Горан Стаменковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Jan 2020 19:40:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Горан Стаменковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Советникот на Заев демонстрира моќ во Кривичен суд, отказ за вработената во судска полиција која тој вербално ја нападна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnikot-na-zaev-demonstrira-mokj-vo-krivichen-sud-otkaz-za-vrabotenata-vo-sudska-policija-koja-toj-verbalno-ja-napadna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnikot-na-zaev-demonstrira-mokj-vo-krivichen-sud-otkaz-za-vrabotenata-vo-sudska-policija-koja-toj-verbalno-ja-napadna/#respond Wed, 15 Jan 2020 16:06:08 +0000 https://kurir.mk/?p=289942

Вработена во судска полиција во Кривичниот суд во Скопје по вербалниот напад доживеан од советникот на Зоран Заев и вработен во судот како шеф на одделението за човечки ресурси Горан Стаменковски доби отказ. Голготата на Виолета Тодорова започнува кон средината на април минатата година, кога Стаменковски вербално ја нападнал, бидејќи не му отворила врата. За овој случај известуваа и медиумите. Во дел од нив тогаш беше објавена и белешката која таа ја доставила, а во врска со нападот кој бил извршен врз неа. Тодорова вели дека од посоченото лице, била и навредувана, а добила и заканувачка порака „ќе видиш што ќе ти направам, заборави веќе на работното место“. Неколку месеци подоцна, заканата станува реалност за Тодорова и таа го подигнува отказното решение. Во телефонски разговор за Курир, Тодорова објаснува што се случувало во месеците од поднесувањето на белешката до добивањето на отказот. -На 2.7.2019 година против мене беше поднесена дисциплинска постапка бидејќи наводно не сум била на работното место, а на 23.8.2019 година (ПЕТОК) го добивам решението за престанок на работниот однос поради непрофесионално однесување. На ова решение, веќе во понеделникот (26.8.2019) поднесувам жалба до Советот за судска служба кој истата ја усвојува. Решението на отказ Советот го укинува и предметот во враќа на повторно постапување, објаснува накусо Тодорова. Тодорова вели дека по донесувањето на ова решение, Стаменковски се обидува на разни начини да изврши притисок таа да добие отказ. Посочува дека од неа било барано да потпишува изјави за одење на пауза, што претходно не било случај. Додава и дека кога побарала одговор зошто се потребни такви изјави и од каде е промената, добила одговор дека тоа го правеле сите. По голготата која во меѓувреме ја поминува, на 5.12 годинава го подигнува второто решение за отказ. И покрај решението на Советот кој ја укинува одлуката за првиот отказ, таа добива ново решение со иста одлука на кое поднесува жалба до второстепена комисија. На 14 декември е одјавена од Основниот суд Скопје 1 Скопје. Тодорова нагласува дека ќе ја продолжи правната битка за да ја исправи неправдата која и е нанесена. Во меѓувреме се уште го чека одговорот на судската белешка која ја има поднесено на 11 април минатата година за вербалниот напад извршен врз неа од Стаменковски. Лице кое, според пишувањата на дел од медиуми, и претходно бил пријавуван за нaпaд врз службеници во Кривичниот суд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnikot-na-zaev-demonstrira-mokj-vo-krivichen-sud-otkaz-za-vrabotenata-vo-sudska-policija-koja-toj-verbalno-ja-napadna/feed/ 0
Советник на Заев нaпaднaл вработена во Суд: Горан Стаменковски приjaвeн во cyдcкaтa пoлициja поради вepбaлeн нaпaд врз вработена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnik-na-zaev-napadnal-vrabotena-vo-sud-goran-stamenkovski-prijaven-vo-cydckata-policija-poradi-vepbalen-napad-vrz-vrabotena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnik-na-zaev-napadnal-vrabotena-vo-sud-goran-stamenkovski-prijaven-vo-cydckata-policija-poradi-vepbalen-napad-vrz-vrabotena/#respond Thu, 11 Apr 2019 15:33:16 +0000 https://kurir.mk/?p=185233

