горан мисовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Jul 2022 09:29:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png горан мисовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НСДП дава поддршка: Владата храбро да истапи и да го прифати предлогот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsdp-dava-poddrshka-vladata-hrabro-da-istapi-i-da-go-prifati-predlogot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsdp-dava-poddrshka-vladata-hrabro-da-istapi-i-da-go-prifati-predlogot/#respond Tue, 05 Jul 2022 09:29:48 +0000 https://kurir.mk/?p=700187

Извршниот одбор на НСДП сооопшти дека одлучи да го прифати компромисниот предлог на француското претседателство за решавање на спорот со Република Бугарија и отпочнување на преговорите со Европската Унија ставајќи го во преден план, како што е наведено, државниот интерес во преден план и имајќи ги предвид „политичкиот моментум во кој се наоѓа земјата исправена пред стратегиски предизвици од кои зависи иднината и правецот во кој ќе се движи државата“. -Со овој предлог македонскиот јазик како најбитен идентитетски белег станува рамноправен јазик во Европската Унија и целокупната правна документација на Европската Унија ќе биде преведена на кодифицираниот македонски јазик и македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Европската Унија. НСДП при градењето на ставот особено го почитуваше ставот на научната и стручна јавност, како на Советот за македонски јазик (СМЈ), кој го донел следниот заклучок: “Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија.“. Утврдувањето на конечниот став по финалниот „Француски предлог“ за решавање на спорот со Република Бугарија, НСДП студиозно и аналитично го разгледа и донесе одлука во интерес на иднината, во интерес на демократскиот и економски развој на државата, во интерес на меѓународното етаблирање и геостратешко позиционирање на државата. Затоа повторно ги повикуваме на државничко однсување сите политички и општествени чинители кои треба да се изјаснат по овој предлог. НСДП бара Владата на Република Северна Македонија храбро да истапи и да го прифати „Предлогот на Француското претседателство со Европската Унија“ и истиот да го достави на разгледување во Собранието на Република Северна Македонија заради негово потврдување и донесување на обврзувачки заклучоци за неговата имплементација која мора да биде во рамките на Резолуцијата донесена во јули 2021 година., соопштија од партијата на Мисовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsdp-dava-poddrshka-vladata-hrabro-da-istapi-i-da-go-prifati-predlogot/feed/ 0
Мисовски ќе ја води седницата за интерпелација, Џафери ќе седи до Ахмети, Мицевски прв ќе „распали“ по спикерот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misovski-kje-ja-vodi-sednicata-za-interpelacija-dzaferi-kje-sedi-do-ahmeti-micevski-prv-kje-raspali-po-spikerot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misovski-kje-ja-vodi-sednicata-za-interpelacija-dzaferi-kje-sedi-do-ahmeti-micevski-prv-kje-raspali-po-spikerot/#respond Thu, 30 Jun 2022 08:54:43 +0000 https://kurir.mk/?p=697696

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја отвори денешната седница за интерпелација за неговата работа поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, потоа со седницата ќе претседава потпретседателот Горан Мисовски, а собранискиот спикер ќе седне до својот лидер и пратеник Али Ахмети. Според сценариото за пленарката, се очекува предлогот зошто Џафери треба да биде разрешен од функцијата претседател на Собранието да го образложи Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ како првопотпишан на барањето. По ова, Џафер ќе образложи зошто и натаму треба да остане на функцијата. Распоредот на говорниците на седницата е два спрема еден пратеник во корист на опозицијата. Први за збор од ВМРО-ДПМНЕ се координаторот на пратеничката група Никола Мицевски и заменичката Дафина Стојановска, а завршниот „удар“ пред полноќ треба да го зададат Александар Николовски и Гордана Силјановска Давкова. Според сценариото, расправата за интерпелацијата треба да вазрши околу 23.30 часот, за пред полноќ пратениците да гласаат. Ни власта, ни опозицијата не очекува дека Џафери ќе биде разрешен од фунцијата. Според најавите, се очекува поддршка за Џафери да остане претседател на Собранието да добие од сите 64 пратеници од мнозинството. Има шпекулации дека власта би играла на картата да не го изгласа дневниот ред и седницата за интерпелација да пропадне, но од власта велат дека тоа се „шеми“ кои ги пушта опозицијата и уверуваат дека седница за интерпелација ќе има.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misovski-kje-ja-vodi-sednicata-za-interpelacija-dzaferi-kje-sedi-do-ahmeti-micevski-prv-kje-raspali-po-spikerot/feed/ 0
Горан Мисовски избран за претседател на НСДП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-misovski-izbran-za-pretsedatel-na-nsdp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-misovski-izbran-za-pretsedatel-na-nsdp/#respond Sat, 04 Jun 2022 16:35:14 +0000 https://kurir.mk/?p=686646

