горан стефановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 May 2023 08:28:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png горан стефановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Објавен прв текст за корените на Горан Стефановски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaven-prv-tekst-za-korenite-na-goran-stefanovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaven-prv-tekst-za-korenite-na-goran-stefanovski/#respond Wed, 03 May 2023 08:28:10 +0000 https://kurir.mk/?p=830023

Објавен е прв текст кој е резултат на истражување за семејните корени на култниот драмски автор и есеист Горан Стефановски. Автор на текстот е Иван Антоновски, асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје. Во текстот се посочува дека корените на  Стефановски се од селото Ербеле, на територијата на денешна Албанија, од каде неговите предци, во 1920 година емигрираат во скопското Дебар Маало. Тој содржи многу сведоштва и информации кои за првпат се претставуваат пред пошироката јавност и отвора многу прашања кои упатуваат кон нови интерпретативни рамништа во вреднувањето и анализирањето на драмите на Горан Стефановски. Минатата година, во издание на ИК „Полица“ беше објавена книгата на Антоновски, „Идентитетот е приказна“ – прва книга за есеистиката на Горан Стефановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaven-prv-tekst-za-korenite-na-goran-stefanovski/feed/ 0
Тестаменталната порака на Горан Стефановски ќе одекне низ светот преку нови преводи – активност на МСМЈЛК при УКИМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/testamentalnata-poraka-na-goran-stefanovski-ke-odekne-niz-svetot-preku-novi-prevodi-aktivnost-na-msmjlk-pri-ukim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/testamentalnata-poraka-na-goran-stefanovski-ke-odekne-niz-svetot-preku-novi-prevodi-aktivnost-na-msmjlk-pri-ukim/#respond Wed, 08 Feb 2023 08:59:53 +0000 https://kurir.mk/?p=797744

Откако минатата година, пораката на Горан Стефановски од неговиот последен есеј „Искра што се измолкнува“ одекна на сите јазици на Европската Унија (ЕУ), годинава ќе одекне во превод од македонски на уште низа јазици. Виетнамски, корејски, турски, руски и српски се дел од јазиците на кои веќе е преведена тестаменталната порака на истакнатиот македонски драмски автор и есеист, а преводите ќе бидат објавени деновиве и во видео-формат. Веќе се очекуваат и уште неколку други преводи. Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) и по заокружувањето на чествувањето на 70-годишнината од раѓањето на Стефановски, остварувајќи една од своите цели – афирмација на македонските културни вредности во странските академски и културни средини преку соработката со филолозите од странство, продолжува со активности за вреднување и афирмирање на неговото дело. -Должни сме македонските културни достоинства да ги вреднуваме и афирмирме постојано, а не само тогаш кога се случуваат одредени јубилеи кои се значајни за македонската култура. Затоа и не запревме со активностите кои ги остваривме во чест на Стефановски во 2022. – годината кога се навршија 70 години од неговото раѓање, туку продолжуваме и понатаму, како впрочем и до афирмацијата и вреднувањето на творештвото на сите македонски автори чиешто творештво и се изучува во рамките на наставата на странски универзитети. Оваа, конкретна активност е и сомболична, но и активностите во ваков формат придонесуваат за натамошен продлабочен интерес за македонистиката во странство, неретко и со нови научноистражувачки и преведувачки потфати, како и воопшто за јакнење на релациите меѓу македонската и другите култури, истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. „Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ‘рбетот на нашиот идентитет.“ Ова е пораката на Горан Стефановски, која минатата година, со проект на Делегацијата на ЕУ во Скопје и Европската куќа во Скопје во соработка со МСМЈЛК при УКИМ беше преведена на сите јазици на ЕУ, при што учесници на школите, Меѓународната научна конференција и работилниците на МСМЈЛК при УКИМ подготвија 15 од преводите, со кои симболично, во пресрет на новогодишните и божиќните празници беше украсено и Горановото Дебар Маало. Овие преводи беа промовирани и во видео-формат. Сега, со преводите кои ќе ги објави МСМЈЛК при УКИМ, оваа порака на Стефановски ќе биде достапна и на јазици кои се говорат надвор од ЕУ, вклучително и на јазици кои се говорат воопшто надвор од Европа. Преводите ќе се објавуваат на страницата на МСМЈЛК при УКИМ на социјалнта мрежа Фејсбук (https://www.facebook.com/msmjlk), при што пораката на Стефановски ќе биде претставена со прочит на преведувачите од странство – студенти по македонистика на странските универзитети и соработници на МСМЈЛК при УКИМ. Денес, веќе е и објавен првиот превод на пораката – од македонски на виетнамски јазик. Инаку, минатата година, во чест на Стефановски беше и Втората зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ, а посебно внимание на неговото творештво беше посветено и на 55. Летна школа, со одделно предавање и во рамките на лекторската настава по литература. На творештвото на Стефановски му беа посветени и есии на минатогодишната, 49. Меѓународна научна конференција, која беше и прв научен собир посветен на истакнатиот македонски драмски автор и есеист по неговото физичко заминување. Годинава, во рамките на своите изданија, МСМЈЛК при УКИМ ќе објави преводи на дел од текстовите на Стефановски од книгата „Конзервирани импресии“, а ќе биде објавен и зборник со научноистражувачки трудови кои се однесуваат на неговото творештво и претставуваат негови нови исчитувања, кои произлегуваат од минатогодишната Меѓународна научна конференција. Годинава, со Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ започна четвувањето на јубилејот 100 години од раѓањето на великанот Ацо Шопов. Школата беше прва остварена активност од националната програма „2023, Година во чест на Ацо Шопов“, а МСМЈЛК при УКИМ планира и други активности во чест на Шопов во текот на годината.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/testamentalnata-poraka-na-goran-stefanovski-ke-odekne-niz-svetot-preku-novi-prevodi-aktivnost-na-msmjlk-pri-ukim/feed/ 0
„Идентитетот е приказна“ на Иван Антоновски и драмите на Горан Стефановски најбарани книги на „Полица“ во 2022 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/identitetot-e-prikazna-na-ivan-antonovski-i-dramite-na-goran-stefanovski-najbarani-knigi-na-politsa-vo-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/identitetot-e-prikazna-na-ivan-antonovski-i-dramite-na-goran-stefanovski-najbarani-knigi-na-politsa-vo-2022-godina/#respond Tue, 10 Jan 2023 11:05:02 +0000 https://kurir.mk/?p=785480

