голо брдо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 13:59:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png голо брдо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонците од село Оржаново во областа Голо Брдо со нов пат што ги поврзува со главниот пат за Острени https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedontsite-od-selo-orzhanovo-vo-oblasta-golo-brdo-so-nov-pat-shto-gi-povrzuva-so-glavniot-pat-za-ostreni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedontsite-od-selo-orzhanovo-vo-oblasta-golo-brdo-so-nov-pat-shto-gi-povrzuva-so-glavniot-pat-za-ostreni/#respond Wed, 06 Sep 2023 13:59:24 +0000 https://kurir.mk/?p=875254

Општина Булќиза започна со градежни активности на патот што го поврзува селото Оржаново, област Голо Брдо, со главниот пат за Острени, седиште на истоимената административна единица. -На патот кој до сега беше макадам, се врши проширување, ќе бидат поставени подлоги и слоеви чакал, а ќе бидат изградени и странични канали. Во втората фаза ќе биде и асфалтиран, објави Фестиме Мјештри, градоначалничка на општина Булќиза. Жителите искажуваат благодарност што конечно се решава овој голем проблем, зашто, како што велат, и во 21 век се движат по макадамски патишта. Претходно со инвестиција на локалната власт беше подобрена состојбата на патот до селото Лешничани, а Македонците од селото Клење самоиницијативно реализираа активност за уредување на патот што ги поврзува со село Стеблево. Исто така, градоначалничката Мјештри, објави дека пред новата учебна година, која треба да почне од средината на месецот реализирани се неопходни зафати во училишниот објект во село Мало Острени, со цел учениците да имаат што подобри услови за нормално одвивање на воспитно образовниот процес. Областа Голо Брдо ја сочинуваат 22 села, главно населени со Македонци и се вбројува во најнеразвиените области во Албанија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedontsite-od-selo-orzhanovo-vo-oblasta-golo-brdo-so-nov-pat-shto-gi-povrzuva-so-glavniot-pat-za-ostreni/feed/ 0
Бугарија продолжува со агресивната политика на асимилација на Македонците во Албанија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-prodolzhuva-so-agresivnata-politika-na-asimilatsija-na-makedontsite-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-prodolzhuva-so-agresivnata-politika-na-asimilatsija-na-makedontsite-vo-albanija/#respond Fri, 23 Jun 2023 14:58:07 +0000 https://kurir.mk/?p=849057