Актуелниот пратеник и потпретседател на Собранието, Горан Мисовски е избран за претседател на Нова социјалдемократска партија на денешниот Петти конгрес на партијата. „Горан Мисовски е избран за претседател на НСДП на Петтиот конгрес кој се оддржа во Скопје. Од присутни 426 делегати правото на глас го остварија 314 делегати од нив: 308 за, 3 против, 3 неважечки ливчиња. Честитки! Со среќа и многу успеси да ја води НСДП“, објавија од партијата. фото: НСДП Фејсбук]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-misovski-izbran-za-pretsedatel-na-nsdp/feed/ 0
Хаосот во НСДП продолжува: Трајковски жестоко го нападна Мисовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haosot-vo-nsdp-prodolzuva-trajkovski-zestoko-go-napadna-misovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haosot-vo-nsdp-prodolzuva-trajkovski-zestoko-go-napadna-misovski/#respond Sat, 04 Jun 2022 15:49:08 +0000 https://kurir.mk/?p=686641

На денешниот, петти Конгрес на НСДП, видовме дека Горан Мисовски продолжи со своите намери да им го одземе правото на слободен избор на делегатите на НСДП спротивно на Статутот на НСДП, Правилникот за кандидирање и избор на Претседател на НСДП спречи демократски натпревар на идеи за иднината на нашата партија, вели во соопштението испратено до медиумите Кристијан Трајковски од НСДП. -Видовме како, спротивно на сите акти на НСДП, тие извршија насилнички и измамнички инженеринг на составот на делегатите, фалсификувајќи ги списоците и менувајќи ги имињата утврдени од Извршните Одбори на Општинските организации. На место на легитимно избраните делегати се ставени цели фамилии, брачни другари и слични групи лојални на Горан Мисовски. Видовме и како овие структури се служеа со сите можни притисоци, закани и празни ветувања за да ги добијат делегатите кои не можеа да ги наместат. На крај видовме како, извршителите на Горан Мисовски го киднапираа работното претседателство и органите на овој Конгрес и како по секоја цена се подготвени да му помогнат на човек кој нема поддршка од мнозинството, преку прекршување и злоупотреба на Статутот и процедурите, да ја киднапира нашата партија и да го уништи сето тоа што сите ние го градиме седумаесет години. За жал, легитимитетот а изборот на следниот Претседател на НСДП е целосно урнисан и Мисовски и неговите приврзаници ги уништија сите услови за слободно, фер и демократско изјаснување на делегатите во постапка согласно Статутот и актите на НСДП. Поради тоа, не сакајќи да учествувам во понатамошната работа на овој нелегитимен конгрес и носењето на одлуки на истиот, одлучив да ја повлечам мојата најавена кандидатура за Претседател на НСДП, истакнува Трајковски. Овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука која ќе биде донесена од овој состав на делегати е нелегитимна, додава тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haosot-vo-nsdp-prodolzuva-trajkovski-zestoko-go-napadna-misovski/feed/ 0
Горан Мисковски единствен кандидат за претседатело на НСДП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-miskovski-edinstven-kandidat-za-pretsedatelo-na-nsdp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-miskovski-edinstven-kandidat-za-pretsedatelo-na-nsdp/#respond Sat, 14 May 2022 16:29:01 +0000 https://kurir.mk/?p=676736

Централниот одбор на НСДП за единствен кандидат за претседател на НСДП на Петтиот конгрес на партијата го утврди Горан Мисовски, се вели во партиското соопштение испратено од партијата НСДП. -Предлогот беше утврден со мнозинство гласови од присутните членови на Централниот одбор, по завршување на дебатата. Исто така на седницата на Централниот одбор беа утврдени Предлог листите за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор. Покрај кадровските прашања беа утврдени и конгресните документи и тоа: Предлог-статут за изменување и дополнување на Статутот на НСДП, Извештај за работата на НСДП помеѓу Четвртиот и Петтиот Конгрес и Предлог-програмска платформа за делување на НСДП во наредните четири години и други конгресни одлуки, истакнуваат од НСДП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-miskovski-edinstven-kandidat-za-pretsedatelo-na-nsdp/feed/ 0
Петковски: Изборот на Мисовски е надвор од Статутот, за лидер на НСДП има 10 кандидати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkovski-izborot-na-misovski-e-nadvor-od-statutot-za-lider-na-nsdp-ima-10-kandidati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkovski-izborot-na-misovski-e-nadvor-od-statutot-za-lider-na-nsdp-ima-10-kandidati/#respond Thu, 12 May 2022 12:44:32 +0000 https://kurir.mk/?p=675681

