Голема акција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Mar 2023 11:57:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Голема акција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Голема акција за апсење во БиХ и Словенија поради перење пари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golema-aktsija-za-apsene-vo-bih-i-slovenija-poradi-perene-pari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golema-aktsija-za-apsene-vo-bih-i-slovenija-poradi-perene-pari/#respond Tue, 21 Mar 2023 11:57:52 +0000 https://kurir.mk/?p=814523

Полициските службеници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) денеска во рамки на Меѓународната оперативна акција АТМ започнаа претреси на деловни и станбени објекти и движен имот на 13 локации на подрачјето на Сараево и Зеница. Наведените активности се вршат поради постоење основи на сомнение дека се сторени кривичните дела „организиран криминал“ и „перење пари“ пропишани со Кривичниот законик на Босна и Херцеговина. Претресите се вршат по наредба на Судот на Босна и Херцеговина и под надзор на Обвинителството на БиХ во соработка со полициските службеници на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево и Зеничко-добојскиот кантон. Тие активности се резултат на работата на Заедничкиот истражен тим на СИПА и Обвинителството на БиХ и Специјалното обвинителство и полицијата, што започна во февруари минатата година. Во рамките на оваа меѓународна оперативна акција спроведена од полициски службеници на СИПА во Босна и Херцеговина, денеска почнаа претреси и во Словенија на повеќе од 70 локации, во чии рамки е планирано да бидат уапсени над 50 лица, јавија сараевските медиуми. Во тек се активности за прибирање податоци за средствата што осомничените ги имаат на банкарски сметки и сефови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golema-aktsija-za-apsene-vo-bih-i-slovenija-poradi-perene-pari/feed/ 0