големо невреме – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Sep 2023 08:30:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png големо невреме – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грција се подготвува за неколкудневно невреме https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-se-podgotvuva-za-nekolkudnevno-nevreme/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-se-podgotvuva-za-nekolkudnevno-nevreme/#respond Mon, 04 Sep 2023 08:30:14 +0000 https://kurir.mk/?p=874278

Државниот механизам е во готовност, а доколку е потребно ќе биде активиран и бројот 112 за итни случаи за предупредувања на граѓаните, според министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција Василис Кикиљас во пресрет на најавеното невреме што ќе зафати повеќе делови на земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Во надлежното Министерство вчера беше одржан вонреден состанока откако Националната метеоролошка служба издаде вонредно предупредување за обилни врнежи од дожд и невреме придружено со град и голема фреквенција на молњи, со засилен ветер и забележлив пад на температурата. Најмногу дожд се очекува во централна Грција, во северниот дел на островот Евија и на Пелопонез. Министерот Кикиљас на состанокот истакнал дека целиот механизам за цивилна заштита е во состојба на готовност и ја нагласил потребата сите да бидат целосно подготвени, за да може да се преземат неопходните превентивни мерки и да има навремено справување со сите проблеми што би настанале поради невремето. Паралелно било одлучено и да се активира бројот 112, доколку е потребно, за да се испраќаат предупредувачки пораки до жителите на одредени области во зависност од текот на временските појави. Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи упатија препорака до граѓаните да бидат внимателни, да ги следат упатствата на надлежните и да ги преземат сите неопходни мерки за заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-se-podgotvuva-za-nekolkudnevno-nevreme/feed/ 0
Големо невреме во Србија: Однесени мостови, поплавени над 700 домаќинства, вонредна состојба во 8 општини https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golemo-nevreme-vo-srbija-odneseni-mostovi-poplaveni-nad-700-domakjinstva-vonredna-sostojba-vo-8-opshtini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golemo-nevreme-vo-srbija-odneseni-mostovi-poplaveni-nad-700-domakjinstva-vonredna-sostojba-vo-8-opshtini/#respond Tue, 23 Jun 2020 12:06:49 +0000 https://kurir.mk/?p=361494

Поради обилните врнежи од дожд во Србија, неколку реки се излија, во осум општини прогласена е вонредна состојба, меѓу кои и во Љубовија, каде реката урна три моста, поплавени се 700 домаќинства, а сообраќајот на неколку регионални патишта е стопиран. Како што јави дописникот на МИА од Белград, специјалистичките тимови за спасување од Белград, Нови Сад, Шабац, Ваљeво, Сремска Митровица и Чачак, заедно со жандармеријата, денес и во понеделник евакуираа 71 лице на територијата на општините Крупањ, Љубовија, Косјериќ и Лучани. Поради зголемувањето на нивото на водата и поплавите, во Западна Србија во сила е вонредна состојба во Осечина, Крупањ, Лозница, Љубовија, Мали Зворник, Ариље, Косјериќ и Лучани. Раководителот на Дирекцијата за противпожарни единици и за спасување и цивилна заштита, Горан Николиќ, за РТС изјави дека најкритична состојба засега е во Љубовија и Гуча, бидејќи во раните утрински часови имало силен дожд. Поради обилните врнежи од дожд, 80 домаќинства во Гуча са поплавени, а луѓето се евакуирани од нивните домови. Реката Скрапеж во центарот на Косјериќ поплави 40 куќи, три станбени згради и градинка. На подрачјето на Лучани прогласена е вонредна состојба , каде досега се поплавени над 100 станбени и стопански објекти, а евакуирани се 40 лица. Во Ивањица е урнат мост, а во Брусник, на патот од Ивањица до Ариље, затната е браната, а урнат е магистралниот пат, кој рано утрово беше затворен. Според надлежните, денес се очекува да се искачи нивото на водата на реката Ибар, поради што од утрово е прогласена вонредна одбрана од поплави на подрачјето на таа река, од Нови Пазар до Краљево. Од „Србијаводе“ соопштија дека во Лозница вчера за само три часа паднале 50 литри дожд, а во последните две недели 150 литри, што е огромна количина на врнежи кои речните корита во тој дел на земјава не можеле да ги прифатат, поради што е дојдено до излевање и поплавување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golemo-nevreme-vo-srbija-odneseni-mostovi-poplaveni-nad-700-domakjinstva-vonredna-sostojba-vo-8-opshtini/feed/ 0
Големо невреме во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golemo-nevreme-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golemo-nevreme-vo-belgrad/#respond Fri, 22 Jun 2018 10:40:12 +0000 https://kurir.mk/?p=68561

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија издадее портокалово предупредување за поројни дождови, грмотевици и силен ветер во целата земја. Портокаловиот метео-аларм означува опасни временски услови. Во Белград од изутринава врне пороен дожд, проследен со грмотевици. Сообраќајот е отежнат, а некои улици се целосно под вода. Некои делови на Белград беа зафатени и од град. Невремето причини штета на овошките и на патната инфраструктура во западниот дел на Србија. Поплавени се и голем број куќи во реонот на Пријепоље. Метеоролозите предупредуваат дека се очекуваат опасни временски појави, кои можат да предизвикаат материјална штета и да претставуваат опасност за луѓето и животните. Локалните власти препорачуваат да се избегнува престој на отворено, доколку не е потребно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golemo-nevreme-vo-belgrad/feed/ 0