Творештвото на Горан Стефановски беше во фокусот на читателите на изданијата на издавачката куќа „Полица“ во текот на минатата година кога беа одбележани 70 години од неговото раѓање. Најбарана книга објавена од „Полица“ во 2022 е „Идентитетот е приказна“ од  Иван Антоновски – прва книга за есеистиката на Стефановски. На второто и третото место според интересот на читателите се книгите со драмите на Стефановски, соопшти издавачката куќа. За книгата „Идентитетот е приказна“ од Антоновски, која за кратко време по објавувањето во октомври имаше второ издание, „Полица“ наведува дека е високопрофесионално напишана книга која „фрла јасна светлина врз еден навидум маргинален, второстепен дел од импозантното творештво на Горан Стефановски, претставувајќи ни го во неговата севкупност и творечка полнотија“. -Антоновски укажува на фактот дека и во драмите и во есеите се открива врховното книжевно мајсторство на Стефановски, кој во двата типа текст ги поставува клучните егзистенцијални прашања на единствен, уметнички начин од највисок ранг, нагласува истакнатиот книжевен критичар, поет, есеист и книжевен преведувач, Санде Стојчевски, во најновата рецензија за „Идентитетот е приказна“, објавена пред неколку дена, на почетокот на оваа година. Стојчевски и напоменува дека како темелно образован и енергичен автор, Иван Антоновски на својата аналитична приказна во оваа значајна книга ѝ пристапува со голема акрибија и со стратегиска обмисленост во поставувањето на широката теориска рамка во која ги разгледува претходните согледби, позиции и коментари за природата и основните својства на есејот воопшто, се наведува во соопштението.  Уште при објавувањето на првото издание на „Идентитетот е приказна“, универзитетскиот професор, книжевен критичар и писател Венко Андоновски истакна дека оваа книга не е само пионерско, туку е и професионално, методолошки точно поставено проучување на есеистиката на Стефановски.  – Имено, таа методолошка „десетка во целта“ лежи во сфаќањето на Иван Антоновски дека „есејот на Горан Стефановски може да биде метажанр“ во однос на неговите пиеси. Антоновски беспрекорно ја покажува семио-осмозата меѓу драмите и есеите на Стефановски. Неговата студија е методолошки чиста, инвентивна, јасна и дескриптивно-остензивна. Со еден збор, сјајно напишана научна студија за светлината на нашата драмска книжевност и театар – Горан Стефановски, посочува Андоновски „Идентитетот е приказна“ во која покрај студијата на Антоновски е објавен и последниот, тестаментален есеј на Стефановски – „Искрата што се измолкнува (наративи помеѓу чеканот и наковалната)“, минатата година доживеа три промоции во државава, а согледбите поместени меѓу нејзините корици беа презентирани и пред истражувачи и студенти од странски универзитети, како и пред странски книжевни преведувачи. По интересот на читателите, на покана на локалните библиотеки и домовите на култура, веќе се закажуваат и промоции на книгата за оваа година, посочува „Полица“.  Вториот том со избрани драми на Горан Стефановски, кој е на второто место меѓу најбараните книги објавени од „Полица“, првпат во книжарниците се појави во 2021. и изданието веќе е исцрпено. Според податоците за интересот на читателите, односно за продажбата на изданијата, потоа следува првиот том со драми на Стефановски, кој минатата година доживеа трето издание, по првите две објавени во 2020. Во изданието се објавени драмските текстови: „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Баханалии“ и „Демонот од Дебар Маало“. Во моментов, ова е и единствената книга со драми на Стефановски достапна во книжарниците во земјава.  На четвртото место меѓу изданијата на „Полица“, според интересот на читателите е дебитантската поетска книга „Има и такви денови“ од младата македонска авторка Моника Стојановска.  Меѓу десетте најбарани книги објавени од „Полица“ се и: „Дневник од Гвантанамо“ од  Мохамеду улд Слахи, „Откако умрев ми се случија други нешта“ од Рикардо Алфонсо, „Празникот на прчот“ од нобеловецот Марио Варгас Љоса, книгата за деца „Палеонтологија“ од Крис Макгауан, „Темно скенирање“ од Филип К. Дик и „Чудни цвеќиња“ од Донал Рајан.  – Особено радува што првите места меѓу најбараните книги објавени од „Полица“ ги заземаат дела од македонски автори, а посебно изненадува што првото  место го зазема небелетристичка книга, што е вистинска реткост не само во македонското издаваштво, туку и во меѓународни рамки. Книгата „Идентитетот е приказна“ беше објавена нецели три месеци пред крајот на годината, а со интересот што го побуди кај читателите изби на првото  место меѓу најбараните изданија во текот на 2022, се додава во соопштението на издавачката куќа.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/identitetot-e-prikazna-na-ivan-antonovski-i-dramite-na-goran-stefanovski-najbarani-knigi-na-politsa-vo-2022-godina/feed/ 0
Промоција на книгата за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-za-deca-bushava-azbuka-od-goran-stefanovski-i-dushan-petrichikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-za-deca-bushava-azbuka-od-goran-stefanovski-i-dushan-petrichikj/#respond Wed, 08 Jun 2022 06:16:48 +0000 https://kurir.mk/?p=688092

