годишна конференција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Dec 2020 12:01:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png годишна конференција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Путин: Ќе се вакцинирам, руската вакцина штити 97 проценти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-kje-se-vakciniram-ruskata-vakcina-shtiti-97-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-kje-se-vakciniram-ruskata-vakcina-shtiti-97-procenti/#respond Thu, 17 Dec 2020 12:01:47 +0000 https://kurir.mk/?p=444642

Ефикасноста на руската вакцина Спутник V против коронавирусот достигнува 97 отсто, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин и вети дека ќе се вакцинира. – Русија е првата земја во светот што создаде и почна да произведува вакцина. И имаме добра вакцина, безбедна и ефикасна – 95 и повеќе проценти, а експертите велат дека нивото на нејзина заштита достигнува 96-97 проценти, рече Путин на годишната прес-конференција. Тој изрази убеденост дека масовната вакцинација е неопходна бидејќи тоа е единственото нешто што создава имунитет на стадо. Путин рече дека сè уште не се вакцинирал, бидејќи вакцината сè уште не е одобрена за граѓани на негова возраст, но тој дефинитивно ќе го стори штом ќе може. Тој оцени дека рускиот здравствен систем се покажа како поефикасен во борбата против вирусот отколку во другите земји. – Ниту еден систем на светот не беше подготвен за тоа. Едноставно нема таков систем, рече Путин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-kje-se-vakciniram-ruskata-vakcina-shtiti-97-procenti/feed/ 0
Обраќање на Путин на годишната прес-конференција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obrakjanje-na-putin-na-godishnata-pres-konferencija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obrakjanje-na-putin-na-godishnata-pres-konferencija/#respond Thu, 17 Dec 2020 07:11:45 +0000 https://kurir.mk/?p=444401

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе се обрати на големата прес-конференција, која традиционално ја одржува на крајот на секоја година. Сепак, оваа година, поради пандемијата на коронавирусот, настанот ќе се одржи преку видео врска, јави агенцијата ТАСС. Вкупно 774 новинари беа акредитирани за конференцијата, а главните руски ТВ-канали резервираа три часа за да го емитуваат настанот. Домашните и странските новинари ќе бидат сместени во Меѓународниот трговски центар во Москва, а ќе бидат вкупно 237. Конференцијата ќе започне на пладне по московско време, а Путин ќе остане во својата резиденција во Ново-Огариово, каде што е поставен голем видео бим. Првата конференција се одржа во 2001 година и траеше 95 минути, а најдолгата беше во 2008 година, која траеше четири часа и 40 минути.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obrakjanje-na-putin-na-godishnata-pres-konferencija/feed/ 0
Мицкоски посведочи за признание на бизнисмен од кој власта барала мито во еден хотел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-posvedochi-za-priznanie-na-biznismen-od-koj-vlasta-barala-mito-vo-eden-hotel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-posvedochi-za-priznanie-na-biznismen-od-koj-vlasta-barala-mito-vo-eden-hotel/#respond Mon, 24 Dec 2018 10:28:05 +0000 https://kurir.mk/?p=144200

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната 27.Годишна конференција на Унијата на млади сили на партијата посочи пример во кој на бизнисмените им се бара тарифа за склучен договор. -Во разговоро со еден бизнисмен, од оправдани причини посака човекот да биде анонимен, но тој е еден од многуте во низата, ми призна. Вели мојата компанија учествуваше на еден државен тендер и го доби. Кога отидов да потпишам договор ме пречека еден фин господин, учтив и рече, влези во мојата канцеларија. Влегов и бев подготвен, рече да го потпишам договорот, но тој ми рече не, ова е добро ти што даде таква понуда каква што даде, добро е што го доби тендерот, но ќе мора да се обратиш и на друго место, од 5 до 15 проценти е тарифата, ресторанот сите го знаете каде е во Република Македонија ќе те чека човекот ќе се договорите. Е тогаш ќе се вратиш и ќе го потпишеме договорот. Значи освен исполнетите услови од институцијата за да добиете тендер треба да ги исполните и условите на овие од власта, а таму авантата игра најголема улога и тоа е најсилниот критериум. И затоа Македонија ќе е на 112то место на иднексот на корупција заедно со Етиопија и Танзанија и затоа корупцијата е на секое ниво, од најниско од највисоко. Овде не се важни критериумите за квалитет и цената туку авантата за овие од власта. Оние кои ќе дадат некакви ветувања, ќе се колнат и ќе бараат да им верувате, и подоцна ве лажат и изневеруваат, тие почитувани мои се наречени измамници, истакна Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-posvedochi-za-priznanie-na-biznismen-od-koj-vlasta-barala-mito-vo-eden-hotel/feed/ 0
