горан иванишевиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Oct 2023 08:51:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png горан иванишевиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Горан Иванишевиќ со тужба против поранешната сопруга и ќерка му https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/goran-ivanishevik-so-tuzhba-protiv-poraneshnata-sopruga-i-kerka-mu/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/goran-ivanishevik-so-tuzhba-protiv-poraneshnata-sopruga-i-kerka-mu/#respond Tue, 17 Oct 2023 08:51:49 +0000 https://kurir.mk/?p=889698

Поранешниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ на Инстаграм се огласи за односите со претходната сопруга Татјана Драговиќ. „Така, во мигот кога се осмелив да си ги побарам заработените пари пред и за време на бракот, коишто Т.Д. ги присвои и покрај сите закони и договори, станав семеен насилник и миленик на судовите. Сега само ја чекам тужбата што треба да утврди дека предметната Т.Д. го освоила Вимблдон и 2 олимписки медали, а можеби и некој друг „грен слем“, но тоа допрва треба да го утврди судот“, напиша Иванишевиќ. Тој натаму ги наведе своите адвокати кои, како што вели, „долго време“ се занимавале со ова. Претходно хрватските медиуми објавија дека Иванишевиќ ја тужел и својата ќерка Амбер и барал половина од стан што ѝ го дала мајка ѝ, тврдејќи дека тоа подарување на станот е „против моралот на хрватското општество“. Поранешниот спортист бара и веќе да не плаќа алиментација за ќерка сѝ. Според судските документи, тенисерот бара на Драговиќ да ѝ се одземе дел од имотот што правно ѝ припаѓа врз основа на нивните претходни договори, а исто така, и таа да врати фиктивен заем од 2,5 милиони евра. Иако, наводно, тој не доставил никаков договор за заем до Судот, ниту некој убедлив документ што би го потврдил ова тврдење, судските власти, како што се тврди, ги блокирале сите сметки на Драговиќ и ѝ забраниле располагање со имотот, пишува хрватски „Национал“. Полицијата и Судот, според Драговиќ, ги игнорираат сведочењата за семејно насилство, па таа се сомнева во нивната пристрасност, пишува хрватскиот весник. Горан ја запознал својата поранешна сопруга во 1998 година. Татјана, тогаш супермоделка, имала 18, а тој - 25 години. Во 2004 година ја добија ќерката Амбер Марија, а по три години и синот Емануел. По бројни семејни перипетии, Горан и Татјана се разведоа во 2013 година. Тој денес е оженет со радиоводителката Нивес Иванишевиќ (порано Чановиќ). Таа го поддржува и смета оти „правдата е бавна, но достижна“, како што напиша во една прилика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/goran-ivanishevik-so-tuzhba-protiv-poraneshnata-sopruga-i-kerka-mu/feed/ 0
Иванишевиќ: Освоив сè со Ѓоковиќ, сега можам слободно да се откажам https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ivanishevik-osvoiv-se-so-gokovik-sega-mozham-slobodno-da-se-otkazham/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ivanishevik-osvoiv-se-so-gokovik-sega-mozham-slobodno-da-se-otkazham/#respond Tue, 12 Sep 2023 04:26:25 +0000 https://kurir.mk/?p=877103

Горан Иванишевиќ беше среќен по новата победа на Новак Ѓоковиќ на Грен слем турнирите. Хрватскиот стратег, кој четири години е во тимот на Новак, истакнува дека подготовката за финалето со Медведев била добро завршена. „Беше потребно трпение. Медведев е играч кој игра пет перфектни мечеви и потоа за неколку моменти губи сè. Тактички, Новак работеше горе-долу беспрекорно, освен тој гем кој го загуби на свој сервис во третиот сет. Но, и тој е човек од крв и месо. Брзо се опорави и стигна до победата“, рече Иванишевиќ. Хрватот ја опиша соработката со Ѓоковиќ на почетокот и сега. „Не е полесно отколку на почетокот, но се навикнав. Го слушаш, не го слушаш. Ми недостигаше овој УС Опен со него. Имав трофеј со Чилиќ, но не и со Новак. И сега освоив сè со него. Ги имам сите Грен слем турнири, Мастерси, турнири од сериите 500 и 250, фјучерси и челинџери нема да игра, па можам слободно да се откажам“, додаде Иванишевиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ivanishevik-osvoiv-se-so-gokovik-sega-mozham-slobodno-da-se-otkazham/feed/ 0
Иванишевиќ: Новак ќе игра до ОИ во Лос Анџелес во 2028 година https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ivanishevik-novak-ke-igra-do-oi-vo-los-andheles-vo-2028-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ivanishevik-novak-ke-igra-do-oi-vo-los-andheles-vo-2028-godina/#respond Mon, 11 Sep 2023 07:00:01 +0000 https://kurir.mk/?p=876803