Одлуката на Одборот за подготовка на петтиот конгрес на Новата социјалдемократска партија (НСДП) на вчерашната седница од која до медиумите беше испратена информација дека единствен кандидат за претседател кој се очекува да биде избран на партискиот конгрес на 4 јуни е Горан Мисовски, е надвор од Статутот и е донесена во мое отсуство, откако јас ја затворив седницата и заминав, вели Тито Петковски за Нова, лидерот на НСДП кој 17 години ја водеше партијата и неодамна на Централниот одбор најави дека се повлекува од претседателската функција по што почна постапка за избор на нов претседател. Петковски вели дека постапката на дел од неговите сопартијци не само што е нестатутарна, таа не е ниту во духот на партискиот договор, односно Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на делегати за петтиот конгрес на НСДП. Настрана што партискиот Статут е јасен – до конгресот и избор на нов лидер со партијата раководи сегашниот претседател, а на шестата седница на Централниот одбор се донесе одлука за формирање на Одбор за подготовка на Петтиот Конгрес Тој вели дека за лидерската позиција на НСДП од општинските организации пристигнале предлози за десет кандидати и дека на синоќешната седница на одборот за подготовка на конгресот не било договорено Мисовски да биде единствен кандидат. Напротив, расправата требало да продолжи на Централниот одбор, кој е највисок партиски орган и кој треба да одржи седница в сабота. – На седницата на Одборот за подготовка на петтиот конгрес , според Статутот, ние имаме обврска само да предлагаме, но не и да утврдуваме кандидати. Тоа што како информација е испратено од седницата дека Горан Мисовски е единствен кандидат не се случи додека јас бев на седницата. Со оглед на тоа што се разви дебата, се договоривме таа да продолжи во сабота на седницата на Централниот одбор. Изненаден сум од оваа постапка на моите партиски соработници, изјави Петковски. Во соопштението до медиумите што претходно беше испратено на меморандум од НСДП, се вели дека за единствен кандидат за претседател на партијата бил утврден пратеникот и потпретседател на Собранието, Горан Мисовски. „Предлог-одлуката беше усвоена со мнозинство гласови, односно со 10 гласа ЗА од вкупно 17 члена на Извршниот одбор“, се наведува во сопштението со кое дел од сопартијците на Петковски, десет на број со свои потписи потврдуваат дека стојат зад таа одлука, но очигледно е дека потпис од лидерот во заминување нема. Кристијан Трајковски, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, за кого завчера Нова објави дека доставил официјална кандидатура и програма исто така смета дека одлуката за единствен кандидат за лидер не е статутарна. Тој е дециден дека нема да се повлече и дека тој засега е единствен кандидат кој поднел кандидатура согласно Правилникот, а тоа значи дека доставил и програма. Тито Петковски, кој 17 години ја предводеше НСДП, неодамна зборувајќи за неговото повлекување изјави дека на партијата и треба нова енергија и луѓе што ќе може да комуницираат со многу повеќе мотив за претставување на НСДП. На конгресот во јуни се очекува, освен претседател на партијата, да се избираат и нови членови на Централниот и на Надзорниот одбор, како и тројца потпретседатели и секретари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkovski-izborot-na-misovski-e-nadvor-od-statutot-za-lider-na-nsdp-ima-10-kandidati/feed/ 0
Горан Мисовски и Фадил Зендели предложени за потпретседатели на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-misovski-i-fadil-zendeli-predlozeni-za-potpretsedateli-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-misovski-i-fadil-zendeli-predlozeni-za-potpretsedateli-na-sobranieto/#respond Thu, 26 Nov 2020 10:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=434689

На денешната 22. седница се очекува избор на двајца потпретседатели на Собранието на предлог на владејачкото мнозинство. Предлозите, според информациите од Собранието, се Горан Мисовски од НСДП, кој и во претходниот собраниски состав беше на оваа функција и Фадил Зендели од Беса. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, а засега нема ниту предлог од Алијанса на Албанците и Алтернатива. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека нема да гласаат за предлозите за потпретседатели на Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-misovski-i-fadil-zendeli-predlozeni-za-potpretsedateli-na-sobranieto/feed/ 0
Мисовски наместо Џафери во Крушево за Илинден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misovski-namesto-dzaferi-vo-krushevo-za-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misovski-namesto-dzaferi-vo-krushevo-za-ilinden/#respond Sat, 01 Aug 2020 07:45:55 +0000 https://kurir.mk/?p=384596

