Голак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Feb 2023 14:23:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Голак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На планината Голак се одбележа 79-годишнината од Февруарскиот поход https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-planinata-golak-se-odbelezha-79-godishninata-od-fevruarskiot-pohod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-planinata-golak-se-odbelezha-79-godishninata-od-fevruarskiot-pohod/#respond Sun, 12 Feb 2023 14:29:34 +0000 https://kurir.mk/?p=799551

Во организација на Општина Делчево, денеска на планината Голак се одбележа 79-годишнината од Февруарскиот поход. По тој повод беше организирана пригодна свеченост пред спомен-плочата која го чува споменот за походот на Народноослободителната војска на Македонија која во февруари 1944 година извршила оперативни дејства на територијата на Источна, Централна и Западна Македонија, а дел од маршрутата на Третата борбена единица била и планината Голак заедно со Беласица, Плачковица и Осогово. Одбележувањето започна со планинарски марш на Голак во организација на Планинарски спортски клуб „Голак“, на кој учествуваа триесетина планинари од Делчево и регионот, кои успешно ја поминаа зимската планинарска патека долга 10 километри во еден правец. - Февруарскиот поход е доста значаен затоа што дел од партизаните се движеле низ Голак, кај село Бигла имало голема битка така што е доста значаен за нас. Инаку во рамки на маршот се движевме по зимска патека која е блиску до самиот асфалт. Имаме наши членови од ПСК Голак, имаме од М.Каменица и други градови, рече претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски. Останатите учесници се заблагодарија за можноста што ја имаа со овој марш да искажат благодарност до учесниците во Февруарскиот поход кои животот го дале за слободата. - Планинариме седум години, ние сме претставници од Берово дојдовме да ги испочитуваме нашите претци кои се бореле против окупаторот и сега ќе им оддадеме почит пред нивниот споменик, рече Ајчовски Даниел, планинар до Берово. - Бидејки групата беше брза младинци главно, за два ипол часа се качивме на Голак. Никој не се измори, децата беа на нивото на задачата, прекрасен планинарски марш во кој учествуваме повеќе од 5 години, додаде д-р Соња Мавродиева Ѓеоргиевска, која учествуваше на маршот. Меѓу учесниците на планинарскиот марш беше и најмладиот планинар Давид Златковски. - Ова ми е 15 - ти планинарски марш добро е чувството препорачувам сите да ја поминат оваа патека, интересно е и здраво е, истакна Давид Златковски еден од најмладите учесници на маршот. По повод годишнината од Февруарскиот поход во рамки на централниот настан, членови на КУД „Гоце Делчев“ преку рецитал потсетија на историските факти кои го одбележаа овој стратешки поход. Пред спомен-обележјето се поклонија и свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево, делегација од Советот на Општина Делчево, претставници на политички партии, на здруженија на граѓани. - Делчево денеска се сеќава и достојно го одбележува успешното изведување на Февруарскиот поход, кое имало големо политичко и воено значење за текот на НОВ во Македонија, воопшто. Ова нѐ обврзува да се потсетиме на еден бурен период и да оддадеме почит на жртвите дадени за живот во слободна и самостојна македонска држава. Наследството од НОВ го трасира нашиот пат за иднината, да се вложиме сите кон европско издигнување на нашата држава имплементирајќи ги европските вредности, рече градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, кој учествуваше на настанот. Од страна на организаторот за учесниците на настанот беа доделени благодарници и признанија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-planinata-golak-se-odbelezha-79-godishninata-od-fevruarskiot-pohod/feed/ 0
Отежнато движењето на патниот правец до Голак https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/oteznato-dvizenjeto-na-patniot-pravec-do-golak/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/oteznato-dvizenjeto-na-patniot-pravec-do-golak/#respond Sat, 05 Jan 2019 10:58:26 +0000 https://kurir.mk/?p=148807

Снежните врнежи кои паѓаа во изминатите 12 часа го отежнаа движењето на патот од Делчево до планината Голак. Како што информираат од Македонија пат подружница Штип со расчистувањето на снегот на патот кој води до Голак ќе се започне по отстранување на дефект на едно од возилата кои се задолжени за таа намена. -Точно е дека на патниот правец од Делчево до Голак се уште има снег на коловозот. Малку се доцни со неговото расчистувањет поради дефект на едно од возилата, па во моментот не сме во можност да започнеме со активности за расчистување на снегот на овој патен правец, велат од Македонија пат – Делчево. Во меѓувреме останатите возила работат на расчистување на останатите патни правци од Делчево кон соседните градови и граничниот премин Делчево. -Останатите возила кои ни се во функција од утрово работат на расчистување на патните правци Делчево – Каменица, Делчево-Берово и Делчево-Граничен премин. На овие сообраќајни правци сообраќајот се одвива по чисти коловози, додаваат од дежурната служба на Македонија Пат од Делчево. Снегот кој го зафати североисточниот регион не предизвика посериозни потешкотии во сообраќајот кој сепак се одвиваше во зимски услови и со намален интензитет. Снежната покривка во Делчево изнесува 1-2 сантиметри додека околу пет сантиметри снег изнесува снежната покривка во Малешевијата. На планината Голак висината на снежната покривка е помеѓу 10-15 сантиметри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/oteznato-dvizenjeto-na-patniot-pravec-do-golak/feed/ 0
Заврши првата фаза од изградбата на црквата Св.Пантелејмон на Голак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-prvata-faza-od-izgradbata-na-crkvata-sv-pantelejmon-na-golak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-prvata-faza-od-izgradbata-na-crkvata-sv-pantelejmon-na-golak/#respond Sun, 21 Oct 2018 08:27:03 +0000 https://kurir.mk/?p=117664

На планината Голак во Делчево заврши првиот дел од изградбата на новата црква „Св.Пантелејмон”. Како што информираше ктиторот Мите Стојковски со градежни активности ќе се продолжи во текот на пролетта 2019 година. – Градежните работи за изградба на црковниот објект Св.Пантелејмон кој го започнавме во јуни ќе траат две години. Црковниот комплекс се гради по стар начин на градење и истиот е предвидено да биде изграден од камен. Изградбата според планираното ќе трае две години, информира Стојковски. Ктиторот додава дека заради подобра заштита објектот е конзервиран со што градбата ќе биде заштитена од зимските ниски температури. Според планираното предвидено е новиот црковен комплекс на Голак да располага со камбанарија, соба за крштевање и конаци се со цел црквата да остане да им служи на верниците кои ќе го посетуваат Голак, што пак од друга страна по изградбата на црквата ќе придонесе за развој на туризмот на делчевската планинска убавица. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-prvata-faza-od-izgradbata-na-crkvata-sv-pantelejmon-na-golak/feed/ 0