години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Apr 2022 10:49:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ќе подзинете кога ќе дознаете колку години има Драгана Мирковиќ – оваа бројка ја крие од фановите, а тие збунети не и веруваат (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kje-podzinete-koga-kje-doznaete-kolku-godini-ima-dragana-mirkovikj-ovaa-brojka-ja-krie-od-fanovite-a-tie-zbuneti-ne-i-veruvaat-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kje-podzinete-koga-kje-doznaete-kolku-godini-ima-dragana-mirkovikj-ovaa-brojka-ja-krie-od-fanovite-a-tie-zbuneti-ne-i-veruvaat-foto/#respond Wed, 27 Apr 2022 10:49:03 +0000 https://kurir.mk/?p=668557

Фолк легендата Драгана Мирковиќ речиси е со години присутна на естрадата, па така на неа се сеќаваат од старите Југословени, до новите генерации родени во новиот век. Иако многумина мислат дека пејачката веќе е во подлабока доба од животот, сепак нејзината година на раѓање го потврдува спротивното. Пејачката на неверување на сите, родена е на 18 јануари 1968-та година и има 54 години.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic)

Таа повеќе од 20 години живее и работи во Виена, а во брак е со бизнисменот Тони Бијелиќ со кого има две деца, синот Марко и ќерката Мануела. Таа на само 15 години го снимила својот прв сингл и станала најмладата пејачка во поранешна Југославија, а во својата кариера снимила и повеќе од 20 албуми.
 
Иако првата плоча и била продадена повеќе од 150 илјади пати, таа денес вели дека не била свесна за својот успех во тоа време.
 
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kje-podzinete-koga-kje-doznaete-kolku-godini-ima-dragana-mirkovikj-ovaa-brojka-ja-krie-od-fanovite-a-tie-zbuneti-ne-i-veruvaat-foto/feed/ 0
Боледување од 3 ипол години рекорд во Македонија, откриен при случајна проверка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boleduvanje-od-3-ipol-godini-rekord-vo-makedonija-otkrien-pri-sluchajna-proverka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boleduvanje-od-3-ipol-godini-rekord-vo-makedonija-otkrien-pri-sluchajna-proverka/#respond Tue, 05 Apr 2022 05:32:43 +0000 https://kurir.mk/?p=658445

Пациент три и пол години е постојано на боледување, но никој досега не го упатил да побара инвалидска пензија. Контролите на Фондот за здравствено осигурување случајно го откриле овој случај каде пропусти има во целиот систем – матичен, специјалисти, комисии за продолжување на отсуствата од работа, објави Сител. Од ФЗО потврдиле за телевизијата дека за осигуреникот дале препорака веднаш да оди на проверка на работната способност а дали и за кого ќе има казни што со години се одлевале пари од фондовската каса без запазување на процедурите, дополнително ќе се утврдува. Согласно Законот за здравственото осигурување, во случај на подолго траење на привремената спреченост за работа до 12 месеци, лекарската комисија на Фондот го упатува осигуреникот до надлежниот орган за оценување на работната способност, според прописите за пензиското и инвалидското осигурување. Во случај ако се констатира дека осигуреникот не ги исполнува условите за корисење на правото на инвалидска пензија тогаш истиот може да го продолжи боледувањето на товар на Фондот, ако за тоа постојат медицински индикации кои ги утврдуваат лекарските комисии на Фондот. Ова не е единствен предмет за злоупотреби на боледувањата, особено во времето на пандемијата со ковид 19. Дали граѓани седат дома иако здравствената состојба им е добра притоа користејќи извештаи со дијагнози како постковид компликации? Првите три месеци годинава од 39 контроли на боледувања што ги направил Фондот кај 11 констатирале неправилности – неуредна медицинска документација, неизвршени процедури за дијагнозата наведена во извештајот за спреченоста од работа, ретроактивно издавање на боледување прекршувајќи ги законските процедури. Но има и кривични елементи при издавање на боледувања кога биле фалсификувани резултати од биохемиски анализи, непостоечки креиран упат и користење на туѓи факсимили. За ваков предмет Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе поднел кривична пријава до ОЈО за случај од минатата година. Инаку од Државниот санитарен и здравствен инспекторат ни одговорија дека доставуваат иницијативи за формирање на комисии за стручен надзор кои понатаму врз основа на доставената документација одлучуваат дали има пропусти (злоупотреби) за издадените боледувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boleduvanje-od-3-ipol-godini-rekord-vo-makedonija-otkrien-pri-sluchajna-proverka/feed/ 0
