годишно обраќање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Dec 2021 06:45:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png годишно обраќање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Годишно обраќање на Пендаровски пред пратениците во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godishno-obrakjanje-na-pendarovski-pred-pratenicite-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godishno-obrakjanje-na-pendarovski-pred-pratenicite-vo-sobranieto/#respond Wed, 22 Dec 2021 06:45:19 +0000 https://kurir.mk/?p=611433

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати пред пратениците во Собранието. Пендаровски, како што е најавено на веб-страницата на законодавниот дом, ќе го одржи своето обраќање пред пратениците во рамки на 56. собраниска седница. Обраќањето на шефот на државата, според агендата, објавена на собранискиот-сајт е најавено за 12 часот. Шефот на државата, како што е вообичаено, ќе говори за актуелните случувања изминатиот период и за очекувањата во следната година. А оваа година тој на пратениците ќе им се обрати во момент кога е во тек формирање нова влада, додека опозицијата бара предвремени избори, а земјава повторно не доби зелено светло за почеток на преговори со ЕУ поради бугарското вето, со ветување на новата Влада во Софија на Кирил Петков дека процесот ќе стане попрагматичен, но и споменување на рок од шест месеци за да се се реши. Пендаровски не поддржува предвремени избори. Според него многу тешко ќе се дојде до 61 глас во Парламентот за тој да се самораспушти и да се оди на предвремени избори. Во гостувањето на „Топ тема“ на телевизија Телма минатата недела, коментирајќи го барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за предвремени избори рече дека на државата и недостига период без избори. – Ако има 61 глас, ќе одиме на избори. Се разбира дека демократски донесена одлука треба да се почитува. Но, факт е дека имавме 5-6 изборни циклуси во седум/осум години наназад и факт е дека на државата и недостасува период без избори, во кој треба да видиме што новите луѓе во новата Влада после Нова Година можат да придонесат, истакна Пендаровски. Прашан дали очекува на неговото годишно обраќање во Собранието да присуствува и опозицијата, Пендаровски рече дека тоа е политичка одлука на пратеничките групи. – Ми претставува чест дека првпат во 2019 година во целокупната наша историја, една опозициска партија, во тоа време ВМРО-ДПМНЕ, ги призна изборните резултати и присуствуваше на инаугурацијата и давањето заклетва во Парламентот и на првото годишно обраќање понатаму. Тоа се чинови, какви што недостасуваат за да бидеме позрела демократија, без разлика кој е на власт, рече Пендаровски. Шефот на државата својот годишен говор во Собранието ќе го одржи и во неделата, за кога е најавена оставката на премиерот Зоран Заев. Премиерот најави дека оставката ќе ја поднесе во текот на оваа недела и изрази очекување по формализирањето на оставката во Собранието, негов наследник како нов премиер да биде новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски. Пендаровски по оставката на Заев треба да му додели мандат на новиот мандатар. Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godishno-obrakjanje-na-pendarovski-pred-pratenicite-vo-sobranieto/feed/ 0
На 16 декември годишно обраќање на Пендаровски во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-16-dekemvri-godishno-obrakjanje-na-pendarovski-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-16-dekemvri-godishno-obrakjanje-na-pendarovski-vo-sobranieto/#respond Tue, 01 Dec 2020 08:34:58 +0000 https://kurir.mk/?p=436670

Претседателот Стево Пендаровски на 16 декември ќе се обрати пред пратениците на Собранието на Република Македонија. Ова ќе биде второ годишно обраќање на Пендаровски во законодавниот дом откако е избран на оваа функција во мај 2019 година, а прво пред новиот состав на Парламентот. Според член 85 од Уставот Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-16-dekemvri-godishno-obrakjanje-na-pendarovski-vo-sobranieto/feed/ 0
Годишно обраќање на Пендаровски во Собрание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godishno-obrakjanje-na-pendarovski-vo-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godishno-obrakjanje-na-pendarovski-vo-sobranie/#respond Wed, 18 Dec 2019 06:23:31 +0000 https://kurir.mk/?p=278961

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски денес ќе се обрати во Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godishno-obrakjanje-na-pendarovski-vo-sobranie/feed/ 0
Годишно обраќање на претседателот Иванов во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godishno-obrakjanje-na-pretsedatelot-ivanov-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godishno-obrakjanje-na-pretsedatelot-ivanov-vo-sobranieto/#respond Fri, 28 Dec 2018 07:58:41 +0000 https://kurir.mk/?p=145985

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во 12 часот ќе одржи Годишно обраќање во Собранието на Република Македонија. Традиционално, секоја година претседателот на државата има годишно обраќање пред пратениците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godishno-obrakjanje-na-pretsedatelot-ivanov-vo-sobranieto/feed/ 0
Иванов: Уништена е 30 отсто од агентурната мрежа на државата, загрозени се животи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-unishtena-e-30-otsto-od-agenturnata-mreza-na-drzavata-zagrozeni-se-zivoti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-unishtena-e-30-otsto-od-agenturnata-mreza-na-drzavata-zagrozeni-se-zivoti/#respond Tue, 26 Dec 2017 11:58:02 +0000 http://kurir.mk/?p=2633

