горан бреговиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Sep 2023 16:35:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png горан бреговиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бреговиќ со децении е миленик на дамите: Оваа фотографија од младоста е доказ дека е заводник https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bregovik-so-detsenii-e-milenik-na-damite-ovaa-fotografija-od-mladosta-e-dokaz-deka-e-zavodnik/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bregovik-so-detsenii-e-milenik-na-damite-ovaa-fotografija-od-mladosta-e-dokaz-deka-e-zavodnik/#respond Fri, 15 Sep 2023 16:35:33 +0000 https://kurir.mk/?p=878486

Горан Бреговиќ е еден од најистакнатите музичари на Балканот кој настапува низ целиот свет. Соработувал со бројни музичари, а кариерата ја започнал на многу млада возраст. На Инстаграм се појави фотографија на која се гледа тој во младоста со тогашниот моден стајлинг. Со причина е омилен меѓу дамите, се гледа дека од млад бил голем заводник. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bregovik-so-detsenii-e-milenik-na-damite-ovaa-fotografija-od-mladosta-e-dokaz-deka-e-zavodnik/feed/ 0
На Бреговиќ му беше забранет влез во Молдавија, ова е причината https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-bregovik-mu-beshe-zabranet-vlez-vo-moldavija-ova-e-prichinata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-bregovik-mu-beshe-zabranet-vlez-vo-moldavija-ova-e-prichinata/#respond Tue, 22 Aug 2023 13:45:02 +0000 https://kurir.mk/?p=869637

По осудата на министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, кој побара објаснување од Министерство за надворешни работи на Молдавија за забраната за влез на музичарот и поранешен фронтмен на популарната југословенска рок група „Бијело дугме“ Горан Бреговиќ во Кишињев, се огласи молдавскиот министер за внатрешни работи Адријан Ефрос кој изјави дека на Бреговиќ му е забранет влезот поради неговите проруски ставови и поддршката за руската анексија на Крим, јави дописникот на МИА од Белград. Ефрос рече дека „се анализирале и други причини во безбедносните структури“ кога било одлучено да не се дозволи влез на Бреговиќ во Молдавија, но не соопшти повеќе детали. Според Радио Слободна Европа, Бреговиќ во март 2015 година одржал концерт во Одеса на Крим, една година откако на тој украински полуостров беше организиран референдум за приклучување кон Русија, кој не беше признат од повеќето земји-членки на Обединетите нации. Граничната полиција на Молдавија вчера претходно соопшти дека на Бреговиќ му е забранет влез во земјата од 2022 година, за што, велат, однапред биле информирани организаторите на фестивалот во Стари Орхеи, пренесува молдавската агенција ИПН. Како што соопштија од Граничната полиција, врз основа на анализа на ризик и информации добиени од размена на информации со Службата за разузнавање и безбедност, како и со меѓународни партнери, забранет е влез во државата на 29 странски државјани кои имале намера да влезат во Република Молдавија во последните 24 часа. -А во врска со објавениот случај на странски изведувач на кој не му беше дозволен влез во Молдавија, напоменуваме дека организаторите биле однапред известени за забраната која важи од 2022 година до денот на неговото пристигнување во нашата земја, наведоа од Граничната полиција. Горан Бреговиќ требаше да настапи во недела на 20 август на музичкиот фестивал Густар во Стари Орхеј. Неговиот бенд ден претходно бил вратен од границата на аеродромот во Кишињев, главниот град на Молдавија, а Бреговиќ не ни тргнал на пат потоа. Денес забраната на Бреговиќ за влез во Молдавија ја коментираше и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој оцени дека за ова имало „чудни причини“. -Кога видов дека некому во молдавската јавност му пречи кога Бреговиќ пее песна наречена „Калашников“, тогаш застануваш и се прашуваш што е ова народе. Тогаш разбирате дека се работи за таква глупост што доаѓа од социјалните мрежи, не ми се верува дека некои земји така реагираат, рече Вучиќ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-bregovik-mu-beshe-zabranet-vlez-vo-moldavija-ova-e-prichinata/feed/ 0
Дачиќ: Побаравме објаснување од Молдавија поради забраната за влез на Горан Бреговиќ во Кишињев https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachik-pobaravme-objasnuvane-od-moldavija-poradi-zabranata-za-vlez-na-goran-bregovik-vo-kishinev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachik-pobaravme-objasnuvane-od-moldavija-poradi-zabranata-za-vlez-na-goran-bregovik-vo-kishinev/#respond Mon, 21 Aug 2023 10:28:17 +0000 https://kurir.mk/?p=869071