На 81 година се ожени, а на 83 доби син од 48 години помладата сопруга: „Ќе живеам 105 години за да го видам кога ќе дипломира https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-81-godina-se-ozeni-a-na-83-dobi-sin-od-48-godini-pomladata-sopruga-kje-ziveam-105-godini-za-da-go-vidam-koga-kje-diplomira/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-81-godina-se-ozeni-a-na-83-dobi-sin-od-48-godini-pomladata-sopruga-kje-ziveam-105-godini-za-da-go-vidam-koga-kje-diplomira/#respond Tue, 08 Feb 2022 12:37:49 +0000 https://kurir.mk/?p=628608

Алберто Кормилот е лекар од Аргентина кој почнал да го привлекува вниманието во родната земја кога стапил во брак со жена која е 48 години помлада од него. Тие се венчале во 2019 година, кога Алберто имал 81 година, а таа 33. Набрзо потоа, во 2021-ва, тие добиле и дете. Алберто е роден во 1938 година во Буенос Аирес и важи за еден од најпознатите лекари и нутриционисти во државата. Тој им помогнал на огромен број луѓе во текот на долгата кариера, овозможувајќи им да се справат со нарушувањата во исхраната не само во неговата ординација, туку и преку аргентинските медиуми. Иако сите го знаеле Алберто, никој не се интересирал за неговиот приватен живот сè до 2019 година кога соопштил дека ќе се венча со Естефанија Паскини – жена која е 48 година помлада од него. Нормално, лекарот најпрво бил критикуван од јавноста. -Ние сакаме да се венчаме и на некои ова ќе им се допаѓа, а на некои не. Но, ова е наша одлука, изјави тогаш лекарот. Истовремено, и семејството на Естефанија не покажувало голема поддршка. -Мајка ми мислеше дека штом млада жена сака да се венча за многу постар маж, тогаш веројатно го прави тоа за пари. Не сакаше да сфати дека јас само сакав партнер кој ќе ме сака. Извесен период тато не ми дозволуваше да одам кај нив дома. На родителите им требаше цела година за да се согласат да го запознаат, вели Естефанија за целата ситуација. Но, на крај тие сфатиле дека помеѓу Естефанија и Алберто сепак постои љубов, па се помириле. Кога се венчал со Естефанија, Алберто веќе имал две постари деца – Адриан и Рене – но со новата сопруга сакале да го прошират семејството. Естефанија немала други деца и отсекогаш сонувала да биде мајка, па со саканиот се договориле да се обидат. -Естефанија е млада и сака да биде мајка, исто и јас. Ако остане бремена, со задоволство ќе го пречекаме детето, изјави докторот кога го прашаа дали сака да има трето дете. Набрзо потоа Естефанија останала бремена, а во септември минатата година парот го доби нивото прво заедничко дете – синот Емилио. Но, критиките од јавноста во врска со возраста на Алберто не престанале. Една од најлошите критики што ја слушнале лекарот и неговата сакана е дека Емилио ќе останел сирак бидејќи Алберто е многу стар. Сепак, парот лесно се справува и со најзлобните забелешки и моментално најважно им е нивното дете да биде здраво и среќно. -Сè што имаат да кажат другите, ние досега сме дискутирале. А, не ни размислував за мојата возраст сè додека другите не почнаа да го спомнуваат тоа, вели тој. Моментално Алберто има 83 години, но со начинот на живот изгледа како многу помлада личност. Тој се храни здраво, активен е и генерално е во топ-форма. -Двапати преживеав рак, имам проблеми со колената, како и со рамената и ’рбетот. Досега сум имал над 30 повреди. Но, продолжувам со животот, открива лекарот. Алберто сега единствено се надева дека ќе го доживее 105-тиот роденден за да може да присуствува на дипломирањето на неговиот син.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-81-godina-se-ozeni-a-na-83-dobi-sin-od-48-godini-pomladata-sopruga-kje-ziveam-105-godini-za-da-go-vidam-koga-kje-diplomira/feed/ 0
Одбележани 150 години од раѓањето на војводата Смиле Војданов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-150-godini-od-ragjanjeto-na-vojvodata-smile-vojdanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-150-godini-od-ragjanjeto-na-vojvodata-smile-vojdanov/#respond Tue, 01 Feb 2022 19:23:16 +0000 https://kurir.mk/?p=625582

