година – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Jul 2021 11:44:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png година – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Политика: Претседателски, парламентарни и избори за Белград во април 2022 година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/politika-pretsedatelski-parlamentarni-i-izbori-za-belgrad-vo-april-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/politika-pretsedatelski-parlamentarni-i-izbori-za-belgrad-vo-april-2022-godina/#respond Tue, 20 Jul 2021 11:44:27 +0000 https://kurir.mk/?p=539237

Редовните претседателски и локални избори за Белград, како и вонредните парламентарни избори, во Србија ќе се одржат во април следната година, соопшти Политика. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Политика пишува дека изборната трка ќе почне откако учесниците во меѓупартискиот дијалог со опозицијата, што е во тек, за подобрување на изборните услови „формално ќе постигнат договор“. -Неколку состаноци на Извршниот одбор на Српската напредна партија (СНС), покраинските, градските и општинските одбори на напредњаците во Ниш, Белград и Нови Сад, одбележување на годишнината на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и тивкото престројување во редовите на целата опозиција наговестуваат динамична и активна политичка есен. Почетокот на кампањата се чувствува насекаде, па може да се добие впечаток дека граѓаните ќе излезат на гласање пред новата година, пишува Политика. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно изјави дека претседателските и предвремените парламентарни избори ќе се одржат најдоцна на 3 април 2022 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/politika-pretsedatelski-parlamentarni-i-izbori-za-belgrad-vo-april-2022-godina/feed/ 0
Минатата година најсмртоносна во историјата на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/minatata-godina-najsmrtonosna-vo-istorijata-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/minatata-godina-najsmrtonosna-vo-istorijata-na-sad/#respond Thu, 11 Mar 2021 06:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=480475

ВМинатата година беше најсмртоносна во историјата на САД, откако стапката на смртност поради епидемијата на коронавирусот се зголеми за 15 отсто, покажуваат резултатите од студијата на американскиот Центар за контрола и превенција на заразни болести (ЦДЦ). Како што пренесува американската веб страница „Политико“, повеќе од 3 милиони луѓе починале во САД во 2020 година, а Ковид-19 е трета водечка причина за смртта, по срцевите заболувања и карциномот. „Политико“ наведува дека со објавување на извештајот, што допрва треба да следи, ЦДЦ првпат ќе соопшти дека минатата година имало рекорден број смртни случаи, за што придонела и епидемијата на коронавирусот. Според последните податоци на веб-страницата Ворлдметерс, досега во САД починале околу 550.000 луѓе од коронавирус, од речиси 30 милиони заразени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/minatata-godina-najsmrtonosna-vo-istorijata-na-sad/feed/ 0
ВО ЖИВО: Австралија меѓу првите ја пречека новата 2021 година (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-avstralija-megju-prvite-ja-precheka-novata-2021-godina-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-avstralija-megju-prvite-ja-precheka-novata-2021-godina-video/#respond Thu, 31 Dec 2020 13:08:57 +0000 https://kurir.mk/?p=450695

Со огномет и без прослави, Австралија е првата земја во светот која што ја дочека новата 2021 година. Ваквиот необичен дочек на новата година следи после пандемијата која завладеа во светот, а со цел и да се зштитат животите на населението. ТУКА може да го проследите дочекот во Австралија во живо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-avstralija-megju-prvite-ja-precheka-novata-2021-godina-video/feed/ 0
Години на антинационално лудило, години за заборав… https://arhiva.kurir.mk/kolumni/godini-na-antinacionalno-ludilo-godini-za-zaborav/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/godini-na-antinacionalno-ludilo-godini-za-zaborav/#respond Thu, 02 Jan 2020 13:34:06 +0000 https://kurir.mk/?p=284806

