годишно – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 05 Mar 2021 07:26:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png годишно – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Секоја година во светот се фрла една милијарда тони храна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sekoja-godina-vo-svetot-se-frla-edna-milijarda-toni-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sekoja-godina-vo-svetot-se-frla-edna-milijarda-toni-hrana/#respond Fri, 05 Mar 2021 07:26:57 +0000 https://kurir.mk/?p=477549

Во светот секоја година се фрла скоро милијарда тони храна, или речиси 20 проценти од храната што им е достапна на жителите на светот, се вели во извештај на Обединетите нации објавен синоќа. – Проблемот е огромен од еколошка, социјална и економска гледна точка, изјави Ричард Сванел, директор за развој на британската невладина организација ВРАП (WRAP), коавтор на „извештајот за индексот на фрлање на храна“ објавен од Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП)) – Овој извештај до денес е најсеопфатно собирање и анализа на податоците за фрлање храна, истакнуваат авторите. Податоците за 2019 година беа собрани во 54 богати и земји во развој во врска со малопродажбата, рестораните и домаќинствата. Тие заклучија дека годишно се фрлаат 931 милиони тони храна, што не вклучува коски, школки и други делови што не се јадат. Спротивно на популарното верување, храна се фрла во сите земји, и богати и сиромашни, додека според ОН, близу 700 милиони луѓе ширум светот се гладни, а три милијарди немаат пристап до здрава храна, од светската популација од 7,8 милијарди. – Досега се веруваше дека храната се фрла во богатите земји. Но, нашиот извештај покажува дека во секоја земја што сме ја следеле, има проблем со фрлање храна во домаќинствата, рече коавторката Клементин О’Конор во УНЕП. Од 121 килограм храна што секоја година се фрла по жител на Земјата, 74 килограми или многу повеќе од половина се фрлаат во домаќинствата. Во процентот на храна достапна за потрошувачите, 11 проценти се фрла во домаќинства, 5 проценти во ресторани и 2 проценти во малопродажба. Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) состави извештај за „загубите“ на храната на ниво на земјоделско производство и дистрибуција. Според овие податоци, околу 14 проценти од светската храна се губи дури и пред да излезе на пазарот, во вредност од околу 400 милијарди долари годишно, или близу БДП на Австрија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sekoja-godina-vo-svetot-se-frla-edna-milijarda-toni-hrana/feed/ 0
Сенатори: САД да и достават на Украина годишно по 300 милиони долари воена помош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/senatori-sad-da-i-dostavat-na-ukraina-godishno-po-300-milioni-dolari-voena-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/senatori-sad-da-i-dostavat-na-ukraina-godishno-po-300-milioni-dolari-voena-pomosh/#respond Fri, 31 Jul 2020 07:22:38 +0000 https://kurir.mk/?p=384107

Американски сенатори предлагаат САД да и доставуваат секоја година на Украина воена помош во износ од 300 милиони долари. Предлог законот, кој е поддржан и од републиканци и од демократи, е поднесен денеска. Предлагачите сметаат дека е потребно да се издвојат по четири милиони долари за обука на офицери во Украина. Минатиот месец Пентагон ги соопшти своите планови за доставување воена помош за Украина од 250 милиони долари. На почетокот на овој месец демократите предложија сумата да се зголеми во 2021 година за уште 25 милиони долари. Дополнителни средства да бидат наменети за обука на војниците, вооружување, логистика и разузнавање. Претходно, беше објавено дека финансиите ќе бидат потрошени за „зајакнување на можноста на Украина поефикасно да се одбрани од руската агресија“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/senatori-sad-da-i-dostavat-na-ukraina-godishno-po-300-milioni-dolari-voena-pomosh/feed/ 0
Годишно еден жител во земјава создава 412 килограми комунален отпад https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godishno-eden-zitel-vo-zemjava-sozdava-412-kilogrami-komunalen-otpad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godishno-eden-zitel-vo-zemjava-sozdava-412-kilogrami-komunalen-otpad/#respond Mon, 22 Apr 2019 11:48:28 +0000 https://kurir.mk/?p=189794

Еден жител во земјава во текот на минатата година создал 412 килограми отпад, што е за 8,6 отсто повеќе во текот на 2017 година. Државниот завод за статистика објави дека во текот на 2018 година во земјава е создадено вкупно количество од 854.865 тони отпад, а количината на собран комунален отпад изнесува 625.386 тони, што претставува, пак, 1,6 отсто помалку од 2017 година. Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во скопскиот регион 166.029 тони или 26,5 отсто од вкупното собрано количество во земјава. Од вкупното количество собран комунален отпад, 509.002 тони или 81  отсто се собрани од домаќинствата, а останатите 19 отсто од правни и физички лица (комерцијален отпад). Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад 535.604 тони или 85,6 отсто, а најмало количество отпад од гума  673 тони или 0,1 отсто од вкупното количество собран комунален отпад. Најголемото количество на собран комунален отпад 99,5 отсто се исфрла на депонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godishno-eden-zitel-vo-zemjava-sozdava-412-kilogrami-komunalen-otpad/feed/ 0