годишен извештај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Apr 2021 08:15:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png годишен извештај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Амнести Интернешнл за Македонија: Загрижува неказнивоста, говорот на омраза и дискриминацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amnesti-interneshnl-za-makedonija-zagrizuva-nekaznivosta-govorot-na-omraza-i-diskriminacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amnesti-interneshnl-za-makedonija-zagrizuva-nekaznivosta-govorot-na-omraza-i-diskriminacijata/#respond Wed, 07 Apr 2021 08:15:12 +0000 https://kurir.mk/?p=493505

Годишниот извештај на Амнести Интернешнл за состојбата со човековите права во 2020 забележува влошување речиси секаде во светот, во Македонија се посебно погодени жените, припадниците на ромската заедница и други маргинализирани групи како ЛГБТИ. -И покрај спроведувањето на реформите што ги бара Европската Комисија, ситуацијата останува загрижувачка ситуација во повеќе области: неказнивоста, говорот на омраза и дискриминацијата кон жените и Ромите како и кон ЛГБТИ лицата. Оваа година повторно бегалци и мигранти беа нелегално задржувани и протерани на сила, алармира Амнести Интернешнл во делот за Македонија. Извештајот потсетува која е состојбата откако во земјата беше прогласена вонредна состојба лани од средина на март до изборите во јули, како и полицискиот час, но оцени дека забраната за верски собири беше применета на селективен начин. Амнести истакнува дека Македонија го скрати буџетот за невладиниот сектор за 525 илјади евра, со што ја загрози способноста на овие организации да обезбедат есенцијални услуги во услови на криза. Што се однесува до судството, организацијата е критична кон фактот што судовите не работеле минимално, а нема напредок во судските процедури поврзани за прекршување на рестрикциите за Ковид-19. Дискриминацијата базирана на етничката, верската, родовата припадност и сексуалната ориентација не само што останува проблем во Македонија, туку и се влошила со пандемијата. -Припадниците на албанската заедница беа често мета на говор на омраза и дезинформација на социјалните мрежи, нагласува Амнести Интернешнл, повикувајќи се на податоците на Хелсиншкиот комитет за човекови права кој констатирал зголемување од 80 отсто на исламофобичниот говор на омраза пред изборите во јули, поднесени се пет тужби во текот на тој месец за поттикнување омраза. Ромите се исто така силно погодени од дискриминација во земјата, посебно во делот на пристапот до финансиска помош за време на пандемијата, најранливите лица можеле да сметаат пред сѐ на невладините организации и некои локални власти за хуманитарни пакети. Се потсетува и на случајот со деветте ромски музичари кои на враќање од турнеја во Италија биле однесени во касарна за карантин, додека другите двесте лица кои патувале со нив добиле дозвола за домашен карантин. Жените и натаму остануваат ранлива категорија во Македонија посебно на работното место за време на пандемијата. -Одговорните не преземаа мерки за да им помогнат на родителите кои работат да се справат со последиците од пандемијата. Жените беа посебно погодени, а на некои им беше нелегално задржан дел од платата кога отсуствуваа од работа. Амнести се осврнува и на текстилната индустрија каде жените се соочиле со закани за бркање од работа, закани дека нема да им се обнови договорот за работа, и текстилни работнички присилени да одат на работа за викенд во Штип за време на полицискиот час. Владата на Северна Македонија не ги имплементирала целосно ниту препораките за заштита на жените и децата жртви на насилство. Лицата припадници на ЛГБТИ заедницата се исто така споменати во извештајот. Иако законот за заштита од дискриминација е вратен на сила во октомври, Амнести оценува дека не е гарантирана независноста на Комисијата за заштита од дискриминација. Се потсетува и на нападот врз претседателот на ЛГБТ организацијата во Тетово во август. Жените Ромки се двојно погодени од дискриминација во државата и се посветува посебно внимание на случајот на жена Ромка која починала на крајот на бременоста за време на операција на отстранување на нејзиниот фетус, кој исто така починал. Неа претходно два пати и бил забранет пристап до болницата во Охрид и покрај болките и температурата, а кога конечно била однесена во болница во Скопје, чекала шест часа пред да ги добие резултатите од коронавирус. Шест други жени со ромско потекло биле нелегално избркани од својот дом во Скопје во 2016 додека биле бремени, Обединетите нации бараат од Македонија да им исплати отштета на овие жени, што сѐ уште не е сторено, потсетува Амнести. Се критикува фактот што државните центри за сексуално и репродуктивно здравје не можеле да ги понудат вообичаените услуги за време на пандемијата, а случаите со жените во тешки ситуации ги преземала невладината ХЕРА. Конечно Македонија потфрлила и во делот на правата на бегалците и мигрантите, смета организацијата за човекови права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amnesti-interneshnl-za-makedonija-zagrizuva-nekaznivosta-govorot-na-omraza-i-diskriminacijata/feed/ 0