Под исклучително ниски температури и со почитување на мерките за претпазливост од ковид-19, денес на градските гробишта Пери Маунт Парк во градот Понтијак во сојузната држава Мичиген со пригодна свеченост беше одбележан јубилејот 150 години од раѓањето на илинденскиот војвода, член на Македонската револуционерна организација и долгогодишен деец во македонското национално движење во татковината и во иселеништвото - Смиле Војданов. Како што нѝ објаснија двајцата претставници на здружението „Заборавени Македонци„ за Соединетите американски држави Ана Дукоска и Гоце Панговски, одбележувањето на јубилејот "150 години од раѓањето на Смиле Војданов" претставува „заокружување на уште еден сегмент од патриотскиот долг кон храбрите и непоколебливи синови на Македонија кои целиот свој живот го посветија на делото за создавање на македонска независна држава. Во услови кога државата не дава сигнали на грижа за културно-историскиот континуитет на генерациите кои се вградија во создавањето на државата Македонија, наша должност е да го одбележиме секој македонски син и деец“ - нѝ рекоа претставниците на здружението. Во воведното обраќање до присутните Ана Дукоска рече: „Ако Македонците овде во САД сакаат автентично да го прикажат ликот и делото на големиот македонски деец Смиле Војданов тогаш не постои подобро место и не постои подобра паралела, а можеби и пророчка коинциденција, освен онаа со Обвандијак односно Понтијак, индијанскиот поглавица на племето Отава по кој овој град го носи името. Поглавицата Понтијак беше водач и бранител на својата земја во големото и неуспешно востание од 1763 година, исто онака како што Смиле Војданов век и половина подоцна учествуваше во едно исто така неуспешно, но многу храбро и историско, македонско Илинденско востание од 1903 година за ослободување на Македонија. За жал, на Смиле Војданов не му било судено гробот да му биде во Македонија, земјата во која се роди и за која се бореше. Тој е тука во САД, неговата втора татковина, кадешто почива во мир, и мошне заслужената почит.“ Нашиот сонародник и гласноговорник за правата на Македонците Гоце Панговски, кој помина 4000 км да дојде до Понтијак, можеби е најдобриот пример за вистинскиот жар кој тлее кај Македонците во оддавање почит кон вистинските борци како што беше Смиле Војданов. Панговски имаше пригодно излагање за животот и делото на војводата Војданов чијашто судбина ја доживеа и оваа наша генерација, да продолжат да се борат за татковината на оној својствен начин на кој тоа го правеше и нивниот сонародник Смиле Војданов. Гоце Панговски зборуваше за патриотските етапи на Војданов почнувајќи од неговата жива и мотивирачка активност во текот на Илинденското востание во кое останува забележан по историскиот повик до македонските соборци-учесници во востанието од 1903 година: „Дојде моментот да се дигнеме сите браќа Македонци и сестри Македонки рака за рака и рамо до рамо да застанеме заедно во борбата против петвековниот поробувач. Да ја извојуваме слободата на македонскиот народ, да ја спасиме нашата погазена национална и семејна чест. Слобода или смрт! Да живее ослободителната борба. Да живее македонскиот народ. Да живее слободата. Смрт на петвековниот поробувач и измачувач.“ Панговски го подвлече како исклучително важен Меморандумот поднесен до американската влада и претседателот Франклин Рузвелт на 11. февруари 1945 година од име на Македонско-американскиот народен сојуз (МАНС) на кој Смиле Војданов беше претседател и во кој се вели: „Македонското прашање е резултат на желбата и борбата на македонскиот народ за самоопределување и национална независност.„ Понатаму, образложувајќи ја историската димензија на македонската борба за слобода и независност, Војданов го споменува својот врсник Гоце Делчев и вели: „Борбата беше водена од ВМРО, формирана во Солун во 1893 година и оваа организација беше вистинска национална сила, предводена од страна на Гоце Делчев.“ Видно возбудени, на настанот говореа и двете внуки на Смиле Војданов, сестрите Џин Војданова-Јустинг и Џуди Војданова, ќерки на најмалиот син на Смилета - Илија Војданов. Илија бил ветеран од Втората светска војна и е погребан на истите гробишта во близина на својот татко. Џин Војданова-Јистинг втората ќерка на Илија Војданов, најмладиот син на Смиле Војданов во своето обраќање до присутните меѓу другото рече: Благодариме на „Заборавени Македонци“ за организирањето на 150-годишнината за чествување на роденденот на мојот дедо Смиле Војданов.