Горан Перковац – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Feb 2023 16:58:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Горан Перковац – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Перковац нов селектор на хрватските ракометари https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/perkovats-nov-selektor-na-hrvatskite-rakometari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/perkovats-nov-selektor-na-hrvatskite-rakometari/#respond Wed, 01 Feb 2023 16:58:28 +0000 https://kurir.mk/?p=794826

Освојувачот на златниот медал од Летните олимписки игри 1996. Горан Перковац (60) е назначен денеска за нов селектор на ракометната репрезентација на Хрватска. Поранешниот хрватски репрезентативец доаѓа на чело на репрезентацијата со која како играч беше олимписки првак на Игрите во Атланта на местото на Хрвоје Хорват, кој беше разрешен од должноста. Новиот хрватски селектор во минатото ги предводеше репрезентациите на Грција и Швајцарија, а голем од клупската кариера, како играч и тренер ја мина во Швајцарија. Смената на селекторското столче доаѓа по неодамнешното Светско првенство на кое Хрватска со освоеното деветто место не ја исполни зацртаната цел за пласман во четвртфинале и обезбедување настап во олимписките квалификации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/perkovats-nov-selektor-na-hrvatskite-rakometari/feed/ 0
Познат фаворитот за наследник на Хорват https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/poznat-favoritot-za-naslednik-na-horvat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/poznat-favoritot-za-naslednik-na-horvat/#respond Wed, 25 Jan 2023 07:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=791449

Хрватската ракометна јавност е гневна на Хрвоје Хорват кој уште еднаш потфрли како селектор, па не донесе очекуван резултат и од Мундијалот во Полска и Шведска. Целта на Хрватска беше пласман барем во четвртфиналето, но на крајот „каубоите“ ќе завршат како деветтопласирани.
Лошиот пласман, но и катастрофалното однесување на самиот Хрвоје Хорват, кој даде помалку скандалозно интервју за „РТЛ“, ќе ги натераат челниците на хрватскиот ракомет да му врачат отказ на стратегот кој не успеа да ги донесе посакуваните резултати за хрватскиот ракомет. Јавноста во Хрватска сега шпекулира дека најсериозен кандидат за негов наследник е искусниот, Горан Перковац кој имаше одлична кариера како играч, но барем досега не водел клубови и репрезентации од врвно ниво. Перковац чиј последен клуб беше Криенс потврди дека разговарал со челниците на Хрватскиот ракометен сојуз и дека е заинтересиран за селекторската позиција.
– Зборувавме пред неколку денови, но ништо конкретно. Заинтересиран сум, но се уште не се залетувам. Тоа е нормално, прво мора да се реши ситуацијата со Хорват. Секогаш сум подготвен да помогнам, но конкретни разговори со Управниот одбор и Сојузот се уште не сум имал, -изјави Перковиќ за „Индекс“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/poznat-favoritot-za-naslednik-na-horvat/feed/ 0