Горан Малишиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Mar 2022 13:24:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Горан Малишиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Малишиќ: Граѓаните да не креваат паника, пченица и брашно ќе има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/malishikj-gragjanite-da-ne-krevaat-panika-pchenica-i-brashno-kje-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/malishikj-gragjanite-da-ne-krevaat-panika-pchenica-i-brashno-kje-ima/#respond Tue, 01 Mar 2022 13:24:29 +0000 https://kurir.mk/?p=638690

Граѓаните да не стравуваат и да не креваат паника, зашто стопанствениците ќе обезбедат доволно пченица и брашно, вели за МИА претседателот на Групацијата за мелничко-пекарска индустрија во Стопанската комора на Северна Македонија, Горан Малишиќ. Според Малишиќ, санкциите кон Русија од македонска страна би биле катастрофални ако ние како држава не би имале други пазари за суровини, како што се Србија, Унгарија, Романија и Бугарија. -Не треба да се дига паника кај населението до тој степен, луѓето треба да бидат сигурни дека нашите стопанственици ќе обезбедат доволни количини на пченица и брашно за потребите на граѓаните, а исто ги уверувам и дека Владата ќе најде начин да ги заштити, дециден е Малишиќ. Во врска со цените, додава, новата Одлука на Владата создава поволна клима и сигурност, како за стабилност на индустријата, така и заштита од преголемо покачување или несоодветно изнудено поскапување на брашното и лебот. -Според денешните покачувања на цените, се гледа дека покачувањата се соодветни и различни, со што се потврдува функционалноста на Одлуката за заштита на населението. Би апелирал до граѓаните, да не создаваат паника околу зголемувањето на цената на лебот, зашто зголемениот трошок за набавка на леб за едно семејство на месечно ниво е најмал во споредба со зголемувањето на цените како трошокот на енергенсите, елелектричната енергија, цигарите и сите други производи кои се зголемија вртоглаво во последниот месец. Целта на Одлуката е да се зачува и домашното производство, како не би се соочиле со затварање на домашните производни капацитети, од кои некои веќе и најавија затворање, со што ќе се соочевме како држава со недостиг од 160.000 парчиња леб на пазарот, објаснува Малишиќ. Тој информира и дека од петокот до 13:00 часот денеска, цената на пченицата на светските берзи се зголеми за 24 отсто. -Тоа е поради изјавата на Кина дека ги симнува сите бариери кон руската пченица и даде наредба да се зголемат нивните залихи со пченица, а втората причина е дека Црноморската продажба не фунционира со што создава паника за купувачите во светот. Во опкружувањето или конкретно во Србија, цената на пченицата се зголеми од понеделникот до денеска за 14 отсто. Сите овие зголемувања на пченицата, ако останат и продолжат, ќе придонесат за нови корекции на цените секаде во светот, како и кај нас. Голем проблем е што во исто време се зголемуваат континуирано и нафтата, природниот гас, како и електричната енергија и сите заедно се поскапени за 30 отсто од средата, со почетокот на инвазијата, до денес, нагласува Малишиќ. Залихите на пченица и брашно кај правните лица (компаниите), нагласува, се за 30 до 45 дена. -Но, како што напоменав, нашите стопанственици се секогаш во состојба да набават дополнителни количини за потребите на индустријата како и населението, потенцира претседателот на Групацијата. За новиот род, Малишиќ апелира до Владата и Министерството за земјоделство да донесат дополнителни стимулативни мерки за земјоделците и преработувачите за да се насеат за идната сеидба сите површини со пченица кои не се обработуваат, како и да интервенираат со дополнителни субвенции кон земјоделците за зголемените цени на азотните и фосфорни ѓубрива, кои се неопходни за коректен принос и квалитет на пченицата. -Цената на пченицата за идната жетва ќе биде соодветна според пазарните услови на понудата и побарувачката во опкружувањето за времето на жетвата, истакнува Малишиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/malishikj-gragjanite-da-ne-krevaat-panika-pchenica-i-brashno-kje-ima/feed/ 0
Малишиќ: Мелничко пекарската индустрија работи со загуба, колку е поголема компанијата толку е поголема загубата и тоа се обидуваме да и го објасниме на владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/malishikj-melnichko-pekarskata-industrija-raboti-so-zaguba-kolku-e-pogolema-kompanijata-tolku-e-pogolema-zagubata-i-toa-se-obiduvame-da-i-go-objasnime-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/malishikj-melnichko-pekarskata-industrija-raboti-so-zaguba-kolku-e-pogolema-kompanijata-tolku-e-pogolema-zagubata-i-toa-se-obiduvame-da-i-go-objasnime-na-vladata/#respond Mon, 31 Jan 2022 21:22:14 +0000 https://kurir.mk/?p=625171

Горан Малишиќ, претседател на групација на мелничко пекарската индустрија Агроглобал Трејд Скопје во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, вели дека во изминатите два месеца мелничко пекарската индустрија работи со загуба. -Ние не разговараме за профити. Ние во изминатите два месеца работиме на нула и во загуба. Значи ние тоа и го објаснуваме на владата. Во целата индустрија загубите се месечно од 30.000 евра па до 350.000 евра. Значи колку си поголем, поголема е загубата, колку месеци ќе издржи таа компанија со загуби, месец, два три. Ние не разговараме за ајде загуба од еден месец па ќе ја покриеме, ние разговараме за енормни загуби. Јас не можам да тврдам за другите индустрии зошто јас ја претставувам мојата индустрија, мелничко пекарската индустрија работи со најмали маржи, вели Малишиќ. Ако набавката на суровините ако годинава се качи за 70 проценти, и кај што струјата се качи за два пати, за 200 проценти, или гасот за 200 проценти, ние мора да ги градиме тие трошоци некаде, ако не ги вградиме тогаш ние ќе пропаднеме, вели Малишиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/malishikj-melnichko-pekarskata-industrija-raboti-so-zaguba-kolku-e-pogolema-kompanijata-tolku-e-pogolema-zagubata-i-toa-se-obiduvame-da-i-go-objasnime-na-vladata/feed/ 0