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во годишното обраќање во Собранието истакна дека во изминатите три години, повеќе од 30% од идентитетите на нашите разузнавачи се откриени. - Со тоа се предизвикани штетни последици од пропаднати операции во земјата и странство, загрозени се животи и уништена е агентурна мрежа за собирање на податоци, истакна Иванов. Иванов порача дека е време да се врати јавната пристојност во јавната дебата. - Нема посоодветно и подобро место за тој процес да започне од овој дом на демократијата. Пример треба да дадат и медиумите. На Република Македонија и е потребно слободно, независно и професионално новинарство, а не медиуми кои функционираат како експонати на политичките партии и пласираат лажни вести, рече Иванов. Иванов во обраќањето се осврна и на потребата од борба против корупцијата и организираниот криминал и реформите во судството. - Во тек се реформите во судството кои треба да се спроведуваат со еминентни, објективни и независни експерти, врз кои нема да се вршат партиски влијанија и притисоци. Само така ќе изградиме независно судство што ќе овозможи вистинско владеење на правото. Без сузбивање на криминалот и на корупцијата, на паразитската бирократија и клиентелизмот ние не можеме да градиме иднина за Република Македонија, порача Претседателот во обраќањето пред пратениците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-unishtena-e-30-otsto-od-agenturnata-mreza-na-drzavata-zagrozeni-se-zivoti/feed/ 0
Иванов: Наредната 2018 година е можност НАТО да ја исправи неправдата од Букурешт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-narednata-2018-godina-e-moznost-nato-da-ja-ispravi-nepravdata-od-bukuresht/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-narednata-2018-godina-e-moznost-nato-da-ja-ispravi-nepravdata-od-bukuresht/#respond Tue, 26 Dec 2017 11:52:54 +0000 http://kurir.mk/?p=2626

Единствен начин Македонија да се врати во нормала е ако час поскоро влезе во НАТО и добие датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во Годишното обраќање во Собранието на Република Македонија.

-Очекуваме Европската Унија да ја потврди својата политика на отворени врати. Република Македонија заслужено очекува на следниотсамит да добие безусловена препорака и отпочнување на преговорите за полноправно членство. Со овој чекор Унија de jure ќе ја препознае рамноправната и партнерската позиција на нашата држава кон градење на обединета, слободна и мирна Европа“, рече претседателот Иванов.

Покрај европската интеграција, како што рече претседателот Иванов, Република Македонија во континуитет покажува дека е доверлив стратешки партнер на НАТО Алијансата.

-Наредната 2018 година ќе се навршат две годишнини поврзани со НАТО: 25 години од едногласната одлука на Собранието од 23 декември 1993-та за стапување на Република Македонија во НАТО. И, 10 години од големото изневерување на нашите надежи на НАТО Самитот во Букурешт. Наредната 2018 година е можност НАТО да ја исправи неправдата од Букурешт. Тоа е историска шанса конечно да го завршиме она што го започнавме пред четврт век“, рече претседателот Иванов во обраќањето пред пратениците.

-Се додека мнозинството на граѓани ги поддржуваат овие стратегиски цели, ние сме должни да ги почитуваме. Но треба да имаме предвид дека краткорочните интерси на нашите партнери не секогаш кореспондираат со интересите на Република Македонија. Амбивалентноста кон Македонија денес е основа за нови кризи утре, рече претседателот Иванов во годишното обраќање во Собранието.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-narednata-2018-godina-e-moznost-nato-da-ja-ispravi-nepravdata-od-bukuresht/feed/ 0
Иванов: Правдата завршува онаму каде почнува одмаздата, имаме пратеници со лисици без симнат имунитет во затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-pravdata-zavrshuva-onamu-kade-pochnuva-odmazdata-imame-pratenici-so-lisici-bez-simnat-imunitet-vo-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-pravdata-zavrshuva-onamu-kade-pochnuva-odmazdata-imame-pratenici-so-lisici-bez-simnat-imunitet-vo-zatvor/#respond Tue, 26 Dec 2017 11:43:03 +0000 http://kurir.mk/?p=2612

Треба да внимаваме правдата да не ја сведеме на политички реваншизам и лична одмазда. Бидејќи, одмаздата води кон нова одмазда, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во годишното обраќање во законодавниот дом.

- Неопходно е да биде утврдена одговорноста и за оние кои го предизвикале насилството во Собранието на 27 април. Кој постапил спротивно на Уставот и законот треба соодветно да одговара. Но, одговорноста не смее да се генерализира. Освен обврски, граѓаните имаат и права кои мора да се почитуваат - правото на одбрана, имунитет и пресумпција на невиност кои се во основата на секоја демократија. За жал, видовме пратеници со лисици без симнат имунитет и граѓани од „Заедничка Македонија“ обвинети за тероризам. Не можам, а да не ги поддржам оние кои повеќе од два месеци на мирен и достоинствен начин искажуваа грижа за државните интереси на Република Македонија. Бидејќи, дел од нивните барања беа и мои барања, истакна претседателот Иванов.

- Барањето на граѓаните е помирување наместо реваншизам. Нивното барање е и мое барање. Патот до помирувањето во Македонија води преку правдата, а патот до правдата води преку вистината, додаде шефот на државата.

Најголема одговорност за стабилноста и поредокот на Македонија, истакна претседателот, имаат политичките партии кои го претставуваат мнозинството на припадници на македонската нација.

Иванов истакна дека мора да ја вратиме културата на политички дијалог и дека лидерите на власта и опозицијата треба да имаат нормална меѓусебна комуникација во интерес на граѓаните и во интерес на државата.

- Сме имале и ќе имаме промена на власта. Но не смееме да имаме политички прогон и реваншизам што неминовно завршува во нов идеолошки монизам. Наместо политички прогон, освета и реваншизам, нам ни треба помирување. А за тоа помирување се потребни три нешта. Прво, законски решенија за обнова или преиспитување на постапките во судските случаи за кои има основани индиции за серозно кршење на човековите права. Второ, утврдување на граѓанска и кривична одговорност кон оние кои политички монтирале случаи. И, трето, отстранување на генераторите на кризи со цел враќање на доверба на граѓаните во институциите на државата, истакна претседателот Иванов.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-pravdata-zavrshuva-onamu-kade-pochnuva-odmazdata-imame-pratenici-so-lisici-bez-simnat-imunitet-vo-zatvor/feed/ 0