Бугарија продолжува со, како што ја оценуваат македонските здруженија во Албанија, агресивната политика на асимилација на Македонците во трите области населени со етнички Македонци, Преспа, Голо Брдо и Гора. -Последната од низата бугарски обиди Македонците да се претстават како Бугари, е посетата на европратеникот Андреј Ковачев на областа Гора, округ Кукс, заедно со бугарскиот амбасадор и други претставници на амбасадата во Тирана. Ветиле помош во повеќе области а разговарале и околу пописот на населението, што во Албанија ќе почне на 18 септември и секако за олеснителните можности за добивање бугарски пасоши. Ползувајќи ја тешката економска состојба на Македонците во оваа област, од каде се помасовно е заминувањето на младите во земјите на ЕУ и во Велика Британија, повеќе од јасно е на кој начин Бугарија наоѓа свое малцинство, велат претставниците на македонските асоцијации. За средбата објава има и од владиниот Комитет за национални малцинства, чиј член како претставник на бугарското малцинство е Милена Селими, која наведува дека „во продолжение на посетата на Албанија, Ковачев ја посети Гора, една од областите каде живеат 3.000 жители, голем дел од нив од бугарското малцинство“. На средбата во селото Пакиште, Селими, истакнала дека Комитетот за национални малцинства ќе ја продолжи својата мисија за заштита на правата на секое малцинство, загарантирани со Уставот на Албанија и е отворена врата за секој кој се чувствува дискриминиран. - На средбата се разговараше за важни прашања како што се подобрувањето на инфраструктурата, прекуграничните проекти со Косово, слободното движење на граѓаните во прекуграничните подрачја, пописот на населението и домаќинствата, засилување на педагошките структури кои ќе помогнат во учењето на бугарскиот јазик, правната рамка, европските проекти и поддршката на Бугарија за областите каде што живеат бугарските малцинства и слично, стои во објавата. На средбата присуствувале бугарскиот амбасадор Ивајло Киров, претставникот на амбасадата Асен Пачев, аташето Марија Пеева, конзулот Благој Петров, како и администраторот на административната единица Гора, Дашнор Влацај. Ковачев остварил средби и со префектот на округот Кукс, Али Халачи, претседателот на Советот на општина Кукс, Алберт Муја, со кои разговарале за „нови проекти во инфраструктурата, образованието, туризмот, кои ги засегаат и области на Гора, каде што живее бугарското малцинство“. Европратеникот Ковачев изјавил дека Бугарија и Албанија ги интензивираат односите на различни полиња на соработка и уште еднаш ја гарантираат непоколебливата поддршка на групацијата на Европската народна партија (ЕПП), која останува силен поддржувач на процесот на проширување и јасната европска перспектива на Албанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-prodolzhuva-so-agresivnata-politika-na-asimilatsija-na-makedontsite-vo-albanija/feed/ 0
Повеќе села од Голо Брдо без струја, движењето отежнато поради снегот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poveke-sela-od-golo-brdo-bez-struja-dvizheneto-otezhnato-poradi-snegot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poveke-sela-od-golo-brdo-bez-struja-dvizheneto-otezhnato-poradi-snegot/#respond Sat, 21 Jan 2023 14:21:06 +0000 https://kurir.mk/?p=790097

Снегот кој го зафати северниот и североисточниот дел на Албанија ги создаде и првите проблеми, посебно во руралните средини. Во областа Голо Брдо отежнато е движењето по лошата патна инфраструктура, а поради искинати електропроводници без струја се повеќе населени места. – Снегот го отежна движењето по руралните патишта како во Острени, Требиште, Мартанеш, Зерќан како и во други села на општина Булќиза. Проблеми врнежите создадоа и врз електромрежата, па повеќе села во Голо Брдо се без електрична енергија, јави Топ чанел. Според истиот извор целата општина Булќиза, под која припаѓа областа, е под снежна покривка. Локалната полиција апелира до возачите задолжително на возилата да постават синџири, што е задолжително и за возилата со кои се превезуваат рударите во рудникот за хром во Булќиза. Со потешкотии, посебно кај Ќаф Муриз, се одвива сообраќајот на автопатот Руга е Арбрит (патот на Арбр) кој ја поврзува Тирана со преминот „Блато” на албанско – македонската граница кај Дебар. Проблеми предизвикуваат честите одрони од камен и земја, поради кои изминатите денови, сообраќајот на автопатот беше во прекин.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poveke-sela-od-golo-brdo-bez-struja-dvizheneto-otezhnato-poradi-snegot/feed/ 0
Стерјовски за MCN: Власта и опозицијата во Албанија се против формирање на општините Гора и Голо Брдо, населени со македонско население https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sterjovski-za-mcn-vlasta-i-opozicijata-vo-albanija-se-protiv-formiranje-na-opshtinite-gora-i-golo-brdo-naseleni-so-makedonsko-naselenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sterjovski-za-mcn-vlasta-i-opozicijata-vo-albanija-se-protiv-formiranje-na-opshtinite-gora-i-golo-brdo-naseleni-so-makedonsko-naselenie/#respond Sun, 18 Sep 2022 17:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=734511

