горан милевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Dec 2022 18:54:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png горан милевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НЕ ОСТАНАА БЕЗ ФУНКЦИИ: Милевски ќе биде амбасадор во Љубљана, Адеми во Мадрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-ostanaa-bez-funkcii-milevski-kje-bide-ambasador-vo-ljubljana-ademi-vo-madrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-ostanaa-bez-funkcii-milevski-kje-bide-ambasador-vo-ljubljana-ademi-vo-madrid/#respond Mon, 26 Dec 2022 18:54:08 +0000 https://kurir.mk/?p=780818

Доскорешниот лидер на ЛДП и поранешен министер за локална самоуправа, Горан Милевски ќе биде нов македонски амбасадор во Љубљана, Словенија. Едмонд Адеми ќе замине во Мадрид, Шпанија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите соопшти дека процедурата и за двајцата е завршена и дека за нив се добиени агремани. Засега останува спорно што ќе се случува со Виктор Димовски кој требаше да замине за амбасадор во  Париз, но по скандалот со Олександр Онишченко неговото заминување е под прашање. Османи најави дека допрва ќе има консултации со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски по што ќе се донесе конечна одлука дали Димовски ќе оди во Париз или не.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-ostanaa-bez-funkcii-milevski-kje-bide-ambasador-vo-ljubljana-ademi-vo-madrid/feed/ 0
Милевски: Да ги надминеме кочниците и стравовите за поскоро да почнеме со преговорите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milevski-da-gi-nadmineme-kochnicite-i-stravovite-za-poskoro-da-pochneme-so-pregovorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milevski-da-gi-nadmineme-kochnicite-i-stravovite-za-poskoro-da-pochneme-so-pregovorite/#respond Sun, 20 Nov 2022 09:09:24 +0000 https://kurir.mk/?p=763650

Да ги надминеме домашните кочници и стравови за што поскоро да ги почнеме преговорите со ЕУ, порача утрово претседателот на ЛДП, Горан Милевски во воведното обраќање на регионалната либерална конференција „QVO VADIS EVROPA 2022? Поттикнување на проширувањето и интеграцијата на ЕУ“. Како што рече Милевски, следува период кога државата и општеството ќе треба да се реформираат. Конференцијата се одржува непосредно пред почетокот на осмиот конгрес на ЛДП на кој се очекува Моника Зајкова да биде избрана за нов партиски лидер. -Неопходно е Северна Македонија час поскоро да ги почне преговорите, домашните кочници и стравови да ги надминеме за да ги почнеме преговорите. Следува период кога државата и општеството ќе треба да се реформираат, ќе треба да се менуват закони, но не само закони, туку тоа ќе треба да се почувствува во реалниот живот, граѓаните ќе треба да почувствуваат поинаков живот. Ќе биде многу тешко, особено за политичката елита да ги исполни сите критериуми што ги очекуваат граѓаните, но затоа се тука либералите подготвени да го помогнат и да го поддржат овој процес, не само на домашен план, туку и меѓународно, истакна Милевски. Тој е убеден, нагласи, дека и во наредниот период, кога партијата ќе ја води Зајкова , ЛДП ќе стои на располагање за сите активности на земјата кои се во насока на почеток на преговорите и членство во ЕУ. -Час поскоро целиот регионот е неопходно да стане полноправна членка на ЕУ, напомена Милевски. На конференцијата, по Милевски, кусо обраќање имаше и европратеникот, копретседател на партијата АЛДЕ Илхан Ќучук.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milevski-da-gi-nadmineme-kochnicite-i-stravovite-za-poskoro-da-pochneme-so-pregovorite/feed/ 0
Пенов за Милевски: Ако си против француски предлог, а Владата го усвојува, тогаш каде ти е местото? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penov-za-milevski-ako-si-protiv-francuski-predlog-a-vladata-go-usvojuva-togash-kade-ti-e-mestoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penov-za-milevski-ako-si-protiv-francuski-predlog-a-vladata-go-usvojuva-togash-kade-ti-e-mestoto/#respond Thu, 03 Nov 2022 19:41:25 +0000 https://kurir.mk/?p=755416

