Гоце Цветановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 Nov 2021 18:06:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Гоце Цветановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Цветановски: Образованието е доведено до колапс, ваква состојба немало ниту еднаш во историјата на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cvetanovski-obrazovanieto-e-dovedeno-do-kolaps-vakva-sostojba-nemalo-nitu-ednash-vo-istorijata-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cvetanovski-obrazovanieto-e-dovedeno-do-kolaps-vakva-sostojba-nemalo-nitu-ednash-vo-istorijata-na-makedonija/#respond Fri, 12 Nov 2021 18:06:57 +0000 https://kurir.mk/?p=594797

Образованието е доведено до колапс, ваква состојба немало ниту еднаш во историјата на Македонија, дури и во најтешките времиња кога била под некакво воено и политичко ропство, не било на ваков перфиден начин образованието уништено, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, професорот Гоце Цветановски од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“. Тој истакна дека да се чувствувате како роб е тажно и несреќно и не случајно вели дека концепцијата која ја воведуваат е избрзана и непромислена, затоа што оваа реформа се покажа како целосно неуспешна. - Ако суштината на оваа реформа беше дигитализација, нели претходно требаше да се подготви наставничкиот кадар, да се обезбедат технички услови, секое училиште да има развиена инфраструктура. Не може министерката Царовска во Љубљана да се фали на конференција за успешен концепт, а само едно училиште има стандарди како западните земји. Нека ги земе стандардите на другите училишта, останатите училишта немаат основни средства, смарт таблите кои ги најавија ги нема секаде, а таму каде што ги има, не се знае како се користат, изјави Цветановски. Тој посочи дека имаме училишта кои функционираат во супстандардни услови, немаат тоалети, да не зборуваме за греење. - Требаше да се вложи прво во инфраструктура и инфраструктурни проекти во училиштата, да се развиваат и да бидат компитабилни со тоа што сакаме да бидат западни. Веќе е нанесена штетата што една генерација почна со нешто што не требаше да почне, тоа се првоодделенците кои почнаа со експериментите на Мила Царовска, нагласи Цветановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cvetanovski-obrazovanieto-e-dovedeno-do-kolaps-vakva-sostojba-nemalo-nitu-ednash-vo-istorijata-na-makedonija/feed/ 0
Цветановски: Ако се откажеме од Гоце Делчев се откажуваме од се што тој направил за Македонија и македонскиот народ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cvetanovski-ako-se-otkazeme-od-goce-delchev-se-otkazuvame-od-se-shto-toj-napravil-za-makedonija-i-makedonskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cvetanovski-ako-se-otkazeme-od-goce-delchev-se-otkazuvame-od-se-shto-toj-napravil-za-makedonija-i-makedonskiot-narod/#respond Mon, 11 May 2020 18:35:31 +0000 https://kurir.mk/?p=344727

