годишен одмор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Jul 2022 13:06:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png годишен одмор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Колку време би требало да трае идеалното летување? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-vreme-bi-trebalo-da-trae-idealnoto-letuvanje-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-vreme-bi-trebalo-da-trae-idealnoto-letuvanje-2/#respond Wed, 20 Jul 2022 14:01:55 +0000 https://kurir.mk/?p=707952

Иако се чувствувате дека би можеле да бидете на одмор засекогаш, всушност постои одреден број на денови кој е идеален за вашето здравје. Седум до 11 дена е идеално траење на годишниот одмор. Истражувачите од финскиот Универзитет во Тампери соопштија дека оваа должина на одмор одговара на нивото на работниот стрес со кој тргнувате на пат. Ако бидете на одмор кој трае ден или два немате доволно време да се исклучите од работниот режим. Ако одите на две недели или подолго ќе почнете да се грижите за работата и обврските кои биле завршени додека сте отсутни. -Одморите преставуваат најдолг период на отстуство од работа и со самото тоа се сјајна прилика да се релаксирате на вистински начин. Нашите резултати покажуваат дека летувањето се подобрува општата здравствена состојба и оти идеално траење е 8 дена, се вели во заклучокот од студијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-vreme-bi-trebalo-da-trae-idealnoto-letuvanje-2/feed/ 0
ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ГОРИ: Владата потврди дека Заев е на одмор до 12 август, одмораат и дел од министрите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-makedonija-gori-vladata-potvrdi-deka-zaev-e-na-odmor-do-12-avgust-odmoraat-i-del-od-ministrite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-makedonija-gori-vladata-potvrdi-deka-zaev-e-na-odmor-do-12-avgust-odmoraat-i-del-od-ministrite/#respond Fri, 06 Aug 2021 09:43:50 +0000 https://kurir.mk/?p=547103

Додека во цела Македонија беснеат пожари, премиерот Зоран Заев и дел од министрите се на одмор. Откако во медиумите и на социјалните мрежи почнаа да се објавуваат фотографии од владините функционери кои одмораат на плажи смеејќи се во друштво, од Владата излегоа со соопштение дека во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор. -Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки. Согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно, информираат од Владата. Оттаму додаваат дека овие денови теренската координација е обезбедена од страна на првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство Арjанит Хоџа, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација Шакири и Бајдевски, министерката и заменик министерот за образование Царовска и Шабани, заменик министерот за внатрешни работи Буши, заменичката министерка за животна средина Оџаклиеска, заменикот министер за труд и социјала Енвер Хусин, заменикот министер за здравство Илир Хасани, заменик министерот за правда Нухиу. -Премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции, велат од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-makedonija-gori-vladata-potvrdi-deka-zaev-e-na-odmor-do-12-avgust-odmoraat-i-del-od-ministrite/feed/ 0
Д-р Беќаровски: И оваа година нема одење на одмор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-bekjarovski-i-ovaa-godina-nema-odenje-na-odmor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-bekjarovski-i-ovaa-godina-nema-odenje-na-odmor/#respond Thu, 25 Mar 2021 13:37:42 +0000 https://kurir.mk/?p=487623

И ова лето нема да има одење на годишен одмор, изјави токсикологот д-р Нико Беќаровски во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24. Тој истакна дека новиот пик се очекува од 7 до 10 април. -Сега кога тестираме, се чудиме кога ќе добиеме негативен резултат. Порано бевме уплашени кога ќе добивме позитивен резултат, а сега сме изненадени ако тестот е негативен, па велиме да не е грешка, нека се повтори тестот за два-три дена, вели д-р Беќаровски. Според него, брзите тестови е добро што се прават, но пациентите не треба да форсираат веднаш да ги прават, ако биле во контакт со заразено лице. -Брзиот тест е релевантен ако се појават симптоми. Не треба да се тестира некој ведаш ако бил во контакт со заразен, треба да се почека три до пет дена за се развијат симптоми и тогаш да се тестира, зошто ќе добие лажно негативен тест, изјави д-р Беќаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-bekjarovski-i-ovaa-godina-nema-odenje-na-odmor/feed/ 0
Докторите одат на Уставен: Бараат оценување на уставноста на забрана за користење годишни одмори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktorite-odat-na-ustaven-baraat-ocenuvanje-na-ustavnosta-na-zabrana-za-koristenje-godishni-odmori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktorite-odat-na-ustaven-baraat-ocenuvanje-na-ustavnosta-na-zabrana-za-koristenje-godishni-odmori/#respond Sat, 20 Mar 2021 08:39:07 +0000 https://kurir.mk/?p=485073