Претседателот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, во интервју за албанската телевизија MCN изјави дека власта и опозицијата во Албанија се против формирање на општините Гора и Голо Брдо, населени со македонско население. Телевизијата констатира дека македонското малцинство останало со истото незадоволство од територијално-административната реформа. Стерјовски, кој е поранешен пратеник и единствен кој јавно ја кажува својата етничка припадност, на тоа оценува дека територијалната реформата од 2014 година не ги исполнила обврските кон ова малцинство. – Во однос на инклузивноста, немаме ниту еден советник од областите на Гора и Голо Брдо во соодветните совети на овие општини. Се бројат на прсти бројот на вработени од областите Гора и Голо Брдо во овие општини. Се надевавме дека со оваа територијална реформа ќе се поправеа оние грешки кои беа направени во 2014 година и ќе се спроведеа меѓународните конвенции за почитување на правата на малцинствата, рече тој. Со надеж дека нивниот проблем ќе биде решен со новата територијална карта, каде што се бара покрај општина Пустец и создавање на општини на македонското малцинство во областа Гора во Округот на Кукс и во областа на Голо Брдо во округот Пешкопеја, Стерјовски вели дека нема политичка волја меѓу партиите да го преземат тој неопходен многу значаен чекор за Македонците. Според него Социјалистичка партија се повлече, нарекувајќи ја ефикасна претходната реформа, додека во меѓувреме во нацрт предлогот на опозициската Демократска партија не беа земени во предвид нивните барања. – Како заедница ги дадовме нашите мислења до Специјалната парламентарна комисија за административно-териториалната реформа и бевме многу добро примени. Немаше противење од ниту еден пратеник од власта или од опозицијата во таа комисија и мислевме дека конечно ќе има политичка волја да се прифатат нашите барања. Во крајна линија, со создавањето на овие две општини, граѓаните таму едноставно ќе имаат подобра и поблиска услуга, но и таму би се почитувале правата на македонското малцинство бидејќи со законот за заштита на националните малцинства многу права на малцинствата се поврзани со бројот и процентот што го заземаат во една општина. Законот за заштита на националните малцинства за жал се спроведува само во општина Пустец, во областа Преспа, вели тој. Нагласува дека ги дале своите мислења во комисијата, укажувајќи при тоа и на непочитување на правата на националните малцинства. – Како држава ги отворивме и преговорите за членство во ЕУ, а за членство во ЕУ е потребно исполнување на критериумите за заштита на националните малцинства и за жал се покажа дека нема политичка волја од сите политички сили за почитување на правата на малцинствата, констатира Стерјовски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sterjovski-za-mcn-vlasta-i-opozicijata-vo-albanija-se-protiv-formiranje-na-opshtinite-gora-i-golo-brdo-naseleni-so-makedonsko-naselenie/feed/ 0
Над 30 сантиметри снег во Голо Брдо, повеќе села без електрична енергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-30-santimetri-sneg-vo-golo-brdo-povekje-sela-bez-elektrichna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-30-santimetri-sneg-vo-golo-brdo-povekje-sela-bez-elektrichna-energija/#respond Tue, 30 Nov 2021 12:12:41 +0000 https://kurir.mk/?p=601941

По обилните снежни врнежи Македонците во областа Голо Брдо, Албанија, благодарение на ангажираноста на локалните власти не останаа завеани, но повеќе населени места се без електрична енергија, рече за МИА, Едмонд Османи администратор на административната единица Требиште. -Снежната покривка е над 30 сантиметри., некаде е и повисока. Засега нема проблеми околу движењето по патиштата во нашата област. Но и доколку е потребно благодарение на локалната власт на Булќиза, каде припаѓаме, подготвени сме да интервенираме. Повеќе села се без електрчна енергија поради искинати елекпроводници, за што превземаме напори за надминување на проблемот, додава Османи. Областа Голо Брдо, која опфаќа 22 населени места, населена речиси целосно со Македонци, редовно во измнатиот период за време на зимскиот период се соочува со големи проблеми. -Редовно бевме завеани со снег. Сега можам слободно да кажам дека тој проблем е надминат благодарение на големото разбирање и внимание што за нашата област ја посветува градоначалникот Лефтер Ала. Секогаш е подготвена механизација и редовно се расчистуваат патиштата, посочува тој. Додава дека со реконструкцијата и проширувањето на постојните објекти на здратсвените амбуланти, што е во рамки на владината програма, сега е обезбедено присуство на лекар во текот на денот, како и 24 часовно присуство на медицински сестри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-30-santimetri-sneg-vo-golo-brdo-povekje-sela-bez-elektrichna-energija/feed/ 0
СКАНДАЛ: На изборите за градоначалник во Пустец каде живеат Македонци упатство за гласање напишано само на албански и бугарски јазик https://arhiva.kurir.mk/svet/region/skandal-na-izborite-za-gradonachalnik-vo-pustec-kade-ziveat-makedonci-upatstvo-za-glasanje-napishano-samo-na-albanski-i-bugarski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/skandal-na-izborite-za-gradonachalnik-vo-pustec-kade-ziveat-makedonci-upatstvo-za-glasanje-napishano-samo-na-albanski-i-bugarski-jazik/#respond Mon, 01 Jul 2019 12:41:34 +0000 https://kurir.mk/?p=214427

