„Гола месечина“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Jun 2023 09:01:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Гола месечина“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ​Сашко Коцев, Тино и Атанас овој викенд на „Гола Месечина“ во Аеродром https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sashko-kotsev-tino-i-atanas-ovoj-vikend-na-gola-mesechina-vo-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sashko-kotsev-tino-i-atanas-ovoj-vikend-na-gola-mesechina-vo-aerodrom/#respond Fri, 23 Jun 2023 09:01:17 +0000 https://kurir.mk/?p=848903

Првите денови од летото, носат раздвиженост, масовна посетеност и нова културна енергија во Аеродром. Годинешното културно лето во нашата општина е збогатено со овој традиционален настан кој општина Аеродром ги организира во соработка со Театар Комедија. Богатата програма на „Гола Месечина“ оваа година вклучува пет различни сценски изведби, распоредени во пет различни денови. Општина Аеродром е првата и единствена општина во Скопје која на ваков начин креира нови и бесплатни културни и забавни содржини за граѓаните, ја промовира и дава поддршка на културата. Во рамките на првите два дена аеродромци имаа можност да ги проследат театарските претстави „Страданијата на првата брачна ноќ на Миле Султан“ - гостување на театар од Република Србија и вчерашната претстава на „Импров група Скопје“. На програмата за денес е стенд-ап изведбата на популарниот Сашко Коцев, а во сабота и недела граѓаните ќе можат да ги проследат Театар провокација со претставата „Разведи ме“, како и стенд-ап изведбата на популарните Тино и Атанас. Театарските претстави се изведуваат на фудбалското игралиште во „Реонски центар“, во непосредна близина на ООУ „Александар Македонски“ и тие започнуваат од 21 часот, а влезот е бесплатен. Остануваат уште три дена од годинешната „Гола Месечина“, ги покануваме граѓаните да дојдат навреме и да го обезбедат своето место за комичните изведби кои преостануваат до крајот на фестивалот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sashko-kotsev-tino-i-atanas-ovoj-vikend-na-gola-mesechina-vo-aerodrom/feed/ 0
Заврши 9-то издание на „Гола месечина“ – Аеродром уживаше во шесте фестивалски вечери https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zavrshi-9-to-izdanie-na-gola-mesechina-aerodrom-uzivashe-vo-sheste-festivalski-vecheri/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zavrshi-9-to-izdanie-na-gola-mesechina-aerodrom-uzivashe-vo-sheste-festivalski-vecheri/#respond Fri, 01 Jul 2022 07:29:11 +0000 https://kurir.mk/?p=698181

Претставата „Енергични луѓе“ на Охридскиот театар синоќа го заокружи деветтото издание на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ што традиционално се одржува во организација на Општина Аеродром и Театар Комедија. И оваа година аеродромци имаа можност да уживаат во забавни театарски комедии, кои внесоа посебна магија во шесте фестивалски вечери. На сцената под отворено небо се одиграа претстави од неколку театри од Македонија, како и комедии од театри од Белград и од Софија. -На наше големо задоволство, интересот за секоја од претставите беше огромен и се бараше столче повеќе, а Аеродром повторно се покажа како добар домаќин на овој значаен културен настан. Општина Аеродром и во иднина ќе поддржува вакви и слични манифестации, затоа што културата е значаен дел од секојдневието, а ние сакаме што е можно повеќе да ја доближиме до сите наши жители, информираат од Општината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zavrshi-9-to-izdanie-na-gola-mesechina-aerodrom-uzivashe-vo-sheste-festivalski-vecheri/feed/ 0
Почна „Гола Месечина“ во Општина Аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochna-gola-mesechina-vo-opshtina-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochna-gola-mesechina-vo-opshtina-aerodrom/#respond Mon, 27 Jun 2022 08:38:36 +0000 https://kurir.mk/?p=696215

На уникатен и необичен начин, овој викенд започна деветтото долго очекувано издание на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“, организиран од Театар Комедија и Општина Аеродром. На репертоарот овој викенд се најдоа македонската претстава „Да, инспекторе“ (претстава со грешки) и претставата на Театар Славија од Белград „Опасна љубовна игра“, при што беше забележана масовна посетеност од страна на аеродромци. Програмата продолжува и во наредните денови, а сите љубители на театарската уметност можат да се смеат и забавуваат со претставите „Прекрасна недела за Крев Коер“ од Народен театар „Иван Вазов“ од Софија што ќе се одигра вечерва, утре (вторник) на репертоар е „Паника во Хотел Палас“ на струмичкиот театар, а во режија на Коле Ангеловски, во среда аеродромци ќе уживаат во претставата „Слуга на двајца господари“ од велешкиот театар. Со „Енергични луѓе“ на театарот „Григор Прличев“ од Охрид, во четврток ќе биде заокружен овој неколкудневен магичен спектакл под ведро небо. Сите заинтересирани можат да ги подигнат картите за претставите во просториите на Општина Аеродром или на билетарницата на Театар Комедија. Влезот е бесплатен, а ве очекува многу смеа, забава и одлична атмосфера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochna-gola-mesechina-vo-opshtina-aerodrom/feed/ 0
Вечерва „Грдиот“, „Чудесна терапија“ во понеделник – изменет распоредот на „Гола месечина“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vecherva-grdiot-chudesna-terapija-vo-ponedelnik-izmenet-rasporedot-na-gola-mesechina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vecherva-grdiot-chudesna-terapija-vo-ponedelnik-izmenet-rasporedot-na-gola-mesechina/#respond Thu, 16 Sep 2021 09:33:22 +0000 https://kurir.mk/?p=564288

Премиерата „Грдиот“ на НУ „Театар Комедија“ што вчеравечер требаше да се одржи во рамките на традиционалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ е презакажана за вечерва во 21:00 часот во Спортскиот центар „Ново Лисиче“. Претставата е презакажана поради технички пречки во електричната инсталација. Билетите што граѓаните ги добија вчера ќе важат и за вечерва. Рокада за понеделник е направена и за претставата „Чудесна терапија“ на НУ „Драмски театар“, која според првичниот репертоар требаше да се одржи вечерва. Во продолжение е изменетиот распоред: ЧЕТВРТОК (16.9.2021) „Грдиот“ на НУ „Театар Комедија“ ПЕТОК (17.9.2021) „Што е силеџија“ на НУ „Театар за деца и младинци“ САБОТА (18.9.2021) „Мој термин“ на НУ „Македонски народен театар“ НЕДЕЛА (19.9.2021) „Вообразен болен“ на НУЦК „Трајко Прокопиев“ (Куманово) ПОНЕДЕЛНИК (20.9.2021) „Чудесна терапија“ на НУ „Драмски театар“  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vecherva-grdiot-chudesna-terapija-vo-ponedelnik-izmenet-rasporedot-na-gola-mesechina/feed/ 0