голак планина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Dec 2021 11:22:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png голак планина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Голак повторно со посетители, на планината формирана снежна покривка (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/golak-povtorno-so-posetiteli-na-planinata-formirana-snezna-pokrivka-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/golak-povtorno-so-posetiteli-na-planinata-formirana-snezna-pokrivka-foto/#respond Mon, 20 Dec 2021 11:22:36 +0000 https://kurir.mk/?p=610778

Обилниот снег кој изминатата недела непрекинато паѓаше на планината Голак, викендов ги измами посетителите да се искачат на делчевската планинска убавица и со своите најмали да уживаат во снежната белина која отсуствуваше во градот. Според дел од граѓаните, добро е што поради проодноста на патот Делчево – Голак им било овозможено да уживаат во снегот. – Голак како место каде некогаш доаѓаа рекреативци од цела држава и пошироко секогаш во зима го има својот препознатлив сјај. Патот беше чист до одморалиштето, што покрај снежни доживувања на децата овозможи и долги прошетки на присутните. Навистина денот беше прекрасен и убаво беше да се биде денес на Голак, истакна посетител. Од подружницата на ,,Македонија пат” потврдија дека имале интервенции со градежна механизација, наспоменувајќи дека патот Делчево – Голак е чист по целата должина, со тоа што на некои места биле забележливи паднати дрвја, кои се отстранети. На останатите места во Пијанечко-малешевскиот регион кои водат до туристичките локалитети каде има снег, патиштата исто така се проодни, без посериозни проблеми по одвивањето во сообраќајот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/golak-povtorno-so-posetiteli-na-planinata-formirana-snezna-pokrivka-foto/feed/ 0