Министерот за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија, Ристо Пенов соопшти дека за десеттина дена ќе се одржи Конгресот на партијата на кој се очекува да се избере нов партиски лидер, а актуелната пратеничка Моника Зајкова е единствен кандидат. – Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на партијата. Јас нема да се кандидирам. Треба млади и свежи идеи и сили, како ние кога сме ја правеле инфраструктурата на партијата, рече Пенов во емисијата „Само интервју“ на Канал 5. За доскорешниот претседател Горан Милевски, кој даде оставка од партиската функција и од функцијата министер за локална самоуправа, Пенов рече дека тој бил против францускиот предлог и дека неговиот став не поминал низ органите на партијата. – Ако си против француски предлог, а Владата го усвојува, тогаш каде ти е местото? Неговиот став не помина низ органи. Пратениците гласаат „за“, се определија за Европа, за чекор понатаму, рече Пенов. На прашањето дали Милевски ќе биде предложен за амбасадор, Пенов одговори дека „во постапка е“. – Предложен е, во некоја постапка е, рече Пенов.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penov-za-milevski-ako-si-protiv-francuski-predlog-a-vladata-go-usvojuva-togash-kade-ti-e-mestoto/feed/ 0
Милевски му ја предаде функцијата на Пенов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milevski-mu-ja-predade-funkcijata-na-penov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milevski-mu-ja-predade-funkcijata-na-penov/#respond Fri, 28 Oct 2022 13:19:10 +0000 https://kurir.mk/?p=751857

Во Министерството за локална самоуправа денеска е направено формално примопредавање на должноста министер за локална самоуправа. По изборот во Собранието, новиот министер за локална самоуправа Ристо Пенов во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер, Горан Милевски. -На средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти на Министерството за локална самоуправа за имплементација на политиките за локален и регионален развој, за спроведувањето на ИПА Програмите за прекугранична соработка, како и за финансиската поддршка на општините и на планските региони што се реализира од буџетските програми на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој, информираат од Министерството. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milevski-mu-ja-predade-funkcijata-na-penov/feed/ 0
Собранието ја констатираше оставката на Милевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ja-konstatirashe-ostavkata-na-milevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ja-konstatirashe-ostavkata-na-milevski/#respond Mon, 17 Oct 2022 16:56:52 +0000 https://kurir.mk/?p=746638

Почна 88. собраниска седница која првично беше закажана за 11:00 часот, но од технички причини беше двапати одложена – за 13:00, па за 16:00 часот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери најпрво објасни зошто се доцнело со седницата и рече дека за тоа ќе има целосен извшетај, а потоа ја констатираше оставката на досегашниот министер за локална самоуправа, Горан Милевски. Џафери информира и дека Милевски нема да ја образложи оставката. -Имам обврска да соопштам дека пради технички проблеми и преоптовареност на системот за управување со пленарните седници беше неопходно одложување на седницата за што ќе има и посебен извшетај, рече Џафери. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски се јави процедурално за збор. Реагираше и го праша Џафери како може да ја дополнува седницата со нови точки од дневниот ред кога веќе била закажана, а референдуми или иницијативи поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, како што напомена, чекаат на преводи по 20 до 30 дена и не може веднаш да бидат ставени на седница. -Очекував подробно објаснување за седницата. Сега е 16:30 часот, а пратениците се влезени уште во 11:00. Материјалите се испратени, а вие продолжувате со доставување нови предлог-закони по времето за почеток на седницата. Од каде ви е бризната, стручната и можноста, а интерпелации или референдуми од ВМРО-ДПМНЕ кај вас завршуваат на преводи по 20 – 30 дена. Законите што ги поднесува ВМРО-ДПМНЕ не може веднаш да бидат ставени на седница, а закони поднесени во 11:06, иако официјално дневниот ред се утврдува во 11:00, се наоѓаат како дополнение за оваа седница. Вие правите преседан, а ја повикувате опозицијата на конструктивност, рече Мицевски. Претседателот на Собранието Талат Џафери во текот на седницата информира и дека Владата ги повлече измените на Законот за енергетска ефикансост. Пратениците дадоа и поддршка за измените на законите за заштита на децата и за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани за полесно справување со енергетската криза. Пред нив се вкупно 34 точки, меѓу кои и избор на нов министер за локална самоуправа, како и на двајца судии во Уставниот суд и донесување закони со кои може да се реализираат антикризните мерки.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ja-konstatirashe-ostavkata-na-milevski/feed/ 0
Номинацијата на Ристо Пенов за министер денеска пристигнува во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nominacijata-na-risto-penov-za-minister-deneska-pristignuva-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nominacijata-na-risto-penov-za-minister-deneska-pristignuva-vo-sobranieto/#respond Mon, 10 Oct 2022 05:45:05 +0000 https://kurir.mk/?p=743253