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари оди на Уставен суд. Во документот кој го објавија и на Фејсбук е наведено дека покренуваат иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на подзаконски правен акт. Бараат да се оцени уставноста на владината одлука со која „Се забранува користење на годишни одмори, платени и неплатени отсуства од сите вработени лица во здравствениот сектор“. Од АСМЛ посочуваат дека срамота е тоа што некои лекари се оставени без одмор во пандемија што трае над 1 година, а тие се први на удар, додека други се позаслужни граѓани. -Срамота е што лекари дежураат без пари во сред пандемија, што немаат здравствено и социјално осигурување а пратениците си земаат плата и надоместоци и не одат да изгласаат промена на таквата состојба. Срамота е што лекари акумулираат функции и што молчат за неправдата кон лекарите. Срамота е што нашата Лекарска Комора не ги заштити матичните лекари. Дури ниту се заложи за нивна заштитна опрема. Срамота е што колеги работат против колеги, а уште посрамота е што работат и против медицината базирана на докази и никој не сносува одговорност. Срамота е што немаме вакцини, ниту јасни протоколи, што нема клексани, што се трошат антибиотици како слатки. Срамота е што во 30 години независност немаме Клинички центар и централизирана терциерна заштита и едукација. Здравствениот систем мора да се реорганизира и мора да се вложи во него за да стане одржлив за сите, велат од АСМЛ. Министерот за здравство Венко Филипче вчера истакна дека нема барања за користење на годишни одмори од здравствените работници. -Точно е дека препораката е да не се користат годишни одмори, но навистина здравствени работници се свесни и совесни во својата работа и практично барање за годишен одмор или за одмор, колку што сум информиран, и да нема. Тоа значи дека сите се целосно посветени на пациентите, сите се свесни и херојски ја извршуваат својата задача. Таму каде недостасува кадар се надополнува од други здравствени институции, посочи Филипче. Од Лекарската комора пред два дена ги повикуваа сите граѓани да ја препознаат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме предизвикана од ширењето на Ковид-19 и со заеднички придонес и делување да им помогнат на лекарите во борбата за заштита на индивидуалното и колективно здравје, бидејќи тоа е единствениот начин да се спречи понатамошното ширење на вирусот и да се избегне колапс на здравствениот систем. – Паралелно растат и бројките на пациенти кои поради сериозноста на здравствената состојба и компликациите предизвикани од Ковид-19 имаат потреба од болничко лекување. Капацитетите на болниците речиси се исполнети, секојдневно бараме дополнителен кревет за згрижување на тешко болните. Голем проблем за одржливоста на здравствениот систем претставува и намалувањето на бројот на активни здравствени работници, бидејќи и меѓу нив расте бројот на заразени и на оние кои се во самоизолација, а дополнително е и тоа што се соочуваме и со премореност, бидејќи епидемијата трае многу долго. Голем дел од кадарот кој работи во ковид – центрите одамна не работи по систем на ротации, а многу здравствени работници немаат користено годишен одмор. Во услови на намален број на здравствени работници и непостоење на начин за кратко време тој да се зголеми станува јасно дека помал број на лекари, медицински сестри и болничари треба да се грижат за значително поголемиот број пациенти што неминовно влијае на квалитетот на здравствената нега која се добива, истакнуваат од Лекарската комора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktorite-odat-na-ustaven-baraat-ocenuvanje-na-ustavnosta-na-zabrana-za-koristenje-godishni-odmori/feed/ 0
Конте: Интер сè уште не е подготвен да замине на годишен одмор https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/konte-inter-se-ushte-ne-e-podgotven-da-zamine-na-godishen-odmor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/konte-inter-se-ushte-ne-e-podgotven-da-zamine-na-godishen-odmor/#respond Thu, 06 Aug 2020 08:50:48 +0000 https://kurir.mk/?p=387034