Мицкоски: Тргнале во хуманизација на Заев кој прави нехумани дела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-trgnale-vo-humanizacija-na-zaev-koj-pravi-nehumani-dela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-trgnale-vo-humanizacija-na-zaev-koj-pravi-nehumani-dela/#respond Mon, 24 Dec 2018 10:23:17 +0000 https://kurir.mk/?p=144197

Не сум видел Нобеловец, ниту слушнал кој се претставува за миротворец, а јавно кажува дека ќе јаде живи луѓе и тепа луѓе што ќе го критикуваат него или неговото семејство за погрешните политики кои ги водат и пљачката која и ја прават на татковината. Не сум видел Нобеловец, а кој толку многу црнила направил за својата земја, истакна Мицкоски на вчерашната 27. годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека не видел Нобеловец до сега кој на видео се гледа таму пикнат во затемната и полузадимена канцеларија да бара мито од 200 илјади евра, и разработува шема како да се одвива авантата по принципот на Мирчо Свињарнико. -И еве гледам деновиве, го пуштија еден нивен коалиционен партнер и еден поранешен амбасадор кој иако сега ректор меѓу луѓето е познат по неформалните разговори дека  повеќе му одело како трговец со дипломатски недвижности, и овие тргнале по регионот да го промовират  Заев во кандидат за нобелова наградаЗначи спроведуваат операција со која сакаат да направат хуманизација на човек кој прави нехумани дела. Ова само ја потврдува пакоста која и ја прават на државата па тргнале Заев да го промовираат во миротворец.Не оди тоа така. Всушност имаме две слики, една розева пред камерите, разубавена со државните пари и тргувањето со влијание кои го прават владините структури, каде имаме лик како оној понизниот чирак од Македонските народни приказни кој има слух за се, подголтнува, попушта и мед му тече од устата, а втората е онаа реалната и се вика држава потоната во сиромаштија, криминал и корупција, истакна Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-trgnale-vo-humanizacija-na-zaev-koj-pravi-nehumani-dela/feed/ 0
Јаулески: Ќе ја победиме оваа тиранија што ги излажа младите, ќе ја преживееме оваа несреќа што ни се случи и ќе се избориме за иднината во која веруваме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jauleski-kje-ja-pobedime-ovaa-tiranija-shto-gi-izlaza-mladite-kje-ja-preziveeme-ovaa-nesrekja-shto-ni-se-sluchi-i-kje-se-izborime-za-idninata-vo-koja-veruvame/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jauleski-kje-ja-pobedime-ovaa-tiranija-shto-gi-izlaza-mladite-kje-ja-preziveeme-ovaa-nesrekja-shto-ni-se-sluchi-i-kje-se-izborime-za-idninata-vo-koja-veruvame/#respond Sun, 23 Dec 2018 21:25:21 +0000 https://kurir.mk/?p=144036

Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај“ – едноставните зборови на големиот великан на Македонската национална борба за самостојност кој починал на денешен ден, Даме Груев, денес болат повеќе од било кога друг пат. И потсетуваат дека време е, го почна своето обраќање ВД претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески на денешната 27 Годишна конференција на младината на партијата. -Многу премрежја, многу случувања, многу предизвици изминатава година. Ама и покрај сите вакви работи, 27 години опстоивме како УМС и сме се посилни! Неодамна починатиот великан во македонската култура Горан Стефановски во Диво Месо ќе напише: „Денес сè се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најевтино.” За жал, навистина видовме дека е така. Дека се што луѓето мислат дека нема цена всушност е најефтино. Но, сите мора едно да знаат. Да си дел од оваа младина, да си горд член на оваа организација градена од илјадници капацитетни прогресивци со желба за создавање иднина, почитувани мои сопартијци, верувајте нема цена, истакна тој. Јаулески посочи дека Унијата на млади сили покажа и докажа дека и покрај се, е подготвена да ги надмине сите предизвици. -Живееме во едно време кога на секој млад човек му е предизвик да се разбуди во новиот ден. Уште поголем предизвик е да го преживее денот. Да не не стигне некој залутан