Министерството за надворешни работи на Србија побара објаснување од Министерството за надворешни работи на Молдавија по повод одбивањето да дозволат влез во таа држава на славниот светски уметник Горан Бреговиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Шефот на срспката дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека таквата одлука не е во согласност со традиционално пријателските односи меѓу Србија и Молдавија. Тој оцени дела одлуката предизвикала многу негативни реакции и наишла на осуда во Србија. Дачиќ истакна дека Бреговиќ настапувал насекаде низ светот и никогаш немал такви проблеми при посета на која било земја. Да потсетиме, организаторите на Гитарскиот музички фестивал кој се одржува во Молдавија соопштија дека на Бреговиќ не му бил дозволен влез во таа земја иако веќе слетал на аеродромот во Кишињев. Бреговиќ и се извини на публиката што нема да може да настапи, бидејќи на аеродромот во Кишињев без објаснување не му е дозволен влез во земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachik-pobaravme-objasnuvane-od-moldavija-poradi-zabranata-za-vlez-na-goran-bregovik-vo-kishinev/feed/ 0
Горан Бреговиќ паднал од мотор https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/goran-bregovikj-padnal-od-motor/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/goran-bregovikj-padnal-od-motor/#respond Fri, 04 Nov 2022 10:24:22 +0000 https://kurir.mk/?p=755660

Балканската музичка ѕвезда Горан Бреговиќ неодамна доживеал несреќа на веспа, во Париз, Франција, а при падот го повредил рамото. Според српските медиуми, раката на музичарот му е имобилизирана. Поради тоа, тој мора да ги откаже концертите во Мексико закажани за 26., 29. и 30 октомври годинава. Бреговиќ во 2008 година доживеал слична повреда при пад од дрво, од околу четири метри висина и го скршил лумбалниот пршлен.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/goran-bregovikj-padnal-od-motor/feed/ 0
Горан Бреговиќ со спектакуларен концерт во „Де Факто“ Гевгелија https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/goran-bregovikj-so-spektakularen-koncert-vo-de-fakto-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/goran-bregovikj-so-spektakularen-koncert-vo-de-fakto-gevgelija/#respond Wed, 01 Jun 2022 09:30:46 +0000 https://kurir.mk/?p=684794

Големиот музичар, гитарист, продуцент, автор на филмска музика и основач на популарниот сараевски бенд „Бијело Дугме“, една од најпознатите југословенски поп/рок групи- Горан Бреговиќ, познат како Брега, доаѓа во Македонија.

Со мега спектакуларен концерт во „Де Факто“ во Гевгелија, на 25 јуни, најголемата балканска ѕвезда Бреговиќ, со својот оркестар од 12 музичари, пред околу 5000 гости, во стилот по кој е познат, секогаш забавен и неуморен, ќе го одбележи стартот на богатата летна музичка програма.

Оваа посебна ноќ ќе биде запаметена со пеење во еден глас на  мегапопуларните хитови како „Мјесечина“, „Едерлези“, „Калашников“ и уште многу други со кои е запечатена неколку децениската кариера на Брега.

Приказната на дискотеката „Де Факто“ трае повеќе од 10 години, а денес несомнено важи за една од најдобрите и најголеми дискотеки во нашата земја, па нема сомнеж дека долго ќе се зборува за овој мегаконцерт.