Во издание на издавачката куќа „Чудна Шума“ денеска ќе биде промовирана култната книга за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ. – Поминаа повеќе од 35 години откако беше создадена култната ТВ-серија за деца, а по неа и сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ. Со „бушавите букви“ растеа генерации и генерации, учејќи го македонскиот јазик и скапоцените подзаборавени, архаични зборчиња кои се одраз на неповторливата македонска книжевност, култура и традиција, информираат од Културно-Информативниот Центар – Скопје. Промотор ќе биде книжевната критичарка и теоретичарка Александра Јуруковска, модератор на настанот Билјана Црвенковска, а делови од книгата ќе чита актерката Тина Трпкоска. Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 година во Битола. Завршил студии по англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Студирал и драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград. Од 1978-1986 е асистент по англиска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје (работа на полето на англиските студии со посебен акцент на Шекспир и англиската драма). Од 1986-1998 е редовен професор по драматургија на Факултетот за драмски уметност во Скопје (работа на полето на креативното пишување и студии на драмските теории и модели). Во литературата дебитира пред триесетина години со ТВ- играта „Клинч“ (1974). Оттогаш па се до нашиве дни се пројавува како плоден и атрактивен автор, главно во драмската уметност, врзувајќи и го своето и националното име за престижни и високи домашни и интернационални награди и признанија. Во орбитата на сеопштиот интерес се пробива со драмата „Диво месо“. Горан Стефановски е изведуван на сите македонски сцени. Почина на 27 ноември 2018 година. Душан Петричиќ е српски илустратор и карикатурист. Има илустрирано бројни книги за деца, а неговите карикатури се појавуваат во реномирани магазини и дневни весници, од „Политика“ до „Њујорк тајмс”. По завршувањето на студиите на Академијата за применета уметност работи како карикатурист во „Вечерње новости” , а потоа се сели во Канада, од каде што работи со реномирани весници како што се „Њујорк тајмс”, „Вол стрит џорнал“ и „Торонто стар “. Од 2009 година почнува да подготвува карикатури за неделното издание на „Политика”, а во 2013 година се враќа во Белград. За неговите илустрации за деца, ја има добиено престижната награда – Почесен сертификат на IBBY (International Board of Books for Young People), како и Alberta Book Award и The Longitude Prize, наградата Levstik во Словенија и многу други.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-za-deca-bushava-azbuka-od-goran-stefanovski-i-dushan-petrichikj/feed/ 0
По успешната премиера: Претставата „За нашиот Горан“ ќе се изведе и на 9-ти април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/po-uspeshnata-premiera-pretstavata-za-nashiot-goran-kje-se-izvede-i-na-9-ti-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/po-uspeshnata-premiera-pretstavata-za-nashiot-goran-kje-se-izvede-i-na-9-ti-april/#respond Wed, 30 Mar 2022 13:27:03 +0000 https://kurir.mk/?p=655732