Тој навистина би бил мошне благодарен! Сѐ уште ми е свежо сеќавањето на него како на една од последните маси во нашиот ресторан заедно со други постари сонародници зборуваат на македонски или како чита весници. Честопати во сеќавање ми е фотографијата од Смиле во востаничка униформа како борец против Османлиската Империја, но во тоа време не го разбирав целосно значењето на неговиот удел во Илинденското востание сѐ до оној момент кога одлучивме со мојот сопруг Кен да ја посетиме Македонија. Додека престојувавме во Охрид посакав да го посетам и Лактиње, родното село на татко ми Илија коешто се наоѓа на 30тина километри од Охрид. Во селската месна заедница во Лактиње сѐ уште стои фотографија од дедо ми со други двајца постари луѓе и на средсело има спомен-обележје во чест на неговото учество во Илинденското востание. Ви благодариме за организирањето на настанов.“ Сведоштвото за Смилета Војданов низ солзи нѝ го пренесе 87-годишниот Даниел Војданов, внукот на Смиле Војданов од неговиот најстар син Аврам, за тоа како неговиот дедо бил еден мошне мил човек, којшто секогаш имал време и благ збор за неговите внуци и за тоа како на прошетка по улиците на градот Понтијак, држејќи го за рака својот дедо Смиле, живо се сеќава дека сите луѓе, без разлика на нивното потекло или етничка припадност застанувале и го поздравувале што е јасен показател за каков човек станува збор.Затоа сите негови потомци се среќни што имале таков предок, а Даниел со гордост потенцира дека неговото средно име е Смиле, односно во полна форма тој е Даниел Смиле Војданов. ПАНИХИДА ЗА СМИЛЕ ВОЈДАНОВ Со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Американско-канадски г. Методиј од Македонска православна црква -Охридска Архиепископија се одржа панихида за македонскиот револуционер и војвода Смиле Војданов на неговото вечно почивалиште. Панихидата ја отслужи протоереј Драган Јорданов, архиерејски намесник и парохиски свештеник во македонската православна црква „Рождество на Пресвета Богородица“ од Стерлинг Хајтс во Мичиген. ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ФИЛАТЕЛИЈАТА Здружението „Заборавени Македонци“ по повод јубилејот „150 години од раѓањето на Смиле Војданов“ под истото мото денеска пушти во поштенски сообраќај пригоден поштенски плик и картичка со ликот на Смиле Војданов во ограничено издание од 150 пликови напоредно на македонски и на англиски јазик наменети за колекционерски цели. ПОВАЖНИТЕ МОМЕНТИ ОД ЖИВОТОТ НА СМИЛЕ ВОЈДАНОВ со опис на фотографиите: 1. Четата на Смиле Војданов и извадок од повикот на Војданов до македонските соборци-учесници во Илинденското востание од 1903 година: „Дојде моментот да се дигнеме сите браќа Македонци и сестри Македонки рака за рака и рамо до рамо да застанеме заедно во борбата против петвековниот поробувач. Да ја извојуваме слободата на македонскиот народ, да ја спасиме нашата погазена национална и семејна чест. Слобода или смрт! Да живее ослободителната борба. Да живее македонскиот народ. Да живее слободата. Смрт на петвековниот поробувач и измачувач.„ 2. Портрет на Смиле Војданов од 40-тите години на минатиот век: „Ние се организираме пред сѐ на национална основа. Сакаме да видиме единство на емиграцијата и преку тоа да може да се постави изградбата на еден обединет македонски национален фронт. Ние веруваме во обединувањето, затоа што веруваме во еволуцијата на Македонците кон чистата македонска идеја“. Извадок од интервју на Смиле Војданов дадено за весникот „Македонски вести„ од 1936 година 3. Извадок од Меморандумот поднесен до американската влада и претседателот Франклин Рузвелт на 11. февруари 1945 година од име на Македонско-американски народен сојуз (МАНС): „Македонското прашање е резултат на желбата и борбата на македонскиот народ за самоопределување и национална независност.“ Понатаму, образложувајќи ја историската димензија на македонската борба за слобода и независност, Војданов го споменува својот врсник Гоце Делчев и вели: „Борбата беше водена од ВМРО, формирана во Солун во 1893 година и оваа организација беше вистинска национална сила, предводена од страна на Гоце Делчев.