Горан Манојлоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Jun 2020 07:24:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Горан Манојлоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Манојловски: Владата веднаш да излезе на терен и да се санираат штетите од поплавите во Теарце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojlovski-vladata-vednash-da-izleze-na-teren-i-da-se-saniraat-shtetite-od-poplavite-vo-tearce/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojlovski-vladata-vednash-da-izleze-na-teren-i-da-se-saniraat-shtetite-od-poplavite-vo-tearce/#respond Wed, 24 Jun 2020 07:24:24 +0000 https://kurir.mk/?p=361807

Ја повикувам владата на чело со Спасоски веднаш да излезат на терен во општина Теарце и да се санираат штетите од синоќешните и денешните поплави, напиша на Фејсбук Горан Манојлоски од ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojlovski-vladata-vednash-da-izleze-na-teren-i-da-se-saniraat-shtetite-od-poplavite-vo-tearce/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за измени во Законот за здравствена заштита: Три години чекавме да се исполни ветувањето на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-podnese-predlog-za-izmeni-vo-zakonot-za-zdravstvena-zashtita-tri-godini-chekavme-da-se-ispolni-vetuvanjeto-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-podnese-predlog-za-izmeni-vo-zakonot-za-zdravstvena-zashtita-tri-godini-chekavme-da-se-ispolni-vetuvanjeto-na-sdsm/#respond Fri, 31 Jan 2020 14:26:07 +0000 https://kurir.mk/?p=297583

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и дел од други пратенички групи денес поднесе Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, обелодени Горан Манојлоски, пратеник на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. -Го поднесуваме овој закон поради тригодишното чекање да се исполни ветување на СДСМ за носење на комплетно нов Закон за здравствена заштита. Како пратеници сметаме дека е несериозно министерот Венко Филипче да си поигрува со докторската фела во период кога имаме масовно иселување на доктори од државата. Трендот  на миграција на лекарите во нашата држава со години  е присутен  и има одлив на високо квалитетен медицински кадар. Единствен начин за да се задржат и мотивираат квалитетни лекари во земјава е да се создадат поповолни услови за работа на докторите, а со тоа и подобри здравствени услуги за пациентите, што е и целта на овој закон, истакна тој. Манојлоски посочи дека со законот се предвидува дополнителна дејност за секој лекар специјалист и субспецијалист во секоја регистрирана здравствена установа, согласно законските прописи за дополнителна дејност, а со цел подобра, поблиска, квалитетна и навремена здравствена услуга за сите граѓани без разлика на нивното место на живеење. -Со Предлог законот на пациентите им се овозможува избор на доктор кој ќе ја изврши здравствената услуга  по точно утврдени цени од здравствена установа со која здравствениот работник склучил договор за вршење на дополнителна дејност, со цел да им се овозможи на пациентите кои живеат во други општини да можат да ги користат услугите во општините во кои живеат или во места кои се во помала оддалеченост од нивното место на живеење од досегашните уредени во постојниот закон, истакна Манојлоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-podnese-predlog-za-izmeni-vo-zakonot-za-zdravstvena-zashtita-tri-godini-chekavme-da-se-ispolni-vetuvanjeto-na-sdsm/feed/ 0
Манојлоски: Додека власта и министерот Филипче се фалат со непостоечки проекти правната држава во Тетово не постои https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-dodeka-vlasta-i-ministerot-filipche-se-falat-so-nepostoechki-proekti-pravnata-drzava-vo-tetovo-ne-postoi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-dodeka-vlasta-i-ministerot-filipche-se-falat-so-nepostoechki-proekti-pravnata-drzava-vo-tetovo-ne-postoi/#respond Fri, 06 Sep 2019 10:49:36 +0000 https://kurir.mk/?p=237777