По успешната изведба на премиерата на театарската претстава „За нашиот Горан“, во режија на Весна Петрушевска на 26.03.2022 година поради големиот интерес претставата ќе се изведе и на 9 април, од 12 часот, во Македонскиот народен театар. Силни и искрени емоции ја преплавија големата сцена на Македонскиот Народен Театар додека малите деца, но големи актери од актерската школа на Весна Петрушевска ги говореа репликите од книгата „Стапица“, одломки од „Лонг плеј“ и „Демонот од Дебар маало“ на Горан Стефановски. Со голема почит кон театарот и актерската игра како и сериозниот и професионален пристап на овие млади актери кон делата на Стефановски создаде атмосфера на восхит и почит и докажа дека младите се нашата иднина. -За првпат на сцената се слушнаа неговите генијални текстови од книгата „Стапица“. Таа книга ги содржи сите тајни на драмскиот занает и на приодот кон создавање и градење лик. Во вистинска смисла на зборот за еден актер предизвик, за малите актери мисловен и актерски предизвик и задача. Горан е нашиот идентитет, нашиот најдобар драмски писател. Театарот немаше да биде ист ако не постоеше Горан. Децата од актерската школа лесно го разбираат и нивниот поттекст е прецизно точен. Јас сакам секое дете да знае барем по еден монолог на Горан. Така живее само онолку колку го зборуваме. Ние немаме друг Горан. Имаме само еден! Храбар, бескрајно талентиран, точен, шармантен и полн со љубов! Горан е љубов, велат од актерската школа на Весна Петрушевска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/po-uspeshnata-premiera-pretstavata-za-nashiot-goran-kje-se-izvede-i-na-9-ti-april/feed/ 0
Театарска претстава во чест на Горан Стефановски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/teatarska-pretstava-vo-chest-na-goran-stefanovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/teatarska-pretstava-vo-chest-na-goran-stefanovski/#respond Tue, 22 Mar 2022 13:51:13 +0000 https://kurir.mk/?p=651400

Преку театарска претстава, посветена на Горан Стефановски, Актерска школа на Весна Петрушевска, КМК Продукција и Македонскиот народен театар ќе оддадат почит на еден од најзначајните и најизведувани македонски драмски автори воопшто.

Горан Стефановски е македонски драмски автор, универзитетски професор и академик. Претставник е на модерната македонска драматургија и автор е на сценарија за ТВ серии, ТВ филмови и драми. Драмските дијалози во неговите дела и по 30 години ја отсликуваат актуелната стварност во Северна Македонија.