Од законодавниот дом информираат дека потпретседателот Горан Мисовски ќе ја предводи собраниската делегација која утре ќе присуствува на одбележувањето на 2 Август Денот на Републиката во Крушево. Според најавите Мисовски заедно со Хари Локвенец и Дафина Стојановска, ќе положи венец свежо цвеќе во Крушево и тоа во 10:30 часот - Гроб на Никола Карев; Споменик на Слива „На хероите на Слива“; а во 11:45 часот - „Мечкин Камен“. -Претседателот на Собранието, Талат Џафери, е во добра здравствена состојба, но по препорака на лекарите неопходен му е дополнителен одмор и мирување, велат од Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misovski-namesto-dzaferi-vo-krushevo-za-ilinden/feed/ 0
Се огласи синот на Мисовски по отказот: Се надевам дека сега барем дел од јавноста ќе може малку да здивне и да почуствува мало задоволство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-sinot-na-misovski-po-otkazot-se-nadevam-deka-sega-barem-del-od-javnosta-kje-moze-malku-da-zdivne-i-da-pochustvuva-malo-zadovolstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-sinot-na-misovski-po-otkazot-se-nadevam-deka-sega-barem-del-od-javnosta-kje-moze-malku-da-zdivne-i-da-pochustvuva-malo-zadovolstvo/#respond Wed, 20 Feb 2019 09:05:31 +0000 https://kurir.mk/?p=165888

Синот на пратеникот Горан Мисовски, Кристијан Мисовски, по многубројните прозивки и притисоци на јавноста, одлучи да даде отказ од работното место во Агенцијата за супервизија на осигурувањето, па по својата одлука се огласи на социјалната мрежа Фејсбук каде напиша дека дал отказ од морални причини со надеж дека сега јавноста ќе здивне. -Драги пријатели и непријатели во изминативе неколку дена јас и мојата фамилија бевме мета на јавни прозивки упатени во врска со моето вработување во Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Со чиста совест тврдам дека сите критериуми кои беа поставени во јавниот оглас за времено вработување во АСО на 12 месеци како соработник за супервизија на осигурување ги исполнувам во потполност. Бев повикан на интервју, а бидејќи немаше други пријавнеи кандидати на јавниот оглас за вработување како единствен пријавен кандидат кој ги исполнува условите за времено вработување, бев вработен. Иако знам дека нема ништо спорно во врска со моето вработување во смисла на прекршување на било каква процедура за вработување, сепак чуствувајќи морална одговорност и под голем притисок на јавноста одлучив да поднесам отказ на работното место. Се надевам дека сега барем дел од јавноста ќе може малку да здивне и да почуствува мало задоволство бидејќи успеа преку притисок и хистерија да натера некој човек во државава да повлече потег кој е штетен за себе, покажувајќи интегритет и дигнитет, пишува Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски од СДСМ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-sinot-na-misovski-po-otkazot-se-nadevam-deka-sega-barem-del-od-javnosta-kje-moze-malku-da-zdivne-i-da-pochustvuva-malo-zadovolstvo/feed/ 0
Стојаноска до Мисовски: Кукавичлак е кога Заев бега од дебата за да не се соочи со вистината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-do-misovski-kukavichlak-e-koga-zaev-bega-od-debata-za-da-ne-se-soochi-so-vistinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-do-misovski-kukavichlak-e-koga-zaev-bega-od-debata-za-da-ne-se-soochi-so-vistinata/#respond Wed, 12 Sep 2018 14:18:26 +0000 https://kurir.mk/?p=99967

Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ му одговори на Горан Мисовски од НСДП, кој обвини дека „предавнички и кукавички го оценува ставот за референдумот на највисоките партиски органи на ВМРО-ДПМНЕ“. Мисовски се сомнева дека зад ваквата одлука на партиските тела стојат сите членови на ИК и на ЦК на опозициската партија. -Иако обвинувате, Вие не знаете што е кукавичлук. Кукавичлук е да поддржите предавнички договор, со кој се менуваат името, идентитетот и историјата на својот народ. Кукавичлук е да потпишете капитулација, поради функционерска фотеља. Кукавичлук е да се откажете од својот народ и да го терате да си ги смени личните карти пасошите. А, уште поголем кукавичлук е, откако ќе го направите сето ова, Вашиот идеолошки ментор и водач Заев да бега од дебата, за да не се соочи со вистината. И да, кукавичлук е кога сопствениот срам го криете со напади врз други, само за да не се дознае колку сте малодушни и штетни за својата земја, напиша Стојаноска на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-do-misovski-kukavichlak-e-koga-zaev-bega-od-debata-za-da-ne-se-soochi-so-vistinata/feed/ 0