Мина уште една година вредна за заборав. Реално, од хигиенски причини, не само 2019-ката, туку целиот период меѓу 1. јуни 2017. година и 12. април 2020-та ќе треба да го ставиме на некаков умствен стенд-бај, да го избришеме. Скроз... Сосема случајно, нели, овој период се поклопува со стартот на неуставното оформување на Заевата демек влада, а завршува со денот кој треба да го означи збогувањето со истата таа антинационална направија. Фер, убавите работи ги имаше и во меѓувреме, но само на приватен план, во и со семејството и пријателите. Национално, сотреа се’ што допреа. Затоа што бескруплозната биљмеска констелација насила сместена на „Илинденска“ бр. 2, која орно се пресели од удбашкото гнездо на екс Бихаќка, не ни знае поинаку. Оти, од дилајли политичар не бива, а срцките толку многу сакат да бидат владетели, ама од „роѓење“... Ако не верувате, прашајте го Зокија, Катица, Фросе, Кирацот, Рашко, Шилежето, Паки и остала банда. Небаре, прв впечаток ви е дека се работи за некоја екипа циркузанти или лоши комедијанти. Еден тресе зелени без усул, друг краде, трет фолира, четврт фризира, петти продава мадиња за бубрези, шести пие ко смук, седми шмрка итн. итн. итн. Ако се прашувате – што сторивме за да заслужиме вакви дилајли, одговорот е - не сторивме, ама баш ништо. Но не позитивно, да не се разбереме погрешно. Ништо не сторивме, барем многумина, за да не бидат таму кај што се. А со мрчење и продавање пуфки, нема да биде подобро, дефинитивно. Епа, ај да ја смениме прикаската и лентата, затоа што Спасовски и Царовска веќе почнаа да глумат Македонци и добија силен патриотски набој. Да не паднат на овие евтини марктиншки финти повторно дел од чедата „неопределни“ и да бидат дел од новата екипа „разоШарани“. Како малечок, го сакав Езоп и неговите басни. Камо и дел од дилајлите да не застанеа на „Зоки Поки“ во наобразбата им, да се помачеа вклучувајќи ги мозочињата и да сфатеа барем дел од наравоученијата пренесени од „животинчињата“ Езопови. Урбаната, македонска верзија на Езопова басна би била во оваа форма: „Еднаш, во една шума си живееле многу животинки. Најразлични, од мечки до ежиња, од лисица до елен. Ко и во секоја шума и тие не се сложувале за се’, ама сепак си коегзистирале и колку-толку се почитувале. Да, живееле на едно исто место, со векови почвата и судбината ја делеле. Го делеле и чувството на припадност. Имале и лоши и убави денови и периоди, не течело баш мед и млеко, ама тоа било нормално. Не биле ни пребогати, ни пресиромашни, ама биле свои на своето. Соседните шуми и полиња биле поголеми и секогаш настрвени кон нивната шума, но успевале да се одбранат и да останат свои. Не била идила прикаската, ама се си течело по природниот тек на нештата. Арно ама, еден ден се’ се сменило. Се појавил еден безобразен зајак, кому некој однадвор му дал изим да прави бељи и владее. „Ууууууу“, вознемирено викнале домородците, уплашени од апашот зајак кој во шумата бил познат по бескруполозноста, селската итроштина и тресењето зелени. Силен вознемир внел безобразникот кој харал и плашел со бомби в ранчето, а дополнителен страв в коски им донела змијата, глуп смок кој сега со странска генетска модификација станал отровница, која беспоговорно го следела ушкото и постојано на сите што макар и ги погледнеле им пискала „Сдссссссссссссссссссссссссссссссссссс!“ И така, благодарение на бомбите в раце и змијата отровна, зајакот завладеал со шумата. Тормозел, гњавел, фолирал, досадувал, умувал, унишувал, но и натаму зелени без престан тресел. Бил и многу самобедисан. Се правел дека знае да зборува мечешки, па јазовечки, следниот ден полиглотот со уши големи демек знаел и орловски... Затекнатите живи суштества на овие глупоштини си се потсмевале под мустаќ ил скришно, но стравот од заштитникот на долгоушестата досада ги спречувал да сторат што било. Јес, од патот на љубителот на моркови се тргале мечките, лисиците, јазовците, а бегале и елените и ласиците. Волци никогаш не ни имало во шумата, можеби и затоа дошле на тоа дереџе со зајакот... Гавази, пак, му станале мисирките и кртовите, а најдобар поддржувач и партнер нашол во кукавиците. Трагикомичната бурлеска шумска траела со години, тмурни времиња во кои зајакот успејал да внесе страшни поделби меѓу жителите и да урниса еден куп вредности кои биле свети за нив. Го трпеле, трпеле и трпеле, само и само поради наметнатиот страв, кој деспотот долгоушест им го донабил со затворање на непослушниците. Арно ама, еден ден зајакот почнал да приметува дека бомбата во неговото ранче одвреме-навреме престанува да отчукува, а змијата увидела дека нејзиниот отров слабее, па кого и да каснела, тој само со угриз од заби минувал. Страшна паника ги фатила, дерман немале, па почнале да се молат под истото дрво кај ридот за нова помош. Сфатиле, пустите, дека вака нема да можат да владеат, силен страв ги фатил, око не можеле да склопат. Ама одговор немало, заштитникот ридски заминал... Мислеле, мислеле и сковале нов план. Скришно, под закрила на ноќта со своите гавази ќе ископаат огромна јама, па еден по еден во неа ќе ги носат своите противници од шумата, ќе ги закопаат и во апс скришно чуваат. Планот на зајакот многу и се допаднал и на змијата, а кукавиците пукнале од среќа. И копале, копале, а наутро со камуфлажа од лисја ја криеле јамата. Другите, кои ќе приметеле дека нешто муљаат, ги лажеле дека нашле рудник со злато и начин како да ја подобрат економијата на шумата и да ги дигнат пензиите и платите на жителите. Завршиле со се’, а зајко бил најсреќен, страшен товар од плеќи му паднал. Ушите од милина му пораснале. Пукнал од убаини, па така во силен занес се залетал, ја гушнал змијата и со неа, така улетан, се сопнал и траснал во дупката, која сега била стапица и зандана без излез. Тој почнал да писка, а змијата викала сдссссссссссссссссссссс, но биле претешки за да гавазите ги извадат. Така, соочени со реалноста, довчерашните им верни поданици итно си заминале по дома, без збор. Кукавиците, пак, во свој стил одлетале кај мечките и јазовците и издале што им спремале зајко и змијата. Не ги извадиле никогаш, туку ги хранеле и чувале во новокомпоновата ќорка, а во нивна чест над нив изградиле јавни тоалети. Нивните имиња сега ја краселе новата јавна „установа“. Оттогаш, никој во шумата немал проблем со празнење и стомачни тегоби од овој тип, со ќеф оделе во вецето и со милина си ја вршеле работата, токму над главите на довчерашните тирани. И мир, повторно завладеал во шумата. Набргу, сите ги заборавиле зајакот и змијата...“ Наравоучениево е од басната „Двете жаби“, оригинал Езопова, од 4. век п.н.е. и гласи: „Ништо во животот не треба да правиме, без притоа да ги имаме предвид последиците.“ Фер, нели... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/godini-na-antinacionalno-ludilo-godini-za-zaborav/feed/ 0
2019 година една од трите најтопли од средината на 19 век https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/2019-godina-edna-od-trite-najtopli-od-sredinata-na-19-vek/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/2019-godina-edna-od-trite-najtopli-od-sredinata-na-19-vek/#respond Tue, 03 Dec 2019 09:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=272558