Стејт департменот го објави годишниот извештај за тероризам во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-departmenot-go-objavi-godishniot-izveshtaj-za-terorizam-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-departmenot-go-objavi-godishniot-izveshtaj-za-terorizam-vo-svetot/#respond Wed, 24 Jun 2020 19:41:01 +0000 https://kurir.mk/?p=362415

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Стејт департментот го претстави годишниот изештај за проблемите со териризмот во светот за 2019 година. Извештајот дава анализи и информации поврзани со тероризмот за секоја земја одделно. Помпео, на брифинг за новинарите, се осврна на успесите на САД во борбата со терористичките групи на Блискиот исток, и се задржа на ситуацијата во Венецуела. Тој повторно ја истакна нелегитимноста на режимот на Мадуро. Ја подвлече и деструктивната улога на Иран и мерките за зауздување на техеранскиот режим применувани од страна на меѓународната заедница. Но, истакна тој, САД се спремни да дејствуваат еднострано ако тоа го налага ситуацијата. За новите санкции против Иран рече дека меѓународната заедница ќе ја разбере нивната важност. За Либан, Помпео истакна дека владата на таа земја смогнува сили и способност да се спротивстави на Хезболах и затоа може да смета на поддршка од САД. Околу односите меѓу Израел и Палестина, државниот секретар го искритикува раководството на Палестинците кое блокира секакви напори од САД за воспоставување дијалог меѓу страните. Натан Сејлс, раководител на контратерористичкиот оддел во Стејт департментот, на брифингот истакна дека САД и партнерите постигнале големи успеси на планот на борбата со меѓународните терористички организации. Така, изјави тој, САД и меѓународната коалиција за борба со Исламската држава лани во март заврши со уништувањето на таканаречениот „калифат“ во Ирак и Сирија. Од Стејт департментот укажаа на низа клучни успеси во борбата со тероризмот. Како на пример ликвидацијата на лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади лани во октомври. Во април 2019 година САД ја признаа за терористичка милитантната организација Бригади на стражите на Исланската револуција во Иран, вклучително и нејзиниот елитен оддел „Кудс“. Во извештајот се истакнуваат напорите на САД за решение на новите и тековните проблеми како репатријација на странските исламски џихадисти, посебно во Западна Европа; раширувањето на ограноците на ИД во Африка; терористичките закани на расна или национална почв, радикалните групи и организации кои прокламираат супремација на белата раса. Во делот за Северна Македонија извештајот ja нотира соработката на нашата земја во контратерористичките напори на САД како член на Глобалната коалиција за пораз на ИД. Во извештојот се истакнува дека главната терористичка закана за Северна Македонија е „вратените странските терористички борци од Сирија и Ирак“. -Властите на Северна Македонија оценуваат дека во земјата постои присуство на членови и симпатизери на ИД, се вели во документот. Националниот Комитет за екстремистички и терористички противдејства оценува дека 156 државјани на Северна Македонија се придружиле на терористички групи од Сирија и Ирак. Од вкупниот број, 36 биле убиени, 37 останале а 83 се вратиле во Северна Македонија. Се наведува дека властите на нашата земја имаат информации за неутврден број на членови на семејства на џихадисти кои живеат во бегалски кампови во Сирија. Извештајот исто така истакнува дека Северна Македонија има адекватна правна рамка за прогон на индивидуи и групи осомничени за вршење или помагање на терористички активности или учество во војни во други земји. Сепак, се укажува дека предизвик се благите казни за прекршоци поврзани со тероризам. За Косово, во извештајот се вели дека Владата на лани извршила репотријација на четворица осомничени џихадисти и вратила 106 членови на семејства на џихадисти во Косово. Потоа, се истакнува пресудата од приштински суд за шестмина обвинети за планирање терористички напади во Косово, Албанија, Белгија, Франција и Северна Македонија, вклучувајќи и самоубиствени напади против војници на КФОР, во ноќни клубови и во српски православни цркви. Првообвинетиот добил казна затвор од десет години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-departmenot-go-objavi-godishniot-izveshtaj-za-terorizam-vo-svetot/feed/ 0