-kolabira-zdravstvoto-na-zaev-i-filipche-video/#respond Fri, 27 Nov 2020 13:34:11 +0000 https://kurir.mk/?p=435348

„Лица со температура, пневмонија, омалаксани, со отежнато дишење, дремат надвор на минусни температури и се молат докториве да се смилуваат да отворат врати. Патем јас со бронхопневмонија чекав 3 часа.“, пишува револтирана пациента која објави видео на кое се гледа каква е атмосферата пред ковид-центарот во ГОБ „8 септември“, Скопје, објавува Слободен Печат. Таа обвинува дека лекарите и сестрите не ги примаат во објектот, односно не ги отвараат вратите за пациенти се додека не си ги испијат кафињата. „Вака ние обичните смртници чекаме за преглед во Ковид центарот во 8ми септември. Бидејќи во сред пандемија нема 3 смени, почнуваат со работа од 08 и 30 (а нема да биде тоа македонско здравство, ако нели сестрите и докторите не си ги испијат кафињата па отворат во 09 и 30) Во меѓувреме луѓево со температура, пневмонија, омалаксани, со отежнато дишење, дремат надвор на минусни температури и се молат докториве да се смилуваат да отворат врати. Патем јас со бронхопневмонија чекав 3 часа. Една жена волонтерски направила ливчиња и ги дели на луѓето за колку толку да се направи ред. Патем на истово место чекаат и луѓе со ДРУГИ инфективни болести (значи на истиов куп со заразните од корона). Тука чекаат и за вакцини, тетанус и сл. Ако немаш упат од матичен ( пр. Ти се влошила состојба ноќе и немало кој да ти издаде упат-Не те примаат, те брка обезбедувањето). Ова е во Ковид центарот во 8ми септември, на клиника пак да те примат е научна фантастика. Со упат чекав два дена по 3 часа за да ми дадат проклет упат за ренген и не дочекав, измрзнав и нормално морав да го правам приватно. Ова е само дел од хоророт на македонското справување со пандемија, ептен ми е лошо за да пишувам уште, инаку штом се опоравам ќе напишам се низ што како семејство проаѓаме и колку не чини вирусот, а еден посебен ферман ќе треба да им го посветам на лекарите и сестрите со ЕГО ДО ПЛАФОН што не смееш ништо да им кажеш или да ги прашаш“, пишува револтираната Ана во фејсбук-објавата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolest-zaraza-guzvi-i-turkanici-kolabira-zdravstvoto-na-zaev-i-filipche-video/feed/ 0
Сведоштво за голготата на пациентите: Мајка ми почина во ходник, Филипче јавно да каже дека во „8-ми Септември“ е забрането да примаат пациенти над 70 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-za-golgotata-na-pacientite-majka-mi-pochina-vo-hodnik-filipche-javno-da-kaze-deka-vo-8-mi-septemvri-e-zabraneto-da-primaat-pacienti-nad-70-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-za-golgotata-na-pacientite-majka-mi-pochina-vo-hodnik-filipche-javno-da-kaze-deka-vo-8-mi-septemvri-e-zabraneto-da-primaat-pacienti-nad-70-godini/#respond Mon, 23 Nov 2020 08:11:45 +0000 https://kurir.mk/?p=433003

Членови на семејствата на пациенти, нивни блиски роднини секојдневно на социјалните мрежи ги споделуваат своите искуства во борбата со коронавирусот, која според нивните сведоштва станува најпрво борба за болнички кревет и кислород, а потоа борба со вирусот. И додека министерот за здравство Венко Филипче уверува дека ситуацијата иако критична е под контрола, социјалните мрежи вријат од објави во кои наместо позитивни искуства, се пишува за голготата на семејствата во борбата за болнички кревет за својот близок. Даниела вели дека нејзината мајка не добила хоспитализација навреме бидејќи имала 76 години, а во ГОБ „8 Септември“ кревет се чувал за помлади пациенти. -Неколку дена по смртта на мојата мајка, конечно собрав сила да ја опишам голготата низ која поминавме. 76-годишна жена, пациент на дијализа, позитивна на ковид, со пад на сатурација, висока температура и наод на плуќата, за што доктор претходно порача ИТНА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА, по извршената дијализа во ковид центарот во "8-ми Септември", оставена е во ходник сама без никаква медицинска нега. Чека да ја донесеме дома. Зошто? Затоа што немало кревет за неа, креветот се чувал за некој помлад. Нормално, дома без соодветна терапија ситуацијата драматично се влошува. Утредента во полукоматозна состојба доаѓа брза помош (секоја им чест) но и тие уплашени, кажуваат дека не знаат каде да ја носат, во болница не им ги примале пациентите, особено постарите. На наше настојување докторката решава да се обиде да ја примат во "8-ми Септември" како нивен пациент. По 30 минутно чекање во комбето, докторката се враќа и ни кажува дека нема да ја примат, едноставно над 70 години не примаат во "8-ми Септември". Сакаат да ја вратат дома, а сатурацијата е 60. На наше очајно инсистирање, сепак брзата помош се решава да се обиде на клиника. И таму чекање 30 минути во комбето, за на крај сепак да се смилуваат и да ја примат на гастро. Рекоа чекајте да дојде доктор и да ви земе податоци. Чекавме, 4 саати, доктор НЕ ДОЈДЕ, само се јавија да ни соопштаат дека починала. Чувајте се сите, а особено чувајте ги вашите постари сакани. Државата едноставно не им дава шанса да преживеат, а зошто, не знам. Можеби да го растеретат пензискиот фонд?! Па и тие луѓе можат да поживеат уште 10-20 години, но и покрај тоа што цел работен век плаќале здравствено осигурување, на нив им е скратено основното право, правото за лекување, оставени се на немилост, само затоа што се стари, а системот оптеретен. Разбирам дека е оптеретен здравствениот систем, но исто така и очигледно е дека министерот за здравство, кој слободно може да си ја смени титулата со министер за смрт (затоа што со овие бројки на смртност така и ќе биде запаметен) ниту е способен, ниту може да се справи со ситуацијата во која се најдовме. Би било добро да си се врати во болница и да го работи тоа што најдобро го знае, а раководството со здравствениот систем да го препушти на некој поспособен. И на крај, две прашања ќе ме мачат: - Дали мајка ми ќе преживееше ако место да ја исфрлеа во ходник, да и дадеа навремено соодветна венска терапија и кислород? - Дали ако Илија Филипче се зарази со ковид ќе го примат во "8-ми Септември", бидејќи нели тој има над 70 години?! И го повикувам Венко Филипче да излезе и јавно да објави дека во "8-ми Септември" е забрането да примаат пациенти над 70 години. Јавноста мора да знае, особено постарите каде да се обратат во случај на компликации од вирусот, пишува Даниела на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-za-golgotata-na-pacientite-majka-mi-pochina-vo-hodnik-filipche-javno-da-kaze-deka-vo-8-mi-septemvri-e-zabraneto-da-primaat-pacienti-nad-70-godini/feed/ 0
Отворен ковид центарот на Клиниката за очни болести и проширен одделот во ГОБ 8 Септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-kovid-centarot-na-klinikata-za-ochni-bolesti-i-proshiren-oddelot-vo-gob-8-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-kovid-centarot-na-klinikata-za-ochni-bolesti-i-proshiren-oddelot-vo-gob-8-septemvri/#respond Fri, 20 Nov 2020 10:26:47 +0000 https://kurir.mk/?p=432121

