голем празник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 06 Mar 2021 20:37:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png голем празник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доаѓа големиот празник Прочка – ова треба да го направите на тој ден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doagja-golemiot-praznik-prochka-ova-treba-da-go-napravite-na-toj-den-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doagja-golemiot-praznik-prochka-ova-treba-da-go-napravite-na-toj-den-2/#respond Sat, 06 Mar 2021 20:42:44 +0000 https://kurir.mk/?p=478299

Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. Со Прочка започнуваат и долгите Велигденски пости, период исполнет со многу обичаи и верувања, со многу одречувања и надежи за пречек на Христовото воскресение (Велигден) за причесна и идентификација со Спасителот Исус Христос. Обичајот проштевање тргнува од христијанското сфаќање за помагање и проштевање меѓу луѓето. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштеваат па тоа треба да го сторат и луѓето. Небото затоа што ѝ погрешило на земјата со громови, мразеви, поројни дождови и сл. бара прошка. И луѓето еден од друг бараат прошка за грешките. Притоа, секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а се проштеваат и пријатели, роднини, соседи итн. Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!“, на што овој одговара: „Простено да ти е и од мене и од Господа“, или само: „Просто да ви е“. Во некои краишта на Македонија тој што барал прошка носел некаков подарок како портокал, лимон, суво грозје, алва, јајце и др. и во таа смисла во некои краишта портокалот останал како симбол на проштевањето. За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата. Вистинската смисла на овој обичај е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога големиот велигденски пост веќе почнал. Така е именуван затоа што почнува нашето очистување со постот – духовно и телесно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doagja-golemiot-praznik-prochka-ova-treba-da-go-napravite-na-toj-den-2/feed/ 0
Утре е голем празник за жените и децата – посветете се на ближните свои! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-golem-praznik-za-zenite-i-decata-posvetete-se-na-bliznite-svoi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-golem-praznik-za-zenite-i-decata-posvetete-se-na-bliznite-svoi/#respond Sat, 29 Sep 2018 07:58:04 +0000 https://kurir.mk/?p=107683

На 30 септември во недела се празнува споменот на познатата Римјанка Софија, која своите ќерки Вера, Нада и Љубов ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот. Празникот е посветен на жените и нивните деца, првенствено ќерки. Се верува дека девојчињата треба да ги израдувате со некој подарок, колку и да е тој скромен. Ќе биде доволно да им посветите внимание и да им покажете колку ги сакате. Исто така, како имињата на девојчињата, Љубов, Вера и Нада, станаа симбол на секој христијанин, народот смета дека на 30 септември треба да се воздржите од секакви зли мисли и да се посветите на љубовта кон ближните. На овој ден именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-golem-praznik-za-zenite-i-decata-posvetete-se-na-bliznite-svoi/feed/ 0