“ 4. Посета на Смиле Војданов на Македонија по Втората светска војна. Смиле Војданов полага венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас„ во Скопје, Македонија. Извор: дневен весник „Нова Македонија“ БИОГРАФСКИ ПРЕГЛЕД Смиле Војданов (1872-1958) е илинденски војвода, македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација и долгогодишен деец во македонското национално движење во татковината и во иселеништвото. Роден на денешен ден (1. февруари) 1872 година во охридското село Лактиње (денес во општина Дебарца), во Македонија. Основното образование го започнал во родното село, а потоа отишол да учи во манастирот Св. Богородица Пречиста крај Кичево, каде станал ѓакон. Неколку години бил учител во с. Лактиње по што станал анџија во село Сливово. Во 1897-98 г. се запознал со дејноста на Македонската Револуционерна Организација (Внатрешната) и набргу станал нејзин заколнат член и агитатор. Едно време бил четник во четата на својот соселанец Дејан Димитров, а потоа станал војвода на сопствена чета во охридскиот реон. Во летото 1903 година, по одржувањето на конгресот на Организацијата во с. Смилево, Војданов сведочи дека на едно собрание на војводите од охридскиот реон Христо Узунов им ја соопштил веста за конгресната одлука дека на 2. август, денот на Св. Илија: “ќе дигнеме востание за ослободување на нашата родна Македонија“. По задушувањето на Илинденското востание, Смиле Војданов не се откажува од идејата за независна македонска држава. Својата борба ја продолжува во Северна Америка, каде долги години ќе дејствува меѓу македонските иселеници во САД и Канада. Во куќата на Смиле Војданов во градот Понтијак, во државата Мичиген, во 1929 година е создадено првото независно македонско друштво. По создавањето на повеќе вакви друштва во различни градови на САД, на 22. и 23. март 1930 во градот Толедо (Охајо) била одржана Првата конференција на македонските независни друштва. Тогаш Смиле Војданов е избран за Претседател на средишното раководно тело. На Првиот редовен конгрес за обединување на друштвата, од 24. до 26. тревен 1931 во Гери (Индијана), Смиле Војданов е избран за претседател на новосоздадениот Македонски Народен Сојуз. По Втората светска војна го поздравува создавањето на македонската држава и се вклучува во континуирано испраќање на добротворна помош за татковината. Еден од иницијаторите и донаторите за изградба на Медицинскиот клинички центар во Скопје. Починал на 4. март 1958 година и погребан е на гробиштата Пери Маунт Парк во Понтијак, САД. Кон одбележувањето на јубилејниот роденден „150 години од раѓањето на Смиле Војданов“ се придружија и голем број македонски организации од целиот свет кои испратија телеграми до организиторите и семејството честитајќи го ликот и делото на славеникот Смиле Војданов. Покрај здружението „Заборавени Македонци“ од Франција, честитки упатија и „Обединети Македонци“ од Канада и Германија, Македонците од САД, Европа и Австралија како и архиерејскиот заменик на Американско-канадската епархија отец Синиша Ристовски. Организаторите комуницираа со Сенаторите Гери Питерс и Деби Стабеноу од Мичиген, но за жал поради вонредните услови со пандемијата и ниските температури тие не беа во можност да присуствуваат на настанот. Како што нѝ објаснија од здружението „Заборавени Македонци“ и семејството Војданови активностите во одбележување на јубилејот ќе продолжат во текот на целата година и се надеваат дека пандемијата наскоро ќе стивне и ќе можат јубилејот да го одбележат помасовно на некој од Илинденските пикници, како што тоа го правеше нивниот Смиле, чиишто бројни собири сè уште ги паметат неколку најстари членови од семејството, а помладите ги гледаат преку фотографиите и снименот материјал од нивната богата семејна збирка. „Ти нѐ научи војводо, да не се откажуваме и при првиот голем неуспех на востанието туку повторно да се преброиме, таму долу и ние овде, да ги сумираме грешките и да тргнеме одново во нови битки. Тој поттик, таа твоја искра не е изгасната и денес е водилка на сите нас. До нашата следна беседа ти се поклонуваме и остануваме со длабока почит. Нека му е вечна слава. Амин!“ - Од твоите сонародници Македонци - следбеници на твоето чисто патриотско дело за Македонија! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-150-godini-od-ragjanjeto-na-vojvodata-smile-vojdanov/feed/ 0
Во САД одобрена бустер доза на Фајзер/Бионтек за деца од над12 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-odobrena-buster-doza-na-fajzer-biontek-za-deca-od-nad12-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-odobrena-buster-doza-na-fajzer-biontek-za-deca-od-nad12-godini/#respond Mon, 03 Jan 2022 16:40:35 +0000 https://kurir.mk/?p=615807

