годишна даночна пријава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 May 2023 13:06:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png годишна даночна пријава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УЈП: Рокот за потврда или корекција на годишната даночна пријава за 2022 година е 31 мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ujp-rokot-za-potvrda-ili-korektsija-na-godishnata-danochna-prijava-za-2022-godina-e-31-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ujp-rokot-za-potvrda-ili-korektsija-na-godishnata-danochna-prijava-za-2022-godina-e-31-maj/#respond Tue, 09 May 2023 13:06:05 +0000 https://kurir.mk/?p=832229

Граѓаните треба да извршат увид во Годишните даночни пријави за 2022 година што Управата за јавни приходи ги постави на корисничките профили во „е-Персонален данок“, за вкупниот доход кој го оствариле во текот 2022 година. УЈП соопшти дека секој кој е регистриран на системот „е- Персонален данок“ е должен на својот кориснички профил да ја прегледа Годишната даночна пријава за 2022 година и да ја потврди доколку се согласува со податоците содржани во неа, или пак да ја коригира доколку смета дека податоците не се точни. Посочуваат дека рокот за потврда или корекција на даночната пријава е 31 мај 2023 година и потенцираат дека по истекот на законскиот рок потврдените пријави и пријавите кои ниту биле потврдени, ниту коригирани ќе се сметаат за конечни и ќе добијат таков статус, додека по коригираните даночни пријави ќе се одлучува во рок од 60 дена. -Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2022 година. Кај обврзниците во чија ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по добивањето на конечниот статус на ГДП (по 31 мај 2023), ќе се изгенерира налог за доплата , кој се наоѓа во самата даночна пријава, а кај обврзниците во чија ГДП се појавува повеќе платен данок, може да искажат барање за враќање на данокот во самата пријава, соопштија од УЈП. Апелираат до граѓаните кои оствариле доход во земјата и странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ujp-rokot-za-potvrda-ili-korektsija-na-godishnata-danochna-prijava-za-2022-godina-e-31-maj/feed/ 0
Се бара решение за регистрацијата на пензионерите во УЈП за годишната даночна пријава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-bara-reshenie-za-registracijata-na-penzionerite-vo-ujp-za-godishnata-danochna-prijava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-bara-reshenie-za-registracijata-na-penzionerite-vo-ujp-za-godishnata-danochna-prijava/#respond Tue, 30 Oct 2018 15:45:47 +0000 https://kurir.mk/?p=121485

Во Управата за јавни приходи се бара решение за пензионерите во однос на системот за регистрација за годишните даночни пријави. Министерот за финансии Драган Тевдовски поддржува решние тие да не се пријавуваат туку по административен пат да се добиваат податоците. – Наша интенција, а пред се тоа е работа на УЈП, каде веќе работат на изнаоѓање едно решение со што ќе се овозможи пензионерите практично да не поднесуваат пријави, туку по административен пат да се добиваат податоците. Лично го поддржувам тоа, но треба технички да се заврши во УЈП пред да биде јавно кажано, истакна министерот. Тевдовски смета дека не се во право пратениците од опозицијата, кои денеска во расправата по предложениот ребаланс на буџетот за 2018 година побараа оставка од министерот. – Не се во право бидејќи ние се соочивме со една финансиска нестабилна состојба и слаба ликвидност, со натрупани обврски со неизмирени обврски што почнавме да ги намалуваме. Јавниот долг како процент од БДП е намален, во вториот квартал има раст што се должи пред се на приватната активност, растат странските инвестиции кои се двојно поголеми од просекот на претходните години. Обезбедуваме раст што првпат по многу години е придвижен од приватниот сектор и тоа е добро и здраво за економијата, а не се должи на државни интервенции во нешто што не е потребно како споменици и фасади, изјави министерот Тевдовски одговорајќи на новинарски прашања на свеченоста  по повод Денот на штедењето. Опозицијата на денешниот втор ден од расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за 2018 година побара оставка од минситерот поради лошите перформанси во економијата. Во врска со извештајот објавен од Меѓународниот монетарен фонд за фискалната транспареност, рече дека тоа е нешто што е побарано од Министерството за финансии и Владата. – Досега такво нешто не било барано. Сакавме институција што е кредибилна да влезе целосно да ја анализира транспарентноста и практично да ни покаже што се следни чекори за во иднина. Бидејќи во моментов и ММФ и СБ сериозно признаваат што е сработено во поглед на траспарентноста во последната 1,5 година. За се што се боревме кога бевме опозиција, а остануваат и некои важни работи што треба да ги направиме до крајот на годината и следната година, но извештајот на ММФ е пред се како една роуд мапа што треба да ни покаже каде треба да се движиме во следните години, изјави министерот. Тој додаде дека за целосна транспарентност целиот извештај е објавен на веб страницата на Министерството за финансии, за да се прави притисок за наредните години Македонија да се движи по најдобрите светски пракси. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-bara-reshenie-za-registracijata-na-penzionerite-vo-ujp-za-godishnata-danochna-prijava/feed/ 0