куршум од пријателите на Оливер Спасовски или да не ви излезе некој од автомобил додека си чекате со вашата девојка автобус, како што беше случај и со нашиот сопартиец и брат Саздо. Животот на граѓаните нема цена и ниту една желба за власт и комфор не смее да биде поважна од животот на младиот човек. Живееме во едно време каде што паметните се замолкнати од апаратот на власта и затворите се преполни со неистомислениците на СДСМ, будалите се најгласни убедувајќи не дека во државата тече мед и млеко, а над 500.000 граѓани живеат во беда и сиромаштија и уште толку едвај чекаат да се иселат, а за целото тоа време промискуитетните се богатат на грбот на граѓаните. Живееме во време кога животот кој требаше да биде донесен како нова надеж за иднината на генерациите кои што ја изгубија вербата во државата е заменет со систем кој нема никакви вредности, систем кој нема никаква иднина и систем кој е осуден на пропаст заедно со целата држава, нагласи Јаулески. ВД претседателот на УМС посочи дека од образованието кое го ветувале, СДСМ ги научиле само една животна лекција, а тоа е никогаш повеќе да не им веруваме на партија како СДСМ на која што нема слух за никого. -Не научија да ги препознаеме дека се најголеми лажговци и не научија зошто беа 10 години во опозиција и ќе бидат уште толку по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт. За жал, ќе бидам малку ироничен, за да се вработи некој млад и перспективен човек треба најпрвин да го посвои некој функционер на СДСМ, за дури потоа да биде вработен. Младинската гаранција која ја ветуваа за вработување за секој млад човек после завршување на образование, всушност изгледа за да ја реализираат успешно, чекаат да се иселат сите млади од државата и факултетите да бидат празни. Гаранција за вработувања имаат само децата на функционерите на СДСМ. И еве ќе речат Живееме! Далуѓе, живееме, ама како? Како да сме на некоја голема санта мраз што плови во непознат правец и секој ден станува се потенка и потенка. И еден ден ќе ја снема, а со неа и ние ќе потонеме. Секој ден се топиме и не снемува. Ние младите започнавме да живееме од вчера за денес, од денес за утре и така секој ден. Животот што дојде како да не е живот, туку пораз. Ве излажаа и вас и нас и сите останати. И за жал, ние сега живееме еден период на несреќа. Но не се откажуваме! Напротив, продолжуваме да работиме сите заедно, сплотени, да се вложиме и да ја надмнеме таа несреќа. Ќе се посетам на зборовите на големиот Иво Андриќ. „Ништо повеќе не ги зближува луѓето, од среќно преживеана несреќа.“, нагласи тој. Јаулески посочи дека младинскиот активизам нема повеќе простор и време да биде во исчекување да оваа влада на СДСМ нешто смени на подобро, отвори и да понуди  можности во Република Македонија. -Ние немаме повеќе време да бидеме глуви и неми посматрачи на уништувањето на нашата генерација оставајќи трајни последици по иднината на оваа држава. Ние немаме друг избор освен сите заедно, сплотени, и наши и ваши, Христијани и Муслимани, од сите градови,  од сите националности да се обединиме во борбата против оваа хунта од власт и да ја преживееме оваа несреќа која ни се случува во моментот и не води во пропаст. Свесен сум, почитувани пријатели, дека до пред година ипол не беше се идеално. Дека имаше и погрешни чекори и слаби решенија. Но, ние мораме да си признаеме самите себе си, дека, гласот на младите мора да биде слушнат. Секоја влада мора внимателно и со доза на страв да ги следи реакциите и мислењата на младите, студентите, средношколците и учениците. Ние мораме да пофалиме се што било добро претходно но и да признаеме се што било погрешно направено. Грешките ги воочивме и одлучни сме да примениме нови политики и решенија. Кога се работи за иднината на младите, сите одлуки мораме да ги носиме во консултација сите заедно. Покажувањето сила и надмоќ над авангардата на општеството – студентите, се покажа како лоша опција. Тоа нека биде порака до оваа Влада, рече ВД претседателот на УМС. Тој додаде дека сакаат перспектива, иднина, здраво општество со европски вредности кои ќе ги потсетуваат зошто се стремат да бидеме дел од европското семејство. -Во моментов сме угушени во смог во кој не можеме ниту да ја видиме перспективата, ниту да го најдеме патот за иднината, ниту пак гледаме пример на европски вредности од Владата. Ни претстои бурен период во кој ќе треба да застанеме рамо до рамо и да си ја вратиме иднината во наши раце. Иднина во која веруваме! Унијата