голем интерес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Apr 2021 10:29:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png голем интерес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Голем интерес за вакцинирање во Струмица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/golem-interes-za-vakciniranje-vo-strumica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/golem-interes-za-vakciniranje-vo-strumica/#respond Thu, 01 Apr 2021 10:29:02 +0000 https://kurir.mk/?p=490760

До деветти овој месец, сите термини за вакцинирање против Ковид-19 на лица постари од 77 години се пополнети, информира директорката на Здравствен дом Струмица, Љубица Митева. Дополнува дека во текот на вчерашниот ден, кога почна вакцинирањето, од пријавени 60 лица вакцина примиле 42, а претпладнево 25. – Вакцинирањето поминува без проблеми и без несакани последици веднаш по примањето на вакцината „Астра зенека“. Кадровски и просторно сме целосно опремени и подготвени за спроведување на вакцинацијата, како и целосно почитување на протоколите од Министерството за здравство, рече директорката Митева. Вакцинирањето во Струмица се одвива во службата за спортска медицина, а Здравствениот дом засега доби 600 вакцини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/golem-interes-za-vakciniranje-vo-strumica/feed/ 0
Голем интерес на прилепчани за фаќање на крстот на Богојавление-Водици https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/golem-interes-na-prilepchani-za-fakjanje-na-krstot-na-bogojavlenie-vodici/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/golem-interes-na-prilepchani-za-fakjanje-na-krstot-na-bogojavlenie-vodici/#respond Thu, 17 Jan 2019 14:18:00 +0000 https://kurir.mk/?p=153400

Прилепското намесништво ги завршува подготовките за чествување на големиот празник Богојавление-Водици.  Според отец Благоја Станкоски голем е интересот на прилепчани кои ќе учествуваат на празникот Богојавление-Водици за да го фатат светиот крст кој в сабота напладне ќе се фрла во водите на Аква паркот во комплексот на прилепскиот хотел „Салида“.

– Изутрината од 4 часот во сите прилепски православни храмови ќе се служи божествена литургија, а напладне во Аква паркот е традиционалното фрлање на светиот крст. Пријавени се 98 прилепчани што е за 30-ина повеќе од лани. Во намесништвото имаме пријавени од сите возрасти. Најмладите, девојка и момче, имаат по 13, односно 15 години, а највозрасниот е 50-ина години. Најсреќниот црквата го наградува со икона „Крштение Исусово“, објаснува Отец Станкоски, нагласувајќи дека може и други да се пријават пред самиот чин на фрлањето на крстот в сабота на Богојавление-Водици.

Најсреќниот преилепчанец ќе добие подароци и од прилепската локална самоуправа.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/golem-interes-na-prilepchani-za-fakjanje-na-krstot-na-bogojavlenie-vodici/feed/ 0