Годината 2019 година ќе биде една од трите најтопли години регистрирани од 1850 година, се вели во соопштението објавено денеска од страна на ОН на конференцијата за клима (COP25) во Мадрид. Тековната година ќе заокружи една деценија „исклучително жештина“ погодена од шумски пожари, суши и топлотни бранови. Помеѓу јануари и октомври, светската просечна температура е околу 1,1 степени Целзиусови повисока отколку во периодот 1850-1900 година, според Светската метеоролошка организација. Така, во 2019 година се наоѓа на второто или третото место, по најжешката во 2016 година, чии високи температури тогаш придонесоа за природниот феномен на Ел Нињо. Декадата 2010-2019 година „сосема сигурно“ ќе биде најжешката досега регистрирана, оценува Светската метеоролошка организација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/2019-godina-edna-od-trite-najtopli-od-sredinata-na-19-vek/feed/ 0
Научниците одредија која година била најлоша во човековата историја https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnicite-odredija-koja-godina-bila-najlosha-vo-chovekovata-istorija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnicite-odredija-koja-godina-bila-najlosha-vo-chovekovata-istorija/#respond Mon, 19 Nov 2018 15:48:31 +0000 https://kurir.mk/?p=129658

Ако погледнете подлабоко во историјата, ќе забележите дека постојат неколку години кои биле многу тешки за луѓето. Таква била и 1347 година, кога Црната смрт косела во Европа и однела 100 милиони човечки животи. Ништо подобро не било ниту за време на Втората Светска војна, кога се случил холокаустот, а ни во 1918 кога започнала пандемијата на грип убивајќи до 100 милиони луѓе. Меѓутоа, научниците се согласуваат дека најлоша од сите била 536-тата година. -Тоа беше почетокот на еден од најлошите периоди, ако не и најлоша година во животот на човекот, изјавил археологот и средновековен историчар од Харвард, Мајкл Мекормик. Оваа година била десетата годишнина од владеење на царот Јустинијан, а ништо не се случило кај луѓето во однос на болести или геноциди. Но, на небото се случило нешто чудно: се појавила мистериозна, прашлива магла која го затемнила Сонцето, предизвикувајќи пад на температурите и една година целосен хаос: суши, неуспешни посеви, снег во лето во Кина и ширење на градот. Византиски историчар забележал дека Сонцето давало светлина без полн сјај и дека изгледало како да е затемнето, бидејќи не давало јасна светлина. За време на целата година Сонцето изгледало како Месечина. Се донел заклучок дека таквите појави се поради прашината или пепелта во воздухот по удар на комета или метеор. Слична ваква појава била регистрирана во 1816 година која е наречена Година без лето, а поврзана е со ерупција на вулканот Тамбора во Индонезија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnicite-odredija-koja-godina-bila-najlosha-vo-chovekovata-istorija/feed/ 0