Ковид одделнијата во Скопје од утрово се проширени за дополнителни 43 кревети кои се ставени во функција на пациентите суспектни и потврдени за КОВИД 19. Од 8 часот почна да работи ковид оддлелението на Кликината за очни болести со капацитет од 23 кревети, а ковид центарот во ГОБ 8 Септември е проширен за 20 нови места. Таму капацитетот од досегашните 80 се зголемува на 100 болнички кревети, информира Министерството за здравство. – Ковид центарот на Клиниката за очни болести е во склоп на Интерните клиники и во него ќе работи кадар од овие клиники составен од инфектолози, интернисти и анестезиолози, како и среден медицински персонал. Клиниката е опремена со довод на гасови и може да ги згрижи сите болни кои имаат потреба од кислородна терпија, велат од Министерството. Се очекува, додаваат, во најскоро време да се пушти и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло  каде би се згрижле дополнителен број болни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-kovid-centarot-na-klinikata-za-ochni-bolesti-i-proshiren-oddelot-vo-gob-8-septemvri/feed/ 0
Болен од ковид вратен од „8 Септември“ бидејќи барал помош за викенд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolen-od-kovid-vraten-od-8-septemvri-bidejkji-baral-pomosh-za-vikend/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolen-od-kovid-vraten-od-8-septemvri-bidejkji-baral-pomosh-za-vikend/#respond Mon, 16 Nov 2020 11:10:26 +0000 https://kurir.mk/?p=430135

40 – годишен скопјанец бил избркан од ковид амбулантата на ГОБ „8 Септември“ оти побарал да биде прегледан за време на викенд. Пациентот позитивен на Ковид 19, со отежнато дишење и болка во градите лекарска помош побарал во најголемата скопска болница – не го примиле бидејќи било сабота. Му рекле да се врати од понеделник. „Луѓето што беа пред врата ги прашувам дали е ова 8 Септември ковид центарот? Ми рекоа да ама не влегувај за џабе никого на примаат. Не ги послушав и влегов внатре. Никој нејќеше ни бнимание да ми обрати. Ми рекоа дека за викенд не работеле и не примале пациенти. Болеста не знае дали е викенд или не. Јас отидов во сабота бидејќи тогаш ми се влоши ситуацијата. И сега уште ми е лошо, не можам да дишам“, сведочи скопјанецот Илија, пациент позитивен на Ковид -19. Настанот го објави телевизијаАлфа, од каде побарале став од првиот човек на болницата, Христијан Костов. Одговор не добиле. Нивниот соговорник во очај, барал помош и во другите боплници. Го примиле на Инфективна го прегледале и го пратиле дома. Во ковид центарот на болницата деновиве врие. Докторите интернисти кои се ангажирани за лекување на пациентите со корона вирус се преморени. Тие јавно побараа нивните колеги од другите специјалности да се вклучат во работата на ковид одделот. Министерот Венко Филипче, пак, тврди оти ниту еден пациент со корна вирус не бил вратен од болница. „Нема пациент кој што е вратен во ниту една болничка установа било каде во државата па дури и тука на клиниките. Можно е да има подолго чекање ако има гужва на пациентите и затоа ние оспособуваме сега екстра болнички капацитети и во болницата 8 Септември“, рече пред десет дена министерот за здравство, Венко Филипче. Ова не е прв случај пациенти да се жалат оти биле вратени од болница. На социјалните приказни секојдневно се споделуваат искуства на ковид позитивни пациенти кои со часови чекале пред ковид амбулантите и молеле да бидат прегледани. Некои од нив дури ни по 8 часа чекање, не успеале да добијат лекарска помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolen-od-kovid-vraten-od-8-septemvri-bidejkji-baral-pomosh-za-vikend/feed/ 0