годишен план – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 01 Feb 2020 14:48:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png годишен план – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стаменковска Стојковски: 550 институции немаат годишен план за вработување за 2019 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-550-institucii-nemaat-godishen-plan-za-vrabotuvanje-za-2019/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-550-institucii-nemaat-godishen-plan-za-vrabotuvanje-za-2019/#respond Sat, 01 Feb 2020 12:42:15 +0000 https://kurir.mk/?p=297902

Согласно официјалната евиденција во Министерството за информатичко општество и администрација, 550 институции немаат годишен план за вработување за 2019 година или имаат негативно мислење за поднесениот годишен план за 2019 година и согласно член 20-б став 9 од Законот за вработени во јавниот сектор, институциите не можат да спроведат постапка за вработување на неопределено работно време, објави дополнителниот заменик министер за информатичко општество, Невенка Стаменковска Стојковски. Одвоивме неколку институции кои немаат годишен план за вработување за 2019 година или имаат негативно мислење за поднесениот годишен план за 2019 година, дел од нив се: - Министерство за надворешни работи - Министерство за транспорт и врски - Управа за водење на матичните книги - Државен Инспекторат за Животна Средина - Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги - Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа - Македонски Брод - Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид - ЈУ Специјален завод Демир Капија Демир Капија - ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гостивар - ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Македонија - Министерство за правда - Биро за судски вештачења - Централен регистар на Република Македонија - ЈЗУ Центар за јавно здравје п.о.Струмица, Кочани, Штип, Прилеп, Куманово, Велес, Битола, Скопје, Тетово - Оштина Пехчево, Босилово, Градско, Шуто Оризари, Конче, Гази Баба - ЈЗУ Општа болница Кавадарци, Велес, Струмица, Битола и други. Во дел од овие институции се спроведени постапки за вработување на неопределено работно време, истите не се во согласност со ЗВЈС, но под чудни околности имаат обезбедено согласност од Министерство за финансии, пишува Стаменковска Стојковски. Во прилог и еден пример за изигрување на законите и масовна партизација. ЈЗУ Општа болница, од страна на Министерство за финансии добива Известување (согласност) за обезбедени финансиски средства за вработување на 45лица на неопределено време, преку Фонд за здравствено осигурување. Министерство за финансии, Известувањето (согласност) за обезбедени финансиски средства за вработување го издаваат врз основа на член 51 од Законот за буџетите, без да внимава дали Општата болница има план за вработување со потребните согласности. Вработувањето во Општата болница се спроведува преку Агенција за вработување а врз основа на Закон за работните односи во кој никој нема обврска да условува со годишен план за вработување. Неконтролираното вработување е вообичаена работа на институциите и поради фактот што никој не врши надзор над примена на ЗАС и ЗВЈС. Со само еден пример може да се откријат илјадници „невидливи“ вработувања кои служат за поткуп и задоволување на партиските активисти, вели Стаменковска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-550-institucii-nemaat-godishen-plan-za-vrabotuvanje-za-2019/feed/ 0
Ивановска: Судиите и јавните обвинители дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-sudiite-i-javnite-obviniteli-del-od-godishniot-plan-za-sledenje-na-imotnata-sostojba-i-sudirot-na-interesi-za-2020/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-sudiite-i-javnite-obviniteli-del-od-godishniot-plan-za-sledenje-na-imotnata-sostojba-i-sudirot-na-interesi-za-2020/#respond Mon, 16 Dec 2019 09:04:31 +0000 https://kurir.mk/?p=278087

Поготовката на Националната стратегија врз основа на анализата на ризици е во тек. Согласно утврдените ризици во анализата, правосудството е оценето како столб со висок ризик од коруптивни и други влијанија, па оттаму носителите на функции од овој столб (судиите и јавните обвинители) ќе бидат  дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година. Ова е одговорот од претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана  Ивановска на прашањето денеска од МИА за повикот што вчера од трибината „На прав пат“ во Скопје го упати премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев до ДКСК да отвори постапки за проверка на имотот на судиите и обвинителите, а УЈП, Катастарот, Централниот регистар, МВР и Финансиската полиција уште овој месец да почнат проверки на имотот на судии, обвинители и членови на нивните семејства. Таа повтори дека ДКСК веќе има изградено став по тоа прашање и согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси усвојува Годишен план за наредна година, за следење на имотна состојба и судир на интереси, врз основа на извршена анализа и проценка на ризици од корупција во одредени области, што е и основа за изготување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Годишниот план ќе се утврди и ќе се спроведе  врз основа на законските надлежности, а согласно расположливите човечки и  материјално – технички капацитети на Државната комисија. Законските надлежности на Државната комисија во делот на  следењето на имотната состојба се спроведуваат преку проверка на вистинитоста на податоците внесени во анкетните листови, како и испитување на имотната состојба доколку има основано сомневање дека имотот на лицето е несразмерно зголемен во споредба со неговите редовни примања и примањата на членовите на неговото семејство. Во делот на следењето на состојбата на судирот на интереси, Државната комисија ги проверува податоците од изјавите за интереси кои се однесуваат на работни места, членство во управни и надзорни одбори, здруженија на граѓани и фондации и други податоци кои се однесуваат на  избраните и именуваните лица и членовите на нивните семејства. – Испитувањето на имотната состојба, е нова надлежност на Државната комисија, за чие спроведување  потребно е зајакнување на постојните човечки и  материјално – технички услови и  вклучување на други истражни органи, појаснуваат од ДКСК. Имајќи ја предвид искажаната подготвеност на премиерот за ставање на располагање на сите капацитети на извршната власт за ефикасно спроведување на постапките за испитување на имотната состојба, Државната комисија смета дека е неопходна  координација на сите надлежни институции, но врз основа на конкретни задолжувања од страна на Владата на Република Македонија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-sudiite-i-javnite-obviniteli-del-od-godishniot-plan-za-sledenje-na-imotnata-sostojba-i-sudirot-na-interesi-za-2020/feed/ 0