На вчерашните локални избори во Албанија во општина Пустец каде што доминантно население е македонското упатствата за гласање беа само на албански и бугарски јазик. Упатство за жал немало на македонски јазик, а парадоксално е тоа што тоа се случува на територијата каде живеат најголем дел Македонци. Инаку во минатото скандалозна изјава ја брануваше јавноста откако членот на бугарската академија Веселка Тончева во својата книга тврдеше дека Македонците од Голо Брдо, Албанија се Бугари. Во книгата се опишува дека нивните традиции, говорот, обичаите...сето она што е карактеристично на жителите на Голо Брдо, било бударско. -Јасно е дека денешна Република Македонија е во процес на формирање на својот национален идентитет и не би можела да признае дека жителите на Голо Брдо се Бугари, бидејќи тоа на одреден начин ќе го дискредитира македонскиот идентитет, вака велеше бугарскиот академик Тончева во 2010 година. Ваквите тврдења освен што се скандалозни, немаат никаква основа со реалноста, одговори тогашниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко. Ова, вели тој, не е единствениот обид за бугаризирање на македонското малцинство во Албанија. Инаку Голо Бродо е област во Албанија, каде живеат околу 8.000 Македонци, претежно во услови на сиромаштија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/skandal-na-izborite-za-gradonachalnik-vo-pustec-kade-ziveat-makedonci-upatstvo-za-glasanje-napishano-samo-na-albanski-i-bugarski-jazik/feed/ 0
Македонците од Голо Брдо завеани, патиштата непроодни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-od-golo-brdo-zaveani-patishtata-neproodni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-od-golo-brdo-zaveani-patishtata-neproodni/#respond Tue, 27 Feb 2018 11:40:20 +0000 http://kurir.mk/?p=25324

Обилните врнежи од снег, присутни последните деновиве и на територијата на Албанија, ја блокираа областа Голо Брдо, а ништо подобра не е состојбата и во областа Гора, и двете населени места главно со Македонци. Во овие ридско-планиснки подрачја, дебелината на снежната покривка достигнува, на одделни места и над еден метар. Со соопштение во кое предупредуваат на проблемите со снегот во областа Голо Брдо, се огласи македонското друштв „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за областа. - Како резултат на обилните врнежи од снег, сите патишта што го поврзуваат областа Голо Брдо се целосно блокирани. Отсечени се селата Требиште, Клење, Стеблево, Мало Острени Врница, а и патот кон граничниот премин Требиште - Џепиште што го поврзува Голо Брдо со Македонија се непроодни. Жителите апелираат до надлежните органи да преземат мерки патиштата да бидат пробиени, стои во соопштението на „Илинден“. Се посочува дека од посебна важност е патот до преминот, бидејќи, во вакви временски непогоди, жителите од Голо Брдо, кога станува збор за итни случаи на болни, истите ги транспортираат до Општата болница во Дебар, поради близината. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-od-golo-brdo-zaveani-patishtata-neproodni/feed/ 0