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) го прошири овластувањето за итна употреба на засилувачка доза на вакцината на Фајзер/Бионтек против Ковид-19 за да вклучи деца на возраст од 12 и повеќе години. Бустер дозата е со иста јачина на дозата (30-микрограми) како и дозата одобрена во примарната серија, се вели во соопштението. ФДА претходно одобри засилена доза на вакцината на Фајзер/Бионтек 19 за итна употреба по завршувањето на примарната серија кај лица на возраст од 16 години и постари. Вакцината е одобрена и за подобни поединци на 18 години и постари кои завршиле со примарна вакцинација со различна овластена вакцина против Ковид-19. Дополнително, ФДА го измени постоечкото овластување за итна употреба за да го намали времето за администрација на бустер доза од најмалку шест месеци на најмалку пет месеци по завршувањето на примарната серија за лица на возраст од 12 години и постари. ФДА го прошири тековното одобрение за употреба за итни случаи за да вклучи инјектирање на трета примарна сериска доза најмалку 28 дена по втората доза за деца на возраст од 5 до 11 години за кои е утврдено дека имаат одредени видови на нарушување на имунитетот. Третата примарна доза од вакцината на Фајзер/Бионтек претходно беше одобрена за лица на возраст од најмалку 12 години за кои е утврдено дека имаат одредени видови на нарушување на имунитетот. Фајзер и Бионтек соопштија дека ја исполниле својата цел да испорачаат една милијарда дози од нивната вакцина против Ковид-19 во земјите со низок и среден приход во 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-odobrena-buster-doza-na-fajzer-biontek-za-deca-od-nad12-godini/feed/ 0
УНИЦЕФ одбележува 75 години од постоењето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unicef-odbelezuva-75-godini-od-postoenjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unicef-odbelezuva-75-godini-od-postoenjeto/#respond Sat, 11 Dec 2021 09:38:45 +0000 https://kurir.mk/?p=606946

„УНИЦЕФ одбележува 75 години од денот кога беше основан за да одговори на критичните потреби на децата чиј живот беше разурнат од Втората светска војна. Додека се потсетуваме на минатото, предизвиците со кои се соочуваат децата денес бараат од нас да ја преомислиме иднината за секое дете да има подобро детство, подобра иднина и поправедна шанса. Низ децениите, заедно со владините партнери, донаторите, застапниците и поддржувачите, УНИЦЕФ им помагаше на децата ширум светот. Од краткорочна помош во време на криза до долгорочни развојни програми, повторно осмислувавме како да се унапредат правата на децата и нивната благосостојба. ·Првата помош на УНИЦЕФ во светот што се состоеше од облека, чевли, сапун и други неопходни материјали беше испратена во август 1947 година токму за децата од земјава кога таа беше во рамките на Југославија. ·Во 50-тите, УНИЦЕФ работеше со владата на подобрување на снабдувањето со млеко. УНИЦЕФ увезе опрема за поддршка на националниот план за конзервирање на млекото – како резултат, над 800.000 деца и мајки добиваа безбедно, здраво млеко, бесплатно или по многу ниска цена. ·Во 1957 година, УНИЦЕФ започна иницијатива за формирање на националниот Завод за здравствена заштита на мајки и деца во Скопје. Во тоа време, стапката на детска смртност изнесуваше дури 138,6 на илјада живородени деца. ·Во 1963 година, УНИЦЕФ ги поддржа напорите за помош по трагичниот земјотрес во Скопје. ·Од 1993 година – кога отвори канцеларија во земјата откако таа стана независна држава – УНИЦЕФ отсекогаш беше меѓу првите што обезбедуваа поддршка за децата во време на криза и работеше со партнерите за секое дете да ги ужива сите права. Низ историјата, УНИЦЕФ помагаше да се обликува поздрава и побезбедна средина за децата, насекаде низ светот и во земјава. Поддржавме реформи за јакнење на системот, со што се придонесе да се намали смртноста на децата под пет години, повеќе деца да одат на училиште, секое дете во земјата да живее во семејна средина, но поддржавме и надежни меѓусекторски реформи за крај на исклучувањето и за заштита на децата од насилство, злоупотреба и занемарување. Овие придобивки беа загрозени со пандемијата на КОВИД-19. Во годината во која