гол стомак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Feb 2022 09:41:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гол стомак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тетовска гимназија им забрани на ученичките да доаѓаат со гол стомак и градите надвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovska-gimnazija-im-zabrani-na-uchenichkite-da-doagjaat-so-gol-stomak-i-gradite-nadvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovska-gimnazija-im-zabrani-na-uchenichkite-da-doagjaat-so-gol-stomak-i-gradite-nadvor/#respond Wed, 23 Feb 2022 09:41:40 +0000 https://kurir.mk/?p=635262

„Девојчињата не треба да доаѓаат со гол стомак и со градите надвор“ – ова е пораката со која директорката на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, Илвије Зибери Јашари, реагирала на, според неа, премногу слободниот начин на кој се облекуваат девојките во училиштето, пишува порталот Фљака. Пораката ја пратила во комуникација со колегите во група на „Вибер“, а случајот го разоткри невладината организација Центар за еднакви можности „Бубамара“ од Тетово, која за пораката дознала „од неофицијални извори“. Во пораката што ја споделија од „Бубамара“, се наведува дека секој што ќе се спротивстави на кодексот на облекување, треба да се упати кај раководителката, за таа да ги повика родителите. Според „Бубамара“, трендот на зголемување на контролата врз облеката на учениците се смета за апсолутна контрола врз нивното тело и е дискриминаторска бидејќи се однесува само на девојчињата. Оттаму се загрижени дека телото на малолетните девојчиња продолжува да се сексуализира и објективизира во училиштата. Организацијата смета дека ваквите случаи се загрижувачки, со оглед на недостигот од сексуално образование, на што се спротивставуваат истите професори кои сметаат дека децата, односно учениците, треба да се држат во синџири со стари правила кои одамна не се во мода“, стои во реакцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovska-gimnazija-im-zabrani-na-uchenichkite-da-doagjaat-so-gol-stomak-i-gradite-nadvor/feed/ 0