Гоце Бошкоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Sep 2020 12:13:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Гоце Бошкоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонската „Ѕвезда на Гранд“, Гоце Бошковски со песна за сите што живеат во – „Искинати спомени“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makedonskata-dzvezda-na-grand-goce-boshkovski-so-pesna-za-site-shto-ziveat-vo-iskinati-spomeni-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makedonskata-dzvezda-na-grand-goce-boshkovski-so-pesna-za-site-shto-ziveat-vo-iskinati-spomeni-video/#respond Mon, 28 Sep 2020 12:13:24 +0000 https://kurir.mk/?p=409598

Прилепчанецот Гоце Бошкобвски – Чоки е еден од оние македонски учесници во најголемото и најпопуларно регионално музичко натпреварување, музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, кои во минатиот циклус оставија најсилен впечаток , а и најдалеку дотуркаа. Годинава Гоце – Чоки е повторно дел од региналната „ѕвездена елита“ со уште посилни амбиции и поголеми надежи дека конечно ќе го допре самиот врв и ќе се вброи меѓу првата лига на „Ѕвездите на Гранд“, како отскочна штица за сериозна кариера и надвор од Македонија. Тој неодамна се пофали дека поминал во следната фаза помина преку социјалните мрежи, истакнувајќи дека го пемостил и 4-иот круг. На патот кон тронот, Гоце не ја запоставува и сопствената кариера во Македонија, па така неодамна ја сними, ја визуелизираше а вчеравечер, недела, 27 септември во етерот ја промовираше својата најнова песна и видеото за неа насловени „Искинати спомени“. Комплетен автор на песната (музика, текст, аранжман) е стариот проверен мајстор, композиторот и продуцент Кристијан Габроски. Видеото кое ја следи фабулата на приказната од текстот во кој по старата добро позната навика: „Одговорот го знам, откако ќе останам сам“ е во режија на Оливер Ангелески, за камерата и монтажата бил задолжен Георгиј Трајкоски, асистент – Горан Попоски, додека за светлото Мартин Милкоски. Во видеоприказната покрај Гоце-Чоки, својата работа одлично си ја завршиле актерите Здравко Стојмиров и Јасмина Јонческа кои впечатливо ја пренеле пораката што ја испраќа песната, која можеби најдобро во својот коментар ја опишал еден од пријателите и следбениците на младиот пејач на социјалните мрежи: „Оваа песна е порака за вљубените кои не си ја искажале својата љубов , во вистинско време , на вистински начин. Доцна сфаќаме дека љубовта е се’, а зошто да живееме од спомени во минатото, кога можеме заедно да ги создаваме денес …“! Порака која Гоце Бошковски – Чоки очигледно со многу љубов и дел од својата душа ја остава во своите „Искинати спомени“, песната и видеото кои можете да ги проследите во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makedonskata-dzvezda-na-grand-goce-boshkovski-so-pesna-za-site-shto-ziveat-vo-iskinati-spomeni-video/feed/ 0
Македонецот кој ја освои балканската публика ја напушти Америка: Македонија ми е во срцето! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonecot-koj-ja-osvoi-balkanskata-publika-ja-napushti-amerika-makedonija-mi-e-vo-srceto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonecot-koj-ja-osvoi-balkanskata-publika-ja-napushti-amerika-makedonija-mi-e-vo-srceto/#respond Tue, 03 Mar 2020 14:16:44 +0000 https://kurir.mk/?p=311537

Во саботата се емитуваше уште една епизода од вториот круг на најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а во неа доминираше нашиот фантастичен пејач Гоце Бошкоски – Чоки. Бошковски под менторство на Вики Миљковиќ во вториот круг ги отпеа песните „Странац у ночи“ од Масимо Савиќ и „Прстен и златни ланац“ од Хари Мата Хари, а со нив успеа да ги освои сите 6 гласа од строгото стручно жири и директно да се пласира во третиот круг. Карлеуша речиси во сите епизоди од ова шоу држи лекции за шоубизнис и за тоа како еден уметник треба да изгледа на сцената, па веднаш прокоментира дека нашиот Гоце изгледа одлично, го пофали за намалувањето на килограмите, но и за комплетниот стајлинг: -Си станал фраер, многу си ослабел и добро ти стојат очилата. Покрај добро пеење, мораш и добро да изгледаш, му кажа Карлеуша и му препорача да продолжи да работи на себе. Како потсетување, Гоце Бошкоски – Чоки настапува ширум нашата земја уште од 2004 година, има снимено 10 студиски песни и досега има настапувано на реномираните фестивали Канео фест (2003), Макфест (2003), Еврофест (2007), Охридски трубадури – Охрид фест (2008, 2018 и 2019), но и на интернационалниот Еуро Поп фестивал во Зеница, Босна и Хецеговина (2008) каде што ја освојува наградата за најдобра интерпретација. Во 2011 добива зелена карта и заминува во Америка, но после 4 години одлучува да и се врати на Македонија и да продолжи да ја гради својата кариера. Лани исто така беше дел од „Ѕвездите на Гранд“, негов ментор беше Ѓорѓе Давид и заедно стигнаа до петтиот круг. Бошковски е женет, со сопругата Оливера имаат две дечиња Илија (4) и Илина (1). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonecot-koj-ja-osvoi-balkanskata-publika-ja-napushti-amerika-makedonija-mi-e-vo-srceto/feed/ 0