Тренерот на Интер, Антонио Конте ги изнесе своите впечатоци по синоќешната победа од 2:0 над Хетафе во осминафиналето од Лигата на Европа. – Многу добро знаевме какви проблеми може да донесе овој дуел. Хетафе започна добро. На почетокот на мечот тие беа посилни, но ние ја презедовме играта во свои раце и почнавме да играме со „пас“. Очекувавме дека ќе има „валкана“ игра, не се плашевме да влеземе во борба. Ова е одличен знак, бидејќи решеноста да се бориме за секоја топка понекогаш недостасуваше во текот на сезоната, изјави Конте за „Скај Спорт Италија“. Предводникот на Интер е задоволен од пласманот во четвртфиналето. – Да поминете понатаму е исто така шанса да стекнете искуство. Задоволен сум од настапот на тимот. Можеа да победат уште подобри. Лукаку постигна одличен гол, му требаше извесно време да влезе во ритам. Драго ми е што момците покажаа дека сакаат да продолжат и сè уште не се подготвени да одат на одмор, додаде Конте. Во четвртфиналето Интер ќе игра со поуспешниот од средбата Баер Леверкузен – Глазгов Ренџерс. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/konte-inter-se-ushte-ne-e-podgotven-da-zamine-na-godishen-odmor/feed/ 0
Евростат: 57,5 проценти од македонските државјани не можат да си дозволат годишен одмор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/evrostat-57-5-procenti-od-makedonskite-drzavjani-ne-mozat-da-si-dozvolat-godishen-odmor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/evrostat-57-5-procenti-od-makedonskite-drzavjani-ne-mozat-da-si-dozvolat-godishen-odmor/#respond Mon, 20 Jul 2020 08:37:54 +0000 https://kurir.mk/?p=378599

Околу 29 проценти од жителите на земјите членки на ЕУ на возраст над 16 години не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор надвор од својот дом во 2019 година, покажуваат податоците на Евростат. Кај нас во 2018 година, за кога последно има податоци на Евростат, 57,5 проценти од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор. Во Европа, исто така, овој процент од 2010 година полека се намалува, кога 39 отсто од Европејците не можеле да си дозволат одмор. Меѓу земјите членки на ЕУ Романија има највисок процент – 54 отсто од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор минатата година, по што следат жителите на Грција – 49 проценти, Хрватска – 48, Кипар – 45 и Италија – 44 проценти. На другиот крај од скалата, само 10 проценти од жителите на Шведска не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор, по што следат Данска и Луксембург – 11 отсто, Финска – 12, Германија и Австрија – по 13 проценти. Споредено со 2010 година, процентот на луѓе кои не може да си дозволат еднонеделен одмор надвор од својот дома секоја година бележи намалување во сите земји членки на ЕУ, со исклучок на Италија и Грција, каде е регистрирано зголемување од 4 и 3 проценти. Најголемо намалување е регистрирано во Летонија – 35 проценти, Малта – 30 проценти, Бугарија и Полска по 27 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/evrostat-57-5-procenti-od-makedonskite-drzavjani-ne-mozat-da-si-dozvolat-godishen-odmor/feed/ 0
Проверувајте си ги сметките: Колку пари треба да земете К-15 оваа година? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proveruvajte-si-gi-smetkite-kolku-pari-treba-da-zemete-k-15-ovaa-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proveruvajte-si-gi-smetkite-kolku-pari-treba-da-zemete-k-15-ovaa-godina/#respond Fri, 22 Nov 2019 10:01:24 +0000 https://kurir.mk/?p=267540

