Гоце Коларовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 May 2023 14:38:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Гоце Коларовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пијанистката Ана Велиновска изведе дело од композиторот Гоце Коларовски во Швајцарија https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pijanistkata-ana-velinovska-izvede-delo-od-kompozitorot-gotse-kolarovski-vo-shvajtsarija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pijanistkata-ana-velinovska-izvede-delo-od-kompozitorot-gotse-kolarovski-vo-shvajtsarija/#respond Thu, 18 May 2023 14:38:22 +0000 https://kurir.mk/?p=835956

Македонската пијанистка Ана Велиновска ја воодушеви швајцарската публика со нејзиниот настап во Зудпол Луцерн, каде што изведе дело од македонскиот композитор Гоце Коларовски. На програмата беа и дела од композиторите Фредерик Ржевски и Дмитри Коурлиандски. Настапот на Ана Велиновска беше испратен со долг аплауз од публиката во престижната концертна сала. Ана Велиновска е една од најбараните пијанисти на најголемите и најреномирани фестивали во Европа за современа музика, со бројни светски премиери зад нејзиното име. Имено, пред изведбата на делото „Вечерен ѕвон“ од големиот македонски композитор Гоце Коларовски во Луцерн, пијанистката Ана Велиновска изведе и светска премиера со дело на еден од најеминентните швајцарски композитори, Урс-Петер Шнајдер, на фестивал во Берн. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pijanistkata-ana-velinovska-izvede-delo-od-kompozitorot-gotse-kolarovski-vo-shvajtsarija/feed/ 0
Филхармонија ќе одбележи 60 години од раѓањето на Гоце Коларовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filharmonija-kje-odbelezi-60-godini-od-ragjanjeto-na-goce-kolarovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filharmonija-kje-odbelezi-60-godini-od-ragjanjeto-na-goce-kolarovski/#respond Thu, 17 Oct 2019 06:30:13 +0000 https://kurir.mk/?p=252689

„Ќе се разбудам ли пак?“ е насловен вечерашниот концерт на Филхармонијата со кој ќе бидат одбележани 60 години од раѓањето на композиторот Гоце Коларовски (1959-2006), Насловот е извлечен од неговиот истоимен вокален циклус. Неговата „Симфонија“ ќе биде дел од програмата на концертот, а ќе прозвучат и дела од  Дебиси и Копланд. – Музичкиот опус на Коларовски е автентичен и препознатлив и во него доминира суптилен израз кој вешто ротира околу современата естетика изградена на интересни созвучија. Звукот во делата на Коларовски речиси секогаш е проткаен со своевидна мистика, специфична оркестрација и особен акцент на динамиката и музичкиот колорит. Симфонијата за оркестар, солист и ансамбл баритони е негова дипломска работа и во неа можат да се почувствуваат никулци на она што подоцна во своето творештво ќе го развие како автентичен музички израз и јазик, соопшти Филхармонијата. Солист во изведбата на ова дело ќе биде басот Владимир Саздовски, како и ансамблот баритони од хорот „ПроАрс“. Под диригентската палка на Сашо Татарчевски ќе биде изведен и Концертот за кларинет и оркестар од Арон Копланд со настап на шпанскиот кларинетист Пабло Бараган, кого публиката ќе го слушне и како солист во изведбата на „Прва рапсодија за кларинет и оркестар“ од францускиот композитор Клод Дебиси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filharmonija-kje-odbelezi-60-godini-od-ragjanjeto-na-goce-kolarovski/feed/ 0