Горан Иванишевиќ зборуваше смирено по освојувањето на титулата на Новак Ѓоковиќ на Ју-ес опен. Ѓоковиќ четврти пат победи во Њујорк и ја освои 24. Грен слем титула во кариерата. „Данил практично му го подари првиот сет. Пресвртница беше вториот сет. Новак таму одигра неколку неверојатни поени на мрежата, особено оној на сет топката. Сетот се решаваше во тај-брејкот и тука се прекрши целиот меч. Ако Медведев го земеше тај брејкот, се можеше да биде поинаку. Прашање беше само кога Новак ќе го реши прашањето на победникот во третиот сет“, истакна Иванишевиќ. Горан воопшто не е изненаден од неверојатните достигнувања на Новак. „Да не бев со него, можеби ќе бев изненаден. Знам колку е мотивиран, бидејќи постојано бара нови предизвици. Понекогаш тоа не е добро за нас во неговиот тим“, се насмеа Горан и додаде: „Сепак, тоа е причината поради која бележи врвни резултати“. Според Иванишевиќ им нема крај на успесите на Ѓоковиќ. „Тој е гениј. Роден победник. Не може да се добие. Тој е роден со него. И нема причина да се запре на 36. Неговиот план е да игра до Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година!“, заклучи Иванишевиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ivanishevik-novak-ke-igra-do-oi-vo-los-andheles-vo-2028-godina/feed/ 0
Иванишевиќ прв хрватски тенисер во Куќата на славни https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ivanishevikj-prv-hrvatski-teniser-vo-kukjata-na-slavni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ivanishevikj-prv-hrvatski-teniser-vo-kukjata-na-slavni/#respond Sun, 18 Jul 2021 13:30:50 +0000 https://kurir.mk/?p=538304

Освојувачот на грен-слем турнирот во Вимблдон во 2001 година Горан Иванишевиќ e првиот хрватски тенисер во историјата кој стана член на Куќата на славните. – Пред 42 години го почнав ова патување од малиот хрватски град Сплит и тоа денеска завршува во Њупорт. Тука е крајот. Ова е остварување на моите соништа. изјави 49-годишниот Иванишевиќ на свечената церемонија Иванишевиќ во Куќата на славните го внесе легендарниот американски тенисер Џон Мекинро. – Го сакам Горан Иванишевиќ и неизмерно сум возбуден поради тоа што во Куќата на славните можам да внесам некој за кој слободно може да се каже дека на теренот беше полуд отколку што бев јас. Многупати играв против Горан, многупати го гледав и ги коментирав неговите натпревари и морам да кажам дека секогаш ме држеше на работ на столчето, бидејќи никогаш не знаев што ќе се случи следно, а не сум сигурен дека ниту тој самиот знаеше, рече Мекинро. Иванишевиќ, од своја страна, рече дека токму Мекинро бил неговиот идол во детството. -Не мислам дека бев полуд од тебе, но во секој случај бев многу блиску до тоа. Те сакам, го сакам твојот тенис и ти си причината поради која почнав да играм тенис – и да, многу пати те победував, рече Иванишевиќ на церемонијата по повод приемот на нови членови во тениската Куќа на славните во Њупорт. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ivanishevikj-prv-hrvatski-teniser-vo-kukjata-na-slavni/feed/ 0
Иванишевиќ: Политичарите собираат поени на наш грб https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ivanishevikj-politicharite-sobiraat-poeni-na-nash-grb/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ivanishevikj-politicharite-sobiraat-poeni-na-nash-grb/#respond Tue, 23 Jun 2020 19:20:29 +0000 https://kurir.mk/?p=361739

Горан Иванишевиќ вечерва беше гостин на „РТЛ“ откако одговори на неколку прашања преку видео-врска во врска со неодамнешните случувања на „Адрија тур“ и големиот број на заразени тенисери и тренери. На почетокот тој ја откри состојбата на Новак Ѓоковиќ. – Се слушнавме и не му е лесно. Тој е многу добро, ако ги погледнеме околностите. Тој ќе издржи сè, силен е, но за него не е лесно“, рече Иванишевиќ. На прашањето зошто Ѓоковиќ не се тестирал во Хрватска, легендарниот тенисер вели: „Бидејќи на денот кога се случи тоа, по препорака на персоналот, кој ни рече дека секој играч може да биде тестиран во својата земја, тој реши да замине во Белград. Играчите отидоа на тест самостојно“. Во однос на тоа зошто не биле тестирани пред да пристигнат во Хрватска, Иванишевиќ вели дека „немало потреба“. – Така рече министерот Берос. Никој немаше симптоми, тренерот на светскиот рекет бр.1. Тој истакна дека се чувствуваат одговорни, но дека му пречи што тој се претставува како единствен виновник. – Се чувствуваме одговорно, ова беше една голема, одлична работа. Жал ми е за сите заразени, но на некои работи не може да се влијае, така и во овј случај. Единствено што ме мачи е дека ние сме главни виновници и луѓето собираат политички поени на наш грб, а во Задар има најмалку заразени. Сè падна на наш грб, тоа не е во ред, рече легендарниот „Зец“, цитиран од Индекс. Тој досега е тестиран двапати, а го чека уште еден тест. – Бев тестиран минатата среда и во понеделник. И двата теста се негативни, се надевам дека ќе има трет во сабота. Не ми бегаат 14 дена самоизолација, додаде Иванишевиќ и заклучи: „Се случи тоа што се случи и сега е лесно да се биде паметен за тоа што беше потребно, што не. Посакувам заразените да закрепнат брзо“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ivanishevikj-politicharite-sobiraat-poeni-na-nash-grb/feed/ 0