на млади сили не ја прават поединци, ниту јас, ниту пак било кој сам. УМС ја правиме сите заедно кои веруваме во една иста и заедничка цел, која е нималку лична, туку е единствена, а тоа е иднината на оваа држава. УМС е секој оној кој мрзнел по улиците кога се бранеле интересите на државата и народот, УМС е секој оној кој ги брендирал улиците предизборно, УМС е секој оној кој славел на победите и плачел на поразите. УМС е секој оној кој се зачленил со чиста мисла и чесна намера, истакна Јаулески. Како што рече, во УМС каде што членуваат чесни деца, нема простор за нечесни игри. УМС е поголема од сите нас и така и ќе остане. -Нашата траекторија со актуелниот Претседател, кому би му честитал година дена дена од својот мандат, е проектирана. Претседателот Мицкоски покажа дека шансата ќе ја дава на млади луѓе во кои верува. Претседателските избори ќе бидат почеток на крајот на оваа несреќа која ја живееме заради СДСМ. Веднаш потоа ќе ги поразие на предвремени парламентарни избори. Нашата издржливост, упорност, помалку инат за штетните политики и искажаните лаги на СДСМ, нашиот пркос за подобра иднина треба да бидат мотивација за сите останати да си ја вратиме што побрзо државата кај граѓаните и ние да управуваме со нејзе така  како што знаеме, со темелна работа и врвни резултати. Верувајте, ќе победиме, дециден беше предводникот на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ. Јаулески вели дека ќе ја победат, како што рече, оваа тиранија што ги излажа младите, ќе ја преживееме оваа несреќа што ни се случи и ќе се избориме за иднината во која веруваме! -Немаме ниту време ниту пак уште еден живот за да седиме глуви и неми на сето ова што ни се случува. Секое враќање на власт на ВМРО-ДПМНЕ почнувало токму од УМС, така ќе биде и сега! Ќе победиме, затоа што за Македонија се работи, посочи Јаулески во својот говор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jauleski-kje-ja-pobedime-ovaa-tiranija-shto-gi-izlaza-mladite-kje-ja-preziveeme-ovaa-nesrekja-shto-ni-se-sluchi-i-kje-se-izborime-za-idninata-vo-koja-veruvame/feed/ 0
Мицкоски: ВМРО е разбудено, помеѓу народот, ја носиме искрата која ќе ја донесе зората и ќе ги победи црнилата  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-e-razbudeno-pomegju-narodot-ja-nosime-iskrata-koja-kje-ja-donese-zorata-i-kje-gi-pobedi-crnilata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-e-razbudeno-pomegju-narodot-ja-nosime-iskrata-koja-kje-ja-donese-zorata-i-kje-gi-pobedi-crnilata/#respond Sun, 23 Dec 2018 20:04:20 +0000 https://kurir.mk/?p=144027

Живееме време кога секојдневието е црно. И затоа велиме дека ова се црнила, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицоски во својот говор одржан на 27 Годишна конференција на Унијата на млади сили на партијата. Тој истакна дека македонската историја учи дека оваа почва раѓала и луѓе од својот род кој тргнувале против својот народ. -Македонија минувала низ тие историски катастрофи, и погроми. Сведок бил овој народ на многу измачувања, отуѓувања и делби. Денес како одново тоа време. Денес на Македонија и се случува Зоран Заев. И ова презиме станува персонификација на сите црнила кои и се случуваат на оваа татковина. Ова презиме станува синоним за целата сиромаштија, сите неправди, неуспеси, порази на оваа наша земја. Извор на сите проблеми, затоа што тој е човекот кој е судија, но и џелат на нашите македонски судбини. Но воедно ова е време кога овој народ излегува од бунило и кога мора самиот да им стави крај на сите злоупотреби кои буквално ја разнебитија нашата заедничка татковина, нашата заедничка чест. Македонија се движи по таа црвена линија, помеѓу пропаста и очајот, или ќе се обединиме за да ја спасиме, или ќе се разделиме и распрснеме, рече Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека секој собир на партијата е се поголем, пожесток, со енергија. -ВМРО е разбудено, на нозе, меѓу своите, во својата природна средина, помеѓу народот. ВМРО ја носи и запали искрата која ќе ја донесе зората која ќе ги победи црнилата кои надвиснале над нашата татковина. Кога ќе не видат собрани и обединети ја гледаат сопствената немоќ и пораз заедно со оние кои им седнале во скут. И стравот со кој тие сакаат да владеат почнува да биде нивен страв. Ако продолжиме така  ќе успееме, ќе ги победиме. Најпрво се смееа, не потценуваа, велеа Мицкоски не може, Мицкоски нема стратегија. Но еве не, одиме до крајот и до конечна победа. Победа најпрво на претседателските избори, за победа на предвремени парламентарни избори. За Македонија, за нашата Македонија, нагласи Мицкоски во својот говор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-e-razbudeno-pomegju-narodot-ja-nosime-iskrata-koja-kje-ja-donese-zorata-i-kje-gi-pobedi-crnilata/feed/ 0