Регресот за годишен одмор или познат како К-15 е задолжителен и оваа година. Оваа 2019-та година до крајот на декември, на сметките на вработените треба да легнат минимални 9.610 денари. Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари.  Услов кој треба да се исполни за  регресот за годишен одмор е  работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината. За работодавците кои нема да дадат К-15 следат големи казни, до 4.000 евра. Истото важи и за оние кои ќе дадат К-15 па ќе го побараат назад од вработените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proveruvajte-si-gi-smetkite-kolku-pari-treba-da-zemete-k-15-ovaa-godina/feed/ 0
Колку време би требало да трае идеалното летување? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kolku-vreme-bi-trebalo-da-trae-idealnoto-letuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kolku-vreme-bi-trebalo-da-trae-idealnoto-letuvanje/#respond Mon, 30 Jul 2018 06:47:02 +0000 https://kurir.mk/?p=81667

Иако се чувствувате дека би можеле да бидете на одмор засекогаш, всушност постои одреден број на денови кој е идеален за вашето здравје. Седум до 11 дена е идеално траење на годишниот одмор. Истражувачите од финскиот Универзитет во Тампери соопштија дека оваа должина на одмор одговара на нивото на работниот стрес со кој тргнувате на пат. Ако бидете на одмор кој трае ден или два немате доволно време да се исклучите од работниот режим. Ако одите на две недели или подолго ќе почнете да се грижите за работата и обврските кои биле завршени додека сте отсутни. -Одморите преставуваат најдолг период на отстуство од работа и со самото тоа се сјајна прилика да се релаксирате на вистински начин. Нашите резултати покажуваат дека летувањето се подобрува општата здравствена состојба и оти идеално траење е 8 дена, се вели во заклучокот од студијата.]]>

Иако се чувствувате дека би можеле да бидете на одмор засекогаш, всушност постои одреден број на денови кој е идеален за вашето здравје. Седум до 11 дена е идеално траење на годишниот одмор. Истражувачите од финскиот Универзитет во Тампери соопштија дека оваа должина на одмор одговара на нивото на работниот стрес со кој тргнувате на пат. Ако бидете на одмор кој трае ден или два немате доволно време да се исклучите од работниот режим. Ако одите на две недели или подолго ќе почнете да се грижите за работата и обврските кои биле завршени додека сте отсутни. -Одморите преставуваат најдолг период на отстуство од работа и со самото тоа се сјајна прилика да се релаксирате на вистински начин. Нашите резултати покажуваат дека летувањето се подобрува општата здравствена состојба и оти идеално траење е 8 дена, се вели во заклучокот од студијата.]]>
https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kolku-vreme-bi-trebalo-da-trae-idealnoto-letuvanje/feed/ 0
Колку денови платен годишен одмор му следуваат на секој работник според законот? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-denovi-platen-godishen-odmor-mu-sleduvaat-na-sekoj-rabotnik-spored-zakonot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-denovi-platen-godishen-odmor-mu-sleduvaat-na-sekoj-rabotnik-spored-zakonot/#respond Mon, 16 Jul 2018 12:06:14 +0000 https://kurir.mk/?p=77369

Согласно Законот за работни односи, секој работник има право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена. Законот предвидува годишниот одмор да се користи во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се користи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година. Важно е да се напомене дека во годишниот одмор не се пресметуваат: празниците, саботите и неделите, отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа. Хонорарарците и другите нетипични видови на вработувања не се предвидени со Законот за работни односи, но морална обврска на менаџментот кој ги користи услугите на оваа група работници е да им овозможи еднаков третман во однос на користењето на одморите со другите вработени. Законот предвидува прекршочка одговорност на сите работодавачи кои ќе ги прекршат одредбите недавајќи им одмор на своите работници. Секое користење на годишен одмор треба да биде однапред утврдено со план за одмори и секако писмено да добиете документ за користење на годишен одмор- потпишан од работодавецот и од вас како вработени. Доколку според работните обврски мора да работите за празник работодавецот е должен да ви исплати празнична дневница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-denovi-platen-godishen-odmor-mu-sleduvaat-na-sekoj-rabotnik-spored-zakonot/feed/ 0