треба да гледаме напред, ризикуваме да се вратиме назад. КОВИД-19 ги ​​погоди децата во невидени размери, со што за нив стана најлошата криза што УНИЦЕФ ја видел во својата 75-годишна историја. Таа длабоко го промени животот на децата и младите, како и нивното ментално здравје, и тоа во животна фаза кога треба да се развиваат за да го исполнат својот оптимален потенцијал. Но, тоа не е единствената криза што влијае на децата денес. Тие се наоѓаат и сред образовна криза, климатски промени, широко распространети социјално-економски предизвици, растечка сиромаштија и нееднаквост. Сè уште гледаме многу деца кои се изоставени само поради местото на живеење, примањата на нивното семејство, нивната етничка припадност или попреченост. Овие предизвици нѐ засегаат сите нас, но најстрашно ги погаѓаат најранливите деца. Оваа недела, УНИЦЕФ започна нова студија за мултидимензионалната детска сиромаштија во Северна Македонија, истакнувајќи дека лишеноста од образование, ран детски развој, исхрана, безбедност, љубов и грижа се меѓу првите 5 фактори што придонесуваат за мултидимензионалната детска сиромаштија. Сега, повеќе од кога и да е, ни треба акција за секое дете да има подобро детство, иднина и праведна шанса. Исто како што повторно се кренавме од урнатините на Втората светска војна, нашата цел денес останува да обезбедиме закрепнување од пандемијата, ставајќи приоритет врз инвестициите за децата. Инвестициите за унапредување на квалитетно и инклузивно образование, проширување на пристапот до предучилишно образование и основни услуги на социјална и детска заштита, поддршка на менталното здравје и воведување нови услуги и програми за поддршка на родителите, за секое дете да расте во грижлива семејна средина, обезбедување фер систем на правда за децата, мора да се гледаат како инвестиции за решавање на детската сиромаштија и изградба на посветла иднина за сите граѓани на земјата. Потребни ни се инвестиции за да се осврнеме на изоставените, како и на децата во ромските домаќинства, децата со попреченост и децата во руралните заедници. Додека работиме со владите, донаторите и другите организации за да го преосмислиме заедничкиот пат во следните 75 години, децата мора да ни бидат на прво место за инвестиции и акција.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unicef-odbelezuva-75-godini-od-postoenjeto/feed/ 0
Модерна: Нашите вакцини се ефикасни кај деца на возраст од 12-18 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moderna-nashite-vakcini-se-efikasni-kaj-deca-na-vozrast-od-12-18-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moderna-nashite-vakcini-se-efikasni-kaj-deca-na-vozrast-od-12-18-godini/#respond Tue, 25 May 2021 14:02:33 +0000 https://kurir.mk/?p=514956

Компанијата „Модерна“ соопшти дека нејзината вакцина е 100 процентна ефикасна во испитувањата кај младите луѓе, исто како „Фајзер“, чија вакцина беше одобрена од Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) за адолесценти на возраст од 12 до 15 години. Во студијата во која учествувале 3.700 млади луѓе на возраст од 12 до 18 години, немало симптоматски случаи на Ковид-19 меѓу оние кои примиле две дози од вакцината. Со оглед на тоа што меѓу децата и адолесцентите и онака има помалку случаи, истражувачите биле водени од дефиницијата на Американскиот центар за контрола на болести (ЦДЦ), која вклучува и поблаги случаи. Применувајќи ја дефиницијата на ЦДЦ за само еден симптом плус позитивен ковид-тест, истражувачите од Модерна регистрирале 93 проценти ефикасност после една доза. Компанијата соопшти дека немало сериозни несакани ефекти. Регистрирани се болка во раката, главоболка, замор и треска по втората доза. Сите оние кои учествувале во истражувањето ќе бидат следени во следните 12 месеци за да се обезбеди дека нема долгорочни ефекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moderna-nashite-vakcini-se-efikasni-kaj-deca-na-vozrast-od-12-18-godini/feed/ 0
Наполнивте 30 години? Време е да заборавите на овие грижи! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/napolnivte-30-godini-vreme-e-da-zaboravite-na-ovie-grizi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/napolnivte-30-godini-vreme-e-da-zaboravite-na-ovie-grizi/#respond Mon, 15 Mar 2021 20:07:18 +0000 https://kurir.mk/?p=482880