Мицкоски: Македонија е далеку од Европа со оваа власт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-makedonija-e-daleku-od-evropa-so-ovaa-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-makedonija-e-daleku-od-evropa-so-ovaa-vlast/#respond Sun, 23 Dec 2018 19:52:55 +0000 https://kurir.mk/?p=144025

На 27 годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата Христијан Мицкоски истакна дека власта само на зборови е проевропски ориентирана, но не и по делата. -Европски ли е да бега премиерот од дебата со лидерот на опозицијата, што толку многу ја бараше кога тој беше лидер на опозиција? Бега и се моли што побрзо да заврши процесот со уставните измени, а и за економијата нема што да каже. Ако излезе на дебата ќе мора да збори и за криминалите што се случуваат. Јас во Европа не сум видел премиер што бега од дебата. Европски ли е да се претепа човек во Струмица од криминалци со фантомки само затоа што се дрзнал да го критикува братот на премиерот? Европски ли е да се води прогон кон опозицијата и да се прави полициска опсада на нејзиниот штаб, претресувајќи ги возилата и луѓето кои излегуваат и влегуваат во нејзиниот штаб? Европски ли е една фамилија на власта, сестрата да е директор на академијата за обвинители и судии, братот главен преговарач во комисијата што треба да ја одреди смерницата на нашиот идентите,. Ќерката државен секретар во секретаријатот за европски прашања, а мајката советник во град Скопје од редот на СДСМ, посочи Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Македонија е далеку од Европа со оваа власт. -Како тргнало и наредната година нема датум да добиеме за преговори.Нема, затоа што ништо не работат, не затоа што штанцаат закони на хартија, во пракса ништо немаат, вели Мицкоски во своето обраќање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-makedonija-e-daleku-od-evropa-so-ovaa-vlast/feed/ 0
Мицкоски: Правниот систем се распаѓа затоа што политиката управува со него, немам намера да штитам криминал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-pravniot-sistem-se-raspagja-zatoa-shto-politikata-upravuva-so-nego-nemam-namera-da-shtitam-kriminal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-pravniot-sistem-se-raspagja-zatoa-shto-politikata-upravuva-so-nego-nemam-namera-da-shtitam-kriminal/#respond Sun, 23 Dec 2018 19:42:15 +0000 https://kurir.mk/?p=144016

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната 27 годишна конференција на Унијата на млади сили истакна дека не смее да се дозволи политички притисоци да управуваат со правото. -Ова не го зборувам зато што само ВМРО е под жесток удар. И ве молам на тоа да не гледате само така, туку како една сеопшстествена појава која е канцер на нашето општество,која го дели и раслојува. Кога било кој граѓанин ќе доживее некаква неправда ќе мора да отиде на суд и да ја бара правдата, но таму правда нема. Нема затоа што таму политиката управува. Тоа е понижувачки, фрустрирачки, за една меѓа, за една обична нива, за обична работа да седите по тие судски лавиринти затоа што правниот систем се распаѓа. Тоа е неуспешна држава.И како човек немам намера да штитам криминал, ниту поддржувам, секоја оној кој направил криминал треба да одговара. Без оглед кој е и од која партија доаѓа, без оглед како се вика и од која позиција доаѓа. И потребно е да се стави крај на тоа еднаш за секогаш, затоа што само така можеме да одиме напред. Но, ова не е тоа време и ова не се тие постапки. Ова што сега се случува е режиран прогон и атак врз ВМРО. Затоа што ВМРО им смета, затоа што се додека ВМРО-ДПМНЕ постои, постои и Дамокловиот меч врз нивните глави и знаат дека кога тогаш правдата и правдината ќе ги стигне, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.  Мицкоски порача дека ова се однесува на луѓето од власта, на оние кои се богателе на грбот на партијата, а сега се најблиску до скутот на Заев и уценети и притиснати прифатија да бидат негови слуги. -И овие луѓе мислат дека со некоја загубена битка ќе ја освојат војната, но треба да знаат дека не планира да изгубам ниту една битка, а за војната треба да знаат дека заедно ќе ја победиме војната, заедно со народот на Македонија. Вака како што стојат работите овие луѓе, притиснати и уплашени може да му прават услуга на Заев, но никако на ВМРО-ДПМНЕ. И тој стокхолмски синдром е сериозно изразен кај многу луѓе кои во минатото се удираа во гради, запоседнуваа функции. И во таквата вљубеност на жртвата во киднаперот сакаат освен себе си да го повлечат и ВМРО-ДПМНЕ. Нема со тие куршуми, дециден беше Мицкоски.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-pravniot-sistem-se-raspagja-zatoa-shto-politikata-upravuva-so-nego-nemam-namera-da-shtitam-kriminal/feed/ 0