Почитувани сограѓани ! Ве известувам дека денеска по којзнае кој пат се случи напад на здравствен работник ,лекар на неговото работно место . Според неофицијални сознанија колегата во тешка здравствена состојба е пренесен на скопските клиники. Додека власта и министерот Филипче се фалат со непостоечки проекти правната држава во Тетово не постои. Наместо да се зафатат и да ги исполнат ветувањата за повисоки плати ,носење на нов закон за ЗЗ и лекарска дејност,ние сме сведоци на терор над здравствените работници.Воедно ги прашувам министрите Филипче и Спасовски :Дали овој случај ќе го истераат законски до крај??? Дали е точно дека лекарот е претепан пред очите на полициски службеници ????#Поддршказаздравственитеработници !!!!, напиша на својот Фејсбук профил пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-dodeka-vlasta-i-ministerot-filipche-se-falat-so-nepostoechki-proekti-pravnata-drzava-vo-tetovo-ne-postoi/feed/ 0
Манојлоски по инцидентот: Се откажувам од понатамошно гонење кон припадниците на МВР- вакви настани да не се повторуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-po-incidentot-se-otkazuvam-od-ponatamoshno-gonenje-kon-pripadnicite-na-mvr-vakvi-nastani-da-ne-se-povtoruvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-po-incidentot-se-otkazuvam-od-ponatamoshno-gonenje-kon-pripadnicite-na-mvr-vakvi-nastani-da-ne-se-povtoruvaat/#respond Fri, 12 Jul 2019 10:07:08 +0000 https://kurir.mk/?p=217713

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски се огласи по инцидент што му се случи во понеделникот на пат кон Собранието, кога вооружени полицајци го сопреле и му направиле претрес нему и на неговото возило. Вели дека МВР мора да работи на целосна професионализација на своите припадници. -Овој случај го затворив преку медијација и се откажувам од понатамошното гонење кон припадниците на МВР кои беа дел од овој настан, го прифатив нивното извинување за немилиот настан, но и со совети и препораки вакви настани да не се повторуваат, пишува Манојлоски меѓудругото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-po-incidentot-se-otkazuvam-od-ponatamoshno-gonenje-kon-pripadnicite-na-mvr-vakvi-nastani-da-ne-se-povtoruvaat/feed/ 0
Вооружени полицајци го сопреле пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ- во знак на револт Манојлоски ја напушти седницата на Комисијата за труд и социјална политика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vooruzeni-policajci-go-soprele-pratenikot-na-vmro-dpmne-vo-znak-na-revolt-manojloski-ja-napushti-sednicata-na-komisijata-za-trud-i-socijalna-politika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vooruzeni-policajci-go-soprele-pratenikot-na-vmro-dpmne-vo-znak-na-revolt-manojloski-ja-napushti-sednicata-na-komisijata-za-trud-i-socijalna-politika/#respond Mon, 08 Jul 2019 10:10:02 +0000 https://kurir.mk/?p=216392

Заменик претседателката на собраниската Комисија за труд и социјална политика Весна Пемова денеска ја прекина седницата поради немање кворум, откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски ја напушти седницата во знак на револт, како што кажа, поради инцидент што му се случил на пат кон Собранието. Имено, Манојлоски рече дека утрово кога одел на работа кон Собранието на кружниот тек во скопската населба Ѓорче Петров бил запрен од страна на вооружени полицајци кои, како што посочи, и покрај тоа што им кажал дека е пратеник му рекле да излезе со цел да извршат претрес внатре во возилото. Тој рече дека нема да се враќа на работа во собраниските комисии додека не добие официјално известување од страна на министерот за внатрешни работи или МВР во врска со настанот. Инаку заради грабежот во НЛБ Тутунска Банка во Сарај бил претресен токму пратеникот на кој полицијата му го претресувала автомобилот како најголем криминалец, додека полицијата не му верувала дека станува збор за пратеник кој уредно се легитимирал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vooruzeni-policajci-go-soprele-pratenikot-na-vmro-dpmne-vo-znak-na-revolt-manojloski-ja-napushti-sednicata-na-komisijata-za-trud-i-socijalna-politika/feed/ 0
Манојлоски до Елези: За општина Тетово кога можевте да обезбедите 9 милиони евра, можевте нешто и за општина Јегуновце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-do-elezi-za-opshtina-tetovo-koga-mozevte-da-obezbedite-9-milioni-evra-mozevte-neshto-i-za-opshtina-jegunovce/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-do-elezi-za-opshtina-tetovo-koga-mozevte-da-obezbedite-9-milioni-evra-mozevte-neshto-i-za-opshtina-jegunovce/#respond Mon, 10 Dec 2018 14:20:59 +0000 https://kurir.mk/?p=138211