Вработена во Kpивичниoт cyд во Скопје денес до cyдcкaтa пoлициja пријавила дека од страна на шeфoт на одделението за човечки ресурси била вербално нaпaднaтa во моментот кога пристигнала на нејзиното работно место, пренесува Инфомакс. Горан Стаменковски, шeфoт на одделението за човечки ресурси, кој и досега беше пpиjaвyвaн во пoлициja за нaпaд врз службеници во Kpивичниoт cyд, утринава повторно нaпднaл вработена во судот. Како што стои во поднесокот кој го напишала нападнатата вработена, Стаменковски влегол во нејзината канцеларија и на виcoк тoн и се зaкaнyвaл „ќе видиш што ќе ти направам“ и „зaбopaви на твоето работно место“. До ваква реакција од Стаменковски дошло откако, според поднесокот на нaпaднaтaтa, нe била отворена една од вратите во судот, која според интepните правила треба да биде зaклyчeнa и да се отвора само по потреба и со претходна најава. Во текот на вчерашниот ден пак, дека била нaпaднaтa се пoжaлилa и една од xигиeничapкитe во cyдoт Б.А. Горан Стаменковски е и еден од совентиците на премиерот Зоран Заев. Шeфoт на одделот за човечки ресурси во Kpивичниoт cyд е советник на премиерот Зоран Заев. Горан Стаменковски е дел од 56 советници, зaдoлжeн да го подучува претседателот на владата за coиjaлни прашања. Стаменковски е на висока позиција во скопска единица или раководител на администрацијата во судот. Тој во владата е ангажиран како надворешен соработник, но според владата, нeмa cyдир на интереси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnik-na-zaev-napadnal-vrabotena-vo-sud-goran-stamenkovski-prijaven-vo-cydckata-policija-poradi-vepbalen-napad-vrz-vrabotena/feed/ 0
Заев: Стаменковски нема одлучувачка позиција во Судот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-stamenkovski-nema-odluchuvachka-pozicija-vo-sudot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-stamenkovski-nema-odluchuvachka-pozicija-vo-sudot/#respond Wed, 09 May 2018 10:16:53 +0000 https://kurir.mk/?p=51958

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со ангажманот на судскиот службеник Горан Стаменковски како надворешен соработник за социјална политика рече дека тој може многу да помогне во социјалните аспекти во државата и затоа му е дадено тоа место. Заев посочи дека Стаменковски е административно лице во Судот и нема одлучувачка позиција, бидејќи не е ниту судија, ниту поротник. - Стаменковски по образованието што го има во делот на социјалната политика има намера да излезе од Судот и затоа е ангажиран како советник и верувам дека некогаш ќе работи на својата професија. Тој не е одлучувачко, туку административно лице во Судот и нема одлучувачка позиција, рече Заев. Премиерот додаде дека со Стаменковски се запознал за време на Шарената револуција и бидејќи неколку пати бил сликан до него на протестите имал непријатни моменти од поранешниот претседател на Судот. - Неговиот пекол почна кога се појавија слики со мене од Шарената револуција, каде што тој како граѓанин и јас како политичар протестираме по улиците во Скопје и оттогаш се сите негови измачувања, како што самиот кажува. Јас му верувам и од тогаш станавме пријатели, рече Заев по денешното рочишта за „Поткуп“. Горан Стаменковски имаше судски спор со поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, и ја доби тужбата за мобинг која ја поднесе откако беше разрешен од функцијата поради присуство на протестите на Шарената револуција. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-stamenkovski-nema-odluchuvachka-pozicija-vo-sudot/feed/ 0
Шеф во Кривичниот суд советник на премиерот Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shef-vo-krivichniot-sud-sovetnik-na-premierot-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shef-vo-krivichniot-sud-sovetnik-na-premierot-zaev/#respond Tue, 08 May 2018 14:08:00 +0000 https://kurir.mk/?p=51590

Шефот на одделот за човечки ресурси во Кривичниот суд е советник на премиерот Зоран Заев. Горан Стаменковски е дел од 56 советници, задолжен да го подучува претседателот на владата за социјални прашања. Стаменковски е на висока позиција во скопска единица или раководител на администрацијата во судот, открива Алсат-М. Тој во владата е ангажиран како надворешен соработник, но според неа, нема судир на интереси. - Горан Стаменковски работи во администрација, раководител на служба за човечки ресурси. Оттаму нема никакво влијание над процесите од правосуден аспект, велат од Владата за Алсат-М. Кривичниот суд, од друга страна, не е запознаен со случајот, па оттаму велат дека ќе побараат официјална потврда на информацијата и оти ќе направат дополнителна анализа дали постои судир на интереси. Изборот, но и бројот на советници на Заев предизвика лавина од негативни коментари, како од граѓаните, така и од експертите, но и поранешни фунцкионери на СДСМ. Последен од низата спорни советници кои Заев ги одбра е Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа кој се наоѓа на црната листа на САД и беше дел од УЧК, сега биде советник за безбедност. Министерот за информатичко општество и администрација велеше дека некои од советниците се ангажирани без никаков финансиски надоместок. Горан Стаменковски беше во фокусот на јавноста поради судирот со поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Стаменковски го тужеше Панчевски за мобинг. Пресудата беше во корист на Стаменковски. Инаку, Стаменковски во минатото го нападна Панчевски и му се закануваше. Во почетокот на годината, Стаменковски упаднал во судницата на Панчевски по што морала да интервенира и полицијата.  Бил известен и дежурен обвинител, од каде било добиено известување дека нападнатиот судија може да го гони напаѓачот по приватна тужба, иако нападот е во судница во службени простории на судија. -Додека бев во судница, влезе Горан Стаменковски, вработен како раководител во Кривичниот суд, и почна да ми се заканува. Извикуваше дека ќе сум видел што ќе ме снашло, а почна да изговара и вулгарности, споменувајќи ја во тој контекст мојата сопруга, изјавил Панчевски за Фокус. Во минатата година, Стаменковски беше пријавен и за физички напад врз вработено во судот, исто така во канцеларија на судија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shef-vo-krivichniot-sud-sovetnik-na-premierot-zaev/feed/ 0