Некои луѓе забележуваат промени на 27 години, некои на 35 години. Но, сите забележуваат некаква промена кога ќе наполнат 30 години. И она што е супер кај 30-ката е што веќе навистина може да престанете да се грижите за работи како: Модни трендови Да, во ред, убаво е да се грижите и дотерувате, но на 30 години веќе треба да имате изградено свој стил и да не следите слепо трендови наметнати од другите. Некој килограм вишок Здравјето е многу важно и треба да се храните здраво пред сѐ за вашето здравје, но 1-2 килограми повеќе не значи дека е крај на светот и дека треба да се опседнувате околу тоа. Или преземете нешто во врска со тоа и почнете да вежбате или едноставно прифатете се такви какви што се. Озборување Ова е нешто кое воопшто не треба да го правите, особено не откако ќе наполните 30 години. Уживајте во својот живот и не се грижете за туѓите животи и дејства, освен ако не се директно поврзани со вас или најблиските. Туѓите очекувања Ако постојано живеете под притисок да ги остварите туѓите очекувања, никогаш нема да можете целосно да го живеете својот живот, а и никогаш нема да ги остварите во целост. Ослободете се и уживајте во своите соништа, не се обидувајте да ги живеете туѓите соништа. Туѓите соништа можеби се прекрасни, но тие не се ваши. Мислењето на другите за вашиот партнер Вие сте тие кои одлучувате со кого ќе бидете и каква личност највеќе ви одговара. Не дозволувајте мислењето на другите да влијае на вашите избори во љубовта. Социјални мрежи Да, социјалните мрежи можат да бидат интересни, ама не треба тоа да ви биде главна преокупација. Фактот дека не сте во брак Сѐ ќе си дојде во свое време. Фокусирајте се на себе и полека коцките ќе си се наредат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/napolnivte-30-godini-vreme-e-da-zaboravite-na-ovie-grizi/feed/ 0
Ако имате 33 години, вие сега сте најсреќни https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-imate-33-godini-vie-sega-ste-najsrekjni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-imate-33-godini-vie-sega-ste-najsrekjni/#respond Wed, 10 Jun 2020 18:13:24 +0000 https://kurir.mk/?p=356304

Заборавете на старата поговорка, дека тинејџерските години се најсреќните во животот. Едно истражување покажа дека луѓето се најзадоволни од својот живот на 33-годишна возраст. 70% од луѓето над 40 години се изјасниле дека 33-та година од животот им била и најсреќната. Над половина од анкетираните изјавиле дека животот им е позабавен, а 42% рекле дека имаат поголем оптимизам за иднина. Една третина од анкетираните изјавиле дека нивната среќа се должи најмногу на децата, а една петтина – од успехот во работата. 38% од нив споделиле дека животот на тие години им бил многу порелаксиран и без стрес . Само 6% изјавиле дека биле најсреќни по време на студиите, а 16% во детството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-imate-33-godini-vie-sega-ste-najsrekjni/feed/ 0
Италијанка наполнилa 109 години: Ги преживеала двете светски војни, две епидемии, а го преживеа и коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanka-napolnila-109-godini-gi-preziveala-dvete-svetski-vojni-dve-epidemii-a-go-prezivea-i-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanka-napolnila-109-godini-gi-preziveala-dvete-svetski-vojni-dve-epidemii-a-go-prezivea-i-koronavirusot/#respond Wed, 15 Apr 2020 14:52:44 +0000 https://kurir.mk/?p=332733

Лисета Форнари од Италија, која преживеала две светски војни и три епидемии, денеска наполни 109 години, во строга изолација, чувајќи се од вирусот Ковид-19. Лисета, која е родена на 15 април 1911 година, како шестгодишно дете заболела од шпанска треска, но се излекувала, а сега е во изолација за да се заштити од новиот вирус, пишува италијанскиот весник „Република“. Таа вели дека во текот на Втората светска војна „барем имало меѓучовечки односи, а не како сега“ кога е изолирана и не е во можност да ја користи технологијата за да комуницира, но изразува надеж дека 110.роденден ќе го прослави со забава. Нејзината тајна за долговечност се лесни оброци со чаша вино, без цигари и стрес, но и со став дека секој ден е како подарок. Италија е една од најтешко погодените земји од пандемијата на Ковид-19 од која досега во земјата починаа повеќе од 21.000 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanka-napolnila-109-godini-gi-preziveala-dvete-svetski-vojni-dve-epidemii-a-go-prezivea-i-koronavirusot/feed/ 0