Уште еден летен спектакал кој не смеете да го пропуштите. Резервациите се во тек на 077530333 или [email protected]

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/goran-bregovikj-so-spektakularen-koncert-vo-de-fakto-gevgelija/feed/ 0
За Рама обвинувањата кон Бреговиќ се фашисичка хистерија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-rama-obvinuvanjata-kon-bregovikj-se-fashisichka-histerija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-rama-obvinuvanjata-kon-bregovikj-se-fashisichka-histerija/#respond Mon, 23 Aug 2021 20:30:13 +0000 https://kurir.mk/?p=554173

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на обвинувањата против пејачот Горан Бреговиќ кој настапи синоќа во Корча, наведувајќи дека Бреговиќ бил претворен во „криминалец“ иако не рекол ништо против Албанците и не пеел за масакрите на Милошевиќ. Однесување на некои ги смета за фашистичка хистерија и срам за албанската историја и традиција, што, според него, воопшто не се разликува од хистеријата на линч на фашистичките групи насекаде во светот. Посочува дека никој и никаде, не дал ниту еден доказ за да ја оправда средновековната хистерија што избувна против еден од најизвонредните музичари на Балканот. -Тоа беше фашистичка хистерија, срамна за европската култура на Албанците, исто така и за нашата историја и традиција, однесување кое за жал не се разликуваше воопшто од линч -хистеријата на фашистичките групи насекаде низ светот. Која е разликата, на пример, од оние кои во Србија ја навредуваат Дуа Липа со највалканиот речник на нејзините социјални мрежи, само затоа што таа е горда Албанка од Косово, која излегува завиткана во двете знамиња на нашите земји, со оние што на најниско ниво на нашите социјални мрежи пишуваат за Горан Бреговиќ, третирајќи го како воен злосторник и напразно обвинувајќи го само затоа што пее на српски, наведува Рама на објава на социјалните мрежи каде постира и видео запис од величенствениот концерт на Бреговиќ. Додава дека познат новинар Албанец од Косово, кој е меѓународно почитуван и придонесува за престижните трибини на светскиот печат, отворено рекол дека Горан Бреговиќ нема никаква врска со ниту една од црнините кои му ги препишуват потпалувачите на образа, како во Приштина така и во Тирана -Но, познатиот музичар од Сараево, со татко Хрват, мајка Србинка и жена Босанка муслиманка, се претвори во „српски криминалец“, кој требаше да изгори во пожарите на албанскиот август, и покрај фактот дека не е Србин, меѓу другото. Иако Бреговиќ не кажал никогаш ништо против Албанците, воопшто не пееше за масакрите на режимот на Милошевиќ и никаде не беше поддржувач на тој режим, ниту со зборови, ниту со дела, вистината не беше важна. Она што беше важно беше огнот на слепата политика, која создава непријатели, се храни со непријателства и живее за непријателство. Колку убаво рече еден од генијалните пиромани: Сакам да го слушам Бреговиќ, но не сакам да го гледам Еди Рама со свои очи, напиша Рама во објава на социјалните мрежи. Рама на подолгата објава констатира дека едните од другите се разликуваат само по тоа што првите пцујат и пцујат на српски јазик, додека вторите изговараат навреди и клетви на албански јазик и оти двете страни верно припаѓаат на ниската човечка категорија со слепа омраза. Објавата на Рама е всушност и одговор на дел од оние кои го критикуваа дека Бреговиќ на Пиво фест во Корча (Корчарско пиво) учествувал по негова желба. Во 2006 година, кога Рама беше градоначалник на Тирана на Бреговќ му го подари клучот на албанската метропола. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-rama-obvinuvanjata-kon-bregovikj-se-fashisichka-histerija/feed/ 0
Тага во семејството на Горан Бреговиќ: Почина сестрата на познатиот музичар https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taga-vo-semejstvoto-na-goran-bregovikj-pochina-sestrata-na-poznatiot-muzichar/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taga-vo-semejstvoto-na-goran-bregovikj-pochina-sestrata-na-poznatiot-muzichar/#respond Wed, 28 Oct 2020 09:43:10 +0000 https://kurir.mk/?p=421550