Владата денеска ќе ја испрати во Собранието номинацијата на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, откако претходно ја прати и оставката од таа функција на неговиот сопартиец од ЛДП – Горан Милевски, најави вчера премиерот Димитар Ковачевски. Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата, од, како што информира, лични причини. Претходно Ковачевски изјави дека во моментов нема никаква најава за какви било промени во владиниот состав. -Јас знам дека ДУИ за 15 октомври има најавено избор на претседателство, но нема никаква најава во моментов за какви било промени во владиниот состав, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање дали очекува промени во владината структура по најавите на ДУИ за внатрепартиско реформирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nominacijata-na-risto-penov-za-minister-deneska-pristignuva-vo-sobranieto/feed/ 0
Оставката на Милевски доставена до Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavkata-na-milevski-dostavena-do-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavkata-na-milevski-dostavena-do-sobranieto/#respond Tue, 04 Oct 2022 11:10:40 +0000 https://kurir.mk/?p=740837

Владата денеска ја испрати до Собранието оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски и таа е веќе доставена до пратениците. Од Собранието информираат дека дополнително ќе известат на која седница ќе биде констатирана оставката на Милевски. Досега во Собранието не е пристигнат предлог за избор на нов Министер за локална самоуправа. Според информациите од Либерално-демократската партија, за ова министерско место ќе биде предложен Ристо Пенов. Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата, од, како што информира, лични причини. Во Собранието, нова седница има закажано за 17-ти октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavkata-na-milevski-dostavena-do-sobranieto/feed/ 0
Оставката на Милески се уште не е стасана во Парламентот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavkata-na-mileski-se-ushte-ne-e-stasana-vo-parlamentot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavkata-na-mileski-se-ushte-ne-e-stasana-vo-parlamentot/#respond Mon, 03 Oct 2022 12:43:50 +0000 https://kurir.mk/?p=740428

Во Собранието се уште не е доставена оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милески и не се знае кога ќе биде изборот на новиот министер Ристо Пенов кој доаѓа од редовите на Либерал-демократската партија. Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека изборот ќе се координира со претседателот на Собранието во однос на закажување на седниците, но не кажа кога Владата ќе ја испрати оставката до Парламентот. Од Собранието посочуваат дека доколку оставката биде испратена неделава до нив таа би можела да биде констатирана на новата седница што претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за 17 октомври. Доколку со оставката пристигне и предлог за избор на нов министер, гласањето би можело да се изврши истиот ден на нова седница. За свикување нова седница Џафери информирал денеска на редовната понеделничка средба со координаторите на пратеничките групи. Исто така тој повторно апелирал претседателите на комисиите да ги свикуваат овие собраниски тела за поефикасна работа на Собранието. На координацијата и денеска не присуствувал координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavkata-na-mileski-se-ushte-ne-e-stasana-vo-parlamentot/feed/ 0
По оставката на министерот Милевски: Владините партнери сметаат дека нема потреба од реконструкција на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-ostavkata-na-ministerot-milevski-vladinite-partneri-smetaat-deka-nema-potreba-od-rekonstrukcija-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-ostavkata-na-ministerot-milevski-vladinite-partneri-smetaat-deka-nema-potreba-od-rekonstrukcija-na-vladata/#respond Wed, 21 Sep 2022 05:20:31 +0000 https://kurir.mk/?p=735473

