гоце тодоровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Dec 2020 06:54:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гоце тодоровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Актерот Гоце Тодоровски добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akterot-goce-todorovski-dobitnik-na-nagradata-sveti-joakim-osogovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akterot-goce-todorovski-dobitnik-na-nagradata-sveti-joakim-osogovski/#respond Tue, 15 Dec 2020 06:54:15 +0000 https://kurir.mk/?p=443305

Актерот Гоце Тодоровски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски“ за значаен придонес во областа на театарот и културата што ја доделува истоимениот меѓународен театарски фестивал што се одржува во Крива Паланка. Наградата ќе му биде врачена на лауреатот Тодоровски на 18. декември, со пригодна свеченост во салата на Собранието на општина Крива Паланка, со почеток во 12 часот и со почитување на пропишаните здравствени протоколи. Наградата ќе му ја врачи градоаначалникот на Општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски, а за уметничките креации на Гоце Тодоровски ќе говорат Благоја Чоревски и Гоце Ристовски. Пред присутните ќе се обрати и наградениот актер Гоце Тодоровски, потсетувајќи на најпопуларните негови актерски улоги во тетарот и на филмот. Гоце Тодоровски завршил Факултет за драмски уметности на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и набргу по дипломирањето се вработил во Драмскиот театар истакнувајќи се како суптилен комичар. На сцената на матичниот театар но и како гостин на професионалните театарски сцени во нашата земја остварил голем број улоги, а останува запаметен по улогите Лука Лукиќ во „Ревозор“ од Гогољ, Докторот во „Веселата смрт“ од Евреинов, Цанде во „Солунски патрдии“ од М. Попоски, Пантагруел во „Пангуриј“ од Р. Богдановски, Царчето во „Чудото на Свети Ѓорѓија“ од Р. Богдановски, Леле мале во „Јадигар“ од В. Манчев, Питу во „Сара Бернар“ од Џ. Марел, Генералот во „Балконот“ од Ж. Жене, Ринго во „Чија си“ од С. Насев, Ќорле во „Кумови“ од К. Ангеловски, Кирца во „Викенд на мртовци“,Ангеле во „Лет во место“ од Г. Стефановски, Докторот во „Болва во уво“ и други. Гоце Тодоровски е често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми и серии. За своите актерски остварувања добитник е на Награда за најдобра улога, за ликот Цанде во претставата „Солунски патрдии“, на Театарски игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп а во 1986 година беше прогласен за најпопуларно ТВ лице според весникот „Вечер“. Гоце Тодоровски оствраил и четиресетина улоги на филм и тв и во популарни тв серии, меѓу кои во „Наши години“, „Јуначко колено“, „На наш начин“, „Солунски патрдии“, во Македонските народни приказни, „Среќна Нова 49“, „Трст виа Скопје“, „Чук, чук Стојанче“, „Викенд на мртовци“, „Ангели на отпад“, „Салон Хармони“ и др.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akterot-goce-todorovski-dobitnik-na-nagradata-sveti-joakim-osogovski/feed/ 0
Гоце Тодоровски откри детали од животот на непреболениот пријател Ванчо Петрушевски https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/goce-todorovski-otkri-detali-od-zivotot-na-nepreboleniot-prijatel-vancho-petrushevski/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/goce-todorovski-otkri-detali-od-zivotot-na-nepreboleniot-prijatel-vancho-petrushevski/#respond Tue, 23 Oct 2018 09:39:01 +0000 https://kurir.mk/?p=118353

Актерот Гоце Тодоровски емотивно се присети на својот близок пријател Ванчо Петрушевски, кој почина летово во својата викендичка со скопско Орешани. -Ванчо Петрушевски ни беше како Ален Делон во друштво. Девојките многу го сакаа. Ние останатите се влечевме по него, па така и ние по некоја девојка ќе фатевме, изјавил Тодоровски. Легендарниот актер кој за улогата на Цанде во претставата „Солунски патрдии“ доби награда за фестивалот за театарски игри „Војдан Чернодрински“, вели дека со Петрушевски бил другар од шесто одделение. Уште од тогаш, правеле детски претстави во училиште, на родителските средби. -Јас бев одлилен ученик, Ванчо послаб, но секогаш се вадеше на неговиот шарм и на снаодливост, па и тој добиваше добри оценки, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/goce-todorovski-otkri-detali-od-zivotot-na-nepreboleniot-prijatel-vancho-petrushevski/feed/ 0
Гоце скршен по смртта на Ванчо: „Од тага, веќе нема да стапнам на тоа место!“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goce-skrshen-po-smrtta-na-vancho-od-taga-vekje-nema-da-stapnam-na-toa-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goce-skrshen-po-smrtta-na-vancho-od-taga-vekje-nema-da-stapnam-na-toa-mesto/#respond Mon, 27 Aug 2018 13:56:21 +0000 https://kurir.mk/?p=92786

Во Драмскиот театар денеска се одржа комеморација за великанот Ванчо Петрушевски, а говореше и Гоце Тодоровски со солзи во очите. Актерот потсети на животот и делото на Петрушевски, за одиграните улоги, настапи, награди, за неговата умешност и шарм, зборуваше за неговата пасија-сликарството, за викендицата во Орешани. -Повеќе бев со Ванчо, отколку со самиот себе, 57 години бевме заедно. Викендичката во Орешани беше омиленото место на Ванчо, често бевме таму и заедно. Од тага, веќе никогаш нема да стапнам таму, рече низ солзи Тодоровски. Глумецот не успеа да го прочита напишаниот говор, па го фрли ливчето што го држеше во рацете. -Твојот уникатен талент и актерско мајсторство не можат да се копираат, додаде Гоце. - Неговата актерска игра се одликува со ненаметливост и спонтаност, со виртуозно обликување на комични и трагични ефекти со што ги плени  театарските гледачи и тие стануваат негови обожаватели. Ванчо Петрушевски го вбројуваме во редот на ислучителни актери. Во реализацијата на неговите улоги пристапува со препознатлив такт, истенчен вкус со бараната и добра мерка, рече Тодоровски, додавајќи дека со Ванчо Петрушевски биле пријатели 57 години.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goce-skrshen-po-smrtta-na-vancho-od-taga-vekje-nema-da-stapnam-na-toa-mesto/feed/ 0
Таа е убавицата на еден од нашите најдобри актери: Како изгледа и што прави ќерката на Гоце Тодоровски? (ФОТО ГАЛЕРИЈА) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taa-e-ubavicata-na-eden-od-nashite-najdobri-akteri-kako-izgleda-i-shto-pravi-kjerkata-na-goce-todorovski-foto-galerija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taa-e-ubavicata-na-eden-od-nashite-najdobri-akteri-kako-izgleda-i-shto-pravi-kjerkata-na-goce-todorovski-foto-galerija/#respond Sat, 28 Apr 2018 11:16:25 +0000 https://kurir.mk/?p=47363

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, а пред два дена ја одигра и својата последна претстава во Драмскиот театар каде беше испратен со громогласен аплауз од публиката и колегите, па веќе се пензионираше. По неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски:  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taa-e-ubavicata-na-eden-od-nashite-najdobri-akteri-kako-izgleda-i-shto-pravi-kjerkata-na-goce-todorovski-foto-galerija/feed/ 0