Пратеникот Горан Манојлоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, на Комисијата за финансирање и буџет поднесе предлог амандман со кој се предлага да се обезбедат средства во висина од 100 милиони денари за уредување на речното корито на реката Вардар во регионот на општина Јегуновце во должина од 7 километри- од селото Туденца до село Јегуновце со цел заштита на реката од изливање и нејзино насочување на течението. Истиот амандман беше одбиен од страна на заменик министер за финансии Ширете Елези. -Искрено се надевав дека можеби за овој амандман ќе излезете во пресрет. Бидејќи како што знаеме со ребалансот на Буџетот обезбедивте 9 милиони евра за општина Тетово. Се надевав дека ќе можете да обезбедите барем дел од овие средства да се започне овој проект во општина Јегуновце. Ова е еден долгогодишен проблем кој што засега повеќе села и со евентуална реализација на овој проект ќе бидат заштитени атарите на 4 села од поплави и се надевам дека нема да се одолговечи овој проект и да се чека од министерство за животна средина и од ИПАРД фондовите за да се санира ова. За да не дојдеме во ситуација да дојдеме до поголеми поплави бидејќи во тетовскиот регион ги има многу, образложи Манојлоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-do-elezi-za-opshtina-tetovo-koga-mozevte-da-obezbedite-9-milioni-evra-mozevte-neshto-i-za-opshtina-jegunovce/feed/ 0
Манојлоски до СДСМ: Законските измени во здравството кои ги предлагате се за да ги задоволите партиските апетити https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-do-sdsm-zakonskite-izmeni-vo-zdravstvoto-koi-gi-predlagate-se-za-da-gi-zadovolite-partiskite-apetiti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-do-sdsm-zakonskite-izmeni-vo-zdravstvoto-koi-gi-predlagate-se-za-da-gi-zadovolite-partiskite-apetiti/#respond Mon, 26 Nov 2018 16:47:40 +0000 https://kurir.mk/?p=132239

Очекував дека прва точка на дневен ред ќе биде зголемување на платите на лекарите и зголемување на цената на капитациониот бод, но очигледно е дека сите законски измени кои се предлагаат се за да ги задоволите партиските апетити и да ги инсталирате вашите партиски кадри, како што впрочем гледаме со поставувањето на менаџери во Берово, Пехчево на несоодветен медицински кадар да управува со медицинските установи, изјави на денешната собраниска седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојлоски. Тој посочи дека се ветуваше целосно бесплатно болничко лекување за сите осигуреници и тоа во првите 6 месеци, а еве по две години на седница на предлог Закон за здравствена заштита истото не е ставено на дневен ред. Манојлоски потенцираше дека исто така СДСМ вети и покачување на основната плата на сите здравствени работници за 15% во првите 6 месеци, но тоа го нема ни по две години. - Сите ветувања кои што ги давате кон здравствените работници треба да се исполнат. Сите здравствени работници чекаат да се зголеми основната плата. Никој од вас не излезе тука да критикува и да каже колку лекари заминаа затоа што дојде живот, а бројката во 2017 е најголема досега, во 2018 ќе биде уште поголема, баш затоа што дојде живот лекарите и здравствените работници заминуваат затоа што многу се вети, а ништо не се исполнува, нагласи Манојлоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-do-sdsm-zakonskite-izmeni-vo-zdravstvoto-koi-gi-predlagate-se-za-da-gi-zadovolite-partiskite-apetiti/feed/ 0
Манојлоски: СДСМ на секој можен начин се труди да ја исклучи опозицијата, ова е режим https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-sdsm-na-sekoj-mozen-nachin-se-trudi-da-ja-iskluchi-opozicijata-ova-e-rezim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-sdsm-na-sekoj-mozen-nachin-se-trudi-da-ja-iskluchi-opozicijata-ova-e-rezim/#respond Wed, 18 Jul 2018 15:36:55 +0000 https://kurir.mk/?p=78437