Мицкоски: Не го извалкав името на ВМРО, така и ќе продолжам, народот е вистинскиот сопственик на оваа држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ne-go-izvalkav-imeto-na-vmro-taka-i-kje-prodolzam-narodot-e-vistinskiot-sopstvenik-na-ovaa-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ne-go-izvalkav-imeto-na-vmro-taka-i-kje-prodolzam-narodot-e-vistinskiot-sopstvenik-na-ovaa-drzava/#respond Sun, 23 Dec 2018 19:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=144018

Јас, како претседател, досега не го извалкав името на ВМРО така и ќе продолжам и во иднина. А жестоко ќе се спротивставам и на оние кои ќе имаат таква намера. Затоа што на крајот ВМРО му припаѓа на народот, а тој е вистинскиот сопственик на оваа држава, а неговата волја е последна и главна насока во нашите политики. А овие ситни слуги на Заев полека, но сигурно ја губат својата чест, честитост и достоинство, но и брендот ВМРО, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својот говор на 27 Годишна конференција на Унијата на млади сили на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ne-go-izvalkav-imeto-na-vmro-taka-i-kje-prodolzam-narodot-e-vistinskiot-sopstvenik-na-ovaa-drzava/feed/ 0
Мицкоски: Насилнички, со целосно газење на волјата на народот тргнаа да го менуваат името и идентитетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-nasilnichki-so-celosno-gazenje-na-voljata-na-narodot-trgnaa-da-go-menuvaat-imeto-i-identitetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-nasilnichki-so-celosno-gazenje-na-voljata-na-narodot-trgnaa-da-go-menuvaat-imeto-i-identitetot/#respond Sun, 23 Dec 2018 19:13:16 +0000 https://kurir.mk/?p=144012

Онака насилнички, со целосно газење на волјата на народот тргнаа да го менуваат името и идентитетот. Најлажливо креваа димни завеси, правеа операции, се препелкаа во сопствената жива кал само да го намалат срамот. Ама срамот со промената стои, останува, не се трга таа лузна испишана во душата на секој Македонец. Боли затоа што името е во прашање, но и идентитетот, нашето минато, културно историско наследтсво, историја и образование, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната 27 Годишна конференција на Унијата на млади сили на партијата. Мицкоски рече дека она што најмногу боли е тоа што во очи го лажат и понижуваат народот, додека ја кршат кичмата, додека го стегаат ременот, и го одземаат воздухот... -И нема поганост, нема валкана работа која тие ја направија, а толку многу јасно не ја видовме во овој процес. Притисоци, скршени луѓе, измачувања и играње со човечки судбини, уценети пратеници, луѓе кои си го погазија достоинството, ја голтнаа честа и ја поклонија душата на нечестивите. И сето ова на грбот на граѓаните. Таквата трговија која ја правеа за обезбедување на мнозинство во Параламентот поради тоа што немаа мнзоинство и поддршка од народот сакаа да ја засенат со милион пердуви, лажни теми за да се одвлече вниманието. И еве сега денес, кога пердувите ги нема, кога легнува прашината, да ги прашам луѓето од власта свесни ли сте што направивте? Колку многу го разоравте и поделивте општеството? Колку само болка му нанесовте на Македонецот? Му заривте нож во грбот. Му заривте нож во срцето! Го разочаравте. Спиете ли со мирна совест? Колку само многу ја заглавивте државата во безизлез?, праша Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека нема потреба од глумење на лудило, и на најмалите им е јасно во каква опасна игра само за тие пусти функции и пари ја вовлекоа државата и толку многу го дегенериравте општеството. -Пердувите легнаа, но срамот останува за навек. Колку и номинации да се нудат за нобелови награди, срамот со промена на името и идентитетот и уништувањето на државата со ниту една награда не се покрива, нагласи тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-nasilnichki-so-celosno-gazenje-na-voljata-na-narodot-trgnaa-da-go-menuvaat-imeto-i-identitetot/feed/ 0