Горан Ракиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Nov 2022 06:13:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Горан Ракиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот на Српската листа во Косово повикува Србите да ги напуштат косовските институции https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelot-na-srpskata-lista-vo-kosovo-povikuva-srbite-da-gi-napushtat-kosovskite-institucii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelot-na-srpskata-lista-vo-kosovo-povikuva-srbite-da-gi-napushtat-kosovskite-institucii/#respond Fri, 04 Nov 2022 06:19:29 +0000 https://kurir.mk/?p=755479

Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, за сабота, свикал состанок на претставниците на косовските институции на северот на Косово, на кој ќе предложи сите Срби да ги напуштат косовските институции на северот. Повикот за напуштање на косовските институции уследи по одлуката на косовските власти да го суспендираат директорот на полицијата за северниот регион, Ненад Ѓуриќ, бидејќи одбил да ја спроведе одлуката за пререгистрација на регистарските таблички. Ракиќ, кој е и министер во Владата на Косово за заедници и враќање, ќе предложи по напуштањето на косовските институции да се изградат и зајакнат српските институции во северната област. Ракиќ наведува дека „влегле во косовските институции бидејќи тоа било дел од Бриселскиот договор. Вршителот на должноста генерален директор на косовската полиција го суспендираше директорот на полицијата за северниот регион Ненад Ѓуриќ на предлог на косовскиот полициски инспекторат бидејќи одбил да ги спроведе официјалните решенија, соопшти вчера косовската полиција.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelot-na-srpskata-lista-vo-kosovo-povikuva-srbite-da-gi-napushtat-kosovskite-institucii/feed/ 0
Српска листа: Целта на идејата за „обединување на Митровица“ е протерување на Србите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-celta-na-idejata-za-obedinuvanje-na-mitrovica-e-proteruvanje-na-srbite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-celta-na-idejata-za-obedinuvanje-na-mitrovica-e-proteruvanje-na-srbite/#respond Fri, 30 Nov 2018 16:27:20 +0000 https://kurir.mk/?p=134282

Целта на идејата за обединување на општините Јужна и Северна Миторовица во единствена единица на локалната самоуправа, е протерување на Србите од северниот дел на Косово, изјави денеска лидерот на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Горан Ракиќ. Изјвата на Ракиќ претставува реакција на денешната одлука на Советот на Општина Јужна Митровица, кој едногласно усвои Декларација со која ја поддржа иницијативата на градоначалникот Агим Бахтири за обединување на северниот – претежно населен со Срби со јужниот дел на градот, каде мнозинството од жителите се Албанци. -Јасна ни е политичката цел на оваа Декларација и таа не е нова, туку стара идеја, чија цел е да не протераат од нашите вековни огништа.  Тоа веќе го сторија во Јужна Митровица, каде денес живее само еден Србин – свештеник, изјави Ракиќ, додавајќи дека Декларацијата нема никакво правно значење. Тој нагалси дека косовските Срби испраќаат јасна порака дека можеби ќе бидат гладни и жедни, но ќе останат решителни во борбата да опстојат и да останат на своите вековни огништа. Како што претходно јави МИА, усвоената Декларација од страна на Советот на Општина Јужна Митровица во следните денови ќе биде испратена до косовската Влада, која би требало да се произнесе по иницијативата за обединување на двата дела на градот. Со Декларацијата се бара укинување на одлуката за поделба на Митровица на две општини и создавање единствена единица на локалната самоуправа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-celta-na-idejata-za-obedinuvanje-na-mitrovica-e-proteruvanje-na-srbite/feed/ 0
Српска листа ја напушта косовската Влада и најави формирање на ЗСО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-ja-napushta-kosovskata-vlada-i-najavi-formiranje-na-zso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-ja-napushta-kosovskata-vlada-i-najavi-formiranje-na-zso/#respond Tue, 27 Mar 2018 12:06:01 +0000 https://kurir.mk/?p=33565

Српската листа излегува од косовската Влада, а 10-те општини со мнозинско српско население во Косово на 20 април ќе ја формираат Заедницата на српски општини, изјави денеска претседателот на партијата Горан Ракиќ. Тој информираше дека одлуката била донесена по консултациите со српскиот претседател Александар Вучиќ, кого постојано го информирале за вчерашните случувања во Косовска Митровица и одлуките кои се носеле. - Српска листа ќе излезе од Владата на привремените институции и тие нема да ја имаат поддршката на Српска листа, истакна Ракиќ. Тој најави дека утре во Косовска Митровица ќе се одржи седница на сите 10 општини во Косово со мнозинско српско население, на која ќе се договораат за формирањето на ЗСО. Ракиќ изјави дека пет години откако е потпишан Бриселскиот договор, Приштина не ја исполнила обврската да ја формира ЗСО, па затоа тоа ќе го направат сами српските општини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-ja-napushta-kosovskata-vlada-i-najavi-formiranje-na-zso/feed/ 0