Решиле дека самите ќе носат закони како што сакаат, самите ќе ги потпишуваат, дека нема потреба да излегуваат во службен весник, дека самите ќе потпишуваат меѓународни договори без да ги прашаат другите и се ќе прават што сакаат. На секој чекор со секоја ваша постапка се трудите да ја исклучите опозицијата. Ова е режим, потенцираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојлоски на денешната собраниска седница. - Колегите од СДСМ зедоа пример од една влада во триесеттите години на минатиот век во Германија која што одлучи да најде начин како вие што правите сега, комплетно да се исклучи и опозицијата и сите неистомисленици и сите законски акти за да ги спроведат своите лични цели, вели Манојлоски. Тој посочи дека од Собранието прават акционерско друштво на Талат и Тунтев и не им треба ниту Устав ниту Деловник за работа, бидејќи не ја слушаат опозицијата и самите си прават тоа што сакаат. Додава дека во моментов тие правата преседан кој ќе се повторува и понатаму. - Ако сакате соработка, инклузивност на опозицијата, треба да го слушните гласот на опозицијата. Очигледно дека ве заслепе моќта на власта. Немате никаков слух на барањата на другите ништо не се почитува, истакна Манојлоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-sdsm-na-sekoj-mozen-nachin-se-trudi-da-ja-iskluchi-opozicijata-ova-e-rezim/feed/ 0
Манојлоски: Ниту еден лекар не е примен овие 8 месеци во Mинистерството за здравство, но затоа масер се вработи во образование https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-nitu-eden-lekar-ne-e-primen-ovie-8-meseci-vo-ministerstvoto-za-zdravstvo-no-zatoa-maser-se-vraboti-vo-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-nitu-eden-lekar-ne-e-primen-ovie-8-meseci-vo-ministerstvoto-za-zdravstvo-no-zatoa-maser-se-vraboti-vo-obrazovanie/#respond Wed, 11 Apr 2018 13:24:58 +0000 https://kurir.mk/?p=39173