Дајана Бреговиќ-Мариќ (61), помладата сестра на популарниот сараевски музичар Горан Бреговиќ (70), почина во Сплит на 61 година. Таткото Фрањо Бреговиќ и мајката Борка Перишиќ, од бракот ги имаат синовите Горан, Предраг и ќерката Дијана. - Во длабока болка, известуваме дека г-ѓа Дајана Бреговиќ-Мариќ одеднаш нè напушти. Поради голема тага, беше извршен тивок погреб во кругот на потесното семејство на гробиштата Ловринац, пишува на некрологот на хрватска страница. - Дајана Бреговиќ – Мариќ е помлада сестра на лидерот на „Бјело дугме“, Горан Бреговиќ. Горан ја помина својата младост со неа затоа што нивните родители Фрањо и Борко беа разведени, па тој живееше во Сараево некое време, а некое време и во Сплит, објавија хрватските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taga-vo-semejstvoto-na-goran-bregovikj-pochina-sestrata-na-poznatiot-muzichar/feed/ 0
„Да ни е вака секој ден!“ – Жељко Самарџиќ и Горан Бреговиќ уживаат на јахта https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/da-ni-e-vaka-sekoj-den-zeljko-samardzikj-i-goran-bregovikj-uzivaat-na-jahta/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/da-ni-e-vaka-sekoj-den-zeljko-samardzikj-i-goran-bregovikj-uzivaat-na-jahta/#respond Tue, 15 Sep 2020 12:22:20 +0000 https://kurir.mk/?p=403509

Жељко Самарџиќ деновиве заедно со Горан Бреговиќ уживаше на јахта и пловеа по Јадранското море. Познатите музичари уживаа во морски плодови, вино и пловидба, па порачаа: На никој не му е поубаво од нас. Само да ни е вака секој ден. Голем поздрав од Бока Которска, порача Жељко.
 
View this post on Instagram
 
I nikom nije ljepše nego nam’ Samo da je ‘vako svaki dan. - Pozdrav iz Boke Kotorske! 🎣🛥🍷🎶⚓️

A post shared by Željko Samardžić (@zeljko_samardzic) on

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/da-ni-e-vaka-sekoj-den-zeljko-samardzikj-i-goran-bregovikj-uzivaat-na-jahta/feed/ 0
Горан Бреговиќ осуден за плагијат тежок милион евра https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/goran-bregovikj-osuden-za-plagijat-tezok-milion-evra/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/goran-bregovikj-osuden-za-plagijat-tezok-milion-evra/#respond Tue, 16 Jun 2020 10:15:41 +0000 https://kurir.mk/?p=358550

Босанскиот музичар Горан Бреговиќ е осуден за плагијат. Тој морал да му платил отштета од милион евра на францускиот композитор Енрико Масијас, поради недозволена употреба на неговата музика. Масијас поднел тужба против Бреговиќ пред околу десет години. Тој тврдеше дека Бреговиќ ја користел неговата музика и ја претставил како своја, за потребите во филмот „Сонот на Аризона“ на Емир Кустурица. Десет години подоцна, францускиот суд го прогласи Горан Бреговиќ за виновен]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/goran-bregovikj-osuden-za-plagijat-tezok-milion-evra/feed/ 0
„Три писма од Сараево“ на Горан Бреговиќ во ВИП Арена https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/tri-pisma-od-saraevo-na-goran-bregovikj-vo-vip-arena/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/tri-pisma-od-saraevo-na-goran-bregovikj-vo-vip-arena/#respond Fri, 22 Mar 2019 07:09:50 +0000 https://kurir.mk/?p=177410

Во ВИП Арената во Скопје вечер ќе биде изведен проектот – виолински концерт „Три писма од Сараево“ на Горан Бреговиќ со Македонската филхармонија и со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“. Концертот е компониран за класична, ориентална и клезмер виолина, со настап на тројца солисти од Србија, Тунис и Израел. Со него Бреговиќ нуди сопствена уметничка визија на нов, помирен, толерантен, мултикултурен и мултиконфесионален свет.  Проектот премиерно беше претставен во Париз во 2016 година. -„Three letters from Sarajevo“ е најпродаван еthno world албум во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка. Бреговиќ за него доби и можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада, а се најде и во престижниот британски весник „Гардијан“, соопшти Авалон-продукција која го организира вечерашниот концерт во Скопје. Продукцијата соопшти дека познатиот музичар на концертот ќе изведе и некои од неговите познати хитови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/tri-pisma-od-saraevo-na-goran-bregovikj-vo-vip-arena/feed/ 0