- Горан е често име на нашите простори изведено од именката гора, но исто така со значение голем и силен. Таква е нашата љубов кон Горан, силна, огромна, истрајна и посветена. Можете лесно да паднете во неговата стапица на зборови. Децата од актерската школа лесно го разбираат и нивниот поттекст е прецизно точен. Јас сакам секое дете да знае барем по еден монолог на Горан. Така живее само онолку колку го зборуваме. Ние немаме друг Горан. Имаме само еден! Храбар, бескрајно талентиран, точен, шармантен и полн со љубов, истакна Весна Петрушевска.

Горан Стефановски е изведуван на сите македонски сцени (Скопје, Битола, Штип, Струмица, Прилеп, Велес, Охрид, и др.), потоа во сите некогашни југословенски културни центри (Белград, Загреб, Љубљана, Сараево, Нови Сад, Ниш, Титоград (Подгорица), итн.), како и во големите театарски центри во светот: Париз, Будимпешта, Лондон, Софија, Москва, во повеќе градови во САД, во Брезно во Словачка, во Лоѓ во Полска, Антверпен во Белгија, Стокхолм...

Премиерата на театарската претстава ќе се одржи на 26ти март, со почеток во 12 часот, во Македонскиот народен театар, на чија сцена ќе излезат учениците од актерската школа на Весна Петрушевска.

- За прв пат ќе се слушнат на сцена неговите генијални текстови од книгата „Стапица“. Таа книга ги содржи сите тајни на драмскиот занает и на приодот кон создавање и градење лик. Во вистинска смисла на зборот за еден актер предизвик, за малите актери мисловен и актерски предизвик и задача. Горан е нашиот идентитет, нашиот најдобар драмски писател. Театарот немаше да биде ист ако не постоеше Горан. Горан е љубов,  додаде Петрушевска.

Поради големиот интерес, двете изведби на 26-ти март се распродадени, додека, следната изведба е на 9-ти април, од 12.00 часот во Македонскиот народен театар.

Напомена: Картите се во ограничен број.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/teatarska-pretstava-vo-chest-na-goran-stefanovski/feed/ 0
„Моето име е Горан Стефановски“ – се подготвува премиера за прекрасна претстава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/moeto-ime-e-goran-stefanovski-se-podgotvuva-premiera-za-prekrasna-pretstava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/moeto-ime-e-goran-stefanovski-se-podgotvuva-premiera-za-prekrasna-pretstava/#respond Wed, 02 Feb 2022 13:17:05 +0000 https://kurir.mk/?p=625962

НУ Драмски театар Скопје започна со проби за новата претстава „MY NAME IS GORAN STEFANOVSKI“, чија премиера е закажана за 26.3.2022 година. Режија: Бранислав Миќуновиќ Драматург: Бранислава Илиќ Сценограф: Александар Дениќ Костимограф: Розе Трајчевска Авторска музика: Влатко Стефановски Асистент на режија: Кристијан Атанасов Улоги: БИЉАНА ДРАГИЌЕВИЌ – ПРОЈКОВСКА ЈЕЛЕНА ЖУГИЌ СОФИЈА КУНОВСКА СОЊА СТАМБОЛЏИОСКА АНА ДИМИТРОВА МЕТО ЈОВАНОВСКИ ДРАГАН СПАСОВ ДАЦ ИГОР АНГЕЛОВ ЗЛАТКО МИТРЕСКИ СТЕФАН ВУЈИСИЌ ДАМЈАН ЦВЕТАНОВСКИ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/moeto-ime-e-goran-stefanovski-se-podgotvuva-premiera-za-prekrasna-pretstava/feed/ 0
Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов одликувани со Орден за заслуги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-stefanovski-zafir-hadzimanov-remzi-nesimi-i-zivko-mukaetov-odlikuvani-so-orden-za-zaslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-stefanovski-zafir-hadzimanov-remzi-nesimi-i-zivko-mukaetov-odlikuvani-so-orden-za-zaslugi/#respond Fri, 23 Jul 2021 11:34:15 +0000 https://kurir.mk/?p=540889

Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за заслуги за Македонија. Горан Стефановски постхумно се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во континуитетот и во осoвременувањето на книжевното културно наследство, за втемелување, развој и промоција на современите културни и уметнички вредности во земјата и меѓународно, за развојот на македонското драмско творештво и за воспоставување на основите на новите драматуршки форми во македонската книжевност, за збогатување и негување на македонскиот јазик и за воспоставување на новите модели во образовната и педагошката сфера. Зафир Хаџиманов постхумно се одликува за огромниот придонес во специфичниот полижанровски развој во сферата на уметничкото творештво, за богатиот и специфичен опус во сферата на музиката, компонирањето и вокалната интерпретација, за иновативните модели на промоција на традиционалните хармонии и специфики во македонската музика низ современи и популарни форми. Ремзи Несими постхумно се одликува за неповторлив и траен придонес во филолошките науки од областа на дијалектологијата и промовирањето на јазичното богатство, за промоција, лингвистички развој и вкотвување на значењето на албанологијата во Република Северна Македонија и во светот воопшто, за исклучителна научна дејност која придонесува за обликувањето на стандардниот албански јазик. Живко Мукаетов се одликува за континуитетот, иновативноста, визијата и беспрекорните професионални стандарди во современото корпоративно управување во фармацевтската индустрија, за докажаниот квалитет во производството на брендовите кои се градени, одржувани и осовременувани со генерации наназад, за инвестицијата во новите технологии и во едукацијата и експертизата на кадрите кои ги создаваат брендовите, како и за неговата филантропска култура и широка општествена одговорност. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски истакна дека четворицата носители на одликувањето имаат различни генерациски, творечки и професионални траектории, но, сепак, се спојуваат во единствениот животен пат кој води кон создавање на нови вредности во македонското општество. Со ова заедничко доделување на Орден за заслуги за Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов, како што рече претседателот Пендаровски, сакаме да ги истакнеме поединците кои ја прават поголемата слика за напредокот на нашата заедничка татковина и благосостојбата на сите македонски граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-stefanovski-zafir-hadzimanov-remzi-nesimi-i-zivko-mukaetov-odlikuvani-so-orden-za-zaslugi/feed/ 0
Стефановски, Хаџиманов, Несими и Мукаетов ќе се одликуваат со „Орден за заслуги за државата“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stefanovski-hadzimanov-nesimi-i-mukaetov-kje-se-odlikuvaat-so-orden-za-zaslugi-za-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stefanovski-hadzimanov-nesimi-i-mukaetov-kje-se-odlikuvaat-so-orden-za-zaslugi-za-drzavata/#respond Fri, 23 Jul 2021 05:27:48 +0000 https://kurir.mk/?p=540591

Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателската резиденција со високо државно одликување „Орден за заслуги за државата“ ќе ги одликува постхумно писателот Горан Стефановски, пејачот и актер Зафир Хаџиманов и професорот Ремзи Несими, како и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов. Горан Стефановски постхумно се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во континуитетот и во осoвременувањето на книжевното културно наследство. Зафир Хаџиманов постхумно се одликува за огромниот придонес во специфичниот полижанровски развој во сферата на уметничкото творештво. Ремзи Несими постхумно се одликува за неговиот траен придонес во филолошките науки и албанологијата во Република Северна Македонија и во светот воопшто. Живко Мукаетов се одликува за професионалните стандарди во фармацевтската индустрија и за неговата филантропска култура и општествена одговорност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stefanovski-hadzimanov-nesimi-i-mukaetov-kje-se-odlikuvaat-so-orden-za-zaslugi-za-drzavata/feed/ 0
Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов ќе се одликуваат со Орден за заслуги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-stefanovski-zafir-hadzimanov-remzi-nesimi-i-zivko-mukaetov-kje-se-odlikuvaat-so-orden-za-zaslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-stefanovski-zafir-hadzimanov-remzi-nesimi-i-zivko-mukaetov-kje-se-odlikuvaat-so-orden-za-zaslugi/#respond Thu, 22 Jul 2021 08:16:43 +0000 https://kurir.mk/?p=540133

Претседателот Стево Пендаровски, утре на свеченост во Кабинетот на Претседателот ќе ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за заслуги за Македонија. Горан Стефановски постхумно се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во континуитетот и во осoвременувањето на книжевното културно наследство. Зафир Хаџиманов постхумно се одликува за огромниот придонес во специфичниот полижанровски развој во сферата на уметничкото творештво. Ремзи Несими постхумно се одликува за неговиот траен придонес во филолошките науки и албанологијата во Македонија и во светот воопшто. Живко Мукаетов се одликува за професионалните стандарди во фармацевтската индустрија и за неговата филантропска култура и општествена одговорност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-stefanovski-zafir-hadzimanov-remzi-nesimi-i-zivko-mukaetov-kje-se-odlikuvaat-so-orden-za-zaslugi/feed/ 0