Ако се погледне што се Гоце Делчев има направено за Македонија и македонскиот народ и ние се откажеме од сето тоа кажуваме дека се откажуваме од него и дека залуден бил неговиот труд, изјави професорот Гоце Цветановски од Инститот за македонски јазик во Само вистина на Канал 5 телевизија. Тој истакна дека наметнувањето на проблеми со диктат од една страна кон друга, како што прави Бугарија во моментов е неприфатливо во 21 век, во процес на развиена демократија. „Бугарската академија на науките излезе во најмала рака со брошурка или памфлет со тези кои во науката неодамна се расчистени. Кога станува збор за научната мисла во Бугарија, тие немаат расчистено со многу тези и дилеми и се враќаат во времето на романтизмот, кога беше претензија за големи држави и нации и се повикуваа на митски претстави, но тоа време во Европа е одамна поминато.“, истакна Цветановски Тој додаде дека двата договори со Бугарија и Грцијат се добро уиграна работа со кои ние се откажуваме од целата наша историја се до 1945 година и се само повторување на грешките од минатото. „Ако добро се проследи ситуацијата и претходно. Јас рагирав и на потпишувањето на договорот со добрососедство да укажам на повторување на грешките од историјата. Ова е само повторување на грешката што сме ја направиле повеќе пати, и сега се повтори. Прво следуваше договорот од Преспа со Грција, а во меѓувреме договорот за добрососедство со Бугарија. Зарем не видовме дека тоа е добро уиграна игра која што се повторува? Зарем не видовме дека Грција претендира на античкиот период, дека немаме право ништо да споменеме ни во науката. Што да правиме ако се најде артефакт во денешна Република Македонија? Зарем треба да ни диктираат? Од друга страна бугарската официјална политика сака да присвои се што е од словенскиот период а тоа значи од 9 век па до 1945 година и со тоа да ја потврдат тезата дека македонскиот народ е вештачки народ.“ нагласи Цветановски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cvetanovski-ako-se-otkazeme-od-goce-delchev-se-otkazuvame-od-se-shto-toj-napravil-za-makedonija-i-makedonskiot-narod/feed/ 0
Цветановски: Договорот за добрососедство со Бугарија и Законот за употреба на јазиците се на штета на сите граѓани на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cvetanovski-dogovorot-za-dobrososedstvo-so-bugarija-i-zakonot-za-upotreba-na-jazicite-se-na-shteta-na-site-gragjani-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cvetanovski-dogovorot-za-dobrososedstvo-so-bugarija-i-zakonot-za-upotreba-na-jazicite-se-na-shteta-na-site-gragjani-na-makedonija/#respond Tue, 16 Jan 2018 15:39:58 +0000 http://kurir.mk/?p=11835

Гостин во емисијата „Без Ракавици“ со Драко Јаневски беше научниот советник, професор д-р Гоце Цветановски и професор д-р по историја Михајло Миновски. Во емисијата се дебатираше за Македонија како Бугарско- Албанска федерација односно за актуелниот Договорот за добрососедство со Бугарија  и Законот за јазиците кои беа усвоени од страна на Собранието без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Цветановски како лингвист има издадено многу научни трудови за постоењето на македонскиот јазик и македонските дијалекти. Тој истакна дека со потпишување на Договорот за добрососедство со Бугарија се негира постоењето на македонскиот народ пред 1944 година и македонскиот јазик со што значи бришење на македонската историја, јазик и нација. -Постои во лингвистиката македонска теорија за потеклото на првиот пишан словенски јазик а тоа е старословенскиот јазик. Што треба ние како лингвисти? Сами себе да се негираме или да ги негираме странците коишто пишувале уште многу одамна дека основата за старословенски јазик се наоѓа во македонските дијалекти, поточно во околината на Солун и солунско. Што треба ние како лингвисти сега сами да си ги поткопаме темелите ?  Мислам дека вакви небулозни работи се случуваат само на недозреани луѓе и воопшто како нација недозреани. Навистина можеби звучи пресурово ова мое искажување но реалноста е таква .Констатацијата дека историјата на македонскиот народ започнува од  44 па наваму навистина не води во една линија, истакна Цветановски. Тој потенцираше дека дел од македонистите може да прифатат и да се согласат да работат на таа линија, а пак дел од нив да прифат една друга научна вистина која е раширена во светот дека постои македонски народ, нација, држава и јазик. Цветановски додаде дека Договорот за добрососедство и Законот за употреба на јазиците е на штета на сите граѓани во Македонија без разлика на етноста. -И договорот за добрососедство и пријателство и другото односно Законот за употреба на јазиците се пред се на штета на сите граѓани на Република Македонија. Овде не ги одвојувам по етност туку напротив, сметам дека се на штета на сите граѓани на Република Македонија и ќе кажам дека прво економски, тоа е голем товар за секој граѓанин бидејќи за да се спроведе и законот и договорот потребни се средства за да се формираат Комисиите кои што ќе работат треба сетоа тоа да биде издржано финансиски, рече Цветановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cvetanovski-dogovorot-za-dobrososedstvo-so-bugarija-i-zakonot-za-upotreba-na-jazicite-se-na-shteta-na-site-gragjani-na-makedonija/feed/ 0