Горан Манојлоски за лошото менаџирање во Министерството за здравство и неостварување на предизборните ветувања на СДСМ, ја критикуваше владата. Според него, оваа влада нема спроведено ниту еден капитален проект, едно ветување не е остварено и затоа се бара нејзина интерпелација. Тој говореше за лошите кадровски политики и вработување на неадекватен персонал во министерствата и дека во Министерството за здравство нема ниту едно вработување. Старосната структура во министерството за здравство е таква што просечната старост на лекарите, кои што работат во примарната здравствена заштита, изнесува 59 години. Овие лекари се близу до пензионирање и нивна замена е неопходна, но нови вработувања нема. -Ветивте две реформи, првата е дека ќе го зголемите капитациониот бод за лекарите и дека истиот ќе биде 90 денари. И второто е дека пациентите ќе се префрлат на ПЗУ. Ништо од тоа не остваривте. Во програмата за „Живот во Македонија“ на СДСМ има ветено дека ќе се зголеми капитацијата на 70 денари за стоматолози, a  не е даден ниту еден денар, кажа Манојлоски од собраниската говорница. Манојловски ги спомена ветувањата на власта дека треба да се изгласа Буџетот, а сега кога е изгласан нема никаква реализација по истиот кој требаше да биде реформски. -Нема ниту еден денар од тоа што е ветено во предизборниот период. Лекарите, здравствените работници и жителите на Република Македонија заслужуваат поквалитетно здравство, истакна пратеникот Манојлоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Манојлоски се обрати до колегите од СДСМ и кажа дека никој од нив  не излезе со податоци колку лекари заминале од Република Македонија во последните 10 месеци. -Ниту еден лекар не е примен овие 8 месеци, ниту еден. Но добро е што е вработено медицинско лице во Министерството за образование, масерот за кој пишуваа медиумите- рече Манојлоски. Тој ги искритикува кадровските политики на владата на СДСМ, наместо медицински персонал да се вработува во Министерството за здравство, да се вработува во образование. -Вашиот план за живот е дециден што ќе се случува во првите 6 месеци, што ќе испорачате во првите две години. Во првите 6 месеци не испорачавте ништо и во следните две години нема да испорачате ништо, констатираше Манојлоски за неостварените ветувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-nitu-eden-lekar-ne-e-primen-ovie-8-meseci-vo-ministerstvoto-za-zdravstvo-no-zatoa-maser-se-vraboti-vo-obrazovanie/feed/ 0
Манојлоски: Единствената реформа во здравството за време на владеењето на СДСМ, се тендерите во четири очи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-edinstvenata-reforma-vo-zdravstvoto-za-vreme-na-vladeenjeto-na-sdsm-se-tenderite-vo-chetiri-ochi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-edinstvenata-reforma-vo-zdravstvoto-za-vreme-na-vladeenjeto-na-sdsm-se-tenderite-vo-chetiri-ochi/#respond Wed, 11 Apr 2018 13:17:23 +0000 https://kurir.mk/?p=39167

ВМРО-ДПМНЕ и истражувачкото новинарство во повеќе наврати откриваше коруптивни скандали  во здравството по седнувањето на министерот за здравство Венко Филипче во неговата фотелја. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојлоски на денешната интерпелација на владата на СДСМ излезе со информации за низа тендери склучени во четири очи. Манојлоски ја обелодени точната вредности на тендерите, датумите и клиниките за кои овие набавки се наменети. -Ветив дека ќе кажам како се направени тендери во четири очи и со цифри, конкретно. Шест јавни набавки во вредност од 250.000 евра. Jавна здравствена установа Универзитетска клиника за дигестивна хирургија 13.03.2018 година 3.953 милиони денари набавка во четири очи. Јавна установа Клиника за трауматологија ортопедски болести, анестезија и реанимација 22.02.2018 добила набавка на медицински материјали во вредност од 254 илјади денари. ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, Скопје 06.03.2018 година, набавка во висина од 959 илјади денари. Затоа треба министре да си поднесете оставка. Ова е единствената реформа во јавното здравството во времето на СДСМ, вели пратеникот. Интересно е што според некои информации кои веќе подолг период кружат во јавноста и медиумите Ирина Пановска се исклучително блиски со новиот министер за здравство, а меѓу другото е одлична пријателка со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. Јавноста шпекулираше дека кадровата одлука за Венко Филипче кој ненадејно беше избран за министер за здравство, произлегува токму од блиските релации на горенаведените личности. Веледрогеријата Др. Пановски и таткото на сегашната директорка на хематологија, јавноста ја поврзува како фирма блиска до СДСМ. Токму против Ирена Пановска, антикорупциска водеше постапка поради сомнеж дека таа ја злоупотребувала својата позиција на директор бидејќи главниот добавувач на лекови, опрема и медицински средства на клиниката за хематологија е фирмата на нејзниот татко т.е. веледрогеријата „Др. Пановски“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manojloski-edinstvenata-reforma-vo-zdravstvoto-za-vreme-na-vladeenjeto-na-sdsm-se-tenderite-vo-chetiri-ochi/feed/ 0