година на мајмунот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Jul 2018 16:46:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png година на мајмунот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Година на мајмунот“ се натпреварува на три балкански филмски фестивали https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/godina-na-majmunot-se-natprevaruva-na-tri-balkanski-filmski-festivali/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/godina-na-majmunot-se-natprevaruva-na-tri-balkanski-filmski-festivali/#respond Wed, 18 Jul 2018 16:46:07 +0000 https://kurir.mk/?p=78456

Македонската комедија „Година на мајмунот“, во режија и по сценарио на Владимир Блажевски, се натпреварува на три реномирани балкански фестивали - во Палиќ, Приштина и во Херцег Нови. Во моментов се натпреварува во главната програма на 25. Европски филмски фестивал во Палиќ што ќе заврши на 20 јули, кога треба да бидат познати и  добитниците. Утре, „Година на мајмунот“ ќе биде премирно прикажан во Косово, во рамки на 9. Прифест во Приштина, и ќе се натпреварува во категоријата „Мед и крв“ во конкуренција со повеќе балкански филмови. Филмот ќе се натпреварува и на филмскиот фестивал во Херцег Нови, Црна Гора, кој ќе се одржи од 1 до 7 август. Овој еден од фестивалите со најдолга традиција на екс-ЈУ просторот и датира од 1986 година. Светската премиера на „Година на мајмунот“ беше на Московскиот меѓународен филмски фестивал, а домашната на отворањето на 21. Скопски филмски фестивал. Филмот се снимаше во 2016 година како копродукција на Македонија, Србија, Словенија и Косово, поддржан од Еуримаж, на околу 80 различни локации низ Македонија. Главната улога ја игра Игор Ангелов, а во екипата се појавуваат актери од Македонија, Србија, Словенија и Хрватска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/godina-na-majmunot-se-natprevaruva-na-tri-balkanski-filmski-festivali/feed/ 0
Силно пријателство на мајмунот Коко и чуварот: Погледнете го трејлерот за новата македонска комедија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/silno-prijatelstvo-na-majmunot-koko-i-chuvarot-poglednete-go-trejlerot-za-novata-makedonska-komedija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/silno-prijatelstvo-na-majmunot-koko-i-chuvarot-poglednete-go-trejlerot-za-novata-makedonska-komedija/#respond Thu, 19 Apr 2018 07:15:45 +0000 https://kurir.mk/?p=42882

Необичното пријателство меѓу мајмунот Коко и чуварот на Зоолошката градина, Цобе, и нивниот живот во превртениот транзициски свет се центар на дејството на „Година на мајмунот“, новата комедија на реномираниот режисер Владимир Блажевски, автор на култниот македонски филм „Панкот не е мртов“. Мајмунот, кој од Зоолошката градина завршува на улиците на Скопје и продолжува да патува низ живописните предели на Македонија, како и низа карикатурни ликови, едно необично комбе, неколку протести и чудесна роденденска прослава, проследени со пиктурална фотографија и звуците на „О, соле мио“, се само дел од моментите што ги прикажува двеминутниот трејлер за оваа комедија на апсурдот. Филмот, кој денес, 19 април, ќе ја има својата премиера во рамките на 21. издание на Скопскиот филмски фестивал, е копродукција на Македонија, Србија, Словенија и Косово и е поддржан од „Еуримаж“. Се снимаше во 2016 година на 80-ина локации во Македонија. Главната улога ја игра Игор Ангелов, а во екипата се појавуваат актери од Македонија, Србија, Словенија и од Хрватска. По официјалната премиера, „Година на мајмунот“ ќе продолжи да се прикажува во киносалите на „Синеплекс“ почнувајќи од 20 април. Филмот ќе ја има својата светска премиера на 23 април на еден од најреномираните и најстари светски филмски фестивали – Московскиот меѓународен филмски фестивал. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/silno-prijatelstvo-na-majmunot-koko-i-chuvarot-poglednete-go-trejlerot-za-novata-makedonska-komedija/feed/ 0