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски вчера достави оставка на министерската функција до Владата и се очекува неговата партија ЛДП до крајот на неделава да предложи нов кандидат за оваа позиција, кој според најавите нема да биде од редовите на пратениците на либерал демократите. Уште по најавите за оставката на Милевски, опозициската ВМРО-ДПМНЕ оцени дека не е исклучено да следи реконструкција на Владата, но дел од владините партнери ја отфрлија таквата можност, нагласувајќи дека нема потреба од промени во владиниот Кабинет, туку само замена на испразнетото министерско место. По доставената оставка на Милевски таа треба да биде разгледана од Владата, а потоа и да биде констатирана на седница на Собранието. Доколку оставката на Милевски биде испратена до Собранието пред новата 86. Седница закажана за утре, таа би можела да биде констатирана уште на ова парламентарно заседание. Официјално нема информација кој ќе го наследи Милевски, а како што тој самиот најави во понеделникот во изјава за МИА, ЛДП ќе предложи друга личност за министер за локална самоуправа, која нема да биде од редовите на актуелните пратеници. Милевски во изјавата додаде дека се повлекува од лични причини, а на чело на ЛДП ќе остане до редовниот партиски конгрес во декември, кога треба да биде избрано ново раководство на либерал демократите. Како еден од можните наследници на Милевски на лидерската функција во ЛДП се споменува актуелната партиска потпретседателка и пратеничка Моника Зајкова, која изјави дека доколку ја добие потребната поддршка од партиските тела, ќе и биде чест да ја извршува функцијата претседател на партијата. Реагирајќи на најавата за оставката на Милевски од министерската функција, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и членка на партискиот Извршен комитет, Дафина Стојаноска, изјави дека по ова нема да претставува изненадување ако дојде до евентуалната реконструкција на Владата. Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, Стојановска додаде дека реконструкцијата нема да биде решение за актуелната криза и дека „единствен спас“ е Владата да предложи „да се оди на предвремени парламентарни избори“. Од друга страна првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој е еден од функционерите на ДУИ, изјави дека по оставката на Милевски не е планирана никаква владина реконструкција. – До овој момент додека сум во студио, не сум запознаен дека ќе има некаква реконструкција на Владата, освен оставката на Горан Милевски. Немало разговори во Владата за такво нешто. Нема планирани промени, не само во Владата, туку ни на директорските места, изјави Груби во понеделникот при гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21. И од партијата Алтернатива оценија дека Владата функционира нормално и оти нема причина за некаква реконструкција по оставката на Милевски. Реакцијата на партијата уследи по информациите во дел од медиумите дека по оставката на министерот за локална самоуправа „ќе има мини реконструкција на Владата со која ќе бидат опфатени и министрите за здравство и за информатичко општество и администрација“, кои доаѓаат од редовите на Алтернатива. – Сега засега Владата функционира нормално и нема причина за никаква реконструкција. Нашите министри Беким Сали и Адмирим Алити се едни од најуспешните кадри, не само на Алтернатива, туку и во целата Влада воопшто. Затоа, не гледаме причина за отворањето на вакви непотребни теми, оцени Алтернатива.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-ostavkata-na-ministerot-milevski-vladinite-partneri-smetaat-deka-nema-potreba-od-rekonstrukcija-na-vladata/feed/ 0
Милевски поднесе оставка до Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milevski-podnese-ostavka-do-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milevski-podnese-ostavka-do-vladata/#respond Tue, 20 Sep 2022 13:52:51 +0000 https://kurir.mk/?p=735234

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска ја доставил својата оставка до Владата. Оставката, како што посочуваат од Владата за МИА, ќе биде разгледана, а потоа ќе биде информирано Собранието кое на седница треба да ја констатира. Согласно процедурата, ќе биде предложено друго име на министерското место за локална самоуправа. Доколку оставката на Милевски биде испратена до Собранието пред новата 86. седница, таа би можела да биде констатирана в четврток за кога е закажано ова парламентарно заседание. Офијално се уште нема информација кој ќе го наследи Милевски, иако во јавноста веќе циркулираат одредени имиња. Милевски, за МИА вчера изјави дека се повлекува од лични причини, а до крајот на неделата се очекува неговата партија да предложи нов кандидат за министер. Новиот министер, според Милевски, нема да биде од редовите на пратениците. – Се исклучува можноста тоа да биде некој од пратениците, изјави Милевски за МИА. Милевски ќе остане претседател на ЛДП се до редовниот конгрес на партијата што треба да се одржи во декември кога ќе треба да се избере ново раководство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milevski-podnese-ostavka-do-vladata/feed/ 0