годишни награди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Feb 2023 09:46:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png годишни награди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Конкурс за годишни награди на Здружението на новинарите на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konkurs-za-godishni-nagradi-na-zdruzhenieto-na-novinarite-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konkurs-za-godishni-nagradi-na-zdruzhenieto-na-novinarite-na-makedonija/#respond Wed, 08 Feb 2023 09:46:28 +0000 https://kurir.mk/?p=797791

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) секоја година доделува две награди за новинари, наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело и наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство. Од 2020 година ЗНМ доделува уште една награда за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за новинари од внатрешноста на С. Македонијa. 1. За наградата за животно дело кандидатите може да се пријавуваат сами или по предлог на тројца новинари. Освен личните податоци на кандидатот и кратка биографија, во пријавата се доставува и образложение за остварувањата на кандидатот кои што оставиле посебна трага во македонското новинарство. 2. Кандидатите за годишната награда за истражувачко новинарство се пријавуваат сами или по предлог на тројца новинари. Медиумските продукти треба да бидат сериозни новинарски истражувања објавени во текот на 2022 година во медиумите во С. Македонија, посветени на важни прашања за пошироката заедница. Приказните треба да откриваат злоупотреби на власта и моќта, како и кршење на човековите права и слободи. Тие треба да бидат оригинални и поткрепени со факти проверени од релевантни извори на информации. Пријавата треба да содржи најмногу два новинарски продукти кои се објавени во текот на минатата (2022) година. 3. За наградата за најдобро новинарско известување на теми од локално и регионално значење за 2022 година се пријавуваат новинари кои имаат објави во локални или регионални медиуми или се дописници на национални медиуми во државата. Пријавата и за оваа категорија може да биде поднесена од самиот новинар или по предлог на тројца новинари. И за оваа награда новинарите може да аплицираат најмногу со два новинарски продукти кои биле објавени во текот на минатата година. Во апликацијата за наградата за истражувачко новинарство и новинарско известување на теми од локално и регионално значење потребно е да се наведе функционален линк од објавата, а доколку се доставува во печатена форма материјалот треба да биде испечатен или снимен на CD/USB. Пријавите треба да се достават до ЗНМ најдоцна до 21 февруари 2023 година и тоа: – На електронска пошта: [email protected], лице за контакт: Елизабета Стојановиќ – 02/3298-139. Предметот на електронската порака треба да биде „ЗА ЗНМ НАГРАДА“ а секој апликант ќе добие повратна порака за прием. – Препорачана пошта, адресирани до: Здружение на новинарите на Македонија, Градски Ѕид, блок 13, 1000 Скопје, РСМ или Пријавите треба да бидат означени: „За ЗНМ НАГРАДА“ во предметот на електронската порака или напишано на ковертот На добитникот на награда за животно дело ќе му се додели плакета, додека за најдобрата истражувачка сторија и за наградата за најдобро новинарско известување на теми од локално и регионално значење за 2022 година, наградените ќе добијат плакета, како и парични награди во износ од 1.000 евра по награда во денарска противредност. Изборот на добитниците ќе го изврши Комисија за доделување на наградите на ЗНМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konkurs-za-godishni-nagradi-na-zdruzhenieto-na-novinarite-na-makedonija/feed/ 0
Врачување на годишните награди на Друштвото на писателите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrachuvanje-na-godishnite-nagradi-na-drushtvoto-na-pisatelite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrachuvanje-na-godishnite-nagradi-na-drushtvoto-na-pisatelite/#respond Thu, 13 Feb 2020 07:07:17 +0000 https://kurir.mk/?p=303165

Во Друштвото на писателите денеска напладне ќе бидат врачени наградите за проза, поезија, есеј и за литература за деца за 2019 година и воедно ќе биде одбележана 73-годишнината од основањето на македонската писателска асоцијација. Јован Стрезовски е добитник на наградата за проза „Стале Попов“ за книгата „Чувар на тајни“, на Панде Манојлов  му е доделена наградата за поезија „Ацо Шопов“ за поетската книга „Јужни реки“, Катица Ќулавкова за книгата „Поредокот на слободата: интерпретативен синкретизам“ е добитник на наградата „Димитар Митрев“ за критика и есеј и Зоран Пејковски за книгата „Мали детски разговори“ е годинашен добитник на наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади. На свеченоста во ДПМ жири-комисиите ќе ги изложат образложенијата за своите одлуки и ќе бидат претставени книгите и нивните автори. На конкурсот на ДПМ распишан во декември за најдобри книжевни остварувања во 2019-та пристигнале 57 наслови. Оваа година нема да биде доделена петтата годишна награда – „Книжевен мост“ за книга објавена на некој од јазиците на националностите, затоа што, според жирито, пристигнатите книги во оваа категорија не ги исполнуваат жанровските и естетските критериуми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrachuvanje-na-godishnite-nagradi